сараево – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Oct 2023 08:19:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сараево – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На концертите на Пријовиќ најголемо внимание привлекоа цените на пијалоците (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-kontsertite-na-prijovik-najgolemo-vnimanie-privlekoa-tsenite-na-pijalotsite-foto/ Tue, 31 Oct 2023 08:19:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324585

Пејачката Александра Пријовиќ  го одржа третиот последователен концерт во сараевска Зетра, за кој со недели се бараа билети повеќе. Во Сараево продолжува еуфоријата околу концертите на Александра Пријовиќ. Таа ги нижела хитовите, додека атмосферата во Зетра била вжештена, па публиката ја следела во рефрен на секоја песна. Меѓутоа, она што многумина ги изненади е фактот колку чинеле пијалоците на нејзините настапи. Водата и соковите се 300 динари, пивото е нешто поскапо, а шишињата со алкохолни пијалоци чинат и до 75.000 динари (околу 650 евра). Луѓето реагирале дека ова е превисока цена. Фото: Принтскрин/Рингиер]]>

Калиопи со солистички концерти во Белград и Сараево https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-so-solistichki-kontserti-vo-belgrad-i-saraevo/ Thu, 21 Sep 2023 10:58:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318893

Македонската поп дива Калиопи во октомври и ноември ќе одржи два големи концерти во два големи града на некогашната Југославија. Таа на 23-ти октомври ќе одржи концерт во Домот на младите во Сараево а на 4-ти ноември во МТС дворана (Дом на синдикатите) во Белград. Калиопи уживаа голема популарност во регионот а имајќи во предвид дека ова нејзин прв концерт во Белград по 3 години односно по 4 години во Сараево, интересот е очекувано голем.]]>

Кога страста е посилна и од умот и од срамот: Секс на балкон среде бел ден во Сараево (ВИДЕО 18 +) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-strasta-e-posilna-i-od-umot-i-od-sramot-seks-na-balkon-srede-bel-den-vo-saraevo-video-18/ Thu, 31 Aug 2023 12:25:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316192

Љубовната страст има чудна моќ. Кога ќе те обземе, го поматува умот. Кај некои и тотално... До даска! Особено кај оние, на кои егзибиционизмот им ја мултициплира возбудата, па сексот на јавно место повеќекратно им го зголемува задоволсвото. На Интернет кружи видео од дуото кои очигледно сакаат да експериментираат и не им е непријатно да ги прават „оние работи“ пред љубопитните погледи на своите соседи на отворена сцена. Или поточно на нивниот балкон, што е евидентно  од документираниот материјал кој еден од соседите го снимал во моментите на комшиската страст. Ним очигледно тоа не им пречело премногу, напротив. А можеби сето тоа било и заради она што само кај балканците го има: „За инает на комшиите“, со оглед  на тоа дека клипот е снимен среде бел ден, во источно Сараево! Излези момче право на тераса и посматрај ја комшиската класа... А деновиве, штом комшијата  ќе замине на работа, бујрум откаршија и на прво утринско комшиско кафе... на тераса кај комшиката! Извор: Јутарњи.ба]]>

Маја Маринковиќ ги отвори картите: Поранешната „Задругарка“ откри дали ќе се сели во Сараево (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/maja-marinkovik-gi-otvori-kartite-poraneshnata-zadrugarka-otkri-dali-ke-se-seli-vo-saraevo-foto/ Thu, 15 Jun 2023 11:42:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306470

Секогаш интригантна и полна со изненадувања, Маја Маринковиќ го зазеде шестото место во големото суперфинале на „Задруга 6“. Имено, додека се смируваше со сопругот на реалити ТВ Билал Брајловиќ, веднаш по враќањето од Сараево, таа ја отвори душата за „Pink.rs“, а на самиот почеток ги искажа првите впечатоци. - Искрено, морам да кажам дека таму беше убаво. Луѓето таму се навистина прекрасни, како и семејството на Билал, кое ме пречека навистина прекрасно. Полна сум со впечатоци, се беше прекрасно, луѓето беа добри со нас - истакна Маја, а потоа откри дали е среќна што Билал ја препознал како девојче и што семејството ја прифатило после долги години: - Да, среќна сум и мило ми е што преболевме некои работи кои навистина не мораше да се случат. Во иднина нема да дојде до тоа - додаде таа. Како што Радомир Маринковиќ Таки, нејзиниот татко, во вечерта на суперфиналето откри дека Брајловиќ е првиот дечко што и подаде рака од сите нејзини бивши, таа истакна дека тоа многу и значи. - Многу ми значи. Таки е некој што никогаш не ме видел приватно, поточно лично, со маж, и многу му се допаѓа, па навистина сум задоволна што ситуацијата е таква - изјави Маринковиќ. Кога станува збор за авантурите на Билал од реалното шоу, Ана Спасојевиќ за Пинк.рс истакна дека Маја игра реално шоу со Брајловиќ и во надворешниот свет со самото помирување, за што Маја размислувала. - Навистина не ми е гајле за туѓите мислења, појасно ми е како стојат работите надвор. Нема потреба да ги заклучувам коментарите на мојот Инстаграм профил, бидејќи тие се прекрасни. Да сакав да правам реално шоу, ќе се помирев со него во реално шоу. Ова е чиста емоција, се помиривме поради оваа причина. Мислам дека тие што се изјаснуваат, дека е од повреда, суета и љубомора, токму затоа што не се на мое место. Разбирливо е. Кој губи има право да се лути - рече Маја. А како што откри Брајловиќ, ја повикал да живее со него во Сараево, а таа откри дали ќе се пресели и каков е нејзиниот став на оваа тема. - Ме покани, да, уште размислувам за тоа. Мислам дека е рано за такви одлуки, навикната сум да живеам во Белград. Ќе поминам многу време во Белград. Најверојатно ќе се согласам – изјави Маринковиќ. Фото: Принтскрин/Петар Алексиќ/Ата Имаџес/ Антонио Ахел]]>

