сашко коцев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 20 Jan 2024 08:00:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сашко коцев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова може да го покаже само тој: Спомените од детството на Сашко Коцев станаа од црни – поцрни, ама пооригинални, здравје (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-mozhe-da-go-pokazhe-samo-toj-spomenite-od-detstvoto-na-sashko-kotsev-stanaa-od-tsrni-potsrni-ama-pooriginalni-zdravje-foto/ Sat, 20 Jan 2024 07:55:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335048

Тој е обожуван, на сцена, на филмско платно, лик од детска серија, како стенд-ап комичар, водител, на социјални мрежи... Сашко Коцев едноставно ја плени публиката. На неговиот Фејсбук профил не така често осамнуваат објави од приватноста, но кога ги има, по правило мора да бидат оригинални и во негов стил. Така беше и овој пат. Коцев покажа дека е вистински домаќин кој според резултатот можеби не така често е во кујната, но барем има обиди. Неговиот гастрономски потфат беше сезонска потпечена блага тиква со која тој и неговите две дами требаше да се насладуваат, а тој да се врати со спомените во детството. -Мммм ме потсетува на детството, миризлива и блага крцкава тиква! Повелете! Правена според рецепт, на 280 степени ,3 саати, напиша Сашко, а спомените очигледно станале од црни- поцрни, речиси уништени. Веројатно не го запаметил или запишал добро рецептот од мама или баба, па наместо средно печена, доби карамелизиран ефект повеќе од што треба. Можеби по вкус, но за очите на следбениците, Сашко ја претерал со печење , а богами и трошење струја. Рецепт кој беше со лош ефет од рерната, но ултра успешен на Фејсбук со илјадници лајкови и стотици коментари. Сепак, пофалба за обидот, а за вкусови нели не се дискутира! фото: Facebook/ Sasko Kocev]]>

Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“: Годинава актерот не ја водеше, ама дали дефинитивно и се скара на „Златна Бубамара“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kotsev-i-ranko-petrovik-imaa-bliska-sredba-godinava-akterot-ne-ja-vodeshe-ama-dali-navistina-i-se-skara-na-zlatna-bubamara-foto/ Thu, 11 May 2023 08:26:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301438

„Златна Бубамара на популарноста“, една од ретките манифестации кои останаа да траат дваесет и кусур годино во континуитет... Забавно музичко шоу иницирано од градското радио „Бубамара“ кое доделува награди на најпопуларните во разни области, со естраден стендап на актерите - водители... Некогаш легендарниот Тони Михајловски, кој по долги години го наследи ништо помалку добриот Сашко Коцев, засилен со тогашните „чираци на сцената“  - Тино и Атанас... И така се до годинава (2023-та) кога „заменските водители“ без најава станаа главни, а главниот исто така без најава не се појави на сцената да ја води престижната „Златна Бубамара“. Имено најпопуларната манифестација годинава остана „осакатена“ за првиот нејзин шоумен - Сашко Коцев! Публиката тоа го дозна откако остана „фрапирано зачудена“ на своите столчиња упорно чекајќи водителот број еден да се појави на сцената, арно ама... „Заменските“ овој пат беа главни, терајќи го шоуто од А до Ш... до крај! Нагаѓањата зошто Коцев е „заменет“ тргна уште вечерта на самата манифестација откако публиката сфати дека него на „Бубамара“ ќе го нема. Официјално - поклопување на термините и зафатеност со промоцијата во Словенија на романтичната филмска комедија „Нешто слатко“ во која Сашко Коцев и Јелена Јованови ги играат главните улоги. По манифестацијата „сто муабети“ со „сто претпоставки“ се раширија во различни насоки, а приказните кулминираа по гостувањето на  прв водител на „Бубамара“ Тони Михајловски во едно домашно подкаст шоу, каде актерот директно го впери прстот во сопственикот и радио “Бубамара“ и извршен продуцент на манифестацијата, Ранко Петровиќ, обвинувајќи го дека му ја украл идејата за истата! На приказната за „држете го арамијата“ совршено се налепи годинешното „(не)оправдано отсуство“ на наследникот на Тони Михајловски, колегата Сашко Коцев, па јавноста почна сериозно да се прашува дали навистина „каде што има чад, има ли и оган“? Едни велеа дека ова е потврда оти Тони е во право, други дека му е криво, па сега споделува измислици, трети дека и на Коцев му завршил мандатот, оти и тој сфатил дека си има работа со „арамија на идеи“... И така во недоглед, се до вчера, 10 мај 2023, кога Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“... И тоа за газдата на домашен, за актерот на гостински терен - во просториите на „Радио Бубамара“. Како потврда дека можеби годинава не ја водеше, ама актерот сепак не и се скара на „Златна Бубамара“. Всушност, поводот за неговото радиоприсуство беше истиот оној  кој беше официјална причина за неговото „Златна Бубамара“ отсуство - филмот „Нешто слатко“, односно неговата македонска промоција во Скопје во киното „Синеплекс“ изминатиот викенд. Заедничката фотографија „во 6 очи“ потврдува дека Сашко и Ранко „не ја растуриле калимерата“, напротив... Или не барем кога им се професионалните релации и обврски во прашање. Дали догодина Сашко Коцев ќе се врати да ја води „Златна Бубамара“, веројатно зависи и од тоа „какви им се математиките“ на двајцата стари пријатели?! Конечно, „што ќе биде, нека биде“, како што вели еден од слоганите на изминатите „Бубамари“, иако... По сите коментари и процнки, најдобро е да биде како што си беше до сега, последниве години, се до годинава. Фото: Јутјуб/ Инстаграм/ Фејсбук принтскрин  ]]>

