сакан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Mar 2022 10:36:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сакан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Некогашната клубска танчарка и старлета Уна Грујиќ дома има опремено соба за фетиш! (18+ ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashnata-klubska-tancharka-i-starleta-una-grujikj-doma-ima-opremeno-soba-za-fetish-18-foto/ Wed, 09 Mar 2022 10:27:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242349

Уна Грујиќ, некогашната старлета, ријалити ѕвезда и танчарка во ноќните клубови  често ги мамеше машките воздишки поради нејзините танцови точки кои ги изведуваше. Но сепак, таа одлучи да се пензионира. Откако во 20219 година оваа старлета се омажи за нејзиното момче Александар Ракочевиќ, чуварот на рептили во белградската ЗОО, таа реши повеќе да не танцува на јавни места. „Дефинитивно ќе престанам да настапувам како изведувач во клубовите во Европа. Тоа би било тоа. Публиката повеќе нема да има можност да ги гледа моите танцови точки во клубовите. Отсега ќе танцувам во мојот семеен дом и тоа само за мојот сопруг“ - изјави своевремено Уна. Како што вети така и направи, па оваа атрактивна дама опреми една соба во својот дом со реквизити на кои ги изведуваше своите настапи, кои сега се  само за „неговите очи“. Како што открила, сите тие реквизити и ќе и служат само за оние моменти кога танцува за својот сакан со кого сними филчмиња за возрасни, од кои некои осамнаа на социјалните мрежи. Ви претставуваме како изгледа таа магична соба во која се наоѓаат споменатите реквизити, а вие замислете си колку ли предизвикувачки изгледа Уна додека танцува! Инаку Уна стана позната како изведувач и девојка која прва во Европа почна да танцува во огромна стаклена чаша. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/una-grujikj-rabotno-striptizetata-so-goli-gradi-vo-golemata-staklena-chasha-foto-18/[/embed] Потоа почна и со нови изведби на своите настапи, откако со нејзинот сакан почнаа да изведуваат фетиш точки на сцената. Фото: Принтскрин/Nema zabranjenih.rs/unagrujic]]>

„Љубов со стил“: Елена Стефановска ужива на егзотична дестинција со саканиот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubov-so-stil-elena-stefanovska-uziva-na-egzotichna-destincija-so-sakaniot-foto/ Thu, 14 Nov 2019 08:34:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118367

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска живее  и живот насловен како нејзината емисија. Како и многу други јавни личности, Стефановска на својот „Инстаграм“ често знае да ги извести следбениците за нејзините активности, ангажмани, нови случувања.... Промоции, рекламирање на брендови, најава за емисија, фотографии од патувања може да се забележат на социјалните мрежи на водителката. Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, до неодамна Стефановска беше резервирана и не сакаше многу да открива за емотивниот статус. Меѓутоа, пред некое време Елена на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од својот партнер Бојан Најдоски и јавно му го честиташе роденденот. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-stefanovska-voditelkata-na-zivot-so-stil-so-galerija-romantichni-fotografii-za-prvpat-go-pokaza-momcheto-foto/ Тогаш Стефановска првпат го покажа момчето, а сега редовно знае да објави некоја заедничка фотографија. Во интервју за „Бекстејџ“, Стефановска првпат проговори за партнерот. „Тогаш кога најмалку очекуваш се случува љубовта. Среќна сум, со Бојан се надополнуваме, имаме разбирање еден за друг и многу ми значи што без проблем го прифати ова што јас го работам и максимално ме поддржува во се“, откри водителката. Иако, летото и летните одмори завршија, Стефановска деновиве ги спакува куферите и замина на Малта. Ни овој пат, водителката не се штедеше да ги извести следбенците за своето патување и да покаже како ужива и во месец октомври. Елена откри дека во друштво на нејзиниот партнер ги полни батериите подалеку од гужвата и секојдневието.    ]]>

Како да изберете подарок за вашиот сакан? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-izberete-podarok-za-vashiot-sakan/ Tue, 05 Nov 2019 13:30:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116585

Кога се работи за подарок кон саканиот и тој што ви значи, понекогаш ви е потребна мала помош за да изберете соодветен подарок кој би бил полн погодок и ќе видите среќа и задоволство во неговите очи. Иако секогаш можете директно да го прашате партнерот подарок би сакал, елементот изненадување изостанува, а мора и да признаете дека не е баш најинтересниот и најинвентивниот начин за подарување. За да стигнете до идеалниот подарок, треба вистински да се потрудите.