Џенан Лончаревиќ го покори и Сараево: Преполната „Скендерија“ со пејачот пееше три часа во еден глас (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhenan-loncharevik-go-pokori-i-saraevo-prepolnata-skenderija-so-pejachot-peeshe-tri-chasa-vo-eden-glas-foto/ Mon, 15 May 2023 11:49:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302018

Џенан Лончаревиќ викендов одржа целовечерен солистички концерт за паметење во  сараевска „Скендерија“, а по спектаклот изјави дека тоа е еден од најдобрите концерти што ги одржал, додека многумина од присутните рекоа дека тоа е пак еден од најемотивните концерти на кои присуствувале. Обожавателите на неговите песни вистински уживаа во тричасовниот концерт на кој тој изведе само дел од неговите хитови. На отворањето на настапот, со кој уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите вокали во регионот. На отворањето на концертот, со кој уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите вокали во регионот, ја отпеа: „Све мое љубави“, а потоа на репертоарот беа „Лоши години“, „Кад оставе те сви“, Лауфер“... Публиката во еден глас ги пееше и хитовите „Путничка“, „Добра ноќ“, „Верувај брат ти“, „Пијеш сине“, „Никоме ни реч“... Воодушевената обожаватели не сакаа да ја напуштат полната Скендерија враќајќи го Џенан на бис, при што тој ги изведе нумерите: „Љубим у пролазу“, „Рано црна“, „Ти амо“... Специјални гости на концертот беа Пеѓа Меденица, кој ја воодушеви публиката со хитовите „Доѓеш ми у сан“ и „Чисто да знаш“, и Дадо Полумента со кој Лончаревиќ го отпеа дуетот „Онаа што нема“ и Амил Лојо. Публиката презадоволна си замина од Скендерија, посакувајќи да не чека повторно единаесет години на следниот голем концерт на Џенан Лончаревиќ, кој пак пресреќен од посетеноста и приемот на публиката изјави: „ Се чувствувам возбудено и среќно. Благодарам, Сараево. Атмосферата беше феноменална. Ова е концерт кој дефинитивно ќе го паметам до крајот на мојот живот. Слободно можам да кажам дека ова е мојот најдобар концерт. Музиката е дел од мојот живот и битие, а кога имаш ваква публика, се е лесно. Ќе и останам верен на Скендерија и повторно ќе се вратам со душа и срце како што тие ме прифатија“-  рече гордиот Џенан. Фото: Инстаграм принтскрин/dzenan]]>

Првата голема љубов на Здравко Чолиќ: Таа само еднаш зборуваше за него, а тој и го посвети својот голем хит! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prvata-golema-ljubov-na-zdravko-cholikj-taa-samo-ednash-zboruvashe-za-nego-a-toj-i-go-posveti-svojot-golem-hit/ Mon, 04 Jul 2022 08:45:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256831

Здравко Чолиќ беше и се уште е една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија. Чолиќ повеќе од две децении е во хармоничен брак со сопругата Александра, но по него претходно лудуваа многу познати дами, меѓу кои и една актерка. Пејачот ретко зборуваше во јавноста за својата поранешна љубов - актерката Јасна Орнели Бери. Двајцата се заљубиле млади во Сараево, а деталите од нивната врска ги открила Јасна. - Дел од моето срце секогаш ќе биде резервиран за него - изјави Јасна во една емисија. - Првиот пат по војната се сретнавме во Белград, тоа беше многу трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма и денес. Пред се, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Noć mi te duguje“ која самиот ја напиша. - Не можам да кажам дека се забавувавме или бевме во врска. Тоа е посебен однос кој продолжува и денес. Тоа е сепак љубов која не можеш да ја галиш и да те држи за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј – истакна Јасна.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JasnaOrnelaBery (@jasnaornelabery)

-Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој е харизматична личност. Го има тоа нешто што успеа да го задржи и после толку години. Пред се, тој е добар човек. Ја видов таа искра во неговото око што не престанува да зрачи уште штом го сретнав – изјави Берија во едно интервју. Таа глумеше во филмовите „На пат“, „Грбакот“, „Нафака“, како и „Во земјата на крвта и медот“ во режија на Анџелина Џоли. Фото:Принтскрин/Инстаграм/jasnaornelabery/Владимир Шпорчиќ]]>

Повеќе не се кријат: Петар Грашо и Хана Хуљиќ уловени во Сараево (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/povekje-ne-se-krijat-petar-grasho-i-hana-huljikj-uloveni-vo-saraevo-foto/ Mon, 25 Oct 2021 10:55:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224422

Хрватскиот музичар Петар Грашо по раскинувањето со Данијела Мартиновиќ, си најде нова љубов. Како што пишуваа медиумите, тој е во емотивна врска со ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ. Репортерите на „Аваз“ ги уловиле Хана и Петар како се шетаат низ Башчаршија во Сараево. „Дали добро испаднавме?“, кратко прокоментирал Грашо. Парот уживал на вечера во еден сараевски ресторан. Се дружеле со пријателите, а меѓу нив и словенскиот шеф Томаж Кавчич. По Сараево тие заминале на венчавка на Корчула. Музичарот пеел на свадбата, а 14 годишната Хана му правела друштво. фото: А.Сараќевиќ/аваз.ба/инстаграм/слободна далмација.хр]]>

Почина продуцентот на Џала Брат: Траперот со потресен статус се прости од својот млад пријател и соработник (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-producentot-na-dzala-brat-traperot-so-potresen-status-se-prosti-od-svojot-mlad-prijatel-i-sorabotnik-foto/ Fri, 15 May 2020 09:21:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149772

Младиот музички продуцент Ријад Фазлиќ познат под уметничкиот прекар „Колатерал“ почина во Сараево, а неговите колеги и бројни музичари се збогуваат преку социјалните мрежи. Еден од нив беше и  познатиот трапер Џала Брат, кој во приказните на својот Инстаграм профил напиша дека чувствува обврска да го соопшти следново:
„Имам обврска да го напишам ова јавно. Имам обврска јавно да ти се заблагодарам за сè што направи за мене и мојата музика, моите колеги и целата на хип-хоп сцена воопшто. Ти благодарам за се' легендо и жал ми е што не стигнав сето ова да ти го кажам в лице. Замина прерано, но барем останатвојот потпис и неизбришива трага. Спиј добро ангелу,добрите умираат млади“ - напиша Џала Брат на Инстаграм, наместо последен поздрав на својот млад пријател и соработник.
]]>

Буба Корели доживеал сообраќајна несреќа во Сараево https://arhiva.vistina.com.mk/buba-koreli-doziveal-soobrakjajna-nesrekja-vo-saraevo/ Wed, 06 May 2020 08:51:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148173

Босанскиот рапер Амар Хоџиќ познат како Буба Корели доживеал сообраќајна несреќа во една населба во Сараево. Последица од сообраќајката е мала материјална штета, а раперот и возачот во другото возило поминале без повреди, пишува „Дневни аваз“. Автомобилот на Буба Корели удрил во другиот авотмобил, но набрзо двајцата продолжиле по патот. За потсетување, младиот рапер во март исто така имаше мала сообраќајна несреќа.  ]]>

Почина кралицата на босанските севдалинки, легендарната пејачка Беба Селимовиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-kralicata-na-bosanskite-sevdalinki-legendarnata-pejachka-beba-selimovikj/ Tue, 10 Mar 2020 10:25:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138549

Изета Беба Селимовиќ, една од најдобрите пејачки или како што ја нарекуваа „кралицата на босанските севдалинки“, почина утрово во Сараево, потврди нејзиното семејство за Федералната новинска агенција (ФЕНА). Нејзиниот сопруг Џевад Шабанагиќ ја истакна Беба Селимовиќ како чувар на босанската севдалинка, која најмногу ја сакаше и и' ги посвети  животот и кариерата. „На најискрен начин, таа го збогати и го сочува нашето нематеријално богатство, како што е босанската севдалинка. Како граѓанин, велам дека нејзиното заминување е голема загуба на нашата културна сцена“ -  пренесува Радио Сараево. Беба Селимовиќ е родена на 27 март 1939 година во Требиње. Ја започнала својата пејачка кариера во Радио Сараево и брзо станала многу популарна. Многумина ја нарекуваа и „дама на севдахот“ заради нејзиниот сериозен и чесен став кон професијата, како и за нејзиното сериозно однесување на естрадата. Таа својата кариера ја посвети на изорната севдалинка, задржувајќи ја оригиналноста. Снимила значителен број архивски снимки на севдалинки  во Радио Сараево. Добила многу награди и повелби за  музички успех и помош во добротворни цели и хуманитарни концерти. ]]>