се враќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Oct 2023 10:06:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png се враќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Раде Врчаковски прво „ги искара“ новинарите, па повторно ја стави јавноста во недоумица: Врчак како Врчак… се враќа или сепак не се враќа на сцената? https://arhiva.vistina.com.mk/rade-vrchakovski-prvo-gi-iskara-novinarite-pa-povtorno-ja-stavi-javnosta-vo-nedoumitsa-vrchak-kako-vrchak-se-vraka-ili-sepak-ne-se-vraka-na-stsenata/ Wed, 18 Oct 2023 10:06:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322793

Откако никој жив освен најблиските со години не знаеа и се прашуваа што се случува со некогаш големата македонска рап ѕвезда Врчак, која преку ноќ исчезна од естрадната сцена и со години го немаше, веста дека Ламбе Алабакоски и Раде Врчаковски заедни застанале на сцена на една приватна свадбена забава во Охрид и испеале песна во дует ги воодушеви сите. И присутните на свадбата и јавноста. Јавноста пак едвај со душа  дочека по долгата пауза Врчак одново да го види на сцена, кој заедно со Ламбе овој пат ја испејаа песната „Спасете ме другари“ која  ја снимија заедно во далечната 2006 година.
И самиот Ламбе Алабакоски видеото го сподели на својот Инстаграми воодушевено напиша: „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже, вчера тоа ми се потврди ! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“ - објави Алабакоски, а медиумите цитирајќи го, тоа го пренесоа. И кога сите помислија дека Врчак конечно се враќа на сцената, Врчак како Врчак... Најпрвин „ги искара“ новинарите за нивните објави, а потоа повторно ги стави јавноста и своите обожаватели во недоумица: Се враќа или сепак не се враќа на сцената? Имено, Раде Врчаковски на својот Фејсбук профил споделил соопштение во кое „малку ги подгрева, малку ги убива“ надежите дека повторно ќе го гледаме. „Bрчак и Ламбе на приватна прослава. Преку 500 000 гледаност имало на видеата за неколку дена (Ламбе среќен неможе да престане да се чуди), а се испонапишале новинари за таа вечер (души мили) без јас нешто да изјавам.... Да знаат сите дека таа вечер на инсистирања на другари и другарки сосема случајно и непланирано јас излегов една-две песни да испеам на приватна прославава кај мој многу добар другар (не се работи за никаков мој камбек како што излегло од новинари), а на среќа на сите обожаватели и обожавателки кој секој ден ме молат нови песни да правам - ЌЕ ИМА НОВИ ПЕСНИ! Снимивме одлични нови со ДНК, со Антониа Гиговска, со Барбара Попович ќе снимаме исто, има и други соработки, а и Ламбе утредента по прославата во Охрид ме замоли да снимаме песна (му велам ако не пали веќе огнови може и Ламбе се согласи... И ќе снимаме песна и со Ламбе)“ - споделил меѓудругото Раде. Останатото е во доменот на неговите визии за глобалната грижа за човештвото и директно нема врска со музика и нечија кариера! Сепак, ден - два подоцна, следната споделна информација и фотографија влева надежи дека Врчак сепак можеби ќе се врати...? Веројатно на инсистирање на колегите и пријателите од музичката фела... Барем според приложената фотографија на која се заедно во студио Врчак, Панчо и Андреј од ДНК и композиторот и продуцент Лазар Цветковски... Е сега во прашање е нова песна на ДНК, ама дали во неа го има и Врчак? Или само е таму заради дружба и обид  после музичка апстиненција „од еден век“ другарите да го „спасат“ и убедат на кам-бек? Веројатно ќе зависи во многу што од неговите „чудни правила“ дали „тајните ангели“ ќе ја завршат својата мисија успешно или Врчак ќе го продолжи својот музички „манастирки сон“... Засега, за него се' уште „како времето да стои“, како за  некоја „заспана убавица“! ]]>

