се омажи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Sep 2023 10:24:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png се омажи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Благица Павловска лани и даде благослов со песна на помладата колешка, па пејачката „ја фати мајата“ и сега Лени Партикова се омажи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/blagitsa-pavlovska-lani-i-dade-blagoslov-so-pesna-na-pomladata-koleshka-pa-pejachkata-ja-fati-majata-i-sega-leni-partikova-se-omazhi-video/ Mon, 04 Sep 2023 08:27:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316501

Македонската пејачка Лени Партикова и  нејзиниот сега веќе животен сопатник Жарко Ѓоргески го кажаа судбоносното ‘‘да‘‘.  Убавата вест ја обзнани невестата на нејзиниот Фејсбук профил, каде објави и неколку  свадбени фотографии. „Љубовта не мора да биде совршена, таа само треба да биде вистинска и лојална  Кога двајца луѓе се наменети еден за друг, ниту едно време не е предолго, ниту едно растојание не е предалеку и никој никогаш не може да ги распарчи.  Ја крунисавме нашата љубов за навек“ -  споделила невестата. Лени Партикова која неколку години е дел и од хорот на „Македонската опера и балет“ за најубавиот ден во својот живот одбрала класична бела венчаница, додека зетот, кој инаку е кореограф во КУД „Бранко Чајка“, на себе носел класичен костум со бела кошула и виолетова вратоврска. Интересно е дека Лени кон крајот на минатата година при промоцијата на песните за својот нов албум, гостуваше заедно со колешката Благица Павловска во една ТВ емисија на ИН ТВ, при што повозрасната фолкерка откри една тајна. Имено, таа на Лени Партикова ќе и подари една своја стара песна, со благослов дека и ја дава за „да ја фати мајата“ и помладата пејачка наскоро да се омажи. При тоа без да знае дека таа е во врска и тоа полека го планира со својот, сега веќе актуелен сопруг, кореграфот Жарко. Благословот како што велат старите, стигнал „од нејзина уста во Божји уши“ и Лени Партикова летово стана невеста, менувајќи го својот статус од госпоѓица во госпоѓа. Дали  помладата пејачка колешката Благица веќе ја почестила за тоа што и ја благослови животната судбина, или  тоа допрва ќе се случи, останува невестата да раскаже во првата следна прилика. Како сето тоа изгледаше, како звучи приказната за предвидувањата и благословот на Благица Павловска за Лени Партикова, погледнете во видеото подолу, во разговорот  со двете фолкерки кој е околу 50:00 минута во емисијата. Фото: Фејсбук/Leni Partikova]]>

Сите ја чекаа Нова година, а Сани старата ја испрати со венчавка: Македонската фолкерка по трет пат кажа – ДА! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-ja-chekaa-nova-godina-a-sani-starata-ja-isprati-so-venchavka-makedonskata-folkerka-po-tret-pat-kaza-da-foto/ Sat, 07 Jan 2023 08:00:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282669

Атрактивната македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска, повеќе не го носи презимето Гроздановска, иако продолжи така да се презива и откако се раздели од вториот сопруг, Мартин. Имено, не така долго по вториот брачен бродолом, згодната кумановка влезе во нова сериозна врска која кон почетокот на минатата есен резултираше со запросување.  Тогаш таа на својот профил на Инстаграм сподели фотографија со веренички прстен, на левата рака и напиша дека по трет пат кажала ,,ДА”… Љубопитната јавност веднаш тргна да се интересира и истражува во кого тоа толку брзо Сани одново се заљубила, па созбнанијата открија дека се работи на гастрбајтер со српско потекло по име Никола, кој живее и работи во Швајцарија, поточно е менаџер на генерален менаџер на еден термохотел со спа, лоцирани на швајцарските алпи. Откако ја откри врската и просидбата, пејачката  често одеше кај новата љубов на гости, а и тој доаѓаше кога може во Македонија, се додека не дојде Новата Година. И додека сите ја чекаат, Сани и Никола не дочекаа старата да замине, туку ја испратија со венчавка, па како нова брачна двојка вчегоа во 2023-тата. Радосната вест најпрвин сами ја објавија на социјалните мрежи каде се гледа дека пејачката сега го земала презимето на новиот сопруг, па Сани сега се презива Урдаревиќ. Меѓу останатото двајцата споделија новогодишна честитка во која се гледа дека новите младоженци блескаат од среќа. „Велат дека не е среќен оној што е богат, туку оној што е среќен со она што го има. Посакувам оваа година да имате сè што ви треба за среќа. Имајте блескав и убав почеток на новата 2023 година, а уште поблескав и поубав крај на истата! Среќни празници!“  - порачаа тие во честитката.

