сара гигова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 May 2022 11:27:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сара гигова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сара Гигова со емотивна балада чии стихови се повеќе од – „Ранливи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-gigova-so-emotivna-balada-chi-stihovi-se-povekje-od-ranlivi-video/ Wed, 04 May 2022 11:27:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248592

По одличната „Ладно лето“ која ја објави пред неколку месеци, младата и талентирана пејачка Сара Гигова овојпат ја објавува новата тема со наслов „Ранливи“. Станува збор за одлична балада која влегува во уво уште на прво слушање, а како за претходната, така и за оваа како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски. Младата Сара која важи за еден од поголемите таленти кои се појавиле на нашата музичка сцена во последно време, вели дека многу верува во оваа песна. „Со нетрпение го очекував овој ден, бидејќи ја обожавам песната. Да бидам искрена неколку мои најблиски веќе многу поодамна ја слушнаа „Ранливи“ и морам да признаам дека ме израдуваа нивните први реакции. Се надевам дека јас, Лазар и Ена сме направиле песна која ќе допре до многумина“ - вели младата Гигова. Гигова и за оваа песна за видеоприказната соработуваше со режисерот Ѓорѓи Вацев, а истиот беше снимен во хотелот Хилтон, но и неколку локации во близина на нашиот главен град. Покрај Сара, во спотот се појавува и моделот Христијан Стојаноски. Инаку Сара вели дека нема толку долго да чека до следната песна, бидејќи како што изјави, таа веќе размислува каде ќе бидат локациите за следниот спот. Дотогаш, уживајте во „Ранливи“ и доколку ви се допаѓа, споделете, лајкнете и поддржете ги македонските артисти. ]]>

Тие се во роднинскa врскa, но немаат исти музички интереси – Сара Гигова: „Не сум во сенка на Антониа Гиговска“ https://arhiva.vistina.com.mk/tie-se-vo-rodninski-vrski-no-nemaat-isti-muzichki-interesi-sara-gigova-ne-sum-vo-senka-na-antonia-gigovska/ Sat, 16 Oct 2021 07:02:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222297

Младата и талентирана пејачката, Сара Гигова иако пее уште на 6,7 години, на публиката и стана позната со нејзиното учество во регионалните музички шоуа. Имено, на 11 годишна возраст таа се појави во „Неки нови клинци“, а потоа и во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што стигна до полуфиналето и каде што не само што го покажа својот талтен за музиката, туку добиваше и совети од стурчното жири за да биде уште подобра во работата која ја работи. Таа учествуваше и во македонскиот мјузикл посветен на Тоше, „Тајно моја“. Следуваше учеството во домашното музичко талент натпреварување „Ѕвезда број 1“ каде заврши како четвртопласирана, па првата сопствена песна „Љубовна бура“ и нејзината изведба на „Макфест 2018“. Сара кон почетокот на август ја објави и својата нова песна насловена како „Ладно лето“. Гигова сега седна на „Жешко столче“, па одговараше на разни, интересни прашања, зборуваше за нејзините искуства и придобивки од учествувањето во регионалните музички шоуа. „Морам да признам дека е огромно искуство, многу пријатели, многу подготвувања, секој настап е нов тренинг на гласот, на песни, искуство на сцена, искуство со жири, искуство со публика“, вели Сара. „Искрено мислам дека повеќе зрелост добив од „Кастинг талент шоу“ бидејќи таму работев со повозрасни луѓе околу мене. На „Пинкови ѕвездички“ беа тинејџери. Во поглед на музичко искуство, на сцена повеќе добив од „Пинкови ввездички“, а во поглед на други аспкети повеќе има искуство од „Тајно моја“. Младата пејачка откри која и е најголема поддршка во животот, но и во тоа што го работи. „„Наголема поддршка ми е семејството и пријателите. Семејството ми е најголема поддршка бидејќи знам дека што и да ми кажат, да ме искритикуваат знам дека не ми мислат ништо лошо. Се тоа е доброномерно и прифаќам се што ќе ми кажат и се трудам да го променам. Можам да ја издвојувам еве мајка ми која многу вложува енергија во мене и не сакам да ја разочарам. Татко ми и мајка ми ми се најголема поддршка“, вели Сара. На прашањето дали таа е во сенка на нејзината братучека, пејачката Антониа Гиговска која исто така беше и во „Пинкови ѕвездички“, Гигова вели: „Не, воопшто не мислам дека сум во сенка. Таа е од мене постара 4 години и е поискусна. Заедно се натпреваруваме во „Тајно моја“ и стигнавме заедно до суперфиналето и имавме дует и ги освоивме првите две награди, поглавните улоги во „Тајно моја. И уште тогаш имаше коментари, не споредуваа, јас како помлада дали одам по стапките на Анотниа. Во тој момент, на 12 години не знаев како да ги прифатам тие коментари, дали на лош начин, дали на добар. Како помина времето и јас бев на „Пинкови ѕвездички“, сфатив дека музичата е тоа што сакам да го работам во животот, сфатив дека такви коментари имало и ќе има, сега е моментот да се покажам во различно светло бидејќи мислам дека јас и Антониа сосема сме различни и како луѓе и како пејачки. Таа има различен стил на пеење, различен стил на облекување, различен стил на однесување, мислам дека сме потполно различни освен тоа што сме братучетки. На музички план немаме толку интереси, имаме различни гласови, Воопшто не се гледам во сенка на Антониа. Се надевам дека со текот на времето публиката подобро ќе ме запознае“, вели Сара. Таа откри дека не размислувале со нејзината братучетка да ги вкрстат гласовите и да снимаат дует, но таа можност не е исклучена за во иднина. Целото интервју погледнете во видеото подолу. фото: принтскрин/инстаграм/сара гигова/јутуб/жешко столче]]>

