сдсм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Sep 2023 09:47:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сдсм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако СДСМ државниот празник си го претворија во партиска журка, пејачите решија да не им дојдат: Јордан Митев, Адријана Кеш, екипата на „Мерак меана“… им го откажаа својот настап (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-sdsm-drzhavniot-praznik-si-go-pretvorija-vo-partiska-zhurka-pejachite-reshija-da-ne-im-dojdat-jordan-mitev-adrijana-kesh-ekipata-na-merak-meana-im-go-otkazhaa-svojot-nastap-foto/ Thu, 07 Sep 2023 07:59:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317054

Да се настапи за 8-ми Септември денот на независноста на Македонија е веројатно голема чест за секој пејач. Впрочем и во далечната 1991 година кога на Градскиот плоштад во Скопје се прогласуваше независноста на слободна, самостојна и суверена Република Македонија, се пееше. Независноста беше прогласена со звуците на верзијата на песната „Македонија“  на култниот македонски рок бенд „Меморија“. На 8-ми септември се пее и денес... Кога се прославува еден од најголемите државни празници во Македонија. Само што денес ниту Македонија за некого е свето име, за некого е прекрстена со она фалсификуваното - „Северна“. А, „фалсификаторите“  како по навика решиле и годинава да направат „фалсификат“. По повод 8 Септември - Денот на независноста  традиционалниот народен пикник Пеленица во манастирот Св. Руса во Драчево, општинската организација на СДСМ - Кисела Вода, решила да си го претвори во „партиска журка“. Повикале некои од најпознатите македонски фолк пејачи како: Сузана Гавазова, Благоја Грујовски, Сања Цинцева - Барбика, Виолета Пандовска,  екипата на ТВ фолк шоуто Мерак Меана, Јордан Митев, Адријана Ацевска - Кеш... ама не им кажале дека прославата ќе  биде политизирана и обележана со партсиски симболи, небаре е партсики собир, а не празнична државна прослава. Патем и ги најавиле на плакат на кој ги налепиле и своите партиски обележја. Ваквиот обид за „подвала“ кај некој од пејачите предизвика револт и откажување на нивното учество од „партиската СДС журка“, скриена под плаштот на државната празнична прослава. Така фолк пејачот Јордан Митев прв јавно одби да настапи во Пеленица на Денот на независноста, иако неговото гостување беше најавено, бидејќи, како што тврди, сфатил дека се работи за партиски одбележан настап, кој имал партиска цел. „Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8-ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека нема да учествувам на 8-ми Септември во Пеленица“ – информираше Митев во изјава за „Фокус“. Веста дека го откажал гостувањето ја објави на својата Фејсбук страница, појаснувајќи дека Денот на независноста според него е празник на сите граѓани кој не смее да се политизира и одбележува со партиски симболи. Веднаш по него од учеството на „латентната партиска СДС забава“ се откажа и фолк пејачката Адријана Ацеска, попозната како Адријана Кеш која очигледно како и Митев „ни за пари“ не сакала да настапи на нешто што за неа и нејзината татковина Македонија е најсвето, а истото се присвојува и партизира. „Сакам да се обратам во врска со настанот кој треба да се одржи на Осми Септември. Во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламниот плакат каде ги има деталите за организацијата го добив утрово… Не сум партиски определена, ниту ќе бидам некогаш. Поради тоа, јавно се откажувам од овој настап, за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски настап“! – ќе порача пејачката напреку својот ФБ профил. Во текот на денот таа на својот ФБ својата одлука ја дополни со уште едно појаснување: По неа уште едни од учесниците повеќе ги нема на листата и рекламниот плакат на партиските организатори од СДСМ - Кисела Вода. Имено, На првобитната објавена верзијаа убаво се гледа дека меѓу најавените се и дел од пејачите на најпопуларното музичко ТВ фолк шоу „Мерак меана“ кое оди на ТВ Сител. Арно ама, во новата верзија и „Мерак меана“ на плакатите повеќе ја нема! На местото на оние што се откажаа почитувајќи си ја многу повеќе родната татковина отколку „партиската фешта“ или парите, осамнаа нови имиња, па сега листата на учесници изгледа вака: Ако воопшто и оваа е конечна, зашто ова не им е на СДСМ прв пат „да излажат“ дека се слави едно, а во позадина да се крие нешто сосема друго, што не е од општонароден, туку од нивни личен, партиски интерес . Така на пример во 2018 година Владата на Зоран Заев доживеја дебакл откако „фрли“ милионска сума за божемната прослава на поканата на Македонија за влез во НАТО, па доби очајна посетеност, откако народот тогаш не ја проголта лагата. Организацијата на прослави во 15 градови доживеја вистинско фијаско, зашто пред сцената речиси насекаде имаша „двајца без тројца“. Но, лагата тогаш не ја проголтоа и некои од македонските музички и естрадни уметници, па така на пример Влатко Лозаноски и групата „Љубојна“ демонстративно ги откажаа своите настапи. Помалку  од 300 луѓе тогаш имало во Струмица, не повеќе од 70 луѓе во Кочани, по 100 во Тетово и во Струга. Празни останале плоштадите и во останатите градови, па така на пример  едвај 20-ина луѓе го следеа настапот на тогаш најголемата македонска поп ѕвезда Владо Јаневски во градот на неговото семејно потекло – Кичево. Нешто слично се случи и во 2022 година на фестивалот насловен Peace festival“,чиј фокус беше одбележувањето на 21 година од „Охридскиот рамковен договор“. Како организтори на овој фестивал кој во превод го именуваа  „фестивал за мирот“, беше Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби од ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ. Тогаш младата македонска пејачка Антониа Гиговска откако се почувствувала „измамена и изманипулирана“, го откажа својот настап за кој претходно била ангажирана без да и биде кажано со каква цел се организира настанот. „За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман...“ - порача на социјалните мрежи тогаш меѓудругото Гиговска, во своето објаснување за откажувањето. Веднаш по неа, со свое соопштение во јавноста настапот го откажа и поп ѕвездата Владо Јаневски кој исто така беше најавен дека ќе пее на истиот настан. П.С. Во меѓувреме, списокот на „измамени“ естрадни уметници - најавени учесници на традиционалниот пикник „Пеленица 2023“ кои ги откажуваат своите настапи се шири... Откако ја сфатиле „партиската игра“ на СДС-мовската општинска организација од Кисела Вода, и брачната естрадна двојка Татјана Лазаревска- Новица Василевски јавно го откажаа својот настап на оваа „партизирана“ прослава, со порака преку социјалните мрежи. Фото: Архива/Инстаграм и Фејсбук
]]>

