Scalefocus – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Apr 2021 10:41:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Scalefocus – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Меѓународна ИТ компанија ќе вработи повеќе од 300 инженери https://arhiva.vistina.com.mk/megjunarodna-it-kompanija-kje-vraboti-povekje-od-300-inzeneri/ Tue, 20 Apr 2021 10:41:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199750

Меѓународната компанија за софтверско инженерство Scalefocus ќе вработи 300 инженери во следните 5 години кои ќе работат на иновативни проекти за дел од најголемите светски компании. Компанијата вработува ИТ професионалци и програмери од земјава и верува во високиот инженерски потенцијал и капацитетот на локалниот ИТ еко-систем. Scalefocus ја комбинира експертизата на своите професионалци со специфично доменско знаење и обезбедува врвни услуги од областа на ИТ технологиите. Од своето основање во 2012 година, компанијата има изработено повеќе од 500 успешно завршени проекти во 26 земји, кои континуирано се користат од страна на нивните партнери. Денес, Scalefocus вработува повеќе од 730 ИТ професионалци распределени на 6 различни локации. Компанијата е присутна на пазарот во Македонија веќе неколку години, а од крајот на 2019 година е присутна и со сопствена канцеларија во Скопје. Одговорното техничко лице на Scalefocus во Македонија e Горан Стојановски, д-р на науки по електротехника.
„Како земја отсекогаш сме имале многу квалитетни инженери, кои работат на светски проекти. Нашите инженери и ИТ професионалци придонесуваат со креативни решенија за подобрување на процесите на нашите клиенти. За нас, иако формалното образование е исклучително важно, не е пресудно во процесот на вработување, бидејќи главните карактеристики кои ги цениме се компетентноста во програмирање и системот на вредности, без разлика каде се стекнати,“ вели Стојановски.
Она што е карактеристично за Scalefocus е способноста да ги привлече, да ги задржи, и да помогне во развојот на најдобрите ИТ професионалци. Ова во комбинација со културата на работа, иновативноста и посветеноста кон клиентите ја промовираат компанијата како лидер и сериозен технолошки партнер во областа на дигиталните трансформации.
„Нашите планови за развој во земјава се многу големи. Свесни сме дека за да ги оствариме, не е доволно само да ги ангажираме најдобрите ИТ професионалци, туку потребно е да им ги обезбедиме најдобрите услови за работа. Тука спаѓаат атрактивните канцеларии, програмата за флексибилни придобивки, можноста за работа од секаде, како и планирањето на нивниот професионален развој. Во културата на нашата компанија, овозможуваме секој да го развие својот потенцијал како ИТ професионалец или како менаџер“, додава Стојановски.
]]>