само што не се породила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Mar 2023 09:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png само што не се породила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Петровска на „туширање со љубов“: На некогашната водителка на „Бекстејџ“ за нејзиното машко чедо на пат, другарките и приредија „Бебешки туш“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-na-tushirane-so-lubov-na-nekogashnata-voditelka-na-bekstejdh-za-nejzinoto-mashko-chedo-na-pat-drugarkite-i-priredija-bebeshki-tush-foto/ Wed, 08 Mar 2023 09:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292220

Некогашната ТВ новинарка и водителката Марија Петровска, која со години беше „трејед марк“ на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, сега се занимава со маркетинг, адвертајзинг и ПР. Љубовта и животните околности ја однесоа во некогашна најсеверна ЈУ република - Словенија, каде речиси седум години живее со нејзиниот избраник, Михаел Сказа. По неколку години заедничко живеење, популарната Маца кон крајот на минатата година обзнани дека е бремена, а сега таа е во завршна фаза на бременоста и за некое време со нејзиниот партнер ќе се остварат во улогата на родители. По тој повод во католичкиот свет постои еден обичај кој кај нас не е премногу вообичаен, но таму често се практикува и е наречен „Бебешки туш“ (baby shower). Во суштина се работи за забава на која се носат и подготвуваат подароци за да се прослави породувањето, односно очекуваното раѓање на детето и трансформацијата на жената во мајка. Токму изминатиот викенд блиските пријателки на поранешната водителка на „Бекстејџ“ во Словенија и организираа „baby shower“ за бебето кое е на пат. За оваа прилика целиот амбиент до најситен детал бил декориран во светло сина боја во знак на бебето кое е од машки пол.
Марија ги бори последните денови од бременоста и изгледа како прекрасна трудница и самата променета во син фустан со принт од цветен дезен. Пријателките ја опсипаа со многу љубов, внимание и секако  многу подароци за своето машко чедо кое само што не пристигнало на овој свет.
И додека полот на бебето е оддамна познат, Маца потенцијалното име на синот се' уште не го соопштила. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини. Освен, ако и самата таа и нејзиниот партнер Михаел се уште не  одлучиле дефинитивно како ќе се вика нивното синче. Или можеби се чека кумот? „Што се однесува до името, сè уште не сме избрале. Имаме неколку фаворити, ама сè уште ништо конкретно“ - кажа Марија уште кога беше некаде на половина од бременоста. Конечено името е лична работа, она што е најважно е синчето да им е живо и здраво! Фото Инстаграм принтскрин/marija_petrovska]]>