сефедин бајрамов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Nov 2022 14:09:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сефедин бајрамов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Награда „4-ти ноември“ за пејачот Сефедин Бајрамов од град Битола https://arhiva.vistina.com.mk/nagrada-4-ti-noemvri-za-pejachot-sefedin-bajramov-od-grad-bitola/ Thu, 03 Nov 2022 14:09:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274276

Познатиот битолски пејач Сефeдин Бајрамов е еден од лауератите на општинската награда „4-ти ноември“ на град Битола. Бајрамов е еден од четирите добитници на наградата за едногодишни постигнувања. Сефедин се смета за музичка легенда на Битола со пет децениска кариера. Негова најпозната песна е антологиската „Снагата ми е во Станбола, душата во Битола“. Добитник е на бројни награди од учества на бројни фестивали и разни манифестации.]]>

Сефедин Бајрамов го врати мирисот на старите шансони и шлагери со – „Може ли“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sefedin-bajramov-go-vrati-mirisot-na-starite-shansoni-i-shlageri-so-moze-li-video/ Tue, 13 Jul 2021 13:02:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210943

Легендата на македонската забавна музика, битолскиот пејач Сефедин Бајрамов откако кон крајот на 2020 година  ја промовираше својата песна „Животот и јас“, одново се враќа на естрадната сцена со нов проект. Овој пат неговата нова песна носи наслов „Може ли“ и како и претходната обилува со препознатливи шлагерски ноти, а според амбиентот и атмосферата што ја отсликува, не враќа во убавите стари времиња на незаборавните македонски забавни рефрени од некогашните фестивали кон крајот на 60-ите, 70-ите па и почетокот 80-ите години на минатиот век. Познатиот битолски шансониер небега од својот препознатлив стил, музика која царуваше во времето кога тој и неговата генерација беа млади и растеа со неа, па така и сега во своите зрели години кога одвреме-навреме се враќа во музичките води, го негува музичкиот стил на својата генерација, која веројатно ќе биде и главен конзумент на неговите нови песни како што е оваа прекрасна шансона.   Музиката овој пат ја напишал неговиот сограѓанин, композиторот Миодраг Нечак, стиховите се повторно на Валентин Соклевски, додека за аранжманот бил задолжен Дамир Имери. Аудио продукцијата и овој пат му е доверена  на Љупчо Павловски, а песната како и минатата е снимена во музичкото студио „Анастасиија“. Песната е визуелизирана и со видеоспот сниман нанеколку локации во преубавите предели на Пелистер и Охридското езеро, а спотот и овој пат е во продукција и режија на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ и неговата „Генерал“ видеопродукција. „Мора да ја споменам и  да и  се заблагодарам на Мартина Давидовска, фото модел, девојка која е позната на модните писти во земјава и странство, која е главниот женски лик во видеото. Се надевам дека ова мое ново стварување ќе го најде патот до мојата сакана публика и пошироко и ќе допре до срцата на они кои со нетрпение ја чекаат промоцијата на оваа неколку месеци најавувана песна, а сакам само малку да откријам дека веќе започнаа работите околу промоцијата на новата песна и спот, а тоа ќе биде нешто ново кај нас, но за тоа потоа. Промоцијата ќе биде по модерните текови на организација на промоции од ваков тип, а како и претходната промоција ќе биде настан за паметење во Битола, вели популарниот Сефко за “Битола њуз“, а вие проследете ги и песната и видеото на македонската пејачка легенда. ]]>

Сефедин Бајрамов ни ги враќа спомените на убавите времиња во – „Животот и јас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sefedin-bajramov-ni-gi-vrakja-spomenite-na-ubavite-vreminja-vo-zivotot-i-jas-video/ Mon, 21 Dec 2020 12:28:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181899

Македонската легенда на забавната музика, битолскиот пејач Сефедин Бајрамов неодамна ја промовираше својата нова песна „Животот и јас“ со која според амбиоентот и атмосферата што ја отсликува, не враќа во убавите стари времиња на незаборавните македонски забавни рефрени од некогашните фестивали кон крајот на 60-ите, 70-ите па и 80-ите години на минатиот век. Песната е визуелизирана и со видеоспот сниман во еден убав предел на Јонското море. Музиката и аранжманот се на маестро Кире Костов, текстот на Валентин Соклевски, спотот е во продукција и режија на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ. Аудиото е снимено во студио „Анастасија“, на кое како тон мајстор и човек што го изработил миксот и мастерингот е потпишан Љупчо Павловски, а музички продуцент бил одново Кире Костов.

За жал, поради состојбата со коронавирусот Сефедин се одлучил на ваква промоција, но како што вели кога ќе се создадат услови за одржување на концерти и промоции ќе има и промоција во живо.

Во меѓувреме, проследете го видеото за неговото последно музичко остварување „Животот и јас“.

https://www.youtube.com/watch?v=EC7juRf-DoY]]>

Сефедин Бајрамов се враќа со „Еден ден ќе ме бараш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sefedin-bajramov-se-vrakja-so-eden-den-kje-me-barash-video/ Tue, 05 Dec 2017 10:45:24 +0000 http://vistina.mk/?p=5728

„Еден ден ќе ме бараш“ е најновото музичко остварување на битолчанецот Сефедин Бајрамов. Музичкиот спот е изработен со одбрана екипа, а својата промоција ќе ја доживее в среда во Битола, со гости на добро познати музички имиња од домашната естрада.
Бајрамов е добро познат не само на македонската сцена, туку и надвор од неа, и по подолго време се јавува со нова композиција која нема да никого да го остави рамнодушен. Текстот е на Огнен Неделковски, автор на музиката е Марјан Нечак, додека аранжманот е на Давор Нечак. Промоцијата на ова музичко остварување  се случи во големата сала на Центарот за култура – Битола. Како што беше кажано на средбата со медиумите, промоцијата беше проследена со учество на познати музички имиња од македонската естрада.
Темата е многу провокативна и поводот можеби малчку и личен, но како што вели Сефко, во него секој може да се пронајде. Ова најново музичко остварување немаше да ја дочека виделината доколку, како што вели Бајрамов, зад него не застанеа угледни и еминентни компании кои финансиски го подржаа проектот. Поголемиот дел од спотот е снимен на неколку локации во соседна Грција, за кои било потребна не само морална, туку и финансиска помош.
Проектот е реализиран со екипа на ТВ Антена од Солун, но и македонската екипа на продукцијата Генарал на Дарио Јанковиќ. По битолската промоција ќе следува и промоција за целокупната македонска јавност во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=1OyDWobmxDU]]>