се ожени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 25 Feb 2023 11:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png се ожени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се ожении пејачот Павле Камилоски: Негова животна избраничка е планинарката Ирина Дишовска (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozhenii-pejachot-pavle-kamiloski-negova-zhivotna-izbranichka-e-planinarkata-irina-dishovska-foto/ Sat, 25 Feb 2023 11:07:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290596

Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска вчеравечер, петок, 25 февруари се заколнаа на вечна љубов пред себе, пред Бога и државата. Свадбената веселба ја започнале во домашна атмосфера со изворна музика. Потоа  обајцата застанале пред олтар во  прекрасната црковна церемонија и на крај го ставиле својот потпис во матичната книга на венчани, за конечно прославата да кулминира во еден познат скопски елитен ресторан. Сестрата на Павле, кулинарката Софка Камилоска, сподели низа фотографии и видеа од свадбата. Меѓу присутните гости имало и познати и јавни македонски личности и ТВ лица, како Миа Костова и Елена Најдоски. Ирина била прекрасна невеста, променета во тесна бела креација со пердуви, која го наговестувала нејзиното трудничко стомаче, а пред тоа носела уште една прекрасно креирана бела венчаница, додека Павле зрачел со елеганција во свечениот црн свадбен костум.  ]]>

Уште една македонска “Гранд ѕвезда“ го кажа судбоносното ДА: Се ожени и Ален Хасановиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-makedonska-grand-dzvezda-zgo-kaza-sudbonosnoto-da-se-ozeni-i-alen-hasanovikj-foto/ Mon, 12 Sep 2022 11:14:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266488

Ален Хасановиќ го држеше љубовниот живот далеку од очите на јавноста, но пред нешто повеќе од еден месец реши да ја запроси својата девојка, а сега можат да се пофалат дека двајцата го кажале судбоносното „ДА“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Alen Hasanovic (@alen_hasanovic)

Иако звучеше мистериозно, кога пред неколку месеци во една од емисиите на Гранд се „шегуваше“ дека ќе се жени, сега потврди дека веќе знаел за убавата Аида дека е онаа, вистинска. Нивните семејства и пријателите се собраа вчера да го прослават нивниот посебен ден, а младенците ја задржаа насмевката на нивните лица. За овој незаборавен ден тие го надминаа очекуваниот стајлинг, па невестата блесна во розова венчаница со тантела на горниот дел, додека младоженецот облече сиво палто и бела кошула кои ги искомбинирал со црни панталони. Прославата без преголема помпа се одвивала во еден ресторан каде до доцните часови се славело со најголемите свадбени хитови како: „Се мажам“, „Данас мајко жениш сина свог“, „Жени ми се брат“ и многу други. Со заедничка фотографија Ален ги извести своите следбеници дека е среќен човек. „Засекогаш моја“ - напишал пејачот-младоженец украсувајќи ги постот и фотографијата со емотикони од срца. Нека му е со среќа брачниот живот и многу дечиња му посакува редакциијата на Вистина.ком.мк! Фото: Инстаграм принтскрин/alen_hasanovic]]>

Се ожени Иван Иванов, синот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-ivan-ivanov-sinot-na-poraneshniot-pretsedatel-na-republika-makedonija-gjorgje-ivanov-foto/ Sun, 20 Feb 2022 13:56:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239816

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов се ожени. Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија, па така екс претседателот Иванов и неговата сопруга Маја станаа свекор и свекрва. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/eks-pretsedatelot-gjorgje-ivanov-kje-stane-svekor-sinot-ivan-ja-pobara-rakata-na-negovata-sakana-jana-foto-video/[/embed] Судејќи по фотографиите, венчавката била во потесен круг на најблиските роднини од семејството, најверните другари и најдобрите пријатели, а среќата на новиот брачен пар е повеќе од забележлива. Невестата во розов фустан наместо венчаница, младоженецот во класичен костум, кошула и вратоврска, го споделија првиот официјален брачен бакнеж, откако ги ставија свооите потписи пред матичрот и сведоците во книгата на венчани. На една од објавените фотографии на Инстаграм приказните кај младоженецот, во мигот кога  Иван и Јана заедно ја сечат невстинската торта, се забележи еден мал детал, што всушност е крупна работа. Стомачето на невестата кое по многу што наликува на трудничко. Дали новопечениот млад брачен пар наскоро очекува принова и од кој пол е бебето, останува да дознаеме наскоро. На Иван и Јана им честитаме за стапувањето во брак и им посакуваме да се среќни и вечни, а семејството да им биде многудетно!]]>