Младата пејачка Сара Гигова ја објави песната „Ладно лето“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladata-pejachka-sara-gigova-ja-objavi-svojata-prva-pesna-ladno-leto-video/ Tue, 03 Aug 2021 11:25:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213597

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за младата пејачка Сара Гигова, која токму денес ја промовира својата прва авторска песна. Можеби некои од вас се сеќаваат на Сара кога учествуваше во едно детско регионално музичко шоу, каде уште како малечко девојче ја воодушеви жирик омисијата и публиката со своите гласовни способности. Таа денеска го промовира своето првенче со наслов „Ладно лето“, на кое како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.   За оваа нејзина прва песна Сара сними и прекрасен видеоспот во режија на младиот Ѓорѓи Вацев. Спотот се снимаше на Преспанското езеро, а во него имаме прилика да ја видиме Сара во неколку различни изданија. Таа не крие дека е задоволна од тоа како звучи песната и како изгледа спотот... - Јас сум презадоволна од целиот производ. Сите знаат што имаат досега создадено Лазар и Ена и многу лесно ми беше да донесам одлука со кого да сакам да работам. „Ладно лето“ е одлична песна во модерен ритам и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати. Исто така задоволна сум и од спотот, бидејќи Ѓорѓи навистина се потруди да го добијам тоа што го замислував и јас во мојата глава. Да не должам многу, се надевам дека публиката ќе ужива и ќе ме мотивира да продолжам да создавам уште многу музика - изјави Сара. Како што кажавме погоре, Сара за брзо време ќе ја промовира и својата втора песна, а дотогаш уживајте, споделете и „лајкнете“ ако ви се допаѓа нејзината прва авторска песна. ]]>

Сара Гигова е новот музичко „чудо од дете“: Малечката братучетка ќе и го „украде шоуто“ и славата на Антониа Гиговска? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-gigova-e-novot-muzichko-chudo-od-dete-malechkata-bratuchetka-kje-i-go-ukrade-shouto-i-slavata-na-antonia-gigovska-foto-video/ Sat, 02 Nov 2019 09:54:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116062

Оние кои ги следат регионалните музички талент шоуа можеа да ја забележат уште пред неколку години, кога на 11 -годишна возраст се појави во „Некои нови клинци“ и воодушеви. И таму и секаде, каде што подоцна настапуваше на сцената со своите изведби на хитовите на познатите светски и балкански ѕвезди. По првото искуство, ја видовме и на  „Пинковите ѕвездички“ каде што собраното искуство веќе почна да го покажува, но и да ги впива советите на ѕвездите од жирито, да го вежба гласот и да ги тренира сценските настапи изведби, начинот на интерпретација, однесувањето пред публика, односот кон камерите... Едноставно стакнуваше самодоверба, додека ја поминуваше естрадната школа, полека учејќи ги сите професионални трикови! Учеството во македонскиот мјузикл посветен на Тоше, „Тајно моја“ беше заокружување на првата фаза од тукушто почнатата кариера на младата пејачка! Следуваа учеството во домашното музичко талент натпреварување „Ѕвезда број 1“ каде ќе заврши како четвртопласирана, па првата сопствена песна „Љубовна бура“ и нејзината изведба на „Макфест 2018“. Затоа за Сара Гигова може слободно да се каже дека е новото македонско, музичко „чудо од дете“!   „Новата клинка“ полека прераснува во тинејџерска убавица, која не само што одушевува со својот се поизразен глас, туку и со својот се посовршен стас! А мајката природа дала предиспозиции и за обете!  Храбра, упорна и истрајна, за оваа 14 годишна девојка допрва ќе се слушне, зашто веруваме дека ќе има што од неа да се чуе. Иако нејзиното мото е:  „Мојата цел не е да бидам подобра од било кој друг, туку да бидам подобра од порано!“, нема воопшто да изненади ако се случи Сара Гигова да и го „украде шоуто“ и славата на попознатата роднина Антониа Гиговска? Впрочем, признанието веќе почна да пристигнува и од самото семејство Гиговски. Во меѓувреме слушнете каква интерпретација денес има и како сега пее Сара Гигова: https://www.youtube.com/watch?v=FBNwQfzsV3s      ]]>