По обвинувањата на Форумот на жени на сметка на нејзиниот син, мајката на јутјуберот Стефан Лазаров ја искина членската од СДСМ: „Ова е примитивно, јас сепак сакам демократија“ https://arhiva.vistina.com.mk/po-obvinuvanata-na-forumot-na-zheni-na-smetka-na-nejziniot-sin-majkata-na-jutjuberot-stefan-lazarov-ja-iskina-chlenskata-od-sdsm-ova-e-primitivno-jas-sepak-sakam-demokratija/ Mon, 20 Feb 2023 10:35:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289594

Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој се најде во центарот на скандалот со новинарот Драган Павловиќ-Латас кој како гостин во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 годишна возраст наводно сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“, ја искина партиската книшка од СДСМ. Ова следува откако Форумот на жени на СДСМ јавно ги осуди Лазаров и Латас и го повика Јавното обвинителство да покрене постапка. Мајката на Лазаров на Фејсбук објави дека СДСМ „претерале “ и мислат дека од позиција на моќ можат се'. „За да објавиш вакво нешто само заради тоа зашто не ви се допаѓа гостинот (н.з. Латас), а притоа да етикетираш млад човек за насилство врз жени е многу, ама многу примитивно. Жалам за моите сопартијци, со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ. Јас сепак сакам демократија“ - напиша Лазарова како реакција на барањето на Форумот на жени на СДСМ. И самиот Лазаров се огласи со реакција. Тој не гледа ништо спорно во тоа што се зборуваше на неговиот подкаст и начинот на кој тој и неговиот гостин зборуваа за сексуалниот чин и третирањето на жената. Според него, живееме во држава во кој се чека момент да се уништи некој и дека нема проблем со тоа, но и нема никогаш да прифати дека е поддржувач на силување. Ова не е ниту прв, ниту единствен случај, зашто последниве години многумина сеге веќе бивши партиски членови на СДСМ јавно или интерно го сториле истотото. Меѓу најпознатите беше македонската манекенка и фото модел Билјана Стоиловска,  револтирана од неспособноста, инертноста, килавоста, корумпираноста…  на актуелната „криминална“ власт предводена од СДСМ, кога во октомври 2021 година јавно ја искина партиската членска книшка на СДСМ (КЛИКНИ ТУКА). Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv]]>