Решена е на нов драстичен чекор по загубата на бебето: Анастасија Ражнатовиќ се враќа во Белград https://arhiva.vistina.com.mk/reshena-e-na-nov-drastichen-chekor-po-zagubata-na-bebeto-anastasija-razhnatovik-se-vraka-vo-belgrad/ Wed, 31 May 2023 11:20:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304494

Анастасија Ражнатовиќ (25) го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, па реши со да се врати од Шпанија во Белград. Ќерката на фолк ѕвездата Цеце Ражнатовиќ живее со фудбалерот Немања Гудеља (31) во Севиља, но во овој тежок период сака да биде во Србија со семејството. Како што дознава српски Информер.рс, Анастасија кон крајот на неделата ќе пристигне во Белград. - Бидејќи поминува низ многу тежок период, сака да помине малку време со семејството. Таа долго време не дошла во Србија бидејќи чекала да се средат документите што и требале за да живее во Шпанија. Сега кога е готово може да си дојде дома кога сака. И треба мир, па го затвори својот Инстаграм профил и се повлече од очите на јавноста. Немања е постојано со неа и тој е нејзината најголема поддршка – изјавил извор за Информер. Според него, младата пејачка особено се радува што конечно во живо ќе го види својот внук Крстан, кој има нешто повеќе од 40 дена. -Многу и беше тешко што не можеше да го види вториот син на Вељко и Богдана, освен преку камерата на телефонот. Конечно ќе може да го гушне и бакне и среќна е поради тоа. И недостигаше и малиот Жељко кого го обожава. Со нив двајца, како и со мајката Цеца и тетката Лидија Оцокољиќ, таа побрзо од се ќе успее да се опорави и да продолжи понатаму - вели неименуван извор. Анастасија пред само седум дена го прослави својот 25-ти роденден. Таа потоа објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како Немања ја изненадил со балони, полнети играчки и торта во нивниот дом во Севиља. За жал, само неколку дена подоцна го загубија своето неродено бебе. фото:Printscreen You Tube/PRVA/ Instagram]]>

Mанифестацијата се враќа на голема врата: „Глумците пеат“ на 20-ти април во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/manifestatsijata-se-vraka-na-golema-vrata-glumtsite-peat-na-20-ti-april-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Mon, 06 Mar 2023 13:33:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291973

„Драги пријатели, со огромна доза на емоции и со уште поголема одговорност, ви најавувам дека шоуто „Глумците пеат“ се враќа на сцена“, соопшти на социјалните мрежи Маја Бабиќ, ќерка на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на манифестацијата. Таа меѓудругото вели дека никогаш досега не и било потешко да напише статус и да ги оддели емоциите од работата (професионалноста). „Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме. Затоа што ТОЈ толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати. И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката. Оваа година ќе биде на 20-ти април, во Македонската опера и балет, но од догодина ќе ги вратиме на денот на кој припаѓа – 26-ти март, во чест на 27-ми март, светскиот ден на театарот. Деновиве со Ира, пребарувајќи по старите архиви, сфативме дека за жал нема многу останато од претходните изданија. Неколку снимки, неколку фотографии и многу убави сеќавања. Време за нови спомени, за нови убави моменти“, напиша Маја Бабиќ на социјалните мрежи додавајќи дека во идниот период ќе следат уште информации поврзани со овој голем музичко-забавен настан.]]>

Соња Тарчуловска одново е на сцената, овој пат со песна од ќерка и Мелани: Замина „Во бело“, се враќа – „Со црвено“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sonja-tarchulovska-odnovo-e-na-scenata-so-pesna-od-kjerka-i-melani-zamina-vo-belo-se-vrakja-so-crveno-video/ Fri, 02 Dec 2022 10:05:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278359