Се ожени водителот Марко – „Дај, побрзај“ Новески: Првиот брачен бакнеж со маски, за првата брачна ноќ… маска не треба! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-voditelot-marko-daj-pobrzaj-noveski-prviot-brachen-baknez-so-maski-za-prvata-brachna-nokj-maska-ne-treba-foto/ Fri, 27 Aug 2021 07:27:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216965

Неговото вистинско име е презиме Марко Новески, но сите го знаат како „Марко - дај побрзај“, зашто остана  така запаметен по емисијата „Дај, побрзај“, која го лансираше и прослави на ТВ екраните како еден од најпопуларните  водители. Луциден, откачен,забавен, непредвидлив, секогаш расположен, насмеан и весел... И вечен ерген... Ама само до вчера, кога вечно насмеаното момче „падна“... И тоа во прегратките на брачниот живот! Имено, Марко вчера го стави својот параф, својот потпис во книгата на венчаните. И младоженецот и невестата во сега модерната  бело - жолта комбинација, тој и неговата животна избраничка, станаа брачни другари. Марко и невестата ( без невестински фустан и бел вел) Цена Плавевска, си ветија љубов до крајот на животот, онака свечено но, кежуал облечени, пред сведоците во  кругот на семејството и најблиските пријатели. „Се оженииииив. Те сакам Плавевска и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка М. за стручната логистика околу овој чин“ - напиша тој на Инстаграм споделувајќи фотографии од церемонијата на стапување во брачните води. Уште кога се свршија во февруари годинава, водителот рече дека сакаат „свадба голема“, арно ама корнапандемијата потраја, а љубовта и брачните обврски не можат да чекаат, па свадбата ќе ја пролонгираат за некои подобри времиња. Можеби во пакет со крштевка? Вака, во овие услови и моментот на првиот брачен бакнеж им беше со маски, кои до душа за миг ги симнаа, за да го обават и овековечат чинот! За првата брачна ноќ, маска не треба! Вистина.ком.мк им посакува да се среќни и вечни и... Невестата „пеперутките во стомак“ време е да ги замени со нешто друго. Затоа, Марко, дај побрзај... Знаеш што е сега на ред! Фото:Инстаграм принтскрин/marko_noveski]]>

Се ожени шеф Марк од „Брза кујна“: Со зурли и тапани и бакшиш на чело, семејна свадбена веселба на Камник ( ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-shef-mark-od-brza-kujna-so-zurli-i-tapani-i-bakshish-na-chelo-semejna-svadbena-veselba-na-kamnik-foto-video/ Mon, 21 Jun 2021 08:31:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207574

