саманта џонс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Jun 2023 07:57:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png саманта џонс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Саманта не сакала ни очи да им види на колешките за снимањето на продолжението на „Сексот и градот“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/samanta-ne-sakala-ni-ochi-da-im-vidi-na-koleshkite-za-snimaneto-na-prodolzhenieto-na-sksot-i-gradot-video/ Tue, 06 Jun 2023 07:52:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305047

Ким Катрал повторно ќе се појави во улогата на познатата и омилена Саманта Џоунс, во спин-оф серијата „And Just Like That…“, иако се зборува дека е во кавга со ѕвездата на остварувањето, Сара Џесика Паркер. Како што наведуваат странските медиуми, Саманта овојпат ќе одигра кратка, епизодна улога на самиот крај на втората сезона, а во завршната сцена ќе има контакт со Кери Бредшо, но само преку телефон. Познато е дека Катрал не сакала да го снима продолжението на серијата поради лошиот однос со колешките, особено со Сара Џесика Паркер, но се предомислила, а за продуцентите имала два услова. Првиот бил да не снима со поранешните колешки, а вториот да не го види режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој е инаку близок со Паркер. „Ким имала два услова – да не глуми со ниту една од поранешните колешки и да не го види Мајкл“, раскажал извор за „Page Six“. За потсетување, како што пренесе „Variety“, Ким веќе ја снимила својата сцена во март, а во таа прилика не се видела ниту разговарала со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Исто така, сцената била снимена и без режисерот Мајкл Патрик Кинг. Саманта беше дел од првата сезона на серијата, исто така само преку телефон, односно преку текстуалните пораки кои Кери повеќепати ѝ ги испрати, во обид да го поправи нивното пријателство. Втората сезона на „And Just Like That…“ ќе биде премиерно прикажана на 22-ри јуни на платформата „Max“ (HBO Max). фото:Getty Images/Profimedia]]>