Некогаш една од најекспонираните и најбарани македонски фолк пејачки од новиот бран, јавноста ја запозна по нејзините настапи каде во „златните времиња“ долго во ноќта ги забавуваше гостите во најпознатите скопски локали, но и во оние низ Македонија. Соња Тарчуловска беше фолк ѕвезда парекселанс и по своите вокални можности и по атрактивниот физикус и по умеењето на настапите да ја крене публиката, односно гостите правејќи штимунг и расположение какво ретко која друга умее. Остана запаметена и по неколку од своите автрски песни како: „Ден по ден“, „Зоране“ или можеби нејзиниот најголем хит по кој ја познаваат, темата „Во бело“, како и и по оние подоцна новосоздадените македонски фолк песни со патриотска содржина: „Добре дојде“, „Предавници и јунаци“... кои ги испеа по сето она што и се случуваше во приватниот живот, во кој мина низ сите премрежја заедно со својот сопруг, македонскиот херој и бранител Јохан Тарчуловски. Во тоа време некако Соња Тарчуловска се повлече од естрадата, ја снема од музичката сцена, за години подоцна славата на некој начин да и ја врати токму нејзината ќерка - наследничка Мелани. Таа наследувајќи го генот и талентот од мајка си со појавата на последниот „Макфест 2022“ не само што самата блесна и како изведувач и како автор на сопствената песна, туку и на јавнста и ги освежи сеќавањата на нејзината мајка Соња. Недолго по фестивалскиот настап на ќерка и, токму Соња Тарчуловска најави дека се враќа на естрадната сцена „на голема врата“ со песна и спот. Ако замина од истата „Во бело“, големиот хит по кој остана запаметена, сега пејачката се враќа „Со црвено“, како што е насловена нејзината повратничка песна, која е и музички и визуелно сосема поразлична од она што Соња Тарчуловска досега го пеела. Патем, истата е авторско дело на никој друг туку на нејзината наследничка, ќерката Мелани која ги потпишува стиховите на песната за која аранжманот го направил Дејан Момировски, во чие „ХЛ студио Момировски“ истата и е снимена. Придружните вокали ги пеат нејзината ќерка Мелани и Сара Пројковска, а песната е во модерен танцувачки ритам , со мелодиска линија која многу повеќе наликува на современите поп хитови отколку на класична фолк песна, како оние, по кои Тарчуловска ја паметиме. Дали тоа значи целосен пресврт во музичкиот стил и кариерата, останува допрва да видиме?! Она што може сега да се види е видеото за песната кое го потпишува „Томато продукција“,  во кое Соња изгледа сосема поинаку од она што сме навикнале да ја гледаме, иако евидентно е дека по се низ што мина низ животот, годините како воопшто да не оставиле трага... Не барем на нејзиното лице, напротив... Тарчуловска сега изгледа ако не помлада, тогаш барем иста како порано, како времето за неа да застанало! Као звучи нејзината повратничка песна и како таа изгледа во модерно спакуваното видео - „Со црвено“, проследте во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Станија се враќа во „Задруга“: Старлетата за дебел хонорар ќе мора да се соочи со својот бивш (не)пријател Кристијан Голубовиќ и нејзиното доскорешно момче, Марко Марковиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stanija-se-vrakja-vo-zadruga-starletata-za-debel-honorar-kje-mora-da-se-soochi-so-svojot-bivsh-ne-prijatel-kristijan-golubovikj-i-nejzinoto-doskoreshno-momche-marko-markovikj-foto/ Tue, 27 Sep 2022 11:30:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268895

