сашка петковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 11:56:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сашка петковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дуке Бојаџиев сегмент од своето рано детство и музиката на татко му преточи во емотивно документарно-музичко видео: „Запри срце“… ако можеш! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duke-bojadhiev-segment-od-svoeto-rano-detstvo-i-muzikata-na-tatko-mu-pretochi-vo-emotiven-dokumentarno-muzichki-spot-zapri-srtse-ako-mozhesh-video/ Mon, 19 Feb 2024 11:41:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339123

Викендов по подолга пауза Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски  се најдоа повторно заедно на една сцена во Македонската филхармонија каде ги одржаа најавенитe концерти.   Интимни, искрени, топли и емотивни настапи за паметење. Допатуваа од три континенти, за повторно заедно да ја поведат публиката на незаборавно музичко патување како што само тие тројца вонсериски музичари знаат да изведат и тоа и го направија со своето суптилно музицириње. Ако квалитетот, атмосферата и енергијата на нивните музички перформанси се некако очекувани, она што само неколку дена пред настапите ги изненади и воведно разнежни љубителите на музиката на Дуке Бојаџиев, беше нешто што е поврзано со него и неговот семејство, музиката, но не лично неговата... Иако и во неговиот случај е оддамна јасно дека од гените -  не се бега! Имено, македонскиот пијанист и автор на својот Фејсбук профил неколку дена пред скопските концерти сподели едно документарно видео од своето рано детство. Истото правено со тогашната технологија, но затоа историски „злато вредно“ за самиот Дуке и неговата фамилија. Во суштина се работи за обична прошетка покрај познатата фонтана на влезот во Градскиот парк во Скопје на семејството Бојаџиеви - малиот тригодишен Дуке, неговата мајка и  татко, како и неговиот вујко... И ништо необично во сето тоа, доколку како музичка подлога во позадина не оди една прекрасна македонска забавна песна, еден од оние незаборавни шалагер евергрини од 70-ите... Оние кои живееле во тоа време знаат за какви среќни години се работи и  затоа можеби токму ним оваа документарно-музичка видеоприказна најмногу ќе им го стопли срцето. Ним, а најмногу на малечкиот од видеото, денес познатиот почитуван и признат македонски автор и музичар, во чија музика уживаме денес. Исто како оваа во заднината на споделеното видео, компонирана од неговиот татко, сега покојниот композитор, инаку лекар по професија, Тодор Бојаџиев! За минути на носталгија, патување низ спомените, времето, мислите и сеќавањата на едни навистина повеќе од среќни времиња... Затоа кај многумина што ги доживеале или знаат што значат вистинските вредности, ова музичко видеопарче, иако навидум многу приватно, за миг го запира срцето... Како што вели и насловот на самата песна - „Запри срце“, маестрално испеана од големата Сашка Петковска - Липша. Деновиве пред години...! „Запри срце“... ако можеш! Зашто од гените и спомените - не се бега! Фото и видео: Facebook/Duke Bojadziev  (Duke B)]]>

Поминаа 39 години од трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа пејачката Сашка Петковска – Липша и три члена на балетската група “Авона” https://arhiva.vistina.com.mk/pominaa-39-godini-od-tragichnata-soobrakjajna-nesrekja-vo-koja-zaginaa-pejachkata-sashka-petkovska-lipsha-i-tri-chlena-na-baletskata-grupa-avona/ Thu, 01 Sep 2022 06:51:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265099