Без исклучок сите ги сакаат внимателно избраните подароци.

Најважно е да се забавувате и да уживате додека го бирате идеалниот подарок. Ви даваме неколку совети и идеи за подарување:
  • - Размислете за неговото хоби и интереси. Не ги игнорирајте деталите во неговиот дом и неговата соба, тоа што го интересира нека биде она што ќе ве насочува. Гледајте ги едноставните но ефектни патокази – неговата омилена боја, храна, музички и филмски жанр или стилот на облекување.
  • - Бидете креативни со подарокот. Нека проработи вашата фантазија. Сетете се на заеднички моменти, ваши интерни шеги и разговори, работи на кои само вие двајцата им го знаете значењето и симболиката. Не заборавајте на картичката со креативна порака.
  • - Искористете ги неговите другари. Пријателите и другарите може да бидат од вистинска помош кога станува збор за идеален подарок за саканиот. Слободно може да побарате совет и да се консултирате со некој од нив, секако во доверба, за да не се уништи изненадувањето.
]]>

Кои се 10-те здравствени придобивки од спиењето покрај личност што ја сакате? https://arhiva.vistina.com.mk/koi-se-10-te-zdravstveni-pridobivki-od-spienjeto-pokraj-lichnost-shto-ja-sakate/ Fri, 21 Sep 2018 10:58:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49176

Квалитетниот сон е неопходен за здравјето, исто како што се храната, водата и воздухот. Експертите велат дека доколку спиете до некој друг, тоа може дури и да ја подобри вашата добросостојба. Освен ‘рчењето, крадењето на ќебето, ненамерното клоцање и низа други пречки во текот на спиењето со партнерот, многубројни истражувачи упатуваат на тоа дека делењето кревет со друга личност, има придобивки на долг рок. Еве кои се 10-те придобивки, од спиењето до некој што го сакате, објаснети од страна на научниците.

1. Ви овозможува побрзо да заспиете

Дали следново сценарио ви звучи познато: Сами сте во креветот и вашиот ум започнува да лута. Вашиот мозок повторно почнува да се активира и вие почнувате премногу да размислувате. Обидот да се исклучите од будниот живот ви станува сè потежок, а чувството на вознемиреност расте. Од друга страна, кога го делите креветот со некој што го сакате, можете многу полесно да се релаксирате, бидејќи таа личност ви дава чувство на безбедност. Кога нашето тело е сосема опуштено, можеме да заспиеме за само неколку минути.

2. Го намалува нивото на вашиот стрес

Новинарката Андреа Питерсен којашто пишува за „Wall Street Journal“ на експертски теми како психологија, здравје и невронаука, објаснува дека нивоата на хормонот на стресот кортизол се намалуваат, кога го делите креветот со личност којашто ја сакате. Воедно, се лачи и окситоцин, популарен како хормон на љубовта, којшто ја намалува анксиозноста кај луѓето. Кога нивото на стрес е на ниско ниво, се намалуваат ризиците за заболување од срцеви болести, рак и други сериозни хронични болести.

3. Се намалуваат воспаленијата на телото

Питерсен објаснува дека освен тоа што се намалува нивото на стрес кога спиете до некој што го сакате, воедно се намалува и нивото на цитокини, коишто се одговорни за создавањето болка и инфламација во нашите тела. Како и да е, кога имате друго топло тело до вас во креветот, ваквите физички проблеми магично можат да исчезнат. Впрочем, на кого му се потребни анелгетици ако има терапија со гушкање секоја вечер!?

4. Го намалува крвниот притисок

Истражувачите од Универзитетот во Северна Калифорнија спровеле експеримент за спиење и интима на 59 жени, коишто воделе дневник за прегратките и милувањата коишто ги добивале од нивните партнери. Откако ги анализирале нивоата на окситоцин и го провериле нивниот крвен притисок, тие откриле дека оние коишто имале највисоко нивоа од овој хормон на љубовта, имале и најнизок крвен притисок. Овој хормон делува и како природен лек против ангина, бидејќи помага во минимизирање на стегањето на крвните садови. Д-р Дејвид Хамилтон, авторот на книгата „Зошто љубезноста е добра за вас“ (Why Kindness Is Good for You) ги објаснил за „Daily Mail“ резултатите од спроведениот експеримент.

