саше љолес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Jun 2021 08:01:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png саше љолес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Саше Љолес и Панчо – ДНК влегоа во конфликт… или само во полемика: „Има само една и единствена навивачка химна за нашите фудбалери и се вика…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashe-ljoles-i-pancho-dnk-vlegoa-vo-konflikt-ili-samo-vo-polemika-ima-samo-edna-i-edinstvena-navivachka-himna-za-nashite-fudbaleri-i-se-vika-foto/ Thu, 17 Jun 2021 08:01:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207370

„Македонија на Европско“ или... „Одиме на на Европско првенство“... Или можеби „Але, але Македонија“ или...? Историјата испишана, онаа фудбалската за Македонија се разбира, ама има ли македонска историја без недоразбирања? Откако сме учеле на училиште ( по старата добра програма, не оваа „диригирано - дигиталната“), низ историјата векови наназад не следат поделби!? Од антика, ако сме антички Македонци, преку Самоила ако сме Словени, Гоце, Јане... и останатите војводи и комити во турско, преку Рацин, Ченто... и останатите партизани во НОБ, па се' до денес... Патриоти и предавници, „комуњари и вмрони“, „каури и шиптари“... Црно-бел свет на поделби откако е света и века кај нас...! Затоа и не изненадува иако многумина можеби и се зачудија, кога и на најголемиот историски спортски или поточно фудбалски успех на Македонија - страните се поделија. Овој пат,оние естрадните...! Или барем така изгледа!? Ама да тргнеме со ред! Имено, естрадните уметници како Саше Љолес и Пеце -„Суперхикс“ први се сетија или не се сетија, ама секако први ја обзнанија и потоа и објавија идејата за македонска навивачка химна за тогашпретстојното, сега тековното ЕУРО 2020 кое заради корона пандемијата се игра година подоцна низ речиси цела Европа. Набргу нивната „Одиме на Европско првенство“ под името „ВИС Рисови“ беше промовирана и со одлично видео поддржана и од ФФМ и од фудбалерите, естрадата, навивачите, целата спортска и обична јавност. Не помина многу, добивме уште една таква навивачка песна наречи ја, химна  викајте ја... како сакате, но факт е дека Панчо и Андреј од ДНК и пријателите ја исфрлија во етерот „Македонија на Европско“ заедно со видеоспотот во кој одново се нашите фудбалери, познати и јавни личности, дел од естрадата... Слично ама различно, концептот тој, идејата исто толку племенита, само песната поинаква. Само неколку дена подоцна, осамна уште  еден полуаматерски обид за нешто слично, не така раскошен ниту музички, ниту визуелно како претходниве два насловен: „Але, але Македонија“ отпејаа и аматерски го визуелизираа две девојки и едно момче: Невена, Калина и Наум Нешковски.  Трета песна или навивачка химана за Македонија на ЕУРО 2020, како сакате наречете ја, ама ете ја... и неа ја има. И нема ништо лошо во сето тоа - напротив, убавината е во разновидноста, во различноста, во лепезата од идеи, звуци и слики, сплотени во две бои: Црвена и жолта и една единствена желба за што поуспешен настап на Македонија на ЕУРО 2020. Арно ама, да се вратиме на почетокот... На „вечното проклетство“ и дилемата може ли кај нас да има едно убаво нешто со заеднички желби, без да има поделби? Имено, авторите на првично споменатите две навивачки песни или химни заминаа за Букурешт да ги бодрат македонските фудбалери. Не е познато дали се најдоа низ улиците на романската метропола илисесретнаа на трибините на Националната арена, ама затоа Саше Љолес и Панчо-ДНК „се најдоа“ на социјалните мрежи, па на Фејсбук влегоа во конфликт... Или само во полемика: Дали има само една и единствена навивачка химна за нашите фудбалери на ЕУРО и како таа се вика? Или во превод:  Која од нивните две е официјалната химна, а која само „обична навивачка песна“?   Саше Љолес прв објави на својот ФБ прифил дека неговата/нивната, онаа на ВИС „Рисови“ насловена „одиме на Европско првенство“ е една и единствена...!? Владимир Блажев, алијас Панчо - ДНК не издржа да не одговори на латентната провокација: „ Стварно е една, единствена и најдобра“ - возврати на Фејсбук. „Единствена официјална и уште неколку неофицијални“ - потенцираше Саше Љолес, на што следеше ново возвраќање од Панчо во „вербалната пинг-понг преписка“ на двајцата естрадни уметници:
„Ама неколку песни - не химни“.
Потоа Саше Љолес проба да ја „спушти топката“, веројатно сфаќајќи дека „разжестувањето на битката“ не води никаде: „Нека се прават што повеќе песни и нека се слави овој успех!“ - одговори Љолес и додаде: „Кој како сака нека си ги вика бе брат“ - на што Панчо веројатно задоволен од одговорот и костатацијата „остана нем“!
Невена, Калина и Наум Нешковски и нивната „Але, але Македонија“, никој не ги спомна. А и таа навивачка химна или песна за Македонија на ЕУРО 2020 нели е, каква и да е?!
За „навивачките  класици“  и да не говориме. “Црвена боја ми е најмила“ на Ристо Самарџиев и Дарко Мијалковски, „Само за Македонија“ на бендот „Дени те чува“  или „Македонија навива за вас“ на Александар Митевски, испеана од Тоше, останаа забаталени во некое зафрлено навивачко ќоше или...?!
Или „овие деца“ се водеа по максимата: „Сега е наше време“, а Македонија... Вечна!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/djshortypofficial/Sase Ljoles
]]>

