сани гроздановска роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 May 2018 15:40:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сани гроздановска роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колешките на Сани и приредија изненадување, па и дојдоа на роденден, облечени како за… легнување! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koleshkite-na-sani-i-priredija-iznenaduvanje-pa-i-dojdoa-na-rodenden-oblecheni-kako-za-legnuvanje-foto/ Mon, 14 May 2018 07:35:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26729

Македонската фолк пејачка Сани Гроздановска денес, 14 мај, слави роденден... На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат гостите... А фолкерката ги имаше. И тоа ненајавени, како роденденско изненадување уште пред роденденот и да и дојде.
Имено, колешките од фолк естрадата со кои најмногу се дружи решија да ја изненадат. Па така, длабоко во ноќта, уште пред да се поклопат стрелките на часовникот и да го означат почетокот на новиот ден, ден - роденден на Сани, фолкерките Тања Јовановска Трајкова, Ирена Вељовска, Андријана Кеш... засилени со уште неколку пријателки заѕвонија на врата кај Сани... и тоа облечени во пижами! Ноќта е време за в кревет, ама оваа ноќ легнувањето мораше да почека!
Распеаната женска фолк естрада уште во ходникот си го „одработе“ своето: „Happy birthday“ за добредојде, а роденденската торта и подароците на славеничката и ги поделија штом влегоа.
Условот секако и Сани да се соблече... поточно, облече во пижами! И женската журка на веселите фолкерки можеше да почне.
Роденденски фолк бал под маски! Малку турбо, малку детски песнички, а потоа дување свеќички на тортата во форма на микрофон, а што друго!?
Женската роденденска фолк пижама парти овековечена со видео и фотографии и секако по едно-две парчиња од тортата, за гостинките и домаќинката да се заблажат...
Фолкерките знаат дека кафе пред спиење не се пие, за да не им се расипе сонот од кофеинот, ама затоа благото и шеќерот се тука, за да им го одржат нивото на адреналинот...
Зашто кој да знае? Кога се веќе подготвени за легнување, можеби ќе има уште некое пополноќно, машко изненадување...?! За гостинките кога ќе се вратат дома, а за домаќинката... веднаш и одма!    ]]>