5. Овозможува идеални услови за спиење

Кога спиеме, температурата на телото започнува да опаѓа. Бидејќи на вашето тело му е поладно, топлината од личноста којашто спие до вас, ќе ви овозможи да се чувствувате пријатно и удобно. Според Натали Дотович од Националната фондација за спиење, споделувањето ќебе заедно со некој друг во креветот, ќе ви овозможи да ви биде уште потопло. Убаво е да имате идеални услови за спиење, со соодветен микс од топло и ладно, зарем не?

6. Квалитетниот сон ви дава енергија

Кога ги имате совршените услови за спиење со некоја друга личност покрај вас, тогаш имате најквалитетен сон, па не се будите раздразнети или со лоша главоболка. Напротив, имате оптимистичен пристап кон денот што е пред вас, умот ви е бистар и освежен и подготвен за позитивно размислување.

7. Го подобрува имунолошкиот систем

Ако го делите креветот со вашата подобра половина, тоа честопати може да доведе до водење љубов, а тоа од своја страна го подобрува вашиот имунолошки систем. Според експертите од Универзитетот Вилкс во Пенсилванија, паровите коишто на редовна база се интимни во кревет, имаат поголеми шанси полесно да се изборат со гриповите и вообичаените настинки, бидејќи нивните тела ослободуваат повеќе антитела, коишто го прават нивниот организам поздрав.

8. Го забавува процесот на стареење

Шкотскиот невропсихолог Дејвид Викс во својата книга „Тајните на оние што изгледаат помлади одошто се“ (Secrets of the Superyoung) напишал дека делењето кревет со личност којашто ја сакате и со која редовно се галите и водите љубов, може да придонесе да изгледате дури 10 години помлади. Освен тоа, бидејќи со спиењето до љубената личност ви се намалува нивото на стрес, вашето тело автоматски се чувствува многу помладо.

9. Се синхронизирате со вашиот партнер

Паровите коишто си легнуваат во кревет во исто време (и по можност се будат во исто време) имаат добро синхронизирани биолошки часовници. Тие си стануваат еден на друг одлични социјални мерачи на време. Според едно истражување објавено во Журналот за брачна и семејна терапија (Journal of Marital and Family Therapy), оваа синхронизираност може да покаже колку паровите се задоволни од нивната врска.

10. Физичката блискост во текот на спиењето ја подобрува вашата врска

Друго истражување спроведено во Универзитетот во Хартфоршир ги анализирало ефектите од физичкиот контакт во текот на спиењето, помеѓу 1000 парови. Резултатите откриле дека оние парови кои спиеле на далечина од 2.5 см еден од друг, што покажува дека тие или се гушкале или лежеле многу блиску едни до други, генерално земено имале успешни љубовни врски. Во ова истражување, најмалку 86.5% од паровите спиеле во оваа позиција.]]>

Идеи за подарок за вашиот сакан https://arhiva.vistina.com.mk/idei-za-podarok-za-vashiot-sakan/ Wed, 27 Jun 2018 19:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34670