Фолкерката реши да оди на “треќа-среќа“, по трет пат се омажи и го кажа судбоносното - ДА... Се надеваме дека овојпат ќе и биде за навека!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.urdarevik]]>

Се омажи Елеонора Миљковиќ: Македонската ријалити ѕвезда и модел правеше свадба (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-eleonora-miljkovikj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-i-model-praveshe-svadba-foto/ Mon, 31 Oct 2022 08:40:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273399

Запросување, веридба и коинечно свадба! Како што најави, така и направи, па македонската ријалити ѕвезда, инфлуернсерка  и топ модел Елеонора Миљковиќ последната недела од месец октомври 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски. Свадбата гала и повеќе од гламурозна, а невестата со сиот свој телесен раскош блескаше во сиот свој сјај во отмена долга венчаница целата обложена со кристали, со отворено деколте каде доминираше бујната „ремонтирана“ предница на невестата, која на главата носеше „кралска“ круна, а во рацете бидермаер од бели рози! Возбудата огромна уште во нејзиниот дом, кога Елеонора со нетрпение чекаше да дојдат сватовите по неа...Со сите адети и обичаи, гледајќи го зетот низ прозорец, низ бурмата и сито. А по Нора како што е редот, дојдоа со музика... Со звукот на зурлите и екот на тапанот, првото свадбено оро сватовите и невестата го завртеа уште во нејзиниот семеен двор. Невестата уште во старт весела и разиграна, главна во создавањето на свадбениот штимунг и атмосфера. По кусата домашна веселба,  уште едно оро пред портата на улица за „полни очи и уши“ на комшиите... ...Па потоа младите заедно со свадбената поворка тргнаа на венчавка. Најпрвин заклетвата на вечна љубов пред Бога, во еден скопски православен храм, каде младите ја обавија церемонијата на духовната венчавка и заклетва на верност.   Потоа правец на реприза на чинот, само овој пат малку поинаков... Оној вообичаениот при склучувањето на граѓански брак со потпис и заверка на брачните права и обврски. Откако се заколна еден на друг на верност пред Бога и си ги заверија  обврските правата пред државата, свадбената веселба можеше да почне... Или поточно да продолжи. А почетокот како и секогаш со првиот свдбен танц, за кој младоженецот и невестата одбрале специјална песна и подготвиле специјална кореографија. неговите бакнеѓжи на нејзините бели образи, а таа во неговите љубовни, а отсега и брачни прегратки. Свадбената веселба со сите адети и тертипи, со ора и чочеци, а меѓу сите домашни и гости младоженците највесели и најрасположени. Особено во веселбата предничела невестата која постојано играла, се кршела, се радувала и веселела... Па дури во еден момент го земала микрофонот и запејала со музиката... За потоа  качена на столче, а зетот на тапанот, обајцата ја довеле до кулминација атмосферата кога писнале зурлите и затропал тапанџијата. Ниту на ората и чочеците, ниту на песните од српскиот турбо-фолк невестата и зетот не останале имуни, зашто како што вели една од песните: „Ваква убавина од жена, родена само за него Бог само еднаш ти праќа, па без неа на зетот, дома не му се враќа“...! Кулминација на веселбата се двата познати свадбени чина: фрлањето на бидермаерот на невестата и сечењето на невестинската торта. Првиот обавен успешно уште од прва! Нора на 1-2 и 3... го фрли невестинскиот букет, а онаа, која имаше најмногу среќе да го фати, догодина ќе се мажи! Барем така налага обичајот! Невестонската торта пак, спектакуларна. Поголема веројатно немате видено на една свадба. Голема како „Ајфелова кула“, на 6-7 ката, со гиганстки димензии. Може да има по едно парче за публиката во една спортска арена, а не пак за сватовите на свадбата. На ваквото „слаткарско здание“ мора да му се обрне посебно внимание, но не е возможно да се сече со нож, не барем невестата, па затоа Нора и зетот први ја пробаа невестинската торта со лажиче. За да им биде сладок брачниот живот и за да се надополнуваат во него еден со друг, така и го каснаа првото залче. Взаемно, таа него, тој неа со лажичето полно со торта во уста!     За да се ќердосаат младите на кои и нашата редакција им посакува среќен брак и многудетно семејство! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__    ]]>

