Secret Place – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Jan 2018 13:05:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Secret Place – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новиот албум од Тоше – „Secret Place“ во април https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-album-od-toshe-secret-place-vo-april/ Mon, 29 Jan 2018 13:05:28 +0000 http://vistina.mk/?p=11138

Претставници на фондацијата „Тоше Проески“ најавуваат дека е завршен неговиот четврти постхумен албум насловен „Secret Place“. На албумот ќе има 10 песни, кои се испеани на англиски јазик. „Се подготвуваат и три видеозаписи за три песни од самиот албум. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Исто така, во согласност со Министерството за култура е планиран и голем концерт на кој ќе биде промовиран овој носач на звук. Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Очекуваме концертот да се одржи кон крајот на април или почетокот на мај во арената ’Борис Трајковски’ во Скопје. Во англиската верзија на албумот една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристески, што тој му ја посвети на својот вујко, за која, исто така, ќе биде снимен видеозапис“ најави Андреј Николоски, претседател на фондација „Тоше Проески“ на манифестацијата што се одржа деновиве во Крушево, по повод одбележувањето на 37. роденден на балканската музичка ѕвезда.
Сите овие активности се дел од проектот „Деценија без Тоше“, кој почна лани.]]>