Самун ем татлија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 Oct 2018 12:43:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Самун ем татлија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викендов во Радовиш: „Самун ем татлија 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-radovish-samun-em-tatlija-2018/ Tue, 09 Oct 2018 08:28:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52194

Од 12 до 14 октомври во Радовиш ќе се одржи традиционалната манифестација „Самун ем татлија“, а годинава домаќините на сите посетители ќе им понудат збогатена програма во чии рамки се очекуваат рекорден број посетители, многу вкусни деликатеси и, се разбира, одлична забава. „Самун ем татлија 2018“ ќе започне во петок со почеток во 17 часот, и тоа со промоција на најголемиот самун (5 метри) и најголемата татлија (2 метри). Веднаш потоа ќе следува свеченото отворање на манифестацијата и поздравниот говор на градоначалникот Герасим Конзулов. Во склоп на музичкиот дел во рамките на првата вечер ќе настапат: Кристијан Мицев, „РГБ бенд“, „Троја бенд“, Кристина Арнаудова и легендарните „Црвена јабука“. „Големи поздрави до нашите пријатели во Македонија, особено до Радовишани. Се гледаме во петок на одлична журка“, вели Жера, фронтменот на легендарните „Црвена јабука“. Саботата е резервирана за фолклорни ансамбли и натпреварот во брзо јадење самун, кои почнуваат во 13 часот, додека во вечерта присутните ќе уживаат во музиката на: „Куку леле“, Дејан Јованов, Бани и „Бајабо бенд“, Жаре Бербер и „Тропико бенд“. „Првпат ќе гостуваме во Радовиш и многу се радувам заради тоа. Не се сомневам дека ќе си поминеме убаво, впрочем, така е секогаш кога сме во Македонија. Особено се радувам што ќе имам можност да уживам во едно од моите омилени македонски јадења – самунот. Татлија не сум пробал, ама не се сомневам дека и тоа ќе ми се допадне. Самун дефинитивно обожавам, па со оглед на тоа дека слушнав оти има натпревар во брзо јадење може и да се пријавам ха, ха, ха… Се радувам и што пред македонската публика ќе ја промовираме и нашата нова песна ’Лавина’, па ете очекувам реакции и коментари од сите вас, со оглед на тоа дека песната ја промовиравме во петокот и сè уште собираме впечатоци и реакции. Едвај чекам да дојдеме во Радовиш, не се сомневајте дека ќе си поминеме супер“, вели Сале, фронтменот на „Тропико бенд“. Програмата во недела ќе започне со настапите на фолклорни ансамбли, по што сцената ќе ја преземат „Распеани радовишани“, Александар Тарабунов и „Синтезис“, со кои всушност ќе биде означен и крајот на оваа тридневна гастрономска манифестација, потпомогната од Градоначалникот и Советот на општина Радовиш и која во 2016 година ја понесе титулата Златна плакета за најуспешна манифестација доделена од Министерството за економија на РМ.]]>

„Самун ем татлија“ од 12 до 14 октомври во Радовиш https://arhiva.vistina.com.mk/samun-em-tatlija-od-12-do-14-oktomvri-vo-radovish/ Sat, 22 Sep 2018 15:26:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49370

Традиционалната манифестација „Самун ем татлија“ – туристичкиот бренд преку кој со гастрономска презентација на локалните специјалитети во изминатите години во Радовиш престојуваа повеќе од 80 000 посетители, годинава ќе се одржи во периодот од 12 до 14 октомври. Манифестацијата помогната од Градоначалникот и Советот на Општина Радовиш, а која во 2016 година, по повод Светскиот ден на туризмот, ја понесе титулата Златна плакета за најуспешна манифестација доделена од Министерството за економија на РМ, годинава на сите посетители ќе им понуди збогатена програма, па оттука сосема заслужено и се очекуваат рекорден број посетители. „Самун ем татлија 2018“ ќе стартува со почеток во 17:00 часот во петок (12 октомври) со промоција на најголемиот сомун (5 метри), најголемата татлија (2 метри), а, секако, присутните ќе имаат можност да уживаат и во кусата сторија за овие радовишки деликатеси. По ова, во 18:00 часот, ќе следува свеченото отворање на манифестацијата и поздравниот говор на градоначалникот Герасим Конзулов. Во склоп на музичкиот дел во рамките на првата вечер ќе настапат Кристијан Мицев, Троја бенд, Дејан Јованов, Кристина Арнаудова и легендарните Црвена јабука.
Веќе следниот ден, односно во сабота на 13 октомври точно напладне сцената ќе биде резервирана за Фолклорни ансамбли, по што ќе следува натпреварот во брзо јадење самун. Саботната вечер, пак, е резервирана за настапите на Куку леле, Бани, Жаре Бербер и Тропико бенд. И последниот ден, односно програмата во неделата (14 октомври) ќе стартува со настапите на Фолклорни ансамбли, потоа сцената ќе ја преземат Распеани Радовишани, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов и Синтезис, со кои всушност ќе биде означен и крајот на оваа тридневна гастрономска манифестација. Во меѓувреме, односно меѓу музичките настапи се најавени низа натпревари во јадење и пиење. Се гледаме во Радовиш! Не пропуштајте ја можноста во периодот од 12 до 14 октомври да бидете наши гости и заедно да уживаме во незаборавните вкусови на радовишките самун ем татлија.]]>