ВИС „Рисови“ – „Одиме на Европско првенство“ е навивачката химна на Македонија за на ЕУРО 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/vis-risovi-odime-na-evropsko-prvenstvo-e-navivachkata-himna-na-makedonija-za-na-euro-2021/ Mon, 10 May 2021 07:10:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201768

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство“ која е во изведба на групата ВИС  „Рисови“ и претставува најава на деби-учеството на нашиот национален тим на еден голем настан. Сениорскиот тим ќе биде дел од ЕП 2020 кое ќе се одржи во повеќе земји, а токму затоа направена е навивачка химна за да се крева атмосферата и еуфоријата. Македонија ќе игра во група со Холандија, Австрија и Украина, а групите се во Букурешт и Амстердам.
Во спотот, покрај дел од македонските фудбалски асови како Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Несторовски, Ристовски, Муслиу... се појавува и селекторот Игор Ангеловски...
...Како и многу други статисти, но и познати ликови од спортскиот, естрадниот, културниот и јавниот живот во Македонија како автомобилскиот ас Игор Стефановски - Иџе, манекенката и модел Катарина Ивановска, ТВ водителката Јана Серафимова, актерката и ДЈ-ка Елизабета Клинчаревска Младеновска, моделот и мисица Емилија Розман, актерите Тино и Атанас, малиот Јане Велковски... и  многу други.

Автори на музиката и текстот се Саше Љолес и Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, кои ја изведуваат песната како дел од групата „ВИС Рисови“, заедно со Никола Бочваров, Танче Гроздановски и Слободан Хаџи-Илиев.

Меѓу придружните вокали се и Симе Златков, Дени Крстев и Васко Атанасовски, сите дел од скопската урбана музичка сцена.

Режисер на спотот е Огнен Шапковски.   Како изгледа спотот на навивачката химна, погледнете во продолжение... https://www.youtube.com/watch?v=4jlYbUoFn9k  ]]>

„Одиме на Европско првенство“ е новата навивачка химна на македонската репрезентација https://arhiva.vistina.com.mk/odime-na-evropsko-prvenstvo-e-novata-navivachka-himna-na-makedonskata-reprezentacija/ Fri, 09 Apr 2021 12:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198465

ФФМ вчера ја претстави новата навивачка химна на македонската репрезентација – „Одиме на Европско“. Автори на спортската химна се Саше Љолес и Петар Младеновски (фронтменот на „Суперхикс“), а химната е во изведба на групата „ВИС Рисови“. За химната е снимен и видеоспот во кој се појавува целата македонска фудбалска репрезентација. Спотот се очекува да биде промовиран наскоро. Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули во 12 држави. Нашата репрезентација по прв пат настапува на едно големо натпреварување.

Саше Љолес ве води во неговата – „Рајска градина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashe-ljoles-ve-vodi-vo-negovata-rajska-gradina-video/ Wed, 09 Sep 2020 11:23:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166322

„Рајска градина” е третa песна на македонскиот музичар Саше Љолес, која всушност е и најава за албумот кој треба да се појави некаде до крајот на годината. „Станува збор за интимна песна создадена за најблиските луѓе, оние што ви се секојдневие и што зрачат љубов и добрина“ - изјави Љолес. Музиката и текстот се негови, а во аранжманот учествуваа и Владимир Чадиковски – Црни, Александар Ванчовски – Џигер, Мартин Јосифовски и Петар Лукиќ. Снимена е во јуни и јули во студиото на Нино Спиркоски. Придружните вокали ги пее Светлана Јовановска. „Рајска градина” е проследена со интересно видео кое го изработи Иван Куртевски – „Мелем продукција“. Имено, сликите користени во видеото се всушност уметнички дела на ликовниот  уметник Константин Качев - Коки, екс гитаристот на македонскиот хеви метал бенд „Санаториум“, кој воедно е дел од најтесното семејство на Саше Љолес. https://www.youtube.com/watch?v=5IOsIiEx12s&feature=emb_logo]]>