се бори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Sep 2022 09:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png се бори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пулексенија Јовановска – најдобрата македонска каратистка се бори со противниците но и кожната болест: „Тешко ги прифатив белите дамки по телото, но научив да се сакам себеси“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/puleksenija-jovanovska-najdobrata-makedonska-karatistka-se-bori-so-protivnicite-no-i-koznata-bolest-teshko-gi-prifativ-belite-damki-po-teloto-no-nauchiv-da-se-sakam-sebesi-video/ Mon, 19 Sep 2022 06:12:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267534

Пулексенија Јовановска е најдобрата македонска каратистка. Единствената што ја претставувала Македонија на Олимпијадата во Токио. Не донесе медал, ама се пласира меѓу десетте најдобри. Пулексенија има специфично име, па едвај две-три да се викаат така во Македонија. „По прабаба ми Пула сум крстена, па мајка ми сакала Ксенија, и ајде за мир дома, направен е компромис од двете имиња. И никој не ме вика по правото име“, раскажува македонската каратистка. Таа е една од 29. дами во приказната „Убавите жени на мојот народ“ на уметникот Славчо Мицевски. Со специфична кадрава коса, по која ја познаваат, Пулексенија е и во оние 1 процент кои го имаат кожното заболување витилго. Кога на 18 години преку ноќ ѝ се појавиле белите флеки по телото не ѝ било лесно да го прифати фактот дека нема лек за ова кожно заболување. „Не ме импонира кога ги гледам манекенките со витилго. Белите дамки ми се појавија во време кога бев многу ранлива. Да најдам лек би ги отстранила“, вели Јовановска за „Репортер“. Карате почнала како неталентирано дете кое го поттурнувале настрана. Денес е најдобра каратистка во Македонија која беше на Олимпијада. Јовановска неодамна отвори и свој карате клуб и е среќна што го работи она што го сака. Која е Пулексенија Јовановска приватно и зошто реши да стави крај на кариерата... Гледајте го интервјуто. ]]>

Крунослав Кичо Слабинац е во кома: Познатиот екс-ЈУ пејач се бори за живот https://arhiva.vistina.com.mk/krunoslav-kicho-slabinac-e-vo-koma-poznatiot-eks-ju-pejach-se-bori-za-zivot/ Sat, 15 Aug 2020 09:41:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163495

Крунослав Киќо Слабинац е во индуцирана кома и животот му е во опасност. Неговата состојба стана комплицирана по операцијата на срцето, пишува РТЛ. Му биле ставени неколку бај паса, но тој во последните неколку дена е во единицата за интензивна нега на КБЦ Загреб. Веста ја потврди неговиот менаџер и долгогодишен пријател, Душко Локин. “Сите очекувавме за неколку дена да излезе и дека ќе биде добро, а потоа дознав од моите пријатели, од Иван, неговиот син, дека ситуацијата не оди како што треба. Денес дознав дека тој е на респиратор. Зошто, не знам . Му пишувам секој ден, но гледам дека тој не ги отвора пораките “, вели Локин. 76-годишниот Киќо бил подложен на операција на срцето, која, наводно, тргнала наопаку, проследена со уште две операции. Тој е во индуцирана кома, бидејќи телото не можело да опстане во свесна состојба.
]]>

И сестрите на одделот на кој се лечи актерот Небојша Глоговац плачеа, иако тој храбро се бори против опаката болест! https://arhiva.vistina.com.mk/i-sestrite-na-oddelot-na-koj-se-lechi-akterot-nebojsha-glogovac-plachea-iako-toj-hrabro-se-bori-protiv-opakata-bolest/ Tue, 30 Jan 2018 13:45:13 +0000 http://vistina.mk/?p=11263

Брилијантниот српски  актер, кој се лекува во Институтот за онкологија, ниту за момент, не покажал слабост или гест со кој што ќе и се предаде на злокобната тешка болест. Познатиот актер Небојша Глоговац (48), кој минатата недела беше примен во Институтот за онкологија и радиологија на Србија (ИОРС), не потклекнал со духот и покрај најголемата животна борба што ја води.
Вработените во Институтот, како и пациентите кои го делеле одделот со него, велат дека во ниту еден миг актерот не покажал дека се предал. Изворите велат дека неверување владее и меѓу лекарите и меѓу сестрите кои не можат да сокријат солзи по ходниците, дека токму нему ова му се случува. Глоговац бил примен во Институтот на 24-ти јануари, а неговата здравствена состојба е многу сериозна.]]>