Сашко Костов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Jul 2019 10:09:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Сашко Костов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Тhe Chicks“ со нова музичка воздишка – „Ах, тие очи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/the-chicks-so-nova-muzichka-vozdishka-ah-tie-ochi-video/ Mon, 01 Jul 2019 10:08:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95422

Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева своите музички способности ги сплотуваат заедно во еден музички бенд –  „Тhe Chicks“.  Трите велешанки најпрвин станаа познати по своите забавни настапи на кои добрата журка е загарантирана, а потоа и по преработките на познатите песни од  македонски и странски изведувачи.
Веднаш потоа следуваше и нивната деби авторска песна, па настапот на „Макфест 2017“ каде добиваат награда за најдобри дебитанти. Покрај примарните професии: Моника е докторка, Сандра работи адвокатура, а Наталија е економист, девојките најдоа време за уште една своја авторска тема, па така деновиве ја промовираат својата најнова песна и видеото за неа, насловена: „Ах тие очи“.
Mузика и аранжманот ги потпишува Сашко Костов, а текстот и коаранжманот самите „Тhe Chicks“ (Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева). Музички продуцент е Дино Зуќиќ, кој ја снимал и продуцирал песната во своето домашно студио.
Симпатичното летно видео го изработила екипата на „Пента студио“,предводена од Иво Иванов, додека како единствено машко меѓу девојките во спотот се појавува моделот Стефан Стоилковски.
Како изгледа и звучи кога девојките пеејќи воздивнуваат: „Ах, тие очи“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=J964K5XT7Sk  ]]>