себе си – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Sep 2019 06:52:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png себе си – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јелена Спенџарска се пронајде себе си во љубовта… откако остана без неа! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-spendzarska-se-pronajde-sebe-si-vo-ljubovta-otkako-ostana-bez-nea-foto/ Thu, 05 Sep 2019 06:52:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105185

Познато е дека водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска љубовниот живот го крие како змија нозете. Со години е јавна личност на ТВ екраните, а освен тоа и  „кисне“ на социјалните мрежи, ама на нив досега покажа се' освен... својата посилна половина! До душа во јавноста осамнаа  една - две афери за љубовниот живот на водителката, како онаа со фотографиите што се совпаѓаат од викендичките во Боровец со извесен Абдија Асани...
Или приказната со брачната понуда за Спенџарска од  Марјан Трајчев, овчарот од штипско Пухче, но сето тоа остана или во доменот на недокажаните претпоставки или само забава за народот!
Спенџарска и натаму официјално е „соло“, иако секому е јасно дека она што јавно се прикажува најчесто нема врска со она што навистина се случува во приватниот и љубовниот живот. Некои тоа го нарекуваат неискреност, некои, како и самата таа - приватност!
А токму во таа приватност барајќи ја љубовта на својот живот, најчесто луѓето се губат себе си... На Спенџарска и се случило токму обратното. Водителката се пронајде себе си во љубовта... откако остана без неа. Како? Самата ќе ви раскаже: „Запознав еден дечко. Многу ми се допадна и полека почнав да сакам се што сака и тој. Сакав одлуките да бидат едноставни, па така почнав да се согласувам на секоја негова идеја. За многу брзо време не знаев дали ЈАС сакам нешто или НИЕ сакаме нешто . И така почнав да се губам себе си. Всушност, не се изгубив во буквален превод (иако така изгледаше) Тука бев, но зборовите како да не беа мои. Се лутев за ситници, се ме нервираше, немав нерви за ништо. Мислев дека полудувам. Почнав да ги менувам зборовите. Почнав искрено да зборувам и тоа го збуни. Тој беше навикнат јас да се согласувам се се што ќе кажеше, па не можам да го обвинам што не можеше да ме препознае. Зборувањето, искрено ми дојде многу убаво. Како да правиш нешто големо. Некако на почетокот тоа не беше премногу изразено ,но како добивав самодоверба, зборот ми стана моќен. Секако дека се плашев. Се плашев да го изгубам неговото одобрување, се плашев од тоа дека ќе сфати колку малку имаме заедничко и нема да му се допаѓам повеќе. Но, доста ми беше да се чувствувам изгубено и веќе имав одлучено дека морам да го надминам тој страв. Колку и да ми беше тешко си реков дека е многу подобро тој да не ме сака отколку јас да не си се сакам. Не сакам повторно да се чувствувам изгубено,празно или збунето. Сакав да знам дека сум тука за себе и стојам зад секој мој збор. И така се пронајдов себе си... !“
]]>

И Дарко – Спејко славеше роденден… Љупка му се подари… себе си! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-darko-spejko-slaveshe-rodenden-ljupka-mu-se-podari-sebe-si-foto/ Wed, 28 Mar 2018 10:05:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18149

Македонската најселебрити љубовна двојка Дарко - Спејко и Љупка Митрова последен пат јавно беа видени на промоцијата и доделувањето на наградите на македонското издание на магазинот „Стори“. Не добија ниту една награда иако, реално, ако веќе се доделуваа награди за најселебрити лица, тие би требало без конкуренција да ја понесат наградата за најселебрити љубовна двојка на годината во 2017.
Кумановецот и струмичанката сепак не беа многу загрижени, па продолжија да уживаат во својата љубовна идила и за еден од најважните денови во животот на посилната половина на вљубениот пар - роденденот на Спејко!  А го прославија... сами, посветени еден на друг!
„Денес,  одам да прославувам со моите најблиски, бидејќи ова е многу посебен ден за мене, за што сакам да му се заблагодарам на Бога за тоа“ - напиша големиот Брат и замина да слави.
Имено, скромно, без многу помпа и гости, Љупка и Спејко за неговиот роденден седнаа на јадење во еден ресторан во центарот на Скопје. И додека таа задоволно го голташе секој залак од својата порција шпагети, тој вљубено ја голташе со поглед неа... уживајќи во секое нејзино движење, гестикулација, секој нејзин здив!
Првото нешто што го засакав беа твоите очи. Тие содржеа таква љубезност, нежност, каква никогаш претходно не сум видела. Следното нешто што го засакав беше начинот на кој ја држеше вратата отворена за мене, како да сум најважна. Последното нешто што го засакав беше начинот на кој ме натера да се смеам без да знаеш дека тоа ми треба“ -  возврати  понежната половина од вљубената двојка, за веќе во следниот момент на својот сакан да му понуди две нешта: Славеничката мини торта во вид на роденденски колач со свеќичка и подарокот во вид на роденденска желба!
Па откако Спејко ја дувна свеќичката на колачот ја дозна и нејзината желба - роденденски подарок за него: Сакам да бидам твојата омилена дестинација и во добри и во лоши денови... Те сакам, среќен роденден“!
Така Спејко го доби најпосакуваниот роденденски подарок. Саканата Љупка му се подари... себе си!