секогаш на победа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Nov 2021 12:17:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png секогаш на победа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кире Лазаров ја промовираше својата автобиографија: „Не можам да ти опишам колку човек добро се чувствува кога ќе ги оствари своите детски соништа“ https://arhiva.vistina.com.mk/kire-lazarov-ja-promovirashe-svojata-avtobiografija-ne-mozam-da-ti-opisham-kolku-chovek-dobro-se-chuvstvuva-koga-kje-gi-ostvari-svoite-detski-sonishta/ Fri, 05 Nov 2021 06:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226163

„Нема да ти пишувам за тоа низ што се ќе поминеш во наредните 25 години, бидејќи нема да ми веруваш. Тоа не може во едно писмо да се собере. Затоа и постои оваа книга. Бесмислено е да ти пишувам колку подеми и падови ќе доживееш на патот кој сам си го избра. Кога би знаеле, многумина би се откажале. Затоа и не можам да ти опишам колку човек добро се чувствува кога ќе ги оствари своите детски соништа. Нека ова биде почеток на твојата приказна. А сега читај ја мојата“. Токму вака Кире Лазаров ја започнува својата автобирографија. Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна. Патувањето од Свети Николе до Нант е опишано на интересен начин со бројни анегдоти и лекции кои ќе бидат водич за новите генерации. Книгата која го носи насловот „Секогаш на победа“,  ја доживеа и својата промоција. Книгата беше промовирана во Скопје пред очите на ракометната фела и многу други еминентни гости. Свој коментар и поддршка дадоа и Филип Лазаров, Веселин Вујовиќ и Столе Стоилов. Светот го познава како убедливо најдобрата светска седумка. Сите знаеме што Кире направи за Македонија и за овој наш спорт, но никој не знае како го направил тоа и како се уште го прави истото. Едно е реалноста која ние ја гледаме, а друго вистина која Кире ја преживува додека ја има топката во рацете. Неговата цел е успех. Неговата цел е да води еден голем клуб, но спремен е да уште една жртва, затоа што вреди да се бори. Тоа е неговиот живот. Секогаш на победа...! ]]>