Македонската манекенка и модел Билјана Стоиловска која живее и работи во Белград, јавно ја искина членската книшка на СДСМ! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-manekenka-i-model-biljana-stoilovska-koja-zivee-i-raboti-vo-belgrad-javno-ja-iskina-chlenskata-knishka-na-sdsm-foto/ Wed, 13 Oct 2021 07:27:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222644

Некогаш медиумски многу експонирана, денес повлечена зашто повеќе и не живее во Македонија, македонската манекенка и фото модел Билјана Стоиловска револтирана од неспособноста, инертноста, килавоста, корумпираноста...  на актуелната „криминална“ власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, на социјалните мрежи јавно обзнани вест со што ја шокираше јавноста. Особено онаа, чии припадници се партиски членови токму на „комуњарите“ од Бихаќка. Имено, убавицата која последниве години живее и работи во Белград сподели фотографии на својот фејсбук профил, на кои најпрвин се гледа дека била член на СДСМ со членска книшка уште од 05.10.2001 година. Билјана потоа покажала фотографија на која членската книшка ја искинала на парчиња, а покрај фотографиите ја раскажала својата приказна, во која ги наведува причините за ваквиот свој потег. „Во принцип, избегнувам да пишувам статуси, особено затоа што воопшто не треба никому да се правдам за ништо, но доста ми е да ме напаѓате дека сум ВМРОвка поради тоа што не ја поддржувам моменталната власт. За сите што не знаевте, слободно можете да видите дека јас сум член на СДС уште од од 5 октомври 2001 година, но како можам да поддржам вакво владеење? Кога е нешто за пофалба секогаш сум поддржала, но кога е нешто за критика секако сум критикувала, без разлика на која политичка партија работи... Со оглед на тоа што во изминатите 5 години се случија многу лоши работи, ниту пак видов некаков напредок во нив, напротив не уназадија,  за 100 години, јас не сакам повеќе да бидам член на таква Партија ниту пак да ме поврзуваат со таа криминална банда. Овие парчиња сега одат во оган... И да,  јавно кажувам дека сега на 17-ти ќе гласајте за ВМРО“ - напишала револтираната манекенка, довчерашен член со партиска книшка на СДСМ. Очигледно членовите на партијата на власт предводена од Заев пред избори гледајќи што се случува, не сакајќи своето име да го валкаат, а јавноста да го поистоветува со криминалните дејанија на одредени кругови во врвот на партијата, си заминуваат од неа, бегајќи без оглед на нивното досегашно долгогодишно партиско членство. Конечно, јавно да го направиш тоа, кинејќи ја членската книшка на парчиња, сигурно не е без причина. А, причините ги гледаме сите, последиците  секојдневно ги трпиме и чувствуваме секој на своја кожа и свој грб со години. Затоа, вистинско веме е за промени!  Фото: Фејсбук принтскрин/Biljana Stoilovska    ]]>

Миа Костова и Јоци одново со право „ги заплескаа“ оние од власта: Осамнаа срамни билборди „ЗА“ и „КОНТРА“ вакцинацијата, кои ги згрозија и граѓаните и познатите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-i-joci-odnovo-so-pravo-gi-zapleskaa-onie-od-vlasta-osamnaa-sramni-bilbordi-za-i-kontra-vakcinacijata-koi-gi-zgrozija-i-gragjanite-i-poznatite-foto/ Thu, 02 Sep 2021 07:22:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217594

