сале срв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Mar 2023 07:57:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сале срв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сале – Рокер е на пат да стане ѕвезда во Јужна Кореја: Македонскиот музичар и пејач го бараат да направи концерт во азискиот економски џин (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-roker-e-na-pat-da-stane-zvezda-vo-juzhna-koreja-makedonskiot-muzichar-i-pejach-go-baraat-da-napravi-kontsert-vo-aziskiot-ekonomski-dhin-video/ Fri, 31 Mar 2023 07:34:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295910

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, неодамна ја промовираше својата нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар се претстави со рок блада насловена „Зошто да ти верувам?“ Продолжувајќ ја старата традиција дел од големите музички ѕвезди со кои како менаџер Сале -Рокер работи при договарање и организација на нивните настапи низ Македонија, тие да му гостуваат на неговите песни ( Бора-Чорба, „Амадеус бенд“, Ален Исламовиќ...) и овој пат уште едно големо музичко име од регионот се појавува како дел од овој проект - легендарниот лидер и гитарист на култната хард рок група „Дивље Јагоде“Зеле Липовача  кој ги свири гитарските делници на песната, во која неговата препознатлива гитарска боја и начин на свирење оставаат дополнителен личен печат. Во меѓувреме, Сале јавноста ја изненади со уште едена вест. Верувале или не, скопскиот рокер го бараат да има свој концерт ни помалку, ни повеќе, туку во азискиот економски џин - Јужна Кореја. Целата приказна започнува откако неговата внука од брат, Наташа која живее и работи во Јужна Кореа и е мажена за Кореанецот Бјонг До Ли, со својот избраник ќе дојде на посета во Македонија. Во истата семејна куќа живее и нејзиниот татко, но и нејзиниот чичко - Сале Рокер, па Наташа и корејскиот зет доаѓаат на кафе и... Кореанецот открива каков музичар е чичкото на неговата сакана, кој за нивна душа ќе им презентира дел од својот репертоар и новата песна,чија промоција во живо пред гостите наместо со турско кафе заврши со... македонска ракија. Неговата внука се распрашуваше како настанала песната, ќе има ли видео, ќе ја стави ли Сале на Јутјуб...? Патем Наташа му откри на чичко и дека во видеата која таа со својот сакан ги прави и прикачува на Јутјуб има многу позитивни коментари за музиката на нејзиниот чичко и дека Корејците се интересираат за него, сакаат да ги слушнат песните на неговиот Јутјуб канал. Подоцна, Наташа му јавила дека Јужнокорејците се и тоа како заинтересирани и го канат нејзиниот чичко Сале-Рокер да одржи концерти во нивната земја. За да им го направи ќефот, Сале Рокер и неговата внука симнаа една популарна корејска песна од Јутјуб, а македонскиот музичар и пејач иако не знае ниту збор корејски, а песната прв пат ја слушнал, се обиде „од прва да ја симне“, односно да го отсвири и отпее рефренот на нивниот јазик. По ова атмосферата прерасна во мала семејна журка, каде Сале Рокер на своите гости им свиреше и пееше репертоар песни од неговите, познати македонски и Екс-ЈУ хитови, а веселата семејна дружина фантастично се забавуваше. Особено зетот од јужна Кореја, која запеа, заигра, па во целиот занес и расположение, дури и се обиде да засвири...Макар тоа било на плејбек. Како изгледаше целата приказна, може да проследите од видеото во продолжение кое осамна и во јужнокорејскиот интернет етер и има повеќе од половина милион прегледи (КЛИКНИ ТУКА): На крајот, среќната љубовна македонско - јужно корејска двојка заврши и во видеоспотот за новата песна на Сале - СРВ, на кој ве потсетуваме во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Сале – СРВ за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“ во рок баладата – „Зошто да ти верувам?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-za-skrshenite-srtsa-na-zalubenite-chij-svet-se-uriva-pred-dvete-litsa-na-lubovta-vo-rok-baladata-zoshto-da-ti-veruvam-video/ Thu, 16 Feb 2023 06:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289187