Се навршија 39 години од трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа Сашка Петковска и тројцата членови на балетската група  „Авона“. Са­шка Пе­тков­ска-Липша, жената со најубавиот глас на сите времиња. За­ги­на­ на 32-го­диш­на во­зраст, во кобна сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, на 31-ви август (среда) 1983-та го­ди­на. Зад се­бе ги оста­ви со­пру­гот Ма­рио Лип­ша и две­те ќер­ки Сандра и Леа. Марио почина годинава, 2022, на 25 мај. Сашка имаше плодна кариера, безвременски глас, ѕвезда и харизма благодарение на која важеше за една од омилените пејачки на југословенската сцена. Пленеше и со стилот. Секогаш авангардна, дама со изграден и софистициран стил, која светските трендови ги носеше директно на регионалната сцена. Таа беше и членка на легендарната вокално-инструментална група „Македонија” предводена од трубачот Благој Чешларов, заедно со Даниела Панчетовиќ, Кирчо Поп Лазаров, Зорица Поп Панкова, Верица Ристевска, Панче Кочовски. Нејзините евергрини „Бакни ме”, „Чао, адио”, „Пушти ме како птица”, „Запри срце”, „Никогаш никогаш”, „Гриша”, „Сеќавања”, се лектири на македонската и југословенската поп сцена. Покрај единствената Сашка во тешката сообраќајна несреќа животите ги загубија и тројца членови на балетската група „Авона“: Вељко Павичевиќ (1957), Петранка Несторовска (1956) и Евдокија Алексова (1961). Балетската група „Авона“ остави белег со своето работење кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години. Македонските „локици“ се разликуваа од своите колеги по тоа што во редовите го имаа и Вељко Павичевиќ. Во првата постава беа Фроска, Пепи, Жане, Бети и Вељко. Подоцна се приклучи Вељка и Еви. „Авона“ како балетска група во своите настапи придружуваше повеќе југословенски и македонски естрадни имиња, а настапуваа и на модни ревии како фотомодели и на „Скопски фестивал“. Спомените болат, но секогаш се тука, за ваквите великани никогаш да не заминат во заборав. Насловната страна на весникот Вечер која ја обзнанува трагичната вест е од 02.09.1983 година.  ]]>

Почина Марио Липша, музичар, организатор и еден од првите естрадни работници во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-mario-lipsha-muzichar-organizator-i-eden-od-prvite-estradni-rabotnici-vo-makedonija/ Thu, 26 May 2022 05:37:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252021

Во Скопје на 79-годишна возраст почина Марио Липша, музичар и истакнат естраден работник на повеќе пионерски потфати на македонската сцена. Бреше еден од организаторите на  првите македонски поп-рок фестивали, првиот избор на Мис на Македонија, првиот јавен пречек на Нова Година на градскиот плоштадот во Скопје... Исто така, тој несебично помагаше во сите манифестации кои ги организираше првата естрадна ревија во македонија, ревијата „Екран“. Марио Липша исто така беше еден од првите рокери во Македонија. Како клвијатурист тој заедно со браќата Зоран и Лаки Панчетовиќ свиреше во групата „Вихори“ а потоа и во култната група „Македонија“ во која како вокални солисти настапуваа: Даниела Панчетовиќ, Сашка Петковска, Верица Ристевска, Кирчо Поп Лазаров и Панче Кочовски. Марио Липша беше во брак со Сашка Петковска која за жал, на 32- го­диш­на во­зраст трагично загина во кобната сообраќајна несреќа  на патот Куманово – Свети Николе, на 31-ви август 1983-та го­ди­на. Зад се­бе ги оста­ви со­пру­гот Ма­рио Лип­ша и две­те ќер­ки. Тој долго време беше претседател на „Здружението на естрадните работници на Македонија“ преку кое им организираше настапи речиси на сите македонски музичари и вокални солисти на бившите југословнски простори и посебно во летувалиштата на Јадранскиот брег. Марио Липша беше првиот и еден од најдобрите организатори на модните ревии во не само во Македонија, туку и на модните саеми и манифестации во странство. Познат по својата чесна работа и извонредни организациони способности,  него сите го бараа за промотор на нивните настапи. Голем број на музичари вечено ќе му бидат благодарни затоа што токму преку „Здружението на естрадните работници“  чиј прв човек беше тој, успеа да им обезбеди и заслужни пензии. Веста за заминувањето на Марио Липша на својот Фејсбук профил ја обзнани  некогашниот главен уредник на првата естрадна ревија кај нас, „Екран“, пензионираниот естраден новинар и публицист Тимчо Апостолов.]]>