Се омажи Викторија Лоба: Пејачката долгогодишната врска ја круниса со брак (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-viktorija-loba-pejachkata-dolgogodishnata-vrska-ja-krunisa-so-brak-foto/ Mon, 29 Aug 2022 10:54:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264442

Македонската поп пејачка Викторија Лоба се омажи. Таа долгогодишната врска со своето момче и со кое заедно живееа,  Ѓорги Калешов конечно ја круниса со брак. Македонската пејачка со руски корени и успешниот бизнисмен венчалната церемонија ја извршија во македонскиот туристички бисер, Охрид. Лоба на својот Фејсбук ја сподели првата фотографија на која тие позираат покрај црквата Св. Јован Канео. Таа блесна во екслузивна долга бајковита венчаница, креирана од модната дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ. Со оваа дизајнерка пејачката соработува уште од порано, кога како нејзин модел во неколку наврати се појави на саемот за венчавки во Скопје. Патем, Лоба наговсти уште во 2019 година дека ќе вплови во брачните води со своето момче Ѓорѓи кога на нејзината рака осамна вереничкиот прстен. Инаку нејзината мајка Татијана во месец јуни летово 2022, исто така одново стапи во брак токму во Охрид. Освен со свршеникот, Лоба, на венчавката на незината мајка беше заедно и со нејзините другарки со кои таа позираше за спомен од овој ден и тогаш како дискретно да ја најави и својата венчавка, која се случува два месеци подоцна! [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/majkata-na-viktorija-loba-napravi-svadba-pred-kjerka-si-a-eve-gi-momentite-od-svechenosta-vo-ohrid-foto/[/embed] Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/]]>

Се омажи водителката Елена Стефановска: Свадба со стил, два фустани и веселба со познатата српска фолк ѕвезда (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-voditelkata-elena-stefanovska-svadba-so-stil-dva-fustani-i-veselba-so-poznatata-srpska-folk-dzvezda-foto/ Mon, 11 Jul 2022 07:25:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257934

Водителката Елена Стефановска, во јавноста позната како „Елена-Живот со стил“ поради истоимената емисија која ја води веќе 12 години, викендов, 9-ти јули 2022 г.  направи гламурозна свадба за паметење во скопскиот хотел „Double Tree by Hilton.“ Пред најблиските пријатели, роднини и соработници го склучи граѓанскиот брак со нејзиниот избраник и нејзина најголема љубов – Бојан Најдоски. Водителката се пресоблекла два пати. Во првиот дел од прославата носела романтична, светкава и раскошна бела венчаница со корсет и тул кој се влече по земја, од брендот „Mila nova“. Косата и беше собрана во бујно опавче, а целосниот стајлинг беше заокружен со круна и вел на главата кој исто така паѓаше до подот. Во вториот забавен дел таа носеше мини бела венчаница украсена со пердуви доле на работ, горе пресечена на едниот ракав, целосно прекриена со светкава мрежа која слободно паѓаше.   Првиот свадбен танц го одиграа по италијански ноти во изведба на Павле Камиловски, а потоа присутните ги забавуваше популарната српска фолк ѕвезда, пејачот Никола Роквиќ. Невстинската торта на три ката, а невестата стручно „ и ја зема мерката“ и го пресече првото парче. Инаку Елена на Бојан му го кажа судбоносното ДА уште за нова година, кога тој ја побара нејзината рака, додека за новогодишните празници беа во Москва, Русија. Моминската вечер пак Елена ја правеше на егзортично место заедно со своите другарки на плажа во Грција.
Како и да е, животот со стил на Елена Стефановска и официјално стана брачен. Нека и е со среќа! Фото: Инстаграм принтскрин/elena_zivotsostil
 ]]>

Се омажи поранешната македонска пејачка, денес мејк ап стилист Зои Блаж: Танго на „штикли“, на оро во патики (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-poraneshnata-makedonska-pejachka-denes-mejk-ap-stilist-zoi-blaz-tango-na-shtikli-na-oro-vo-patiki-foto/ Mon, 11 Jul 2022 06:39:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257912

