само ти ми фалиш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Dec 2022 11:59:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png само ти ми фалиш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Тарабунов сними дует со Тамара Тодевска, а снимаше спот без неа за – „Само ти ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-snimi-duet-so-tamara-todevska-a-snimashe-spot-bez-nea-za-samo-ti-mi-falish-video/ Fri, 09 Dec 2022 11:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279310

Поп-пејачот Александар Тарабунов дефинитивно  е вредно момче, односно еден од најконстантните автори и  изведувачи на домашната поп естрада. Популарниот Тара покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови… И за себе и за дуги или заедно со некои други колеги и колешки, како штое и случајот со најновата тема насловена: „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует со Тамара Тодевска. Жанровски овој пат обајцата отстапуваат од својот препознатлив стил, Тара од латино фазонот кој во последно време обилно го практикуваше, а Тамара од својата ар ен би и баладачна приказна која ја турка последниве години.  Едноставно, обајцата заедно овој пат завршиле во старите добро познати и проверени жарови - фанк и диско, што е добредојдено за песна што излегува пред Нова Година. Впрочем, целата атмосфера не само музички, туку преку сценографијата и костимите и визуелно во видеото кое го режирал стариот соработник Зоран Стојановски - Зонде, потсетува на златната ера на диско музиката од крајот на 70-ите и 80-ите години, кога овој жанр царуваше на светските топ листи. Во видеото покрај Тарабунов се појавуваат и многу познати музички фаци од македонската поп естрада, како Роберт Билбилов на бас.... ...Или Калина Велковска,  Полина Тасева, Лаура Крлиу... како придружни вокали на пример. Но и уште многу други, помалку или повеќе познати музичари и изведувачи, но не и онаа најпозната, која е дел од дуетот и пее во рефренот - Тамара Тодевска!? Впрочем, како што гласи и самиот наслов на песната, односно кога истиот би го парафразирале... „Само ТАА фали“! Музиката и текстот се заедничко дело на Тара и Билбилов, односно Тара и Зонде, кога се стиховите во прашање. Како звучи кога Тара пее во дует со Тамара, а како потоа изгледа кога на истата песна (сн)има видео без неа, проследете во продолжение во „Само ти ми фалиш“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>