сашо ливрински – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Mar 2020 14:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сашо ливрински – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сузана Спасовска изворната – „Да сум бистра вода“ ја промени во модерна музичка руба (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-spasovska-izvornata-da-sum-bistra-voda-ja-promeni-vo-moderna-muzichka-ruba-audio/ Fri, 13 Mar 2020 14:20:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139401

Нејзиниот глас  долги години ги маѓепсува сите четири страни на светот штом ги запее “Јано севдалино”, “Параходот”, “Ајде сонце зајде”. Неа со право легендарната Васка Илиева и го остави аманетот да ја разлева македонската народна песна секаде каде ќе зачекори, прогласувајќи ја за своја наследничка, а таа до ден денешен, успешно тоа го исполнува. Со музичко искуство на кое може секој да и позавиди, Сузана Спасовска е веќе седум години солист првенец на националниот ансамбл „Танец“, со кој ја презентира македнската песна и фолклор насекаде низ светот. Но Сузе - „национале“ не застанува само тука, туку паралелно продолжува да ја турка и својата соло пејачка кариера која трае повеќе од 30 години. Токму со својот пријател и долгогодишен соработник Сашо Ливрински ја облекоа „Да сум бистра вода” во една нова модерна „музичка руба”. Со помош на Љупчо Павловски во студиото „Анастасија“, Бобан Василески (соло гитара) и видео концептот за аудиото (DVisualArt), песната се збогати со моќност, разновидност и јачина, а низ сето тоа сепак ни одѕвонува препознатливиот автентичен вокал на Сузе. На тој начин е задржана основната линија на нумерата која со додавањето на модерен звук ќе биде прифатлива за помладата публика кај нас, но и надвор од границите. Истовремено се размислува и за видеозапис кој Спасовска сака добро да го осмисли и реализира за да се разликува од другите, како што е впрочем и самата таа. Слушнете во продолжение како звучи новата модерна верзија на легендарната македонска изворна песна  „Да сум бистра вода” во изведба на Сузана Спасовска: ]]>

Композиторот Сашо Ливрински се прости од својот кум, починатиот Момо Николовски: „Пеј куме таму горе, пеј, јас сигурно ќе те слушнам“ https://arhiva.vistina.com.mk/kompozitorot-sasho-livrinski-se-prosti-od-svojot-kum-pochinatiot-momo-nikolovski-pej-kume-tamu-gore-pej-jas-sigurno-kje-te-slushnam/ Tue, 04 Jun 2019 07:04:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91205

Пејачот Момо Николоски ја загуби битката со тешката болест и почина денеска. Тажната вест ја објави неговата сопруга на „Фејсбук“, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство. Музичарот Сашо Ливински, кој повикуваше на помош за пејачот да се избори со болеста, објави емотивен статус со кој се збогува од својот кум. „Почина мојот кум,човекот што ми беше втор татко,кому му должам се околу мојата кареиера.Куме,Момо Николовски,немам зборови со кои би искажал колку сум тажен,дури и солзите ми пресушија…Почивај во мир и пеј куме таму горе,пеј,јас сигурно ќе те слушнам“, напиша Ливински на Фејсбук.
]]>