сања сани гроздановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Dec 2022 08:49:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сања сани гроздановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сани Гроздановска е „фолк икона“: Ја чуваат како грофица, ја сакаат како светица! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-e-folk-ikona-ja-chuvaat-kako-grofica-ja-sakaat-kako-svetica-foto/ Sat, 03 Dec 2022 08:38:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231021

Сања Сани Гроздановска низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕведа. Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм и нескротлив сексапил, Сани е некрунисана кралица на забавата во ноќните локали, клубови и кафеани. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи... Атрактивната кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа дури и не мора лично да ја познавате. Доволно да сте и пријател само на социјалните мрежи, каде нема ден да мине, а Сани да не ве насмее, расположи, а Бога ми и наежи... Од шеги, расната фолкерка најмногу ги преферира оние на своја сметка. Во тоа е и нејзината големина, во која предничат: Физички  - „бујната предница на цицлестата убавица“, карактерно - непосредноста и искреноста! Кога е тивка пак, најмногу е гласна. Бидете убедени дека Сани „вреска“ и кога најмногу молчи. И навистина, нека не ве изненадаува... Зашто на Сани веќе во следниот момент може нешто да и падне на ум, нешто што кога ќе и текне... Подобро да не и текнува! Ама затоа на сексапилната кумановака им текнува на нејзините обожаватели. Оние кои ја сакаат, почитуваат, знаат како заедно со неа да се забавуваат, на настапите и свирките и доаѓаат, со неа пеат, пијат, плачат, играат, се веселат или тагуваат, во зависност кому каква му е вечерта, среќата во љубовта, емотивната состојба, кому колку срцето му трепери, му се радува или тагува душата...?! За нив Сани Гроздановска е повеќе од фолк певица, за нив таа е нивна фолк светица... Така ја доживуваат, па таква фотографија и споделуваат... Тие со неа, таа со сите останати преку социјалните мрежи. „Света Сани боемска, фолк Гроздановска“ - заштитничка на микрофонот, бакшишот и заводливоста. Така стои во описот на необичната фотографија, на која пејачката е прикажана како фолк икона. Монтажа која ја направил некој од нејзините обожаватели, кои Сани исто толку си ги обожава! Конечно, кај Сани ништо не е случајно, па ниту новиот прекар: „Фолк икона“ која  ја чуваат како грофица, а ја обожаваат како светица! Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja      ]]>

Сани и другарките плажата ја „превртеа наопаку“: Златното грло на пејачката и стројните Македонки ги засенија останатите девојки (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-i-drugarkite-plazata-ja-prevrtea-naopaku-zlatnoto-grlo-na-pejachkata-i-strojnite-makedonki-gi-zasenija-ostanatite-devojki-foto/ Fri, 22 Jul 2022 10:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259762

Сања Сани Гроздановска, една од најпопоуларните македонски фолк пејачки, по враќањето од австралиската турнеја, замина на Црногорското приморје да се одмори и батериите да ги наполни за новите работни предизвици! Хиперактивна како во животот така и на социјалните мрежи, Сани не би била таа што е, ако не умее да ги изненади своите фанови и следбеници со најнови фотографии и снимки на социјалните мрежи. Сани со женско друштво е во Будва. Пејачката со другарките опуштени на плажа, уживаат секако, додека забавата е пуштена на најјако! Кога сонцето ќе дојде највисоко на хоризонтот и ќе почне немилосрдно да пече, фештата никако не престанува и не се оди на дремка... Журката само се дислоцира - под сенка! Најпрвин топтан сите на меката софа за лежење, на која очигледно не само се лежи,  туку и се скока, танцува, пее, пие и забавува... Другарките на Сани,  која повеќе, која помалку позната, ама затоа пак, која од која позгодна, посекси и постројна. Онака стегнати во костими за капање, која во едноделен, која во бикини, разиграни распеани со растресени облини веднаш го свртеа на себе целото внимание на плажата. Од македонските убавици особено не се симнуваа „влажните машки погледи“ на стројните момчиња, што домаќини, што туристи дојдени од различни краеви на бившата заедничка татковина - Југославија! Предводени од Сани,  со своето весело и опуштењо однесување стројните Македонки ги засенија останатите девојки. Сепак, вистинското лудило се случило во моментот кога момчињата од „Лапсус бенд“ кој ја забавуваат плажата, на Сани и ја погодија песната. Тогаш македонската фолк убавица, понесена од професионалната навика да не може да одолее да слушне песна, а да не запее, фаќајки го трендот им се придружи на музичарите од бендот. Некои беа толку погодени од песната по што паднаа во љубовен севдах, јавно искажувајќи ја својата потреба и мерак! А наша Сани за час стана новата „бич стар“ атракција, доведувајќи го расположението до кулминација! Долгоногата, цицлеста кумановка со златно грло, ги собра сите околу себе, како во трло! Забавата на плажата прерасна во фантастична дневна журка до лудило, спонтано исценирана, без да биде однапред договорена и планирана! За хејтерите, односно сите оние кои мислат поинаку, дека пејачката „со сила му се упикала на бендот“, сакајќи да им го украде шоуто, ама работата ја утна... Сани за нив има „срдечен поздрав“ од Будва! Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja]]>

