сам со себе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 May 2023 11:53:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сам со себе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Понекогаш си зборувате сами со себе? Еве што мислат психолозите за тоа https://arhiva.vistina.com.mk/ponekogash-si-zboruvate-sami-so-sebe-eve-shto-mislat-psiholozite-za-toa/ Mon, 15 May 2023 11:53:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302041

Дали и вие сте едни од оние луѓе кои постојано разговараат со самите себеси? Дали оваа навика ви помага подобро да се концентрирате и фокусирате на својата работа? Или пак, можеби со зборувањето поттикнувате развој на брилијантни идеи, како и подобро завршување на вашите секојдневни обврски? Дали и сега, додека го читате овој пост, мрморите нешто тивко? Доколку одговорот на овие прашања е позитивен, тогаш според психолозите имате натпросечна интелигенција! Психологот истражувач, Гери Лупјан, заедно со неговиот тим, спровеле експеримент во кој учествувале 20 волонтери. Нивната задача биле да запомнат листа со предмети од супермаркет и потоа истите да ги пронајдат. Пред да почнат, половина од нив добиле инструкција да ги повторат гласно дадените имиња на предметите, додека другата половина молчеле. На крајот, резултатот покажал дека луѓето кои ги изговарале гласно имињата на предметите многу полесно ги пронаоѓале во однос на другите.   „Често си мрморам самиот кога барам нешто на полиците во супермаркетите“, вели Гери. „Токму ова искуство и ме поттикна да го спроведам овој експеримент.“   Благодарение на спроведеното истражување и добиените резултати, групата психолози дошле до разбирање зошто оние кои зборуваат со самите себеси имаат натпросечна интелигенција. Еве што откриле тие…  
  1. Стимулирање на вашето помнење
Кога разговарате со самите себеси, вашиот механизам на сетила се активира. На тој начин многу полесно помните бидејќи можете да ги визуализирате овие зборови и да делувате во склад со нив.  
  1. Помош при задржување на фокусот
Кога размислувате гласно, вие останувате фокусирани на својата задача, а тоа ви помага веднаш да ги препознавате важните нешта. Ова е особено од помош кога барате нешто. На пример, доколку барате банана во супермаркет, кога гласно го изговарате ова овошје, вашиот мозок одма создава слика во вашиот ум и несвесно побрзо ве води кон неа во реалноста.  
  1. Помош при расчистување на мислите
Секој од нас има различни видови мисли. Повеќето од нив имаат смисла, додека пак остатокот не. Да кажеме дека сте лути некому, и дека се чувствувате толку бесно што мислите дека би можеле да ја повредите оваа личност. Доколку сакате побрзо да се смирите, едноставно затворете се во вашата соба и разговарајте со самите себеси. На тој начин брзо ќе се решите од лутината и постепено ќе се смирувате. Вашите мисли ќе се расчистат и ќе се насочат само кон оние нешта кои се навистина важни, давајќи ви сосема нова смирена перспектива. Извор: Попара.мк]]>

Весна-Бејби се соочи самата со себе: Им влезе без да се соблече, а излезе без да им плати (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-se-soochi-so-samata-sebe-im-vleze-bez-da-se-sobleche-a-izleze-bez-da-im-plati-foto/ Sat, 02 Mar 2019 07:23:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75523

Таа една од најпопуларните македонски актерки, воедно и радио и ТВ водителки... напиша и еден вид сопствена автобиографија, ја знаат како голем хуманист, борец за човековите права, љубител на животните и борец за нивните права... Со еден збор, Весна Бејби Петрушевска е мултипрактик! Една од ретките жени која стои исправено пред сите предизвици! Таа има секогаш нешто да ви каже. Ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе ве испрати со љубов...
И кај неа се' е некако превртено, а сепак на свое место. Кога дозна дека не може да има деца, реши да ги има и сега ги има и тоа не едно, туку две, разведена е, а сепак е во брак и тоа цели 25 години... Се прашувате како тоа? Епа, така! Таа на 13 март 2019 гослави својот брачен јубилеј: 25 години во брак... со МНТ!  А и вие можете да бидете во друштво со неа барем една вечер иако можеби лично не ја познавате. Едноставно, појдете на премиерата на нејзината нова  претстава “Влези не се соблакај” на истиот тој 13-ти март во МНТ и поминете си незаборавна вечер со неа.
Ах , да, ние да се вратиме на она... превртеното, кај Бејби! Ако добро паметите и автомобилот и беше превртен, и заврши среде  Скопје во водите на Вардар. Потоа и сметките за струја Бејби тргна да ги плаќа нуркајќи по нив во џипот... Се' додека не ја предупредија дека може и поинаку. И Бејби реши да им влезе... И тоа без да се соблече! А уште пред самиот влез се соочи со... самата себе! Па реши да се фотографира: Селфи е, ама не е... а нели кај неа е се поразлично, па и селфито. Селфи ала...  Me, Myself anad I“. Нема појако, отколку кога ќе се сликаш самиот со себе, наместо самиот себе си! А тие „сиротите“,  мислеа дека сметка ќе им плати. Како не бе...
Така им е кога решија да им ги простат сметките на старите должници. Па, џабе ли оној пат Бејби нуркаше во Вардар по фактурите за струја?  ]]>