Станија Добројевиќ наводно по Нова година ќе влезе во реалното шоу „Задруга 6“ како специјален гостин. Таму по седум години ќе се соочи со својот поранешен ( не)пријател Кристијан Голубовиќ, како и со доскорешното нејзино момче, Марко Марковиќ. Според на извор близок до старлетата за „Реалити плус“, таа ќе зема дебел хонорар за гостување во реалното шоу, а планот и е „да им ги побрка лончињата“ на останатите цимери. „Станија е една од најстарите учесници во реалното шоу, таа е многу барана и луѓето обожаваат да ја гледаат на телевизија. Токму поради ова и биле понудени посебни услови да биде дел од реалното шоу. Таа нема да биде натпреварувачка, туку гостинка и нема да се бори за првото место со останатите цимери. Таа веќе еднаш беше победничка на реалното шоу и не значи дека го брка првото место бидејќи е свесна колкава поддршка има. Добила понуда од првиот човек на ТВ Пинк која не можела да ја одбие, а за неколку месеци престој во 'Задруга 6' таа ќе добие 50.000 евра“ - шокираше со сумата соговорникот. „Нејзина цел е да го покаже вистинското лице на одредени задругари, а воедно и првпат пред камерите ќе се соочи со Кристијан Голубовиќ со кој имаше исклучително турбулентна врска. Не го гледа како непријател, не планира прво да нападне некого, но ако некој ја задева, нема да го поштеди. Таа знае многу за повеќето учесници, па затоа би било подобро да внимаваат на неа“ - рекол изворот, додавајќи: „Публиката веројатно ќе ја интересира нејзината врска со поранешното момче Марко Марковиќ, а бидејќи повторно ќе се сретнат на местото каде што започнала нивната љубов, не е исклучено да им се вратат емоциите“!? Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic
]]>

Доби повик од продукцијата: Македонскиот пејач се враќа во „Ѕвездите на Гранд“ https://arhiva.vistina.com.mk/dobi-povik-od-produkcijata-makedonskiot-pejach-se-vrakja-vo-dzvezdite-na-grand/ Tue, 08 Mar 2022 07:49:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242074

Младиот охриѓанец Александар Јосифовски публиката го памети по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Јосифовски остави силен впечаток со неговите рок изведби и важеше еден од фаворитите, но не успеа да стигне до финалето на натпреварувањето. Пејачот беше под менторство на Ѓорѓе Давид кој одлично го подготвуваше својот кандидат. Во последниот негов настап во „Ѕвездите на Гранд“, Александар ги освои сите шест гласа, односно  имаше исти број гласови како и неговиот тогашен противкандидат, па пејачот помина во бараж, но за жал го напушти шоуто. Меѓутоа, Јосифовски се враќа на сцената на „Гранд“ . Како што обзнани на својот „Фејсбук“ тој и оваа сезона ќе биде дел од „ЅГ“. -Драги мои, ледс и џентс....И оваа сезона, набрзо се гледаме на малите екрани во емисијата „Ѕвездите на Гранд“. Stay tuned…, напиша тој покрај описот на фотографијата. Како Александар повторно ќе се претстави, кој ќе го одбере за ментор, останува да видиме. Инаку, и оваа сезона има неколку македонски претставници, а меѓу нив се издвојува Драгана Костова која е под менторство на Марија Шерифовиќ. фото: принтскрин/јутуб/зведе гранда/фејсбук/инстаграм]]>

Ламбе Алабакоски: Сега сум дома, срцето ми е на место, се враќам на музичкаа сцена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lambe-alabakoski-sega-sum-doma-srceto-mi-e-na-mesto-se-vrakjam-na-muzichkaa-scena-video/ Wed, 02 Mar 2022 09:36:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241275

Откако поминаа цели 17 години по триумфот на „M2 Play - потрага по ѕвезди и направи 7 години пауза од музиката, некогашниот македонски поп пејач Ламбе Алабакоски се враќа македонската естрадна сцена. Секако, откако претходно се врати во Македонија од САД, каде Ламбе семејството, односно сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј, живееше. За својата одлука, тој говори во ексклузивното интервју за естрадниот магазин Бекстејџ. Деновиве за прв пат на сцената се појави на концертот во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски кој неодамна го одржа Камерниот оркестар со македонските пејачки ѕвезди во Битола. Зошто Ламбе одлучи да се врати дома во Македонија, дали  и кога повторно ќе почне да се занимава со музика, плнира ли нови песни, албум, настапи, со кого сега ќе сорботува, што исли за сегашната состојба на македонската музичка сцена, што е променето за овие години и како таа сега му се чини дека изгледа за разлика од порано... Погледнете го интервјуто што некогашната „М2 ѕвезда“ го даде за „ТВ магазинот од зад сцената“: ]]>