Од една страна државата труби со скапи кампањи, повикувајќи на „задолжителна“ вакцинација, од друга страна бројката на заразени и починати секојдневно расте! Диспропорција, дискрапанца, која некако е нелогична, зашто ако веќе за нешто наголемо агитираш, логично е од тоа да „профитираш“, односно истото да даде позитивни резултати. Арно ама, очигледно едека во Македонија не е баш така, оти од кампањата профитираат само „шака луѓе“... и тоа финансиски, а од позитивни резултати, се само секојдневно зголемениот број на позитивни на Ковид 19 и за жал, најмногу починати во Европа по глава на жител. Останатото е срамно, грозно и поразувачки... Кампања за вакцинација класично злоупотребена за поинаква „герила акција“, да се понижи и омаловажи политичкиот противник во очи на претстојните локални избори. Имено,  Владата на Заев(и) наголемо делеше тендери за кампања која ќе повикува на масовна имунизација, а низ македонската престолнина осамнаа големи билборди со слична содржина... “ЗА“ и „КОНТРА“ вакцинација.  Само што овие се срамни и понижувачки... И за граѓаните и за политичките противници на оние што ја злопупотребиле ситуацијата, а можеби и нашите пари (?), а патем го згрозија поголемиот дел од јавноста... Освен за оние што ја смислиле и исполепиле „бруката“ по метрополата, секако, зашто нив „мува не ги лази“, иако мувите обично се собираат на вакви гнасотии, каква што направиле. Зашто да си партија на власт која пропагира кампања за масовна имунизација од Ковид 19, па наместо здравствена, да тераш политичка кампања пред кампањата за локални избори воопшто и да почне злопупотребувајќи ја пандемијата и сопствените гласачи, ем е срамно, ем самоубиствено и политички погубно. Така барем излегува од содржината на она што е напишано на излепените билборди по Скопје, каде според „генијалните умови“ што ова го смислиле, сите што не се вакцинирани се ВМРО-вци, а вакцинираните СДСМ-овци. Демек СДСМ поддржува имунизација, ги покачува платите на лекарите, ВМРО-ДПМНЕ - поддржува антиваксерство, а лекарите ги нарекува  убијци!!! Нешто што ниту е точно, ниту некогаш некој јавно го кажал или изјавил, ниту пак било кој политичар од најголемата опозициона партија јавно застанал зад ваквите небулозни тези!? Дека го претераа со „некрофилските лаги“ веднаш препознаа многумина од граѓаните. Тие казната ќе ја испорачаат на изборниот „ден Д“, а на срамните и лажни пораки испечатени на излепените билборди први реагираа и некои од познатите, јавни личности. Така, ТВ водителката и инфлуенсерка Миа Костова одново со право „ги заплеска“ оние од власта... Вербално, на својот Фејсбук профил, секако, истурајќи им ја „самоубиствената мизерија“ в лице: „Не, стварно, трет пат прашувам, кој ви ги смислува бе? И плата зима? Прво, поддршка за право на избор не е антиваксерство, второ, не сте можеле подобро да го смислите за да не ве видиме веќе.Да пишеш грижа, на 40 мртви дневно на шака народ е во најмала рака еготрипично, сељачки, недостојно и безобразно.Секој ден сте сѐ помизерни или секој ден сте сѐ подалеку од фотељките у кои качувате само килажа и црни бројки“ - им порача Миа на властодршците од Бихаќка и Владата. Ништо поразлично не им соопшти ни познатата фриленсерка Јорданка Ивановска Јоци, која на СДСМ им објасни што ќе добијат од граѓаните за ваквиот потег на денот на гласање,  а патем праша од кои и чии тоа пари се тераат сулуди „црни кампањи“? „Која тапа се овие СДСМ, кои шупци.Сите што не сакаат ваксајн по нивно, ги направиле ем антиваксери, ем вмровци. Епа сеа откако ги направивте сите вмровци, чекајте резултати од ДИК како ќе добиете еден поголем, 'дик'. Во Македонија се гласа традиционално од инат и против! Туку, оваа кампања за ваксајн, ако е истата, ја плаќаме сите ние, грдни 270.000 евра, поделени на три маркетинг агенции. Плаќаме власта да ни се моча на глава!“ - праша Јоци. Фото: Социјални мрежи]]>

