се сруши – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2017 13:41:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png се сруши – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Крис Реа се сруши на сцена на концерт во Оксфорд https://arhiva.vistina.com.mk/kris-rea-se-srushi-na-scena-na-koncert-vo-oksford/ Mon, 11 Dec 2017 13:41:14 +0000 http://vistina.mk/?p=6294

Англискиот пејач Крис Реа се сруши среде концерт во Оксфорд и итно е префрлен во болница, пренесуваат светските медиуми. 66-Годишниот пејач наводно паднал на бината за време на свој концерт и се тресел на подот. „Се молиме се да е во ред со него. Само падна за време на изведување на една песна. Навистина не изгледаше добро. Загрижен сум“ - пишува еден негов обожавател на Твитер. Пејачот кон почетокот на 2000-тите години победи рак на панкреасот, а минатата година имаше и мозочен удар. Има и дијабетес, па мора да прима седум дози инсулин дневно. Пред да му се слоши, на сцената бил околу 45 минути. Стоел пред микрофонот и ја држел гитарата кога раката започнала да му се тресе, се обидел да се задржи за микрофонот но не успеал, а потоа само се срушил, го опишуваат обожавателите несреќниот момент. Концертот во Оксфорд бил еден од последните концерти од неговата турнеја во текот на која требало да настапи во 37 градови.]]>