сале андриески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Nov 2019 13:52:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сале андриески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фрики по неа е – „Забеган од љубов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/friki-po-nea-e-zabegan-od-ljubov-video/ Mon, 11 Nov 2019 13:46:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117824

Новите  музички ветришта кои дуваат од соседството не ја заобиколуваат ниту Македонија. Ако регетон звукот и модулираниот вокал се во последно време во мода, а Раста, Јала Брат, Буба Корели... и останатите од „новокомпонираната раста банда“ растураат низ регионот, тоа е добра причина и кај нас да почнуваат да никнуваат нови имиња во тој или сличен „фазон“, на кои новиот звук им е правецот кој го одбрале. Едно од новите имиња е и тој, младиот тинејџер кој се претставува под името „Фрики“. Засега не сака да го открива својот идентитет. Решен е да се појавува во медиумите и да настапува под маска! Не дека е тоа не е познато и во светот и во соседството, но сепак кај нас е нешто што досега никому не му успеало. Не барем да стане популарен, а да остане анонимен на подолг рок. Затоа токму таму Фрики и ја гледа својата шанса да биде првиот кој ќе успее, вакво нешто да му појде од рака. „Забеган“ по новиот звук, неговата прва песна носи наслов „Забеган од љубов“. Музиката и текстот се на Сашко Сале Андриески, попознат како „Сале - рокер“ (Просаунд продукција), кој и самиот е музичар, но во еден сосема поинаков жанр за кој зборува и неговит прекар, додека аранжманот е на Драган Ристовски. Тој и неговата „ДРД видеопродукција“ го изработиле и провокативниот видеоспот во кој главната ролја ја има старлетата која се претставува под уметничкото име Дани, македонски модел која во моментов живее и работи во Бугарија. Разголени кадри, сексапил на тацна, бујни атрибути и многу еротска провокација за целата нација нуди токму видеото, кое изобилува со секвенци кои ги будат сите сетила... Особено, кај машката популација. Попусто стопати кажано, ако барем еднаш не е слушнато и  видено... Затоа проследето го видеото на момчето под маска - „македонскиот  анонимус - Фрики“, само добро внимавајте гледајќи и вие да не забегате... од љубов! ]]>