Сергеј Варошлија конечно се појави во јавноста: Модниот гуру се враќа на ТВ екраните? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sergej-varoshlija-konechno-se-pojavi-vo-javnosta-modniot-guru-se-vrakja-na-tv-ekranite-foto/ Fri, 08 Jan 2021 08:34:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184215

Со „падот“ на Боки 13 и распадот на 1ТВ империјата, по аферата „Рекет“ која со месеци ја тресеше македонската и регионалната јавност, човекот кој ја имаше најгледаната неполитичка емисија на телевизијата, Сергеј Варошлија како да „пропадна во земја“. Разбирливо, не само што преку ноќ  „исчезна“ од ТВ екраните, туку исчезна и од очите на јавноста. Престана да се појавува на вообичаените места, на што до душа му кумуваше и корона пандемијата, изолацијата, п0лицискиот час, рестрикциите и забрани на движење..., престана да споделува свои фотографии и статуси на социјалните мрежи, неговите профили останаа речиси „замрзнати“... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/site-znaat-kade-e-boki-13-ama-znae-li-nekoj-kade-mu-e-najverniot-drugar-kade-ischezna-sergej-varoshlija-foto/ Многумина од чиста љубопитност се прашуваа каде тоа „испари“ модниот гуру, чија телевизиска вештина и умеење им недостасуваше, зашто може кој што сака да мисли за него, но едно е сигурно: Сергеј Варошлија е одличен познавач на модата, модните трендови и збиднувања во светот, а од друга страна тоа умее(ше) на забавен, оригинален и себесвојствен начин да и го пренесе на телевизиската публика. Тоа што некого „вистината го погаѓа и боли“... е веќе прашање на „лично доживување“ и лична перцепција на нештата, во кои Сергеј не веруваме дека имал „нешто лично“ против оние чиј изглед и имиџ го коментираше иако рака на срце, знаеше понекогаш и да претера! Како и да е, со гасењето на „1ТВ“ , „згасна“ и неговото модно ТВ шоу, заради што веројатно и нему ќе му „пукнеше душата“, но и на мнозинството ТВ гледачи, зашто, многумина потоа се согласија дека модниот гуру недостасува во ТВ етерот. За Боки 13  потоа, откако почна да се одмотува клопчето, стануваше помалку или повеќе познато, но од неговото најверно другарче, ниту трага ниту глас? Можеби само најблиските од  „затворениот круг“ знаеја каде е Варошлија, дали осамен тагува или некаде скриен молчи во страв да не тропнат и на неговата врата? Теории на заговор по разни основи имало и секогаш ќе има, но едно е сигурно: Помина долго време откако пошироката јавност повторно не го здогледа ликот на модниот гуру. Овој пат одново на социјалните мрежи. Имено, Сергеј сподели неколку, најпрвин новогодишни фотографии од скопските улици, на кои се гледа дека модниот гуру е „жив и здрав“ и ништо не му недостасува... Не барем физички. Неколку дена подоцна уште една мини серија најнови, фотографии.     Малку сам на масата, малку во женско друштво, покрај згодната русокоса пријателка Маја, позната македонска манекенка и модел, некогашна девојка на еден наш познат театарски режисер. Сепак во нивно друштво секако бил уште некој, зашто тој некој очигледно морал да ја направи фотографијата. Можеби претпоставувавте за кого се работи, а можеби и не?   И ништо чудно и необично во сето ова, доколку враќањето во јавноста на Варошлија не се поклопува со приказните кои последниве месеци наголемо кружат по новинарско-естрадните кулоари и кругови, дека наскоро во етерот треба да тргне нова телевизија. И тоа ни помалку, ни повеќе од истото место каде што заврши „1 ТВ“ - студиото на „Томато продукција“!? Телевизијата е неофицијално е во сопственост на еден македонски бизнисмен кој се занимава со „Ај-ти“ бизнис и програмирање, а се говори дека нејзиното име ќе биде „М2 ТВ“! Покрај политичките програми на неа ќе има и емсиии и шоуа од забавен карактер, меѓу кои „се шпекулира“ дека ќе биде и постоечкото или шоу со нов формат на Сергеј Варошлија!?   Значи ли тоа дека модниот гуру се враќа на ТВ екраните, а споделувањето на нови фотографии е само „загревање на јавноста“ за повторно навикнување на ликот на Варошлија? Ќе му „пукне ли некому душата“ и дали Сергеј навистина одново ќе има можност „да им ја пукне на другите“ со своите довитливи, остри и бритки, издржани и дрски коментари или ќе гледаме нешто сосема друго, некое поинакво издание на модниот гуру, останува да почекаме? А можеби сето тоа се само „празни музбети“ кои чаршијата ги плете во недостаток на забава и задкулисни естрадни „дешавки“? Сепак, не ја исклучувајте можноста да се запрашате дали се' уште важи онаа старата поговорка: „Каде што има чад, има ли и оган“? Останува да почекаме да видиме, дали набрзо ќе почне и...  „да гори“!? Фото:Инстаграм принтскрин  ]]>

