Сара Ароесте – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Aug 2022 10:31:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Сара Ароесте – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Американката со македонско потекло Сара Ароесте на турнеја низ Македонија – „Од Битола појдов“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/amerikankata-so-makedonsko-poteklo-sara-aroeste-na-turneja-niz-makedonija-od-bitola-pojdov-video/ Fri, 05 Aug 2022 10:31:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261644

Американската етно и латино пејачка со македонско потекло, Сара Ароесте, ја промовираше преработката на познатата народна песна „Од Битола појдов“ со која ја започна турнејата низ Македонија. Имено, Сара на 22-ри јули настапуваше на „Локум фест“ во Битола, на 24-ти јули на „Охридско лето“ а на 27-ми јули на „Скопско лето“. Сара потекнува од еврејско семејство од Битола, кое до Втората светска војна живеело на самиот Широк сокак. На преработката работела екипа од Македонија и Израел, а проектот е сниман минатото лето пред некогашната семејна куќа на предците на Сара во Битола. Македонски продуцент е Мими Марковски а свој креативен придонес дале Сефедин Бајрамов и Вевки Амедов како придружни вокали, односно Амедов и како придружба на кларинет. Спотот кој можете да го погледнете е исто така сниман од македонска екипа, а пост-продукцијата е доработена во Израел. фото:Јутјуб принтскрин]]>