Се омажи некогашната македонска пејачка и мејк ап стилист, Зорица Блажева која работеше под уметничкото име Зои Блаж. Таа и нејзиниот сакан, ракометарот Тадеј Матијашиќ , по 7 години љубовна врска на далечина, успееа да опстојат и конечно викендот, на 9 јули нивната љубов ја крунисаа со брак. Невестата за свечениот чин носеше уникатнатни венчаници во крем и бела боја. Тесниот фустан беше украсен со бисери, а долниот дел завршуваше во форма на бели ливчиња. На свадбената веселба младоженците и гостите ги забавувале бендот на браќата Нуне, две млади македонски пејачки имиња, познати по своите одлични настапи во „Ѕвездите на Гранд“ - Мими Јовановска и Мартинијан Кириловски. Меѓу пејачите кои се фатиле за микрофонот била и Александра Јанева, додека за латино и ДЈ  сетот  биле задолжени Бока - Конга и ДЈ Мац. Во вториот дел од свадбената веселба, венчаницата Зои ја замени со едноставен краток фустан во бела боја, во комбинација со бели патики во кои и беше поудобно да се забавува до раните утрински часови. Веселбата се одржа во парк ресторанот „Гиновци“ во близина на Крива Паланка. Инаку раката на невестета момчето ја побара уште пред една и пол година, кога во градот Зул во Германија каде Матеј игра за тамошниот ракометен клуб, се случи запросувањето. „Кажав ДА на човекот кој што ме прави да се чуствувам посебна, кажав ДА на среќата, кажавДА на љубовта , кажав ДА на еден нов живот во кои ќе има само убавини …. Те сакам највеќе на цел свет, напиша тогаш Зои на своите профили на социјалните мрежи, сакајќи сте да знаат за убавината која и се случува и колку е среќна. Нека се среќни и вечни! Фото: Инстаграм принтскрин/zoi.blaz]]>

Сите видоа, а и допрва ќе дознаат, иако никому не кажа: Се омажи (ли) пејачката Стојне Николова? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-vidoa-a-i-doprva-kje-doznaat-iako-nikomu-ne-kaza-se-omazi-li-pejachkata-stojne-nikolova-foto-video/ Tue, 16 Mar 2021 08:33:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194262

Иако естрадата е или паркирана или вози во „лер“, некои од македонските естрадни уметници не мируваат и во вакви услови кога корона пандемијата им ја загрози и кариерата и им го „зема лебот“. Една од нив е фолкерката Стојне Николова која принудната пауза ја користи за активности кои не се поврзани за настапите, но и тоа како се врзани за естрадата. Најпрвин сексапилната струмичанка си себе си си приреди зимскиот распуст уживајќи во снежните убавини на Копаоник. Откако ги наполни батериите и се врати дома, Стојне заедно со своите пријатели сними свое забавно музичко шоу во реализација на Мојсо продукција и Арт студио, кое деновиве беше емитувано на националната Алфа ТВ. Во меѓувреме, шармантната пејачка сними и еден интересен дует, песна која носи наслов „Камионџија“, и на чие видео се работи, а наскоро ќе биде промовирана заедно со спотот. Млада, убава, згодна, атрактивна, сексапилна... експлозивната струмичанка е девојка која е „згодна и пожелна прилика“ за секој  слободен ерген. Токму затоа Стојнето го облетуваат многу додворувачи, иако  се' уште, не барем јавно,  не видовме дека младата фолкерка е во нечие срце, или некој во нејзиното, односно дека е во сериозна љубовна врска. Токму затоа шокантно делуваше видеото кое осамна на социјалните мрежи во кое се гледа Стојне како домаќинка... А, при тоа не е во прашање нејзин постар или нов музички видеоспот. Сите видоа, а и допрва ќе дознаат, иако никому не кажа, па оттаму зачудувачки се наметна и прашањето и дилемата: Се омажи ли кришум пејачката Стојне Николова? И одговорот е: Да... Ама само во новата рекламна приказна! Имено, Стојнето заедно со своите пријатели, актерите-комичари од хумористината емисија „Нема љутиш“  сними реклама за еден македонски бренд за овошни сокови. Во него Стојнето е онаа „вистинската“, која токму ќе го освои срцето на мажот и ќе му стане добра сопруга, жена, мајка, домаќинка... Пука случајност или „генерална проба“ - времето ќе покаже, но сепак едно е сигурно: Стојне Николова станува се' популарна и се попожелна... И како пејачка и како мома... за мажење! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/stojne_official

Се ожени познатиот македонски актер, а за свадбата ја одбраа оваа дестинација надвор од Македонија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-poznatiot-makedonski-akter-a-za-svadbata-ja-odbraa-ovaa-destinacija-nadvor-od-makedonija-video/ Tue, 11 Aug 2020 06:48:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162650

