саундтрак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Apr 2023 09:29:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png саундтрак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џајковски ја објави музиката од новиот филм на Иво Трајков – „Piargy“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhajkovski-ja-objavi-muzikata-od-noviot-film-na-ivo-trajkov-piargy-video/ Mon, 17 Apr 2023 09:29:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298292

По успешната соработка на филмот „Големата вода“, композиторот Кирил Џајковски повторно работеше на музика за филм на режисерот Иво Трајков. Станува збор за неговото најново остварување наречено „Piargy”, впечатливо кинематографско дело работено во црно-бела техника. Иако не помина многу време откако филмот го започна својот фестивалски живот, тој веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го опишува како исклучително дело. Последно во низата признанија што „Piargy” ги доби е вклучувањето на филмот во трката за годишните награди на Словачката Академија за Филм и Телевизија, на кои оваа година филмот на Трајков е номиниран дури во шеснаесет категории, вклучувајќи ја и категоријата за најдобра музика. „Piargy” ќе ја има својата македонска премиера во јуни, а албумот со музиката од филмот веќе може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси. Директни линкови до изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната адреса. Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови од овој саундтрак  кои можете да ги погледнете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Кирил Џајковски го претопи „Тешкото“ во „Врбина зора“ или „Willow Dawn“ (Саундртак – „Врба“) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-go-pretopi-teshkoto-vo-vrbina-zora-ili-willow-dawn-saundrtak-za-vrba/ Wed, 04 Dec 2019 12:28:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122336

По првиот сингл „Ред Сафари“ од саундракот за филмот “Врба“, кој неодамна беше промовиран, промовирана е уште една музичка тема која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски. Филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги урива рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата. Инаку, идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) на Џајковски е еден вид претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам. Така се претопуваат и кадрите специјално избрани за видеото во кои всушност се претопуваат сенките од минатото со духот на времето и сегашноста, проклетството на страста и искушението,  желбата по секоја цена да се има она што најмногу се сака и цената која мора за тоа да се плати со подготвеноста сето тоа да се издржи и во сето тоа да се истрае до крај! „Идејата за „Willow Dawn“ тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на „Тешкото“. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација ми се чини излезе интересен спој, каде што интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога на некој начин интимно, а сугестивно доловуваат момент на страсна и важна пресвртница во приказната на главните ликови на филмот“ - се сеќава Џајковски. Наскоро излегува икомплетниот  саундтрак за филмот, а дотогаш погледнете го видеото за „Willow Dawn“  со извадоци од филмот. ]]>

Кирил Џајковски и Лион Д. на – „Ред Сафари” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-i-lion-d-na-red-safari-video/ Wed, 06 Nov 2019 08:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116789

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Инаку, синглот „Ред Сафари” е дел од саундтракот за филмот „Врба” на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим. По филмовите „Прашина” и „Сенки”, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во култната македонска техно-поп фанки група „Бастион”, каде Џајковски беше зад синтисајзерите, а манчевски ги осмисли и режираше нивните арт видеа. По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Преслушајте ја темата „Ред Сафари” визуелизирана со инсерти од филмот „Врба“ на Манчевски. https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=aE7XKbeulVI]]>

Крсте Роџевски со „Бубамара“ во „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/krste-rodzevski-so-bubamara-vo-bikini-mun-na-milcho-manchevski-video/ Mon, 23 Apr 2018 08:36:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22571

Песната „Ladybug“ (Бубамара), која се најде на вториот албум на Крсте Роџевски, е дел и од саундтракот на новиот филм на Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, а деновиве си го доби и своето официјално видео. Станува збор за избор на сцени од самиот филм, кој ги монтираше Доријан Миловановиќ, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете подолу.
Како што веќе спомнавме, песната е сместена на второто студиско издание на Роџевски насловено „Bitter Almonds“, а битолскиот музичар и психијатар со адреса во Њујорк веќе го привршува и неговиот наследник, воедно трет и последен дел од трилогијата „Апоптоза“, чиј наслов ќе гласи „The Rabbit and The Fallen Sycamore“.
Во циклусот на создавање песни за трилогијата, тој креира сложена лична митологија кадешто во главната улога се појавуваат туѓинци, љубовници и легендарни ликови од балканската и византиската историја како и од преданијата, поврзани околу темите: љубов, загуба, секс и смрт. https://www.youtube.com/watch?v=m1wMWmyOpBc  ]]>