Оние што ја познаваат, знаат дека Сани оддамна е „соло“, а сега пејачката и јавно проговори за разводот од вториот сопруг: Кариерата никогаш поблескава, во бракот никако да и тргне! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/onie-shto-ja-poznavaat-znaat-deka-sani-oddamna-e-solo-a-sega-pejachkata-i-javno-progovori-za-razvodot-od-vtoriot-soprug-karierata-nikogash-pobleskava-vo-brakot-nikako-da-i-trgne-video/ Fri, 18 Mar 2022 08:13:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243485

Сања Сани Гроздановска навистина има чудна ѕвезда, необична харизма, ореол над главата кога е музиката во прашање. Атрактивната кумановка  со годините стана една од најпознатите, најбараните, најпосакуваните фолк пејачки кај нас, но и една од неконтроверзните, чија кариера и особено приватниот живот неретко е во фокусот на јавноста на медиумите. Сани професионално зад себе има дузина фолк хитови, а приватно два, за жал ( или за нејзина среќа?), два пропаднати брака. Оние што одблизу ја познаваат знаат за каква душа се работи, но очигледно „има некој ѓавол“ што постојано се појавува за приватно „да и ја расипе работата“ кога е љубовта во брачните води во прашање, па и таа заедно со нејзините бракови, засега имаат „тетрапак“ рок на траење... Краток и лимитиран! Дали природата на професијата ја поттикнува љубомората, која станува неиздржлива, па се прелева во брачни несогласувања, или можеби „посилната половина“ е таа што го поттикнува неверството, додека пејачката заработува за семејството... Се разбира, ако е неверство воопшто причината за „брачните бродоломи“ на пејачката, а не „неподносливата  непремостивост на разликите“ во карактерите на брачните сопружници! Како и да е, да имаш убава, згодна, атрактивна, секапилна, притоа уште и успешна пејачка за сопруга е секако „меч со две острици“.  Од една страна „Божји благодет“, од друга страна, своевидно „проклетство“? Во зависност од тоа, кој како ги доживува нештата! Иако никој не е баба Ванѓа однапред да ги предвиди работите, сепак важи и она, дека во старт треба да знаете со кого стапувате во брак и да сте подготвени на сите предизвици, па и на оние што професијата на брачниот другар ги носи... Или што би рекле оние од К-15:  „Шо мислеше, ка се онадеше?“ Но што и да е, приватно - животот оди понатаму, професионално - шоуто мора да продолжи! Оние што ја познаваат, знаат дека Сани оддамна е „соло“, иако дури сега пејачката и јавно реши да проговори за разводот од вториот сопруг. Кариерата никогаш поблескава, во бракот никако да и тргне... Засега! На темата бракови и разводи, растежот на кариерата, кој и ја купи новата „мечка“... и уште многу (не)потврдени трач приказни за жената,  дознајте од од прва рака, пред камерата на „ТВ магазинот од зад сцената“, од  самата неа - атрактивната македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска: ]]>