Додека на „Бихаќка“ ги бркаа своите „градоначалници“ од партија, Јоци им ја плесна вистината в лице: „СДСМ се испогубија во сопствената иронија“! https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-na-bihakjka-gi-brkaa-svoite-gradonachalnici-od-partija-joci-gi-im-ja-plesna-vistina-v-lice-sdsm-se-ispogubija-vo-sopstvenata-ironija/ Wed, 01 Sep 2021 07:49:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217475

Предизборната трка за локалните избори уште не почната добива сопствена драматика. И тоа во сопствените партии, а СДСМ во тоа предничи покажувајќи како завршуваат оние што во нивните редови „умеат да мислат“, ама „не мислат исто“ со „заевистите“. Актуелниот градоначалник на Куманово од нивните редови, Максим Димитриевски, сега со независна кандидатура за претстојните локални избори е оној што најмногу „ќе изгори“. Откако најпрвин го изогнираа и не го кандиидираа за втор мандат, вчера брутално го „шутнаа“ и од партија, а тоа јавно обзнанија на прес конференција. Изборот на останатите кандидати, наводно проверени кадри, испадна дека е „збир(штина)“ на „татини синови“, деца на нивни бивши функционери. И додека на „Бихаќка“ ги бркаа своите „градоначалници“ од партија, некогашната новинарка, сега една од најгласните и  најактивни на социјалните мрежи, Јорданка Ивановска - Јоци, на својот Фејсбук профил „ги рескрена на клоци“, откако на „СДСМ-овци им ја плесна вистина в лице за нивниот „градоначалнички“ избор. Селекција доведена до перфекција, од непотизам, секако! Јоци најпрвин сликовито го прокементира „бркањето“ од партија на кумановскиот градоначалник, со компаративен пример овековечен на „историска“ фотографија. На неа оној што мирно си пуши во позадина во аголот, стана повеќе од „адвокат на ѓаволот“... Градски татко на престолнината, со партиска шанса за уште еден мандат. Оној пак што во првиот ред го брани со гради идниот премиер, „го испуши“... Од истиот оној, за кој како што се гледа, ја ставил главата на трупец! Очигледно, „пушењето“ е штетно... Во случајов, по туѓата политичка кариера! За градоначалничката „селекција до перфекција“ од непотизам на СДСМ, Јоци составила и  „Топ листа“... на татини синови, кандидати на партијата на власт на следните локални избори. Кој од кој или поточно, кој од чиј - почиј... Како да се натпреварувале да стават кандидат чиј родител од „татино-мамините“ синови бил претходно на повисока функција? Или поблизок до началството од Бихаќка за „бонбона бизнис“! Затоа и листата им е таква... Како „канцелариски стаорци“ во скршен излог на  „евтина маалска слаткарница“! Така некако барем гледа на работите Јорданка Ивановска Јоци - Freelancer Political Science (Politics writer & Campaign assistant), на крај одново поентирајќи со... „пушењето“. Фото: Фејсбук принтскрин/Јordanka Ivanovska-Joci  ]]>

Миа Костова во „Фејсбук војна“ сама против „сите“, а најмногу против „партиски доктори“ и функционери: „Ќе ги замолам партиските полтрони со трајна фризура да не ме ставаат во уста“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-vo-fejsbuk-vojna-sama-protiv-site-a-najmnogu-protiv-partiski-doktori-i-funkcioneri-kje-gi-zamolam-partiskite-poltroni-so-trajna-frizura-da-ne-me-stavaat-vo-usta-foto/ Tue, 24 Aug 2021 07:31:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216452