Пред скопската премиера на „Нешто слатко“, Сашко Коцев ја „р’чкаше“ Јелена Јованова среде интервју, па за малку ќе си го „окркаше“ пред камери (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-skopskata-premiera-na-neshto-slatko-sashko-kotsev-ja-r-chkashe-jelena-jovanova-srede-intervju-pa-za-malku-ke-si-go-okrkashe-pred-kameri-video/ Tue, 09 May 2023 07:35:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301098

Филмот „Нешто слатко“ премиера имаше во саботата, 06 мај 2023 год. во Скопје во киното „Синеплекс“ во Сити Мол, на која присуствуваа мноштво актери, познати  личности од естрадниот и јавниот живот и секако бројните медиуми и нивните новинарски екипи. Сашко Коцев и Јелена Јованова како главни ликови во ова романтична комедија пред премиерата се фотографираа и даваа изјави и интервјуа за различни медиуми. Во еден момент додека Јелена даваше видеоизјава за еден од македонските портали пред големиот рекламен билборд , Коцев се шеткаше зад нејзиниот грби лево-десно... За да си ја разбие монотонијата, а и да ја направи зтмосферата поинтересна, додека неговата колешка одговоараше на прашањата на новинарката, „вицкастиот кумановац“ со скопска адреса на живеење почна да и прави разни фаци, да изведува различни гестикулации на секој нејзин изустен збор, на секој кажан одговор... Во прв момент актерката тоа не го забележуваше, ама затоа камерата бележеше се'... Сепак кога Коцев и пријде преблизу, Јелена ја сфати „пантомимата на нејзина сметка“ со која е опсипана од колегата во заднина. И додека „бившиот стендап Бубамара водител“ Сашко Коцев се' уште не беше „излетал од кадар во кој го р'чкаше мачево“, малку фалеше да си го „окрка“ пред камери од „Јелена од Драчево“, како што актерката е позната по својата „епска улога“ во мегапопуларниот ситком, ТВ серијалот „Преспав“. Се разбира сето тоа на шега и зафрканција која изгледаше толку слатко, колку за лабаво опуштање пред скопската премиера на „Нешто слатко“... Каков беше моментот и атмосферата, погледнете во видеото во продолжение кое го улови камерата...
Фото и видео: Инстаграм принтскрин/reporter.mk]]>

„Јас и Сашко“… Миа Костова откри приватна тајна со Сашко Коцев (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jas-i-sashko-mia-kostova-otkri-privatna-tajna-so-sashko-kotsev-foto/ Mon, 08 May 2023 06:48:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300925