Сани ли е или Анџелина Џоли? Доволен е еден поглед за да видиш што ти прават добра фризура и шминка или потребна е рентген снимка? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-li-e-ili-andzelina-dzoli-dovolen-e-eden-pogled-za-da-vidish-shto-ti-pravat-dobra-frizura-i-shminka-ili-potrebna-e-rentgen-snimka-foto/ Fri, 28 Jan 2022 08:55:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236614

Македонската пејачка Сања Сани Гроздановска „не е жива“ ако не изненади со некоја своја постапка, слушка, изјава, коментар... Или како овој пат, само со својата „нова“ појава! Имено, фолкерката сподели фотографија на социјалните мрежи на која како да не е таа... Полни усни долга испеглана коса, беспрекорнна шминка и поглед на кој би паднале дури и оние што... „не се по жените“! Едноставно заводливо, или поточно кажано - совршено! Многумина прокоментираа дека Сани која ионака е вистинска убавица , сепак волку перфектно никогаш не изгледала. Едни се прашуваа дали е во прашање фотошоп или соврешен мејкап, други тврдеа дека ова не е Сани, туку само некоја што личи на неа, додека трети ја опсипаа со комплименти и коментари: „Сани ли е или Анџелина Џоли, зашто на моменти на фотографијата македонската фолкерка навистина потсетува на славната светска актерка! Мислењата на другите се важни, ама на оние најблиските, на кои најмногу им веруваш веројатно се најбитни! Зашто тие отворено можат да ти кажат без да те излажат, без да се стегаат, воздржуваат и срамуваат, зашто белким ти го мислат и посакуваат најдоброто. Освен во еден случај - доколку најдоброто немаат намера да ти „плеснат в лице“ - онака, шеговито, за твое добро! А кога е  музичарот, познатиот скопски боем и меанџија Трајче Толевски во парашање се' е за очекување! Еден од најдобрите пријатели на пејачката, ама и познат како голем мајтапџија, кој со неа постојано има некакви „пријателски препукувања, закачки и јадачки“, беше прашан од еден од пријателите од естрадниот еснаф, Ване Петковски од ИНТВ продукција, за стручно мислење за новиот имиџ и стајлинг на Сани Гроздановска: „Трајче Толевски, ваше стручно мислење околу шминката, фризурата и стајлингот?“ На тоа Трајче пред да даде конечен суд и  мислење, одговори со барање за поопсежна, субспецијалистичка анализа: На вакавата констатација Сани засега молчи. Ништо не одговорила... Не барем конкретно на Трајче... Или можеби сепак не е баш така, зашто она што последно го споделила во своите Инстаграм приказни можеби токму се однесува на него, како своевиден одговор на пејачката по принципот на онаа народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“  или во превод, повиканиот сам ќе си се препознае во нејзината констатција наместо одговор: „Некои само со поглед ќе ви покажат колку сте посебни... Некои не знаат ни со зборови“!  А можеби ни со рентген снимка? Фото; Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.grozdanovskasanja/]]>

Сања Сани Гроздановска се преиспита, па сфати каде се зафркнала: Погрешна доза, памет за друг пат и… кафено лажиче секогаш при рака!  https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-sani-grozdanovska-se-preispita-pa-sfati-kade-se-zafrknala-pogreshna-doza-pamet-za-drug-pat-i-kafeno-laziche-sekogash-pri-raka/ Thu, 07 Oct 2021 07:58:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222076