Новите рестриктивни Ковид мерки на Владата и Комисијата за заразни болести не само што се „ќорец во празно“ кој не дава никакви ефекти, зашто ем се небулозни, нехумани, нечовечки, селективни, понижувачки… ем тотално задоцнети. Или што би рекол народот: „После свадба, чуму тапани“, зашто мерки требаше да има уште во мај-јуни, кога вирусот „мируваше“. Ниту ПЦР тестови за влез, ниту вакцинален картон или било каков друг доказа за вакцинација или прележана корона, ниту бутур... Границите беа ширум отворени, влегуваше и излегуваше, кој како стигне, се правеа свадби од по 500 души, журките и концертите по туристичките места, а и насекаде низ Македонија беа пуштени на најјако... Ама тогаш на Заев, Филипче и останатите од Владата им се чинеше дека така треба... Или поточно, така им чинеше!? И сега кога „водата дојде до носот“ - радикални мерки. Ем без смисол и логика, ем без ефект. Уште една поделба на народот на покрај веќе постоечките:  национални, верски, етнички, партиски, социјални... На вакцинирани и невакцинирани. Како да сме во среден век... На „лепрозни“ и оние другите, од другата страна на ѕидините! Народот врие, социјалните мрежи експлодираат, а на нив пак поделби... На „ваши“ и „наши“... на оние кои бесмислено, упорно ја бранат Владата, премиерот, министерот за здравство и останатата свита и нивните „килави“ одлуки и мерки оние кои „рафално ги решетаат“... Со изјави, написи, постови, примери, искуства, научни докази...факти.  И меѓу едните и меѓу другите, ликови од најразлична фела, па дури и оние од лекарската, партиски послушници или пак јавни и естрадни личности. Една од оние кои се најгласни, но веројатно и најхрабри е секако македонската ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова, која се чини дека е во „Фејсбук војна“ и тоа  сама против „сите“, а најмногу против „партиски доктори“ и функционери. По „преписката“ со министерот за здравство Венко Филипче и нејзината прочуена констатација: „„Пола докторска фела се смее на теорииве новокомпоновани, он упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5:15 сабајле. Дај докторе замини, почнавме да зеваме“,  која одекна не само на социјалните мрежи туку и во медимумите, послушниците на „империјата“  веднаш се најдоа (само)повикани да (и) го возвратат ударот. Миа Костова отворено му го „плесна“ на Филипче: „Пола докторска фела се смее на теорииве новокомпонирани, а тој упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5 и 15 сабајле… дај докторе замини, почнавме да зеваме“! – Вистина.мк (vistina.com.mk) Така во Фејсбук преписките се најде постот на извесна неидентификувана персона потпишана под псевдонимот „Лусила“  која ја подбра Миа, но многу повеќе со лични навреди отколку со некакви факти за или против владините ковид мерки. Нејзиниот пост на својот официјален Фејбук профил, веројатно за да покаже активност, ама повеќе и лојалност, веднаш го споделил Александар Поповски -  главниот координатор на Центарот за комуникации на СДСМ, кусо коментирајќи го со едно: „Win“  или во превод: „победи“! Арно ама Миа не би била Миа да не е „Фејсбук змија“ која за секој „отров“ има „противотров“, па на партискиот координатор му возврати, така што секој што гледа отстранаќе рече: „Аууууу... Ова болеше“! Имено, русокосата јавно на ѕидот на својот Фејсбук го прозва Поповски истакнувајќи го со фотографија и коментар во кој директно му се обраќа: „Ќе ги замолам партиските полтрони со трајна фризура да не ме ставаат во уста, или да одиме да поспамаме во кометари, ние, што си имаме други гледишта на работите без да сме платени за тоа. Александар Поповски, зашто пиле? Со оваа слика и фризура?“ Патем, Миа ги предупреди своите следбеници да внимаваат на кој доктор му веруваат при читањето на споделените Фејсбук постови, а на оние што наместо да лечат пациенти, лечат комплекси на социјалните мрежи, како и на политичко-партиските полтрони платеници им порача дека воопшто не им се плаши, зашто став и свое мислење имала и ќе го има навек, како што самата напишала:   Фото: Социјални мрежи  ]]>

Ако Боки 13 победи на претстојниот конгрес за лидер на СДСМ, дали Лила ќе биде новата Шеќеринска, Сергеј Варошлија наместо Љупчо Николовски, Јасна Мандиќ како Нина – „Групер“… а, Социјалдемократскиот сојуз ќе стане Меѓународен сојуз? https://arhiva.vistina.com.mk/ako-boki-13-pobedi-na-pretstojniot-kongres-za-lider-na-sdsm-dali-lila-kje-bide-novata-shekjerinska-sergej-varoshlija-namesto-ljupcho-nikolovski-jasna-mandikj-kako-nina-gruper-a-socijaldemokratskio/ Thu, 11 Feb 2021 08:50:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189158

Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март,  обзнани вчера, среда, 10 февруари 2021 год.  Плусинфо. Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“. Инаку, актуелното водство на СДСМ донесе одлука да одржи конгрес на 21-ви март, на кој непосредно ќе се гласа за нов лидер и за негови соработници. Во рамки на подготовките на конгресот, социјалдемократите почнаа процес на ажурирање на членството. Веста дека Боки 13 се подготвува за лидерство кај социјалдемократите одекна бетер од  бомбите на Заев и во политичките кругови, ама и во кулоарите. И веднаш тргнаа и шпекалациите и калкулациите... Од каде пак, сега Боки, дали е ова сериозно или е само „новинарска патка“, кој стои зад него, кому му му е во интерес тој да биде „тројанскиот коњ во СДСМ, кој ќе му ја финансира кампањата, дали е во прашање мотив за лична одмазда или и некој трет има интерес да направи „рашомонијада“ во таборот „комуњарите“... Прашања и недоумици милион, а желба само една: Да се биде „калиф наместо калифот“, прв на тронот во Бихаќка! И под претпоставка дека е ова вистина, веднаш тргнаа комбинаториките... Замислете, да претпоставиме Боки13 навистина да влезе во трката за претседател на партијата на власт... И замислете да се случи да победи... Каква екипа тогаш тоа би била, околу него? Каква само рашомонијада од рокади би настанала во СДСМ? Како и секој нов лидер и Бојан Јовановски, логично,  покрај себе би си ги собрал најблиските соработници. Дали тогаш Лила би била новата Шеќеринска во партијата, а Сергеј Варошлија би му бил десна рака на Боки, нешто како сега Љупчо Николовски на Заев? Тогаш по логика на нештата Кичеец веројатно би бил наместо Оливер Спасовски, Јасна Мандиќ нешто како Нина - „Групер“, Анета Кочишки како Коста Петров и Роберт Поповски - во едно... А, да речеме она што е сега Зоран Башановиќ како главен советник од соседството на Заев, на Боки би му бил Чедо Јовановиќ, на пример? Добро, веројатно би останале понешто и од старите кадри на СДСМ во новото раководство на Бојан. Па долг е списокот на оние што имаа „шајка релации“ со Јовановски, нели? Ременска на пример, како иден министер за правда тогаш можеби се гледа, или тогаш можеби „амнестирана“ Катица, како прва дама на Уставен суд? Чомовски или Кабрамов како двоец генерални директори на јавниот сервис - МРТ и уште дузина други поп и фолк пејачки, манекенки, ТВ водителки и водители, актуелни „обесправени“ и „неправедно“ запоставени политичари... кои би биле дел од „тимот на соништата“  на новата социјалдемократска постава на чело со Боки 13-ка. Се разбира сето ова е во доменот на Рипли, каде и невозможното станува возможно, па завршува со: „Верувале или не?“ Или можеби, поточно е да се опише како: „Што би било, кога би било?“ Но, што и да биде едно е сигурно: Ако Бојан Јовановски навистина решил да се кандидира за нов лидер на СДСМ, тоа и ќе го стори. А каков претседател би бил, односно дали би бил подобар од сегашниов? Еднаш веќе писмено се изјасни. Еве, да ве потсетиме: Фото: Инстаграм принтскрин    
 
Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот: Соња е убавицата што му го освои срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimche-arsovski-stavi-kraj-na-ergenskiot-zivot-sonja-e-ubavicata-shto-mu-go-osvoi-srceto-na-portparolot-na-vmro-dpmne-foto/ Fri, 22 Jan 2021 09:12:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186264

