сапун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 02 Oct 2023 10:36:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сапун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Обичниот сапун полезен за осум вообичаени активности околу домот https://arhiva.vistina.com.mk/obichniot-sapun-polezen-za-osum-voobichaeni-aktivnosti-okolu-domot/ Mon, 02 Oct 2023 12:15:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320605

Иако местото му е во бањата, сапунот не мора да се користи само за лична хигиена. Има и поширока примена во куќата и домаќинството. Следат осум примери за користење на обичниот тврд сапун со што се користи енергија, време и пари. 1. Спречува замаглување на огледалата и очилата На чисто и целосно суво огледало, се втрива сапун преку стаклото. Не се додава вода, а трагите се отстрануваат со сува крпа. Следното туширање, нема да има замаглување. Ова важи и за очилата, и за вид и за сончање. 2. За полесно склопување на мебелот Без оглед дали стручно или лаички се работи на полици за книги, навртувањето завртки во дрво може да биде тешко. И тоа се олеснува со премачкување на колчето на завртката со малку сапун. 3. Сапунот ги штити растенијата За тоа, се закачува парче сапун на гранка, или пак, грубо се втрива во почвата, со помош на мрежа или стара крпа за да се одвратат штетниците. 4. Полесно шиење Сапунот тука служи за да се обележат рабовите и линиите на шевовите. А пак, со ставање на иглата во сапунот, таа уште полесно ќе се лизгаат низ ткаенината. 5. Како домашно средство за перење Сапунот е суштинска состојка на домашното средство за перење. Се додава малку сода за перење, боракс и сода-бикарбона. Ова значи и заштеда на пари. 6. Сапунот го олеснува чистењето на металните садови за готвење Пред да се стави алуминиумското тавче на камперски оган на отворено, истријте го дното со влажен тврд сапун за полесно чистење на саѓите. 7. Заштитете го дрвениот мебел од домашни миленици Ако во домот има куче кое џвака мебел, советот гласи – премачкајте ги ногалките и дрвените рабови на мебелот, со парче сапун за да се спречи оштетување. 8. Го отстранува чкрипењето Сапунот е полезен и за шарките на вратите и шкафчињата кои чкрипат. Само треба да се втрие суво парче сапун кај местото што го испуша непријатниот звук. Тоа нанесување можеби ќе треба да се повторува, по потреба. Извор: Курир.мк]]>

Зошто жените масовно нанесуваат сапун на веѓите? Вака може да го следите и вие овој моден тренд! https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-zhenite-masovno-nanesuvaat-sapun-na-vegite-vaka-mozhe-da-go-sledite-i-vie-ovoj-moden-trend/ Thu, 25 May 2023 11:13:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303611

Тркалото на модата секогаш се врти, па сега одлучи дека е „ин“ да имате дебели и природни веѓи. Поради оваа причина, многу дами сега одеднаш сакаат природно подебели веѓи, па наоѓаат различни начини да ги добијат. Сепак, иако постојат неколку методи, тие се разликуваат доста и одат од крајност до крајност – додека некои се болни и прилично скапи, други се малку бизарни. Додека многу жени користат молив за да ги „цртаат“ веѓите, други одат кај професионалци и ги тетовираат – понекогаш мора да страдате за убавина. Но, што прават дамите кои сакаат да ја избегнат болката? Тие користат сапун! За почеток, земете го омиленото моливче или сенка за веѓи и обликувајте ги на вообичаен начин. Потоа исчешлајте ги со четка за веѓи, па минимално намокрете го сапунот и четката за веѓи истријте ја на него, но внимавајте слојот од сапун што ќе се „залепи“ за неа да биде тенок. Со четката исчеткајте ги веѓите нагоре во насока во која растат влакната. Не заборавајте да го исчешлате и горниот дел од веѓите, а кога ќе ја добиете посакуваната форма и густина, сето тоа убаво натапкајте го со прстите. Извор: Курир.мк]]>

Дерматолозите препорачуваат: Сапунот и геловите за туширање треба да се користат само на овие делови од телото https://arhiva.vistina.com.mk/dermatolozite-preporachuvaat-sapunot-i-gelovite-za-tushiranje-treba-da-se-koristat-samo-na-ovie-delovi-od-teloto/ Mon, 19 Jul 2021 13:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211610