„Ех, да можам да се вратам назад во минатотото, да можам да го вратам времето, ех да ми е овој памет, а оние години...“ - се едни од најизустените  крилатици или флоскули што речиси секојдневно сите ние ги повторуваме.  Од носталгија по минатото, по убавите стари добри времиња, или како апсолвирано искуство кое заради неискуство сме го доживеале, „погрешно“ постапиле или  поразлично направиле, а требало поинаку!  Или што би рекле: „На грешките се учиме“, ама најскапо се плаќаат оние - сопствените! А кога веќе скапо ќе ја платиш цената, барем извлечи ја поуката за грешката да не ти се повтори... Зашто повторувањето е мајка на знаењето, ама само за оние што знаат како, а за оние што не знаат, е во најмала рака,  „мајка на пропаста“! Зашто перманентно повторените грешки повеќе не се случајност, туку стануваат „стил на живот“... Но, не онаков, каков што сте си го замислувале и посакувале, напротив - пеколно спротивно од тоа! Затоа сите ние ако веќе грешиме, ( а безгрешни нема), посакуваме барем на грешките да учиме! И секако, да можеме да се вратиме во минатото и да си дадеме себе си некој совет... Ама за жал, совет - ДА, но само за во иднина! Токму оваа тема деновиве ја апсолвираше македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска... Што би било кога би било, односно кога би можела да се врати во минатото, каков совет „со овој памет сега“, тогаш би си дала? И и на пејачката текна... Од прва. Сани укапира дека проблемот за сите недоразбирања бил во погрешните „дозирања“! Не е во прашање ни грешна дијагноза, ниту лоша поза, туку „погрешна доза“. Наместо со кафено лажиче, со кутлача... И ете ти ги сте проблеми, превирања и недоразбирања! Значи: Со лажиче , а не со кутлача... Се разбира ако веќе мораш да го „конзумираш“ она што и баш не е за конзумација во секоја ситуација! Како и да е, „после 'онадуење' нема каење“ - вели  една урбана поговорка. Ама затоа има - памет за друг пат... И кафено лажиче, секогаш при рака! Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja  ]]>

Македонската пејачка се соблече во Дојран на плажа, па покажа… Сани е позгодна и од лани! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-pejachka-se-sobleche-vo-dojran-na-plaza-pa-pokaza-sani-e-pozgodna-i-od-lani-foto/ Wed, 14 Jul 2021 07:06:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210955

Пеколните горештини не натераа сите да бараме чаре некаде под сенка, под ладовина, а преку викендите или за време на одморот, најчесто покрај вода! Така беше и деновиве кога покрај сите „обични луѓе“ на ладење заминаа и поголем дел од  естрадните ѕвезди, кои иако навечер настапуваат, преку ден и тие се души кои треба да се освежат, рзладат, рефрешираат, ревитализираат... Со еден збор, нова енергија да акумулираат! Македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска не беше исклучок... Ги собра ќерките и нивниот дедо и правец - Дојран. Најмалото наше езеро како иделно место, совршена дестинација за викенд релаксација и на пејачката и на фамилијата. И додека подмладокот со дедо се капеше и заедно уживаа во базенот, мама Сани ги остави сами, па реши и малку поинаку да го помине денот. Пејачката застана да се исуши и исонча покрај езерскиот брег, па така влажна ги собра сите погледи... Особено оние машките, а и кадрите на фото-објективот на мобилната камера која ја долови летната езерска атмосфера во неколку жешки пози, од обата смера: И однапред и одзади! Македонската пејачка се соблече во Дојран на плажа, па многу што покажа...  Ем атрактивна, ем сексапилна, со затегнато тело, нејзината добро позната, раскошна и бујна предница и овалната, заоблена задница... Дефинитивно Сани е позгодна и од лани! Промоција на сите атрибути во пет минути и доказ дека иако има два пати родено, на неа сепак се' е  речиси совршено... Добро, секако дека не постои идеално, ама затоа она што е овално, е максимално привлечно, пожелно, секси... За „полни машки очи“ и „лечење“ туѓи, женски комплекси! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja]]>

Пејачката Сани Гроздановска доби секси роденденски подарок, го покажа, ама не го проба… или го проба, а неговата моќ ја почувствуваа и машки раце? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-sani-grozdanovska-dobi-seksi-rodendenski-podarok-go-pokaza-ama-ne-go-proba-ili-go-proba-a-negovata-mokj-ja-pochuvstvuvaa-i-mashki-race-foto/ Wed, 26 May 2021 07:24:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204013