Иако корона пандемијата се уште не е стишана, годинава тргнало на свршувачки... Уште во првите денови од jануари мириса на свадба. Oсобено кај младите политичари, кои последниве години важат за најпожелни ергени, зашто политиката некако стана ем најекспонирана, ем најдоходовна, па политичарите кај нас се поголеми ѕвезди и од оние естрадните. Нејсе, први нога повлекоа портпаролите. И тоа не двете најголеми парии во Република Македонија за нас и за едните, Северна за другите. На Костадин Костадинов, актуелен пратеник и портпарол на владеачката СДСМ, „Бог му пушти знак“ - како што самиот рече, па ја побара својата сакана Марија за жена, со дијамнатски прстен! Како на Коста - Манулaќ, така и на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски - Димса оваа година исто така му започна среќно на приватен план. Nа 17 јануари тој го прослави својот роденден. Неговата девојка Соња тогаш сподели фотографија од него на која Димса дува свеќички на славеничката торта и напиша: „Среќен роденден љубов моја. Ти посакувам многу здравје и среќа, а желбите веќе ни се остварија“, му порача Соња на саканиот. Но, среќата не заврши тука. Утредента Арсовски на социјалните мрежи го обзнани она што неговата девојка го наговести: Дека става крај на ергенскиот живот и дека ја побарал раката на Соња. Фотографијата на која Димса ја држи  раката на Соња, на која во преден план блеска свршеничкиот прстен, кажува се'. Дотогашниот ерген пак, само кусо појасни во описот: „Доста беше, до вечноста“, напиша  тој на социјалните мрежи. За Димса важи дека е „златно дете“, но затоа пак и неговата свршеница е вистинска убавица со манекенска става и ангелски лик. Налик на манекенките и моделите од насловниците на светските модни магазини. Инаку, Соња Тодорова по потекло е од Струмица и е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа. Убавата вест и таа исто така ја сподели на социјалните мрежи. „Роденденски подарок за мене или за него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“ - напиша Соња на својот профил на социјалните мрежи, потврдувајќи ја убавата вест за свршувачката на среќната двојка. Датумот на свадбата се' уште не го обзнанија? Не барем јавно! Веројатно ќе почекаат малку да се стиша коронапандемијата и да се создадат услови за вистинска свадбена веселба со сите адети, по сите тертипи, онака како што прилега на една вистинска македонска млада двојка идни брачни другари и сопружници. Освен, ако не мора баш да се побрза...?! Како и да е честитки и нека им е со среќа свршувачката! Фото: Социјални мрежи - принтскрин

Боки 13 отворено си призна: „Бев поддржувач на СДСМ и Шарената револуција“, а за проектот имав прием и поддршка од Заев https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-otvoreno-si-prizna-bev-poddrzuvach-na-sdsm-i-sharenata-revolucija/ Thu, 23 Jul 2020 11:44:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160228

„Меѓународниот сојуз е невладина, а не хуманитарна организација под капата на Европската Унија. Останатите обвинети се обвинети заради мене“ - истакна во своето воведно обраќање обвинетиот Бојан Јовановски на денешното рочиште откако судијката го опомена да не говори повеќе од 30 минути. Боки 13, призна дека тоа време бил симпатизер на СДСМ и на Шарената револуција. Сега истакна  дека ова судење е забава за народот и праша каде е обвинителката Вилма Рускоска. -Ќе речете таа има полномошно, но тоа е исто како јас да го пратам затворскиот цимер – и се обрати Боки со судијката Софче Ефремова Гаврилова.
Бојан Јовановски ги откри имињата од власта кои го подджувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица. Тој тврди дека тоа бил одржлив проектот кој го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата. Боки вели дека нема земено ни денар од Буџетот на државата и оти е горд на тоа. „Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски“, рече Јовановски. Затоа тој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти. Извор: Курир.мк

СДСМ едно пишуваат друго прават: Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски на своите им забрани да припирисаат и во кафуле, а самиот „лумпува“ по кафеани (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sdsm-edno-pishuvaat-drugo-pravat-generalniot-sekretar-na-partijata-ljupcho-nikolovski-na-svoite-im-zabrani-da-pripirisaat-i-vo-kafule-a-samiot-lumpuva-po-kafeani-video/ Fri, 17 Jan 2020 19:54:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129691

СДСМ продолжуваат да си тераат по стариот терк. Едно да мислат, друго да кажуваат, а трето да прават! Така, откако вчера им испрати на партиските функционери наредба да не одат во кафеани, Љупчо Николoвски денес самиот ја прекрши сопствената одлука. Имено, на видеото поставено на Youtube се гледа како Николовски кој е генерален секретар на СДСМ, „лумпува“ во кафеана. Со русокоса „певаљка“, турбофолк на увце, чаша алкохол и добро друштво, наредбодавецот не додржа ни 24 часа, па го погази сопственото задолжение... Очигледно, некои навики се посилни и од сопствениот збор!