сара фешн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Sep 2018 13:17:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сара фешн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викторија Лоба ја немаше на модното шоу на „Сара Фешн“: Заштитното лице на брендот не се појави на „Дијамантската сензација“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-ja-nemashe-na-modnoto-shou-na-sara-feshn-zashtitnoto-lice-na-brendot-ne-se-pojavi-na-dijamantskata-senzacija-foto/ Fri, 14 Sep 2018 08:59:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47985

Македонската поп пејачка Викторија Лоба, чија кариера последниве две години имаше „скок од седум милји“, лани беше избрана за заштитно лице на  еден од најпознатите македонски брендови за долна облека, ноќници, чорапи, хулахопки, пижами, костими за капење… „Сара Фешн“!
Градските билборди, излозите, магазините, интернет порталита, а Бога ми и социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од пејачката, облечена во моделите на споменатиот бренд.
Ликот на Лоба ви се смешкаше или ги скокоткаше машките мечти, кога ќе ја видевте пејачката провокативно облечена токму во некое парче долна облека или костим за капење на македонскиот бренд, како сензуално го носи на себе.
Изборот на заштитното лице очигледно беше полн погодок. Така барем изгледаше рекламната кампања.
И кога дојде денот, токму „Сара Фешн“ да ја стави јаготката на шлагот со својата голема модна ревија насловена „Дијамнтска сензација“, која беше уште и  поврзана со „враќањето на ѕвездата“, ТВ магазинот „Бекстејџ“ и неговото повторно враќање во македонскиот телевизиски етер, „дијамантот“ во „сензацијата“ никаде го немаше!?
Кога сите очекуваа дека токму Викторија Лоба - заштитното лице на брендот кој со нејзиниот лик успешно ја градеше приказната, дека ќе запее на сцената која во случајов беше и модна писта, таа едноставно не се појави на нивната голема, гламурозна, славеничка модна ревија - „Дијамантска сензација“! Наместо неа, таа улога ја имаше Јана Бурческа!?
За да биде мистеријата уште поголема, распеаната русокоса Русинка со македонски пасош, ја немаше ниту меѓу присутните гости на забавата? Поканети или непоканети, сеедно!
Дали тоа, сексапилната блондинка си ги одработи спонзорските обврски кај македонски бренд и толку? Ама дури и да е така, останува нешто белким и потоа? Или „тиквата пукнала“ уште пред тоа, па соработката завршила неславно? Или можеби Лоба во моментов не беше во земјава, па  „заштитното лице“ не можеше да ги стави „своите усуги“ на располагање, тогаш кога најмногу му требаше на брендот од чиј асортиман на облека не излезе цела година?  Одговорот го должат, обете страни!
Како и да е едно е сигурно: пејачката ја немаше на „Дијамантската сензација“, а според многумина токму Лоба беше „дијамантот“ чие отсуство фрли сенка на гламурот со кој брендот таа вечер дефилираше.
А токму таа беше и „скапоцениот камен“ во нивната последна и се чини најголема рекламна кампања до сега!
Останува прашањето, дали  ѕвездата ќе се врати? Кај оние што ја избраа за нивно заштитно лице!
]]>

„Бекстејџ“ одново во етерот: „Дијамантска сензација“ за враќање на ѕвездата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdz-restartuva-vo-eterot-dijamantska-senzacija-za-vrakjanje-na-dzvezdata-foto/ Fri, 14 Sep 2018 07:56:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47927

Ѕвездата се врати во Македонија. Најгледаниот, најдобриот и најпопуларен ТВ магазин „Бекстејџ“ повторно ќе го има во македонскиот телевизиски етер. А со тоа и естрадата и естрадните настани, културните и спортски збиднувања, модата, шоу бизнисот... со еден збор сето она што на некој начин е забава и повеќе од тоа одново ќе има свој соодветен телевизиски третман, на еден поинаков, само ним својствен начин кој гледачите ги „лепи за ТВ екранот“!
Враќањето на „ѕвездата“ како што отсекогаш „бекстејџовци“ знаеле да го направат - гламурозно. Овој пат спој на убаво и корисно - враќањето во спрега со јубилејот на еден од најпознатите македонски брендови за долна облека, ноќници, чорапи, хулахопки, пижами, костими за капење... „Сара Фешн“ инивната гламузрозна модна ревија насловена „Дијамантска сензација“.
Прославата во ресторанот Парк ( 13-ти септември 2018 од 20 ч.) во стилот на забавите на „Викторија Сикрет“... само, на македонски начин. Поканети званици, а внатре двојно повеќе од оние што добиле покани... Сите што вечерта излегле во град и слушнале или разбрале дека се случува нешто на споменатата локација - дошле! Оди, па  врати ги на врата, да те видам?
Сепак, она што можеше да се види вечерта беше доволно гламузрозно, за македонски услови. Модна ревија на најрепрезентативното од палетата производи на споменатиот моден бренд, со манекенки  од соседна Србија и најпознатото македонско модно студио „Црнокрак“.
Ревијата замислена по теркот на светските и споменатата „Викторија и нејзината тајна“...
А тајната се состоеше од бенд, жива свирка и две познати македонски музички имиња од помладата генерација - Јана Бурческа и Виктор Апостоловски, кои на пистата заедно со манекенките, изведуваа светски хитови додека течеше модното шоу, кое стандардно добро го водеше Марјана Станојковска.
На крајот од ревијата, кусо спакувана видеосторија за “враќањето на ѕвездата“ со навраќање во минатото, како потсетување за мотивот за враќање во иднината... која на „Бекстејџ“ му  претстои, во следење на настаните на и зад сцената. Овој пат, секој ден по 22.00 часот на „ТВ Канал 5“.
Водителската двојка на „Бекстејџ“ - Миа Костова и Миро Кацаров за крај ги отпоздравија присутните, најавувајќи го официјалниот почеток на рестартот на ов ТВ шоу...
...заедно со Марјана која патем, исто така беше една од водителските ведети на „магазинот од зад сцената“ во неговите зачетоци.
За крај, опуштена коктел забава за сите присутни. Афтерпарти за дружење, размена на мислења, искуства, договори... од секаков вид. Работни и приватни!  До доцна во ноќта! Дијамантска сензација за враќање на ѕвездата... на убаво осмислен начин!