Миа Костова откако стана „главен“ инфлуенсер на социјалните мрежи стана и доста интересна за јавноста. Дури имногу повеќе отколку кога беше само ТВ водителка. Таа неодамна заедно со нејзините најдраги, со синот Адрија и со Тијана Скулиќ, со која заедно живее  организираше патување исполнето со неизвесност, па тргнувајки  од Охрид се прошета сѐ до прекрасната Италија,  а за сето тоа време споделуваше и овековечи дел од убавите спомени исковани на ова нивно патешествие. На следбениците им пишуваше дека се радува што и тие „патуваат“ со неа: „Се радувам што патувате со мене и што постојано ми пишувате дека пренесуваме вистинска слика за најубавите места во Италија“ - објави тогаш таа. Деновиве таа се појави и присувствуваше на на македонска премиера во киното Синеплекс во Скопје на романтичната комедија „Нешто слатко“ во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Тин Водопивец од Словенија со македонските актери Јелена Јованова и Сашко Коцев во главните улоги. Во преполаната сала беше и Миа Костова која се фотографираше заедно со Сашко Коцев пред најавата за филмот, а на објавата на нејзините следбеници  им откри една приватана тајна : „Ја и Сашко Коцев на кумановски си зборимо к'д ќе се видимо“ - соопшти таа додавајќи и емотикон црвено срце со кое потенцираше колку тоа и значи. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова  ]]>

Сашко Коцев: „Мажите уште ме пцујат што Смиљана ја побарав за жена на Бубамара“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kotsev-mazhite-ushte-me-ptsujat-shto-smilana-ja-pobarav-za-zhena-na-bubamara-video/ Fri, 05 May 2023 09:32:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300790

Сашко Коцев е еден од омилените актери на публиката. Со години вработен во МНТ, зад себе има куп улоги,  филмови, серии, стендап-комедии. Годинава недостигаше на „Бубамара“, со филмот „Налепница“ ги собра сите награди, а на 6 мај во Скопје ќе биде премиерата на  „Нешто слатко“, во кој игра со Јелена Јованова. Сашко беше гостин во студиото на „Репортер“ . Што на смеење, што сериозно, зборуваме за сè.  Дознавме зошто не беше на „Бубамара“, а ни откри и дали му се допаднла оваа година менифестацијата без него. Низ смеа раскажува како се снашол во Словенија додека снимаше филм. „По 20 часа возење од Скопје, оти беше метеж, конечно, стигнав во Љубљана. Се јавувам во хотелот и екипата ми вика, качи се, тука сме на 15. кат. Се качувам ја залетан, среќен што ги гледам, влегувам внатре и викам: Дечкии … кај сте, еве ме! И, тие, по малку роботски, мртви ладни: Здраво. Како си? Викам, што ви е, брее? Па кај нас не е вака, па треба да ме гушнеш, па да кажеш кај си брат, па да ми ги скршиш ребрата“, низ смеа раскажува Коцев. Особено интересно е како со Словенците се седи во кафеана оти не знаат што е мезе. „Па кај нас се седнува во кафеана во 14 часот и се станува утредента. Тука, пола саат – нарачуваат, јадат и си одат. Им викам, чекајте беее… полека. Прво се нарачува мезе, па после се руча“, раскажува Коцев. Со Смиљана е 10 години во брак. Низ насмевка вели дека до денес е ненаспан откако се родила Јоана. Не крие дека популарноста му годи и дека живее за аплаузот. За популарноста и како реагираат луѓето, има куп анегдоти за кој зборуваше во интервјуто. Муабетот со Сашко секогаш е поинтересен да се гледа, па и во интервјуто не изостана хуморот на Коцев. За бракот, каков сопруг и каков татко е, за хуморот, готви ли дома, како раскажува приказни на ќерка сѝ… Гледајте го интервјуто (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Сашко Коцев ретко споделува приватни моменти, а овој пат направи исклучок: Познатиот актер на прошетка со ќерката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kocev-retko-spodeluva-privatni-momenti-a-ovoj-pat-napravi-iskluchok-poznatiot-akter-na-proshetka-so-kjerkata-foto/ Sat, 08 Apr 2023 06:12:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77054

