сале – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Apr 2018 13:30:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сале – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Тропико бенд“ на утринска кафе дружба со македонските новинари (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tropiko-bend-na-utrinska-kafe-druzba-so-makedonskite-novinari-foto/ Mon, 16 Apr 2018 13:30:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21062

Две седмици пред големиот скопски концерт закажан за 28 април во ВИП арената „Борис Трајковски“ членовите на групата „Тропико бенд“ допатуваа специјално во Скопје на дводневно дружење со новинарите.
Првото понеделничко утринско кафе фронтменот на бендот Александар Цветковиќ - Сале и дел од неговите компањони го испија во друштво на македонските естрадни новинари во ресторанот „Four“  во елитниот скопски хотел „Парк“, каде организаторот на концертот „Скај мјузик“ ја организираше и дружбата со претставниците на седмата сила.
Во пријатен амбиент и неформално дружење, Сале разговараше и одговараше на сите поставени прашања, се дружеше и им позираше на претставниците на медиумите, ветувајќи спектакл за сите оние што на 28. април ќе дојдат во ВИП арената на нивниот голем скопски концерт, кој по многу нешта ќе биде речиси идентичен на нивниот од пред две години во белградската Штарк Арена!
Сале не заборави да го најави и излегувањето на нивната нова песна и видеото за неа насловено „Синови на темнината“, овој четврток на 19 април точно напладне, која всушност е своевидно „дежави“ во поинакво пакување за нив, бидејќи повторно се работи за дует, односно соработка помеѓу „Тропико бенд“ и Џенан Лончаревиќ, а во видеото одново глуми и го режира актерот Вук Костиќ.
Во меѓувреме Сале и дел од бендот ќе бидат гости во емисиите и ТВ шоуата на неколку македонски телевизии и продукции, на кои што подобро ќе ја претстават како својата досегашна работа, така и она што публиката може да го очекува од нив на нивниот скопски концерт.]]>