Роденден е денот што го чекаме, цела година... Та биле деца мали или возрасни, сеедно, денот мора да се прослави, во зависност од условите, околностите и можностите. Коронапанедемијата полека како да стивнува, но масовните дружби се' уште не се дозволени, па затоа македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска роденденската прослава ја организираше поскромно, но сепак славје имаше. И тоа каде, ако не кај нејзиниот најдобар пријател, колега и соработник, Трајче Толевски во неговата кафеана, која и се погоди како измислена за роденденската прослава на пејачката. А стариот „скопски боем“ знае како тоа да го направи, особено кога се во прашање драги колеги и колешки, па на Сани и приреди роденденска организација за фасцинација: И амбиентот и храната, а Бога ми и газдата - топ, како што славеничката и сама ги пофали Трајче и неговата кафеана, „Камин кама“. Но, за топ прослава, потребна е и топ гардероба, па роденденскиот стајлинг Сани и го препушти на нејзината исто така пријателка и сограѓанка, проверената модна дизајнерка Ива Спасовска и нејзиното модно атеље „Ива“.  Двете кумановки оддамна се познаваат и соработуваат, па затоа дизајнерката најдобро знае на фолкерката да и ја земе  мерката, па што се вели и без проба да и стокми совршена гардероба. Онаква, каква што најдобро на Сани ќе и прилега за славеничка прилика. Затоа пејачката ја посети својата сограѓанка во нејзиното модно катче, па проба неколку варијанти, чисто онака, за илустрација, за да види во која комбинација изгледа како вистинска роденденска грација?! На вито тело  му прилега и посмело парче, можеби ултра кусо со шлиц од страна и отворен грб што ја покажа големата тетоважа на Сани, која сепак се одлучи за малку поинаква, исто толку смела, но поелегантна комбинација. Патем, не изостана ниту роденденскиот подарок од „кројачката“ за пејачката: Комплет секси долна облека од тантела, со роденденска посвета од креаторката за интерпретаторката: „Среќен роденден душо“, на картичка за посвети со нејзиното мото:  „Моќта е во твои раце“! Сани во модното атеље на Ива трпеливо ги пробуваше модните комбинации за роденденското славје, а ја отвори и кутијата со секси подарокот. Го покажа, ама него не го проба... не барем пред камерата на мобилниот. Дали и колку подарокот има моќ, можеби таа роденденска вечер дозна некој друг, „за лека ноќ“? Судејќи по фотографиите од роденденската прослава на Сани, веројатно истата имала и „after party“. А моќта на подарокот од креаторката, многу или малце, ја почувствуваа и машки раце? На обострано „роденденско задоволство“, се надеваме?! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.grozdanovskasanja    ]]>

Сања – Барбика ги „обвини“ медиумите и јавно им се извини на колешките: „Сепак сме колешки и водиме јавен живот, не ни доликува јавно да се провоцираме и навредуваме“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-barbika-gi-obvini-mediumite-i-javno-im-se-izvini-na-koleshkite-sepak-sme-koleshki-i-vodime-javen-zivot-ne-ni-dolikuva-javno-da-se-provocirame-i-navreduvame-foto/ Mon, 26 Apr 2021 07:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200379

