седум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Jun 2023 08:49:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png седум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската убавица и топ модел ќе биде дел од најпопуларната ријалити Елита: Александра Накова влегува во новата сезона на „Задруга“? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-ubavitsa-i-top-model-ke-bide-del-od-najpopularnata-rijaliti-elita-aleksandra-nakova-vleguva-vo-novata-sezona-na-zadruga/ Fri, 30 Jun 2023 08:47:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308329

Иако по трагичните настани во основното училиште „Рибникар“ во Белград имаше мноштво обвинувања, повици, апели, кампањи, па дури и неформални забрани во вид на препораки од највисокиот политички врв, најгледаното реално шоу во регионот - „Задруга“ вднаш да престане да се емитува, организаторите сепак го приведоа до крај. Газдата на ТВ Пинк,  Жељко Митровиќ најпрвин вети дека ова е последна рунда и нема повеќе, но набргу потоа како да се премисли па наголемо ја најави и новата, седма по ред сезона на „Задруга“. Наводно со видоизмент формат и содржина, насловена „Елита 7“, со наговестување дека на насилниците и осведочениот озлогласен пробисвет, учеството ќе му биде забрането, а за возврат ќе видиме еден друг , наводно поинаков „фин свет“ на познати лица од естрадниот и јавниот живот во регионот.  Патем победникот добива парична награда од 250.000 евра, што е фантастична сума и за богатата естрада. И додека чекаме тимот учесници да се екипира, нашата позната манекенка и топ модел, атрактивната гевгеличанка Александра Накова  не случајно се најде во Белград. Овој пат по работа, заради ангажман во снимањето рекламна кампања за еден познат бренд за надградба на коса.
Така, долгоногата силиконска убавица од Македонија беше дел од екипата „кукли“ со извајани облини која учествува во овој проект. Се разбира респект за Накова и неодоливиот сексапил и убавина, кои се веројатно дополнителен мотив раскошната гевгеличанка да добие уште една примамлива понуда, за која се' уште е во дилема и размислува. Имено, таа на своите Инстаграм приказни меѓу останатите фотографии објави и една од официјалната фан страница за шоуто во најава, на која стои прашалникот: Александра Накова - Задруга 7 - Елита - Да или Не? Дали ова значи дека продуцентите прават анкета за да соберат мислења дали цицлестата Македонка е соодветна за „елитна задругарка“, која патем веќе и има ријалити искуство од пред многу години како учесничка во реалното шоу „Преживеан“? Или тоа Накова самата си прави штик проба кај фановите и следбениците за да си ја провери самодовербата дали е паметно да влегува во нова ријалити авантура? Што и дае, наскоро ќе се знае. Аудицијата за прием е во тек, па лесно може да се случи расната македонска убавица веќе од есен да ја гледаме во новата ријалити сапуница - „Седмица“, сосе целата позната свита како учесник во идната “Елита“!? Фото: Инстаграм принтскрин/zadruga.7_fanstranica/nakovaaleksandraofficial]]>

Седум знаци дека врската ви е завршена, ама не сакате да признаете https://arhiva.vistina.com.mk/sedum-znaci-deka-vrskata-vi-e-zavrshena-ama-ne-sakate-da-priznaete/ Fri, 07 Feb 2020 13:28:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133204

Иако е сосема нормално да има несогласувања меѓу партнерите, па дури и расправии, природата на овие настани кажува многу за здравствената состојба на врската. Отсуството на каква било расправија, на пример, треба да го вклучи црвениот аларм, но најчесто не сакаме да си признаеме дека нешто не е во ред, па го туркаме под тепих и се надеваме дека „само ќе помине“. Многу често, иако не сме среќни во врската, остануваме од разни причини – не сакаме да бидеме сами, се плашиме да почнеме одново, се плашиме дека нема да најдеме „некој подобар“... Ова се седум знаци кои терапевтите ги издвојуваат како „аларми“ дека врската е веќе завршена, но на партнерите им е тешко да го признаат и прифатат тоа. 1. Веќе не се смеете. Ни заедно, ни сами. Речиси ништо во врска со партнерот не ве радува. 2. Почнавте да разгледувате наоколу, проверувате кој е слободен, кои ви се опциите. 3. Не вложувате веќе напори за подобрување на врската, ниту размислувате за заедничката иднина. 4. Веќе не сте приоритет во животот на партнерот, ниту тој во вашиот. Одлуките ги носите сосема неповрзано со вас како двојка. 5. Не се расправате воопшто. Веќе не ни коментирате, ниту одговарате на коментарите. 6. Се чувствувате осамено, дури и кога сте заедно со партнерот. 7. Длабоко во себе, знете дека е готово. Само го немате кажано тоа на глас.]]>