Актерот Сашко Коцев во октомври 2018 година стана татко, тој и неговата сопруга Смиљана станаа родители на нивната ќерка Јоана. Тој во едно интервју истакна дека татковството му го променило животот, па порано кога некој го будел можел да го гризне, но сега го памети првото будење со Јоана. „Ми се појави еден нов свет, едни сосема нови и непознати чувства што ме влечат накај дома. Дури и кога имам време за одмор, не ми даваат, туку ме тераат да станам да ја гледам додека таа спие“, изјави Коцев во интервју за деца.мк Сашко и покрај сите ангажмани и обврски, наоѓа слободно време кое го поминува со најмилите. Така тој на сончевиот ден излезе на прошетка со ќеркичката. Иако на социјалните мрежи ретко споделува приватни моменти, овој пат на својот „Фејсбук“ објави фотографија од него и Јоана на прошетка во блискиот парк во скопската населба Јане Сандански (Аеродром) каде што актерот со семејството живее. „ Во пресрет на пролетта “ напиша актерот во описот на објавата. Под неа веднаш се нижеа позитивни коментари за таткото и ќерката. Инаку, Сашко имаме прилика да го гледаме во претстави во МНТ, е ангажиран за снимања, реклами.... Фото: Фејсбук принтскрин/Сашко Коцев]]>

„Златна бубамара“ помина без Сашко Коцев, а еве што вели тој и која беше причината за тоа https://arhiva.vistina.com.mk/zlatna-bubamara-pomina-bez-sashko-kotsev-a-eve-shto-veli-toj-i-koja-beshe-prichinata-za-toa/ Sat, 18 Mar 2023 07:55:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293866

26-тото издание на манифестацијата „Златна бубамара“ помина без главниот лик на сцената. По 17 години како домаќин, Сашко Коцев годинава не беше дел од случувањето кои речиси сите го поврзуваат токму со него. Во многуте коментари на социајлните мрежи се вели дека публиката чекала тој да се појави  до самиот крај, но од Сашко ни трага, ни глас. Наговите заменици, Тино и Атанас или како што тој ги нарекуваше, заменските водители, станаа главни. Манифестацијата со ред награди, говор, музика... си течеше како и секогаш. За да нема шпекулации и разни приказни, Сашко се огласи јавно и ја откри причината зошто не беше дел од „Златна бубамара“. - Бев премногу зафатен, не можев да постигнам. Имав две претстави и турнеја во Словенија со филмот“, изјави Сашко за „Слободен печат“ веднаш по манифестацијата, додавајќи дека годинава му се поклопиле ангажманите. За потсетување, Сашко Коцев за првпат како водител на „Златна бубамара“ се појави во 2006 година, а дојде на местото на Тони Михајловски. Дали Сашко како и Тони станува екс- водител или тоа ќе биде случај само годинава, останува да видиме... фото:Фејсбук Сашко Коцев/Инстаграм принтскринТино Костадиновски]]>

Како во Холивуд: Сашко Коцев и Јелена Јованова совршена двојка, на црвен килим и на филмско платно (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-vo-holivud-sashko-kotsev-i-jelena-jovanova-sovrshena-dvojka-na-tsrven-kilim-i-na-filmsko-platno-foto-video/ Tue, 07 Feb 2023 08:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287629

Во Љубљана, Словенија во киното Синеплекс се распосла црвен килим за премиерата на словенечката комедија „Nekaj Sladkega“ или во превод „ „Нешто слатко“. Главни ѕвезди беа нашите актери Сашко Коцев и Јелена Јованова кои беа двојка на филмското платно, како и на црвениот клим. Двајцата се појавија во елегантно издание, тој со црн костум, а таа во елегантнни пантлнони и црн корсет со прерамки.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sasko Kocev (@saskokocev_official)

Режисер на филмот се телевизиската ѕвезда Тин Водопивец. Коцев е копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска. Станува збор за филм за човековата прва и последна шанса во животот. Неговиот лик е светски познат маркетер од Македонија, Аце, кој треба да стигне на еден настан во Словенија, но никако да стигне. Јованова ја глуми Каја, Хрватка која кратко време живее и работи во Љубљана. Сашко во ова филмско остварување има и улога на копродуцент и како косценарист. Инаку, во филмот се појавува и македонскиот актер Александар Микиќ. фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб]]>

Ќе се насмеете до солзи од анегдотата која Сашко Коцев ја кажа од секојдневието со ќерката Јоана https://arhiva.vistina.com.mk/kje-se-nasmeete-do-solzi-od-anegdotata-koja-sashko-kocev-ja-kaza-od-sekojdnevieto-so-kjerkata-joana/ Mon, 23 May 2022 07:47:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251604