Готвачкото ТВ шоу „брза кујна“ за кратко време стана едно од најпопуларните телевизиски емисии од ваков формат. Натпреварувачите секојдневно се менуваат, водителките повремено, ама главните ѕвезди останаа исти: Шеф Никола и шеф Марк! Двајцата врвни готвачи и забавувачи се неизоставен дел врз чија кулинарска умешност, вештина и знаење, ама и смисол за хумор и забава се темели шоуто, па затоа без било кој од нив нема ни добра храна, ни добра забава! И додека шеф Никола Мишковски пред две години ова време вплови во брачните води  правејќи едноставна забава за најблиските, за шеф Марк де Јонг сите „знаеја“ дека е во брак“ со неговата македонска избраничка Василка Димовска... Арно ама, работите стоеле малку поинаку! Имено, иако има возрасни деца - син и ќерка кои живеат во Белгија, популарниот готвач и неговата понежна половина всушност само живееле заедно во вонбрачна заедница...Или како што кај нас народски се вели, во „див брак“! Токму затоа,  шеф Марк и неговата Василка, викендов, 20 јуни 20221 година, решија и официјално да стапат во брак... Да ја озаконат својата врска, која всушност беше еден вид брак, кој само не беше официјализиран на хартија! Ковид протоколите за свадби иако попуштија, сепак шеф Марк и Василка се решија за „скромна“ семејна свадбена веселба со најблиските роднини и пријатели, која ја одржаа на едно од најелитните скопски гастромномско-вински локалитети, Камник. А свадба не е свадба без младоженец и невеста, па затоа младоженците се потрудија да не го „пропуштат моментот“: Тој во свечен костум со китка на реверот, таа во бела невестинска венчаница со бидермаерот в рака... Младоженците пред матичарот се заколнаа на вечна љубов, па првите секунди од ветувањето и официјалниот брак, како што е редот,  ги зачинија со сочен свадбен бакнеж! Гостите малубројни, ама сепак весели, а музиката - традиционална, изворна, македонска... Зурли и тапани им свиреа на младите! Шеф Марк можеби не ги научил до крај чекорите на орото, ама затоа добро ги научил македонските адети, па качен на тапанот, ниту тој, ниту сватовите не ги испратија со празни раце свирачите. Илјадарки и евра бакшиш се делеа, а Бога ми и лепеа на чело на музичарите, чии звуци на нивните иснструменти му ја разубавија свадбената веселба на познатиот готвач и неговата невеста! На свадбата покрај останатите гости биле присутни и децата на шеф Марк, ќерката и синот Микел ( Мики) кој сподели и видео од свадбата на татко му! Се' на се', ако во „Брза кујна“ за подготовка на врвен специјалитет на шеф Марк му се потребни едвај 20 минути, одлуката за брак по македонски рецепт, очигледно ја “крчкаше“ подолго време! Како и да е, нека им е со среќа брачниот живот... и официјално! Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Fancy Flower Boutique/Mickael De Jongh    ]]>

Се ожени најпосакуваниот турски актер: Бариш Ардуч повеќе не е ерген, а на венчавката изгледаше едноставно и скромно, но сепак беше неодолив (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-najposakuvaniot-turski-akter-barish-arduch-povekje-ne-e-ergen-a-na-venchavkata-izgledashe-ednostavno-i-skromno-no-sepak-beshe-neodoliv-foto/ Thu, 30 Jul 2020 08:33:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161153

Популарниот 33 годишен турски актер Бариш Ардуч, се ожени со својата девојка и колешка, актерката Гупсе Озај. Бариш и Гупсе беа во долгогодишна врска и живееја заедно, па сега конечно решија да ги стават прстените. Медиумите не ја пропуштија оваа венчавка, а младите беа расположени и да изјава пред камерите.
 
View this post on Instagram
 
?????????? ?? #barışarduç #gupseözay ?

A post shared by Barış Arduç Official FanPage (@barisarduclub) on

Инаку, иако многупати се ширеа шпекулации дека Бариш и Гупсе раскинале, нивната љубов сепак беша успешна.
 
View this post on Instagram
 
Mutluluklar dileriz ??✨ #barışarduç #gupseözay

Бариш или како што македонската публика го зане како Омер од „Вљубениот ерген“ , на својот голем ден изгледаше впечатливо и шармантно како и секогаш.]]>

Се ожени актерот Двејн Џонсон: Неговиот стајлинг ја засени дури и невестата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-akterot-dvejn-dzonson-negoviot-stajling-ja-zaseni-duri-i-nevestata-foto/ Tue, 20 Aug 2019 10:57:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103043

Двејн Џонсон во неделата се ожени со долгогодишната девојка Лорен Хајшијан, пренесуваат американските медиуми. Двојката го кажа судбоносно „да“ во родното место на актерот, на Хаваи, а тој денес ја сподели среќна вест со фановите на Инстаграм. „Кажавме да“-пишува во описот на фотографиите од венчавката.
Неговата сакана носеше долг бел фустан од тантела, а Двејн доминираше во бела кошула,делумно раскопчана од каде се гледа тетоважата на градите. Посебен детаљ беа украсните ленти од природно цвеќе и листови во хајавски стил.
Инаку, Џонсон веќе беше во брак со Дани Гарсија и ја има ќерката Симон, која има 18 години, додека неговата нова сопруга има две ќерки, Тиана и Јасмин.]]>