Заради коронапандемијата иако македонската естрада речиси и да не еактивна кога се нејзините вообичаени активности во прашање, естрадните ѕвезди сепак не мируваат. Покрај понекое студиско снимање во музичките студија, „чат-пат“ понекое видео или ТВ емисија, трач муабетите, озборувањата, аферите, скандалите... отсекогаш биле интерсни за јавноста, особено кога доаѓаат или се поврзани за јавните личности. Како што веќе објавивме, една такава вербална „мини естрадна војна“ се случи помеѓу двете наши фолкерки: Сања Сани Гроздановска и нејзината имењачка, Сања Барби Цинцева. Јавна прозивка на едната од страна на другата, заради наводно претходно искажано мислење и муабети на сметка на првата ги заострија односите помеѓу кумановката и струмичанката, или барем така навидум изгледаше. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sani-grozdanovska-javno-ja-podbra-sanja-barbika-dali-si-gi-izmi-zabite-pred-da-go-spomnuva-moeto-ime-foto/ Не помина долго, поточно само ден-два откако осамнаа на социјалните мрежи и во медиумите јавните прозивки помеѓу двет фолкерки, Сања Барби Цинцева прва се огласи на својот Фејсбук профил и јавно им се извини на колешките. Имено, таа во својот статус  напиша: „Јас Сања Цинцева, јавно изјавувам дека немам ништо против моите колешки Сузана Гавазова и Елена Велевска. Наша меѓусебна шала е извадена од контекст и пласирана по медиумите за да бидат читани. Од секогаш сме биле во добри односи и така ќе остане. Јас не сум таа што можам да тврдам кој на кое место на скалата е, туку нашата публика и слушатели, но ако лично мене ме прашувате таква скала не постои, сите ние сме еднакви. А што се однесува за односот мој со колешката Сања Сани Гроздановска, точно е дека во минатото имало недоразбирање и медиумско препукување, но преку наш заеднички разговор на некој начин ги смиривме “страстите” и ги надминавме недоразбирањата. Тоа што било во минатото, таму и ќе остани. Сепак сме колешки и водиме јавен живот, не ни доликува јавно да се провоцираме и навредуваме. Сите знаеме дека нашата професија поради Корона вирусот е на пауза, па медиумите кои ја следат естрадата од недоволен материјал за објавување, бараа некој провокативни теми. Но еве јас ќе им најавам бомба, односно теми за пишување, а тоа се моите нови проекти преточени во нови песни, следете ме и ќе има што да гледате, слушате и пишувате. Ве сака Вашата Сања Барби Цинцева“ - објави фолкерката. „Покајание грешним“ или утешение за „оштетените“?  Струмичката фолкерка прва решила „да ја спушти топката“ и да подаде рака на помирување со ваквиот гест, или е ова само затишје пред нова „естрадна бура“, допрва ќе видиме?! Во секој случај, Сани Гроздановска својата објава во која ја прозва Барби веднаш ја избриша од својот Фејсбук, ама затоа пак сега го објави нејзиното извинување, а Сања - Барбика пак, уште нешто пред тоа комплетно го избриша својот Инстаграм проофил. А за нивните недоразбирања и нивото на „културна комуникација“, на крајот според Барби, виновни испаднаа медиумите, кои  во недостаток на случувања на естрадата, наводно немаат што да објавуваат?! Колку за потсетување, Барби имаше слични изјави и за колешките и за  другарките и кога имаше случувања на естрадата, а медиумите „имаа што да објавуваат“: Како и да е „воените секири се закопани“... Ако не за стално, барем во моментов! „Попаметниот прв попушта“, во случајов Барби или  „ниту паметниот веќе не е толку будала прв да попушти“, во случајов Сани, останува самите да заклучите! Во секој случај медиумите отсекогаш имале има и ќе има што да објавуваат... Особено со ваква естрада, „материјал за работа“, колку сакаш!]]>

Сани Гроздановска во посета кај две познати кумановки: Каде подолго се задржа фолкерката, кај креаторот или психијатарот… пардон, психологот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-vo-poseta-na-kaj-dve-poznati-kumanovki-kade-podolgo-se-zadrza-folkerkata-kaj-kreatorot-ili-psihijatarot-pardon-psihologot-foto/ Tue, 01 Dec 2020 08:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178729