Пред неколку дена по двегодишна пауза поради корона пандемијата се одржа 25-то издание на манифестацијата „Златна бубамара“, а вчеравечер и премиерно на Канал 5 телевизија беше прикажана за оние кои не беа непосредно присутни. Главниот човек на вечерта- домаќинот Сашко Коцев, кој за многумина години наназад е фокусот на настанот, очекувано преку сценариото и импровизациите ги изнасмеа сите – шеги за кои сигурно ќе се прераскажува уште доллго.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zlatna Buba Mara (@zlatnabubamara)

Но, пред стартот на телевизиското емитување, претходеше шоуто на Жарко Димитриески, „Еден на Еден“, каде не случајно гостин беше токму Сашко Коцев. Од разговорот во студиото, Коцев кажа многу анегдоти од секојдневието во врска со тоа како реагираат луѓето кога го среќаваат на улица и во разни околности. Па така, една од случките беше таа кога биле на некое патување со сопругата Смиљана и на автопат виделе превртен автомобил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Saško Kocev (@sashko_kocev)

Сашко го запрел возилото и истрчал да помогне и го прашал господинот дали е добро – реакција актерот ја памети и раскажува и денес. „Еј Сашко Коцев!“ – гласел одговорот.(се смее). Исто така неговата ќерка Јоана која е центарот на неговиот универзум, често умее да го насмее и да му направи да се почувствува „разоткриено“. Имено, кога тато оди да ја земе од градинка, кога таа излегува, а другите родители се насобрани, Јоана не вика тато, туку вика по него со име и презиме „Сашко Коцев!“. Па така, сите знаат дека популарниот татко е дојден да си ја земе наследничката. Инаку, малата Јоана наскоро ќе наполни пет години. фото:Фејсбук Сашко Коцев/Инстаграм/Златна Бубамара]]>

Сашко Коцев и „Нептун“ во нова авантура полна со иновации и изненадувања за потрошувачите https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kocev-i-neptun-vo-nova-avantura-polna-so-inovacii-i-iznenaduvanja-za-potroshuvachite/ Tue, 22 Feb 2022 10:50:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240130

Првиот избор на потрошувачите, кога е во прашање најширокиот избор на иновативни технологии и сеопфатни решенија за подобрување на квалитетот на животот, „Нептун“, отпочна соработка со популарниот актер Сашко Коцев. Компанијата, која што е лидер во својот сегмент на нашиот пазар, заедно со еден од најпознатите глумци на сцената во регионот, во периодот што следува ќе реализира низа активности што ќе бидат особено интересни и атрактивни за купувачите.
- Нашата визија отсекогаш била на сите индивидуални клиенти да им овозможиме што поголема селекција од производи во што повеќе категории, но во исто време, и да им посветиме време и енергија, како и да споделиме знаење, со цел тие да го направат изборот што е најсоодветен за нивните потреби. Сашко, преку своите најразлични улоги, меѓутоа, и како човек, настапува на ваков, искрен начин и затоа сме убедени дека соработката ќе биде и забавна и корисна за нашите ценети потрошувачи - истакна генералниот директор на „Нептун“, Горан Цветинов.
Актерот, покрај преку улогите на редовниот репертоар на својот матичен театар, годинава ќе се појави и во новите долгометражни филмови „Снежана на крајот умира“ и „Мими“. На соработката со компанијата гледа како на можност за воспоставување комуникација со потрошувачите со цел да им помогне да ја донесат најдобрата одлука кога е во прашање технологијата.
- Иновациите за кои што секојдневно читаме, слушаме или ги гледаме на нашите смартфони не би имале никаква вредност доколку не ни користат за да го подобриме животот. За мене „Нептун“ отсекогаш бил првиот и единствен избор, за сè, од големи уреди како телевизори или бела техника, до ситни „гаџети“ кои што неверојатно го олеснуваат секојдневието. Преку оваа соработка токму ова искуство ќе го доближиме го купувачите. Нормално, притоа и ќе се забавуваме - вели Коцев.
„Нептун“ неодамна ја презентира револуционерната петгодишна стратегија со која што ќе воведе многу новини на домашниот пазар. Компанијата во 2022 година има во план да реализира низа проекти, меѓу кои ќе биде и реновирањето на неколку продажни локации со цел тие да бидат во согласност со брендот „Нептун“. Се очекува релокација на дел од продавниците, формирање академија за продажба, како и унапредување на талент-програмите за вработените.]]>