Повеќето луѓе сметаат дека е исправно секојдневното туширање со гелови за туширање и шампони, но лекарите предупредуваат дека тоа е една од оние заблуди на кои сме склони и дека таквите препарати се користат само за одредени делови на телото. Дерматолозите предупредуваат дека пречестото туширање, особено со разни средства за лична хигиена прават повеќе штета отколку што ѝ користат на нашата кожа. Некои лекари советуваат во текот на туширањето да истриете со сапун само 3 делови од телото и тоа пазувите, препоните и стапалата, додека остатокот треба да го исплакнете само со вода. Д-р Сенди Скотницки од универзитетот во Торонто тврди дека миењето на целото тело со препарати од глава до пети може да доведе до кожни проблеми како егзема. „Пазувите, препоните и стапалата се делови од телото на кои кожата е особено чувствителна, па затоа се склони кон создавање на габи и враснати влакна кои можат да доведат до инфекции“, истакнува Скотницки. Со неа се сложува и основачот на Центарот за жени во Мериленд, д-р Чеви Чејзу кој тврди дека редовното користење на сапуни и купки во текот на туширањето ги уништува корисните микробиоми кои потоа не ја знаат разликата помеѓу добрите и лошите бактерии. „Рацете треба редовно да ги миете со сапун, а покрај нив, средствата за хигиена треба да ги користите често само за пазуви, препони и стапала“, додава Чеви. Тој истакнува дека останатите делови треба да се испираат само со вода, дури и по напорниот тренинг. „Во прилог на тоа говори и истражувањето од 2018 година, објавено во списанието „Science Advances“, кое на кожата на испитаниците открило и сој на бактерии кои се поврзуваат со намалување на ризикот од рак на кожа, кој сапунот и купките го отстрануваат, а водата не“, наведува докторот. извор: точка.мк]]>

Која е разликата помеѓу сапунот и антибактерискиот гел? https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-razlikata-pomegju-sapunot-i-antibakteriskiot-gel/ Fri, 13 Mar 2020 12:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139363

Миењето на рацете не ги убива бактериите, но го намалува нивниот број на рацете. Сапунот и водата се поефикасни од геловите за дезинфекција, особено кога рацете ви се видливо валкани. Сапунот и антибактерискиот гел се наменети за различни околности. Иако е добро да имате гел за дезинфекција на рацете додека патувате, ништо не е толку ефикасно како темелното миење на рацете со обичен сапун и вода. Разликата помеѓу сапунот и антибактерискиот гел ја објасни Алекс Березов, микробиолог и потпретседател на американскиот совет за наука и здравје. Ефикасност на сапунот Можеби ќе се изненадите кога ќе прочитате дека сапунот не ги убива бактериите. „Сапунот е детергент и затоа прави толку многу пена. Детергентите ги отстрануваат нечистотиите од вашите раце исто како што се отстранува мрснотијата од садовите“, вели Березов. Миењето на рацете не ги убива бактериите, но го намалува нивното присуство на вашите раце. Сапунот и водата се поефикасни од геловите за дезинфекција, особено кога рацете ви се видливо валкани. По јадење, по спортување или ако рацете ви се извалкани и мрсни, гелот за дезинфекција не е толку ефикасен. Навлажнете ги рацете со вода, а потоа мијте ги со сапун најмалку 20 секунди, а најдобро е една минута. Задолжително исчистете ги под ноктите, на горниот дел од дланките и просторот меѓу прстите. По нанесувањето сапун, измијте ги рацете и потоа веднаш избришете ги со чиста крпа. Бидејќи микробите полесно се пренесуваат на влажни раце, важно е да ги исушите рацете веднаш штом ќе завршите со миењето. Сапунот и водата ефикасно ќе го спречат ширењето на вирусите и на бактериите. Ефикасност на средствата за дезинфекција Антибактерискиот гел е добра резерва ако немате пристап до сапун и вода. Но, потребна е соодветна техника за тој да има ефект. Луѓето најчесто не користат доволно гел или не го нанесуваат правилно. Нанесете гел на едната дланка и темелно нанесете го по целата површина на двете дланки додека не се исуши. Користете ја препорачаната количина наведена на производот. Средствата за дезинфекција на рацете ги убиваат бактериите, но не сите. Еве од што не можат да ве заштитат: Криптоспоридиум – паразитна инфекција која може да предизвика гастроинтестинални и респираторни проблеми. Норовирус – вирусна инфекција која може да предизвика повраќање и дијареја. Clostridium difficile – бактериска инфекција која може да предизвика нарушување на функцијата на цревата и воспаление. Средството за дезинфекција треба да содржи најмалку 60 проценти алкохол. Најдобрата концентрација е помеѓу 60 и 95 проценти. Сè што е помалку од тоа нема да биде корисно бидејќи не ги убива бактериите, само го намалува нивниот раст. Преголемата употреба на антибактериски гелови има свои недостатоци. Честото користење гел може да предизвика сушење на кожата на рацете и тие може да испукаат и да почнат да крварат. Заклучок Сапунот е детергент кој ги отстранува микробите, додека алкохолот во антибактериските гелови ги убива бактериите. Сапунот и водата се најефикасни во отстранувањето на бактериите. Микробите што не можат да бидат убиени од средствата за дезинфекција, ќе ги отстраните од вашите раце со сапун и вода. Се препорачува користење антибактериски гелови на база на алкохол со концентрација од 60 проценти или повеќе само ако не ви се достапни сапун и вода. Ако рацете ви се валкани, најдете пристап до проточна вода и сапун бидејќи гелот можеби нема да ви користи многу кога имате видливи нечистотии на рацете. Чистиот сапун и вода се сè уште најдобрата одбрана против бактериите. Мијте ги рацете постојано и особено внимавајте ако се грижите за некој што е болен за да спречите ширење на болеста. извор:кафепауза.мк]]>