За атрактивната фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје. Деновиве Сани реши да посети две свои пријателки, две згодни кумановки на кои им појде на гости и тоа со причина... Или можеби со две? Короната не е причина  или ако сакате, е причина повеќе телевизиите да имаат уште побогата програма за новогодишните празници за кои „99,102%“  што би рекол покојниот Амди Бајрам, од луѓето ќе останат дома во своите домови, со најблиските, семејството, покрај ТВ екраните. Затао некои продукциски и ТВ куќи  уште отсега си ја сфатија сериозно работата, па си ги засукаа ракавите и тргнаа со снимање, а меѓу нив и сателитската ИН Телевизија која го сними традиционалното „Новогодишно музичко шоу“ кое ќе се емитува пред и за време на новогодишните и божиќните празници. Во него доминира фолкот, а меѓу сите фолк ѕвезди секако и таа - Сани Гроздановска. Згодната пејачка добро знае дека за да бидеш музичка ѕвезда мора не само вокално туку и визуелно да блескаш, особено за највеселата и најлуда ноќ, колку и да била „луда, неубава и непредвидлива годината“, кои сите ќе сакаат што поскоро да ја испратат... во неповрат! Затоа Сани ја посети својата стара пријателка и некогашна сограѓанка од Куманово, креаторката Ива Спасовска во чие модно атеље во Скопје отиде да се промени за снимањето на новогодишното шоу на Ин ТВ. Варијанта еден, или варијанта два, или можеби обете? На Сани и требаше долго време да се одлучи која модна креација да ја одбере, која комбинацијада ја стави на себе? На крај, изборот падна на кусото златесто фустанче од проѕирна тантела за кое фолкерката одлучи дека е попровокативно и поатрактивно да ја комплетира целата слика за оваа новогодишна прилика. Впрочем, снимањето покажа дека фолкерката не згрешила во одлуката... Ниту во изборот на креаторот, ниту во делот на избор на моделот! И ако атрактивната фолкерка кај првата екс-сограѓанка се појави со најава, кај втората позната кумановка очигледно заборавила, па изгледа не и се најавила, туку онака, „апансас“ и се исправила пред врата. И тоа не дома, туку пред новотворената ординација. Имено, Сани била во посета на родното Куманово, па кога веќе се нашла таму, решила да сврати до „Психоверзум“ - психолошкото советувалиште во кое својата нова професија однеодамна почна да ја практикува  нејзината стара пријателка, колешка по „грло и микрофон“ и бивша сограѓанка, фолк пејачката и психолог, Тања Јовановска Трајкова. Арно ама, Сани се појави ненајавена, па... ја „бакна вратата“! „Докторката ја немаааа...“ - се пожали јавно Сани, а пријателката во старт и возврати со „психолошки совет“: „Закажете го вашиот термин г-ѓа Сања Сани Гроздановска...За Вас може сеанса и после работно време“, на што Сани искрено се пожали: „Јас сум вонреден случај и треба да бидам примена во секое време“... што најверојатно и беше сторено од страна на нејзината колешка. Како натаму го поминаа времетео двете бивши сограѓанки, музички колешки и пријателки, не е познато... Дали се' се заврши на кафе- муабет или Сани ја искористи оваа шанса и за психолошко-психотерапевтска сеанса, никој од нив не обзнани. Впрочем, дискрецијата на пациентите секако им е загарантирана. Друго прашање е колакава е гаранцијата дали сеансата ќе помогне? Како и дилемата каде повеќе се задржа Сани? Кај која од двете пријателки, познати кумановки: Кај креаторот или психијатарот... пардон, психологот?            ]]>

Радост во домот на Сани Гроздановска: „Има датуми кои не се забораваат“ https://arhiva.vistina.com.mk/radost-vo-domot-na-sani-grozdanovska-ima-datumi-koi-ne-se-zaboravaat/ Wed, 04 Nov 2020 08:08:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174353

Пејачката Сања Сани Гроздановска имаше многу важна причина за славење. Имено, на нејзиниот ѕид на „Фејсбук“ профилот осамнаа честитки од нејзините пријатели. Во домот на пејачката имаше повод за радување, за славење, а тоа е 3иот роденден на нејзината ќерка Ева. Сани сподели фотографија од болница кога ја родила малата Ева, а нејзината поголема сестричка ја држи во прегратки и една фотографија од веќе попораснатато Ева која е преслатко девојче. „Постои дата која не се заборава. А тоа е дата кога една мајка ќе роди ангел како тебе Ева. Среќен 3ти роденден ангелу мој“ напиша среќната пејачка, а под објавата се нижеа честитки. По бројните честитки, пејачката се заблагодари: „Ви благодарам на сите на искрените честитки. Бидете сите живи, здрави и полни со љубов“. Среќен роденден, да е жива и здрава.]]>