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар ја промовира својата рок блада насловена „Зошто да ти верувам?“ Останувајќи доследен на својата музичка определба, македонскиот рокер овој пат лириката во љубовните стихови напишани заеднички со стариот проверен лиричар Огнен Неделковски ја преточил во балада за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“. Аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски во чие студио е и снимена песната. Продолжувајќ ја старата традиција дел од големите музички ѕвезди со кои како менаџер Сале -Рокер работи при договарање и организација на нивните настапи низ Македонија, тие да му гостуваат на неговите песни и овој пат уште едно големо музичко име од регионот се појавува како дел од овој проект. Имено, легендарниот лидер и гитарист на култната хард рок група „Дивље Јагоде“, Зеле Липовача ги свири гитарските делници на песната, во која неговата препознатлива гитарска боја и начин на свирење оставаат дополнителен личен печат.  Песната, покрај македонската има и српска верзија, насловена како „Кад су речи ратници“   чиј српски текст е дело на Сефо Дуративиќ, инаку член на придружниот бенд на Ален Исламовиќ. Песната е визуелизирана со едноставно студиско видео прошаранао со инсерти на прошетката на една љубовна двојка во Градскиот парк во Скопје, а неговата реализација повторно ја потпишува ДРД студио, односно Драган Ристовски како камерман и монтажер на спотот. Како сето ова спакувано звучи и изгледа во рок баладата „Зошто да ти верувам“ на Сале-СРВ, проследете од видеото во продолжение(КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Сале – Срв со песна, “Македонија” – вечна (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-so-pesna-makedonija-vechna/ Tue, 02 Aug 2022 08:59:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261216

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар песната ја посветил на на неговата и наша, родна "Македонија", како што гласи самиот наслов на неговата нова тема полна со национални чувства и патриотски набој и родољубиви емоции кон единствената татковина, вткаени во одличните стихови на стариот проверен мајстор, Огнен Неделковски. Затоа и не случајно 2-ри Август, големиот македонски национален празник Сале го одбрал за промоција на песната која пак е компонирана од уште еден музичар, член на познатите балкански бендови со кои Сале како менаџер соработува - Бојан Станимировиќ од "Амадеус бенд" и македонскиот инструменталист на народни инструменти Алек Петковски, додека аранжманот го потпишува Дамир Имери. Песната "Македонија"е снимена во студиото "City sound", а продукцијата и миксот/мастетингот се на Љупчо Соколовски. Песната е визуелизирана со видео кое меѓудругото содржи преубави кадри од прекрасните убавини на Македонија, а неговата реализација ја потпишуваат дури две видеопродукции: "Куба видео" и "ДРД медиа". Честитајќи Ви го Илинден, Сашко Андриески или Сале СРВ како што му е уметничкиот прекар ве кани премиерно да ја проследите неговата визија за "Македонија". ]]>

Сале СРВ се сети прв меѓу рокерите да ја опее оваа страшна корона – „П(л)андемија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-se-seti-prv-megju-rokerite-da-ja-opee-ovaa-strashna-korona-p-l-andemija-video/ Wed, 12 May 2021 07:54:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202150

Корона пандемијата го закочи светот речиси една и пол година, менувајќи ги нашите секојдневни навики и правила на животот. Новото „ненормално“ стана „нормално“, а во сиот тој хаос на борба со невидливиот непријател кој зацрни многу човечки судбини, меѓу најпогодените еснафи беше оној, музичкиот. Или поточно естрадата, која ниту до ден денес не може да се опорави, да тргне од „лер“ , а камо ли да почне сериозно да работи и да се врати на своите стари позиции. Но во сиот тој метеж со чумата на 21-от век,  некои естрадни уметници Ковид-19 го искористија како инспирација за кретаивно творештво. Преработки, кавери  на познати стари странски и домашни хитови со нови стихови или сосема нови и оригинални музички теми, сеедно, се дел од новото творештво на старите мајстори во „новото нормално“. Кога веќе не може да се свири и настапува, тогаш барем може да се компонира и снима. Еден од оние на кои корона пандемијата им ја поттикна инспирацијата е и македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале - Рокер или Сале СРВ. По последните евторски песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, Сале има нова авторска песна, инспирирана токму од актуелната светска корона криза, насловена како „Пландемија“.   Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Сале Андриески, додека аранжманот го изработил Драган Ристовски - Д.Р.Д. медиа,  во чие студио ипродукција е снимена и песната. Интересно е што сале како човек кој работи и соработува со големите музички имиња од регионот, по дуетот со Бора - Чорба, соработката со Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ и Ален Исламовиќ, и на оваа песна има познат специјален гостин, кој овој пат ги отсвирел гитарските соло делници во песната, а во прашање е некогашниот гитарист на „Амадеус бенд“, Милан Кордулуп. Песната исто така има две верзии - на Македонски и Српски јазик. Македонската верзија  е веќе промовирана вчеравечер, 11 мај 2021, додека српската ќе биде пуштена во етерот ден подоцна, односно вечерва, на 12 мај 2021 година во 20 часот. За обете е снимено и промотивно видео во студиото на Д.Р.Д. медиа, кое го изработил Драган Ристовски, а истото можете да го погледнете во продолжени, заедно со музичката приказна на Сале СРВ и неговата „Пландемија“. https://www.youtube.com/watch?v=9tTGuKQ6Myg      ]]>