самица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Dec 2019 13:46:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png самица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боби Павловски е во љубовна – „Самица“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bobi-pavlovski-e-vo-ljubovna-samica-video/ Tue, 10 Dec 2019 13:46:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123143

По одличните „Метар дана“ и „Тамо негде“,  Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството. Хитовската композиција со модерен призвук која лесно влегува во уво е со наслов „Самица“ и е работена со екипа од соседството. Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на Tropical Lifeisfun. Кадрите се снимени во Белград, а покрај Боби во крими приказната се појавуваат уште неколку интересни лика. Во видеото Боби завршува зад решетки и во самица, има грабеж, оружје, скршено срце... „Се надевам дека и оваа песна ќе биде прифатена од публиката како и претходните две. Овој пат имаме малку поразличен спот, кој всушност е и мини филм и сега кога го имам пред себе финалниот производ навистина ми е драго што работев со овие момци кои дадоа поинаква нишка на целата оваа приказна. Многу верувам во целиот овој проект кој почна со „Метар дана“ и драго ми е што публиката досега препозна колку се вложив себеси во сето ова“- вели Павловски, кој наскоро на јавноста ќе и го претстави и следниот проект. Во меѓувреме, Боби е актуелен со настапите низ клубовите во земјава од кои буквално ниту еден не поминува без „Метар дана“ и „Тамо негде“.  Слушнете ја „Самица“ и погледнете го видеото: ]]>