Беше голема фолк ѕвезда, па се повелече и го снема: Дадо Полумента денес изгледа многу постар и посериозен, но дали се враќа на сцената? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-golema-folk-dzvezda-pa-se-poveleche-i-go-snema-dado-polumenta-denes-izgleda-mnogu-postar-i-poseriozen-no-dali-se-vrakja-na-scenata-foto/ Thu, 05 Nov 2020 10:42:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174671

По долгата пауза и турбулентниот период низ кој помина, но и големите животни промени што ги доживеа, Дадо Полумента е подготвен да се врати на музичката сцена со проект што никој досега  од фолкерите го нема направено. Овој пат, Дадо подготви два албума кои наскоро ќе  бидат промовирани пред публиката. Според новите фотографии, ќе забележите дека Дадо Полумента сега изгледа многу постар и посериозен.   „Требаше да се поклопат сите коцки во мојот живот, да се знае кој сум бил, кој сум сега и да и го претставам сето тоа на публиката преку песни“ - вели пејачот. Мотивација за враќање на музичката сцена по повеќе од две години пауза секако се неговата сопруга Ивона и нивната ќерка на кои им е максимално посветен. „Тие го сменија целиот мој свет, ми ја внесоа енергијата и инспирацијата што ми беа потребни за да го создадам она што наскоро ќе го претставам пред публиката. Ми недостасуваше да работам на нови песни, да се дружам со публиката и нивната реакција. Овој проект, кој ќе се состои од два албума, ќе го прикаже Дадо што публиката го знае од порано, но и новиот кој реши да ја отвори душата како никогаш пред тоа и да раскаже сè што не направил порано“ - рече пејачот.]]>

Врчак наскоро се враќа на естрадата? https://arhiva.vistina.com.mk/vrchak-naskoro-se-vrakja-na-estradata/ Sat, 24 Oct 2020 10:24:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172787

После подолга пауза од естрадата, Раде Врчаковски – Врчак се враќа со нов албум. Албумот е сниман во Paramount studios со американски артисти од Лос Анџелес. Имено Врчак албумот го снима со продуцентот на Бруно Марс, а по препорака на неговите професори од Беркли. „Се работи за љубовен музички албум. Спремете се за изнедадување идната година по завршување на корна кризата. Идејата за албумот ми дојде на еден преубав летен одмор на море, по една преубава случка. Полн со љубов во пријатните чуства од најголемата организација против робства и злоупотреби на животните во државата која ме направи херој против робства на животните. Целиот албум го правев од срце и со план секоја една песна да е подобра од секој еден билборд број 1 што беше хит летото – за да дојдам до внимание и да се пренесе порака против робства и злоупотреба на животинчњата world wide со најголеми можни успеси“, вели Врчак. ]]>