сара пројковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Jun 2021 10:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сара пројковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боса нова е ритамот што возбудува во новиот спот на Павле Камилоски – „Љубовна рапсодија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bosa-nova-e-ritamot-shto-vozbuduva-vo-noviot-spot-na-pavle-kamiloski-video/ Fri, 04 Jun 2021 10:08:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205651

Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски ја објави својата најнова песна и спот „Љубовна рапсодија“. Неговиот префинет стил и боемски шарм се одлика на спотот кој несомнено ќе ви украде воздишка и ќе ви ги разбуди сите сетила. Ритамот што возбудува го аранжираше Сашко Николовски, а текстот кој умее да комуницира со публиката го напиша Сара Пројковска, која воедно ја слушаме и како придружен вокал. Целата елеганција во оваа филмска видеоприказна ја носи Александар Ристовски – Принц, како режисер и видео продуцент, а постпродукцијата е на Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“. Мелодијата за „Љубовна рапсодија“ ја изведува извонреден тим од музичари на саксофон, флејта, труба, гитара, клавијатури, тромбон, контрабас, тапани и перкусии кои создаваат хармоничен музички баланс во боса нова стил, стилот по кој е препознатлив Камилоски. Павле лани во декември на неговиот предновогодишен концерт го промовираше својот прв авторски сингл „Такт по такт“. Интернационално наградуван и со досегашни 9 самостојни концерти, тој се истакнува како изведувач на безвременските Џез песни кои се дел од неговиот музички печат. https://www.youtube.com/watch?v=ZUQekpthhyU]]>

„Тајфата“ празнично ви (ја) подарува – „Љубов без крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajfata-praznichno-vi-ja-podaruva-ljubov-bez-kraj-video/ Mon, 08 Mar 2021 13:55:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193145

Членовите на групата „Тајфата“ ја промовираа новата песна и спотот за неа насловени „Љубов без крај”. Со денешното објавување на истата, тие  им го честитаат празникот 8-ми март на сите припаднички на понежниот пол и да им подаруваат една убава балада на сите кои се на прагот да запливаат во брачните води. „Денес премиерно ја објавуваме нашата нова песна „Љубов без крај”. За оваа тема  музиката ја напиша Владимир Богески, стиховите се на  Сара Пројковска, додека аранжманот го направија Владимир Богески и Рубин Димкоски во чие „R music studio“ и е снимена песната. Видеото го подготви Зоран Пилоски заедно „Фан продакшн”. Токму овој ден го одбравме за промоција како знак на едно мало внимание, една љубовна приказна која сакавме да им ја подариме на припадничките на понежниот пол. Барем толку сме им должни на нашите фанови со оглед на ситуацијата во која сите се наоѓаме во моментов. Се надеваме на заеднички дружби во многу подобри времиња и поопуштена атмосфера, како што сите ја памтиме.“ – велат членовите на групата. Премиерно да го погледнете видеото во кое покрај членовите на „Тајфата“ се појавуваат балерината Мила Ниновска, и актерите Ангела Стојковиќ и Илија Волчески, како и специјалниот гостин на гитара Горан Малденовски. https://www.youtube.com/watch?v=PcWetrw-dQk]]>

Бојана Скендеровски и се враќа на музиката со – „Круна“… на животот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-skenderovski-i-se-vrakja-na-muzikata-so-kruna-na-zivotot-foto/ Fri, 11 Dec 2020 12:39:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180471

Бојана Атанасовска, некогаш позната само како пејачка која имала и фестивалски победи на најпознатите македонски фестивали на забавна музика како „Макфест“, албуми и големи радиски мегахитови како „Во дилема“, на пример, а од пред неколку години Бојана Скендеровски и како успешна ТВ водителка на една од најсодржајните ТВ емисии,  насловена „Улица Македонија“. Во меѓувреме, сопруга, жена, мајка, кралица... со „животна круна“, а деновиве и со музичка... Токму онаква, како што е насловена нејзината нова песна - „Круна“ со која Бојана по паузата заради мајчинството се враќа на музичката сцена. Круна е песна посветена на секоја жена, која во животот поминала многу премрежја, за на крајот да стигне до својата цел, да ја носи својата невидлива круна, која е само признание за силата и истрајноста која ја носи во себе...“ - кусо вели пејачката и ТВ водителка во најавата за своето ново музичко остварување со автобиографски елементи, чија медиумска промоција заедно со видеоспотот за песната, ќе се случи наскоро. Музиката за „Круна“ е авторско дело на проверениот композитор и музичар Николче Мицевски, текстот е на уште исто така уште едно познато музичко лице, Сара Пројковска, а темата е снимана во студиото на „ХЛ на Дејан Момироски“. Видеото кое го реализираше нејзината „Скендеровски продукција“ е снимано три дена на три различни локации, а Бојана во него е променета во креациите на познатата македонска модна креаторка, кумановката Ива Спасовска.  ]]>