Младиот македонски актер од Театар Комедија, Жарко Димоски,  реши  официјално да заплива во брачните води со неговата свршеница, а сега сопруга Андреа Јосифова. Нивната свадба се случи на вчерашниот ден 10.08.2020. Венчавката на Жарко и Андреа се случи во Ровињ, Хрватска во кругот на најблиските членови и пријатели почитувајќи ги правилата и препораките за заштита од коронавирусот. Жарко преку социјалните мрежи се пофали дека веќе е женет човек. Имено, тој објави кратко видео со сопругата, а во описот напиша: „Официјално е. Среќата само што започна. Љубов. 10.08.2020“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zarko Dimoski (@zakdim) on

За оваа прилика Андреа одбра бел фустан, а и Жарко е облечен во бела комбинација и со шешир на главата. Инаку, Андреа по потекло е од Кавадарци, а во 2018 година дипломираше на Филилошкиот факултет во Скопје. Жарко пак, освен тоа што примарна професија му е актерството, имаше обид и како радио и ТВ водител  на забавна емисија. Потсетуваме, актерот ја побара својата сакана за сопруга во ноември претходната година. Честитки, среќни и вечни да сте!]]>

Ова го нема ни на филм: Емилија Розман за помалку од една недела го сретна својот партнер, се сврши и стана мажена жена! https://arhiva.vistina.com.mk/ova-go-nema-ni-na-film-emilija-rozman-za-pomalku-od-edna-nedela-go-sretna-svojot-partner-se-svrshi-i-stana-mazena-zena/ Mon, 20 Jul 2020 07:40:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159330

Животот е непредвидлив, ни носи разни ситуации кои можеби сме или не сме ги очекувале, се случуваат чуда. Постои една поговорка која вели: „Кој верува во чуда, чуда и создава“. На македонскиот модел, мисица Емилија Розман и се случи и можеби едно такво чудо. Имено, Розман за помалку од една недела го запозна својот партнер, се сврши за два дена и официјално стана мажена жена. Емилија пред неколку дена на социјалните мрежи објави дека кажала „да“ на своето тогаш момче, а сега сопруг Стефан Ангеловски. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kaza-da-emilija-rozman-srede-pandemija-dobi-svrshenichki-prsten-ova-e-nejziniot-iden-soprug-foto/ По свршувачката, таа за домашните медиуми раскажа дека со Стефан се знаеле само два дена и тој ја побарал за сопруга. „Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков - зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков  – да“, изјави Розман за ММС, која четири години била сама. Meѓутоа, сега Емилија на социјалните мрежи објави дека станала и мажена жена. Имено, во кусите приказни на „Инстаграм стори“ таа објави дека заеднчика фотографија со партенрот и во описот на напиша: „Just married“ односно што во превод би значело штотуку омажени. Од друга пак, страна Стефан на својот „Фејсбук“ исто така го смени својот статус од слободен во брак. Парот прослави во ресторан во кругот на најблиските, а Емилија на пошегува дека многу лесно ја дале на сопругот. Како лесно ме дадоа, човек да помисли дека им сметав по дома ??? Инаку, за ова прилика, Розман одбра розов фустан во комбинација со патики, а младоженецот одбра фармерки и бела кошула кои ги комлетираше исто така со патики. Честитки, да сте вечни.  ]]>

Се омажи и Нина Јанева: Ветуваше неконвенционална свадба со македонски ДЈ-и (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-i-nina-janeva-vetuvashe-nekonvencionalna-svadba-so-makedonski-dj-i-foto/ Sat, 20 Oct 2018 09:22:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53876

Последен ден како госпоѓица Јанева, објави македонската пејачка Нина Јанева која се (о)мажи за нејзиниот сакан Александар,  при тоа постирајќи и една необична фотографија од нејзиниот како што го нарече самата „Невестински пакет“ од „здрава храна“.

-Јас сум за некласична свадба со вистински луѓе. Ќе има и традиционална македонска музика, секако без турбофолк и непотребни моменти. Семејството на Александар е големо, речиси двапати поголемо од моето, што значи дека планирам провод за сите генерации.
Планот ми е вечерта да ја носат неколку наши познати диџеи кои ќе пуштаат back to back олдскул хип-хоп. Тоа е мојата замисла за неконвенционална свадба – изјави Јанева неодамна во интервју за Женски магазин.
Од она што скромно можевме да го дознаеме е дека Нина навистина не правела „свадба со зурли и тапани за цело село“.
Една мини семејна фотосесија, како и фотографија од невестинската фризура и шминка на пејачката е се' што можеше да се најде и дознае во моментов поврзано со свадбата на Јанева.
Како и да е, нека и е со среќа! Редакцијата на Вистина.ком.мк на младите им посакува долг и среќен заеднички живот исполнет со многудетно семејство!