Сашо Каимовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Dec 2020 08:09:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Сашо Каимовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Помалата ќерка на Панки од „Куку леле“ славеше роденден: Каја го стопи срцето на пејачот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pomalata-kjerka-na-panki-od-kuku-lele-slaveshe-rodenden-kaja-go-stopi-srceto-na-pejachot-foto/ Wed, 09 Dec 2020 08:09:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179962

Децата на познатите личности отсекогаш привлекувале исто толку големо внимание на јавноста, па дури и можеби поголемо, како и нивните славни родители. Обожавателите на популарните ѕвезди отсекогаш сакале да дознаат што прават тие приватно, како им изгледа домот, семејството, кучето , мачето, и секако нивните наследници и наследнички... Насекаде во светот е истата приказна, а Македонија не е исклучок од тоа, зашто впрочем, ѕвездите можеби сегде не се толку големи ни богати, ама публиката насекаде е иста... И си ги обожува со истиот жар! „Куку леле“ со години се една од нанајпопуларните македонски групи или поточно дуо, чија секоја нова песна без исклучок, станува хит. Сашо Каимовски - Панки и како вокал и како соло пејач и забавувач чија харизма е несомнена е човекот кој покрај авторот Роберт Саздов, ја има половина од заслугата за успехот на нивната популарност. Панки е градска фаца, урбан лик, кој јавноста оддамна го познава не само по вокалните квалитети и медиумската популарност стекната со пеењето и музиката. Тој отсекогаш бил и дел од скопските урбани приказни за жестоките момчиња од скопскиот и не само скопскиот асфалт... Од времето на раните 90-ти и УНПРОФОР тепачката во една позната скопска кафеана со војниците на тогашните мировни воени припадници лоцирани во Македонија и регионот, кои пијани не знаејќи со кого си имаат работа „ја чачкаа мечката“, па посетата на Војислав Шешељ и неговиот прием на храбрите скопски момчиња кои се пресметале со тогашниот „агресор“, преку приказните за мистериозната, ненадејна смрт на неговата сопруга, па се' до приведувањето и затворот во соседна Грција заради наводното „позајмување“ пари од банкомати со фалсификувани платежни картички... И уште „сто ти една прикаска“, која нема многу врска со пеењето, а низ која се провлекува името на Панки... Оние што го познаваат одблизу, знаат дека Панки одвнатре е всушност сосема поинаква душа... Меѓу останатото и посветен родител, предан татко на две прекрасни ќерки, две млади девојки на кои тој им е се'... А, и тие нему! За постарата - Јана, веќе пишувавме дека е вистинска убавица, на која можат многумина да и позавидат. Девојка која може да застане раме до раме со ќерките на познатите фаци во регионот - од Цеца и нејзината Анастасија до Анабела и нејзината Луна или Хелена на Топалко, Елена на Миле Китиќ... Па дури многу од нив и да засени со својата убавина, шарм, маркантност, привлечност, стил... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kakva-anastasija-kakva-luna-kjerkata-na-panki-od-kuku-lele-e-ubavica-od-bajkite-foto/ Панки покрај неа ја има помалата - Каја, која токму деновиве наполни 14 години. Заради околностите со корона пандемијата таа роденденот го славеше дома, во друштво на семејството, на најблиските, најмилите... Посветениот татко секако не пропушти да биде со својата помала галеница, а при тоа да ја изненади со роденденска торта на која беше испишана роденденската честитка,  нејзиното име и годините што ги полни. Панки беше тој што ги запали прскалките и свеќичките на тортата, а Каја онаа што ги дувна... Семејната роденденска идила и својата радост пејачот ги долови и сподели на својот Фејсбук профил преку неколку фотографии и роденденска порака до своето помало чедо: „Среќен ти 14-ти роденден љубов моја, татина“ - напиша Панки покрај фотографиите со што ги растопи срцата не само на своите обожаватели, туку и на многумина што го познаваат, но и на безбројните следбеници на социјалните мрежи. „Остани“ - е насловот на една од познатите песни на „Куку Леле“... Како што детето за својот родител секогаш ќе остане дете, како секоја ќерка за својот татко, како Каја за Панки...“! Да е жива и здрава, среќна, радосна и успешна низ годините... многу повеќе и од славниот татко!]]>

Панки за „Бексјтеџ“: „Јас не сум криминалец, се најдов на погрешно место, со погрешни луѓе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panki-za-beksjtedz-jas-ne-sum-kriminalec-ova-ne-mu-go-posakuvam-nikomu-video/ Wed, 30 Sep 2020 07:08:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169164

Пред само неколку месеци, со брзина на светлината, во јавноста се прошири веста за тоа дека пејачот на  дуото „Куку леле“ - Сашо Каимовски (52) познат како ,,Панки”  е уапсен  на преминот Евзони при влез во Грција.Како што тогаш беше објавено наводно пејачот бил уапсен откако се нашол на европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во криминална мрежа која крадела податоци од банкомати. Пејачот се сомничеше дека, во 2006 година, од два банкомати во Минхен, Германија, наводно украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците. Досега Панки не се огласуваше на оваа тема, но сега, за прв пат во јавноста, и тоа пред објективот на естрадниот ТВ магазин Бекстејџ, реши да си ја отвори душата и да ја раскаже својата страна на вистината. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/panki-od-kuku-lele-osloboden-od-grchkiot-zatvor/ „Јас не сум криминалец. Се најдов на погрешно место, со погрешни луѓе. Кармата од пред 13 години, ме стигна денес.“ – ја започнува својата приказна Панки во интервјуто за естрадниот магазин Бекстејџ. „Едно време, таму пред 14 години, се најдов на лошо место, со лоши луѓе, во лошо време... Нешто има вистина, но, голем дел не е вистина. Ме стигна кармата по 14 години, па морав да се правдам во Европа. Ме пуштија и се тоа падна во вода“, вели Панки, па додава дека требало во април да оди на суд, но се' се  одложило поради короната. Тој откри и како се чувствувал тогаш: „Јас не сум криминалец, го неам тој код. Претешко е тоа, кога си сам со себе и мислиш на твоите дома. Не дај Боже никому да му се случи“ - вели Панки  и додава: „Не знам која е вистината, нека пишуваат што сакаат. Јас и моите најблиски знаеме“, вели Панки. Целото интервју проследете го во видеото во продолжение: ]]>