Ставете по еден сапун во секоја соба дома, а задолжително понесете и на одмор: Никогаш нема да се сетите за што сè помагаат https://arhiva.vistina.com.mk/stavete-po-eden-sapun-vo-sekoja-soba-doma-a-zadolzitelno-ponesete-i-na-odmor-nikogash-nema-da-se-setite-za-shto-se-pomagaat/ Mon, 29 Jul 2019 11:30:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99706

Иако најчесто сите го чуваме во тоалетот, сапунот има бројни примени кои воопшто не се поврзани со хигиената, па затоа треба да имате по еден сапун во секоја соба. 1. Убоди од инсекти Доколку ве мачат убоди од инсекти, намокрете го сапунот и протријте го од местото каде што се наоѓа убодот. 2. За подмачкување предмети Доколку чкрипи вратата, фиоката или подот, протријте сув сапун на местото и уживајте во тишината. 3. За одглавување заглавени работи Прозорите кои се заглавиле може да ги подмачкате со сув сапун за лесно да се одглават. 4. Отстранување непријатни миризби Наместо да користите миризливи свеќи, освежете го својот плакар, фиока ставајќи сапун таму каде што сакате да мирисаат облеките. 5. Отстранување флеки Ако имате жолти траги на крагњата или некои точки на облеката, намачкајте сапун преку нив и оставете го така се до перењето на облеката. 6. Тесни чевли Тврда кожа? Намачкајте сапун на деловите каде што ве стегаат чевлите, како што се горниот внатрешен дел и аглите. Извор: курир.мк]]>

Дали ако се измиете со туѓ сапун може да се заразите од бактерија? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-ako-se-izmiete-so-tugj-sapun-moze-da-se-zarazite-od-bakterija/ Fri, 10 May 2019 13:30:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87229

Дали можеме да го загрозиме своето здравје со употреба на туѓ сапун? „Дали ќе се заразам со бактериите од сите оние кои пред мене се измиле со овој сапун?“, ова прашање сигурно некогаш ви поминало низ глава во некој јавен тоалет или слична просторија која не е ваша, а здогледате сапун за миење раце. Експертите не уверуваат дека не треба многу да се грижиме. Меѓутоа, „најстрогата“ струдија која се занимавала со ова прашање била направена во далечната 1965 година. Во неа научниците спровеле низа експерименти во кои намерно ги заразиле своите раце со повеќе од пет милиони бактерии. И тоа сите биле сериозни бактерии, како ешерихија коли. После изложување на бактериите, научниците ги измиле рацете со сапун, а потоа, истиот тој сапун (станува збор за тврд сапун) му го дале на друга особа за да и таа ги измие рацете. Откриле дека на тој начин бактериите не се пренеле врз друг корисник. „Нивото на бактерии кои можат да се појават врз сапунот, дури и во екстремни услови на користење, не претставува опасност по здравјето“ – нагласиле тие. Овие податоци ги потврдило и следното истражување спроведено во 1988 година кое го нарачале произведувачи на сапун. Тие парчињата сапун ги „заразиле“ со патогени бактерии, во овој случај со ешерихија коли и псевдомони, а 16 испитаници ги измиле рацете со таквиот сапун. После миењето, кај ниеден од испитаниците не биле детектирани бактерии на рацете. Заклучиле дека постои „само мал ризик во рутинското миење на раце со претходно користен сапун“. Студиите кои после тоа повремено биле спроведувани аа оваа проблематика, пронашле присутност на бактерии врз сапуните, но ниедна не покажала дека токму тој сапун е извор на инфекција. Напротив, неодамнешните студии и натаму ја потврдуваат способноста на едно едноставно парче сапун да ја победи инфекцијата, па дури и во текот на големи епидемии како оние на ебола вирусот. Затоа, со право се поставува прашањето, дали е подобро да се користи течен сапун или оној во цврста состојба? Уште од 80-тите години на минатиот век научниците се занимаваат со разни противречности кои се однесуваат на ова прашање. Многу несогласувања се воделе околу бројот на пронајдените бактерии врз површината на сапунот или садот во кој се наоѓа оној течниот. Меѓутоа, и натаму клучното прашање не е дали се присутни бактериите (бидејќи да, тие се присутни), туку дали тие претставуваат ризик од инфекции. Центрите за контрола и превенција од болести сметаат дека миењето на раце е првата и најважната линија на одбраната од инфекции, па го поддржуваат и течниот сапун и оној тврдиот. Единствената грешка која можете да ја направите е од страв за да не се заразете (кој е неоснован страв) да не ги измиете своите раце. Па дури и доколку на располагање го имате оној тврдиот сапун а не се наоѓа во вашата бања. извор:република.мк]]>