Уметноста на подарувањето е вештина која не ја поседува секој. Понекогаш ни е потребна мала помош за да избереме соодветен подарок за саканиот, кој ќе биде полн погодок и ќе предизвика среќа и задоволство во неговите очи. Иако добро познатата изрека гласи: „Важна е намерата“, сепак сите, без исклучок, ги сакаат внимателно избраните подароци. Навистина, секогаш можете директно да го прашате партнерот со каков подарок би се израдувал најмногу, но елементот изненадување изостанува од овој план, а мора и да се признае дека не е баш најинтересниот и најинвентивниот начин за подарување. Дополнително, ова и не е секогаш идеално решение, со оглед на фактот што најголем дел од партнерите одговараат дека не сакаат ништо. За да стигнете до идеалниот подарок, треба вистински да се потрудите. Различни фактори може да влијаат врз изборот на подарокот, но најголемиот проблем е најчесто имагинацијата. Што и како да се подари во совршениот момент, без разлика дали станува збор за роденден, годишнина од врската, дипломска или некој друг свечен повод, останува прашање и недоумица за секоја девојка. Најважно е да се забавувате и да уживате во потрагата. Нека тоа биде забавна мисија, наместо нервозно измачување. Ви предлагаме неколку совети и идеи за подарување.
  1. Размислете за неговото хоби и интереси. Дали вашиот партнер е спортски тип или пак неговиот интерес е насочен кон најновите производи на модерната технологија? Не ги игнорирајте деталите во неговиот дом и неговата соба. Разгледајте му ја домашната библиотека, доколку ја поседува секако. Што го интересира нека биде прашањето кое ќе ве насочува. Водете се од едноставни, но ефектни патокази – неговата омилена боја и храна, претпочитаниот музички и филмски жанр или стилот на облекување.
  2. Бидете креативни со подарокот. Нека проработи вашата фантазија. Сетете се на заеднички моменти, ваши интерни шеги и разговори, работи на кои само вие двајцата им го знаете значењето и симболиката. Бидете креативни, како во избирањето, така и во аранжирањето и моментот на самото врачување на подарокот. Не заборавајте на картичката со креативна порака.
  3. Искористете ги неговите другари. Пријателите и другарите може да бидат од вистинска помош кога станува збор за идеален подарок за саканиот. Слободно може да побарате совет и да се консултирате со некој од нив, секако во доверба, за да не се уништи изненадувањето. Најчесто пријателите имаат слични интереси, па тие прилично ќе ви ја олеснат задачата.
  4. Не избрзувајте со скапи и големи подароци. Доколку сте во „тазе“ врска која не трае повеќе од неколку недели, изберете мала, но значајна ситница. Сепак, сè уште не се познавате премногу добро за да изберете идеален подарок, па играјте на „сигурна“ варијанта. Одберете добар пијалак со кој двајцата може да се почестите. Во зависност од сезоната, можете да одберете кул маичка со интересен натпис, капче или пак шал или ракавици.

Авантурист

Доколку тој обожава да го поминува времето надвор, ужива во планинарење или екстремни спортови, за почеток квалитетно џебно ноже би бил идеалниот подарок. Термос или матарка нека ви биде изборот доколку партнерот сака да пешачи, спортува рекреативно, трча или вози велосипед. Никогаш нема да погрешите со квалитетен ранец. За екстремно авантуристичките типови – кацига, шатор или вреќа за спиење би биле вистински погодок. Авантуристот би сакал и да му подарите незаборавно доживување, како лет со параглајдер.

Спортски фанатик

Неговата пасија е спортско обложување и следење на фудбалски резултати и статистики? Вторничното или петочното издание на спортскиот билтен завиткајте го во машничка и подарете му прирачник за обложување со различни техники за успешно типување. Доколку тој е спортист, кошаркарска или фудбалска топка би биле подарок од соништата. Дрес од неговиот омилен играч или тим, како и капа со логото на омилениот клубсе секогаш добар и пријатен начин да се изненади спортскиот фанатик.

Кариерист

Одржување на беспрекорен надворешен изглед и грижа за стајлингот се одлики на амбициозниот кариерист. Непогрешлив избор е електрична машинка за бричење. Кравата соодветна на неговиот стил ќе предизвика воодушевување, како и манжетни за кошула со интересен дизајн. Можеби чанта за новиот лаптоп е она што му е потребно во моментот. Доколку е пушач, пријатно ќе се изненади од табакера, убава запалка или кутија со пури. Кожен паричник, квалитетно пенкало и нотес за планирање се опции кои треба да ги земете предвид.

Уметничка душа

Специјално изработен постер од неговите омилени бендови или книга според која е снимен филмот кој најмногу го воодушевил се подароци кои нема да поминат незабележано од уметничката душа. Запрашајте се кој е неговиот омилен уметник за да дојдете до идеалниот подарок за вашиот партнер. Биографијата на неговиот омилен автор би му оставила посебен впечаток или пак можеби собрани дела од омилениот сликар или фотографСтопениот ѕиден часовник на Дали е подарок кој ќе измами насмевка како од партнерот, така и од најблиските. Сигурно би се израдувал на инвентивна карикатура или пак рачно изработен сувенир, како и на интересни држачи за книги.

„Geek“

Квалитетно и уникатно компјутерско глувче, слушалки за компјутерот илигејмерска тастатура се идеални подароци доколку тој слободното време го поминува пред компјутер. Ако пак ужива во последните крикови на модерната технологија, добри звучници се подарок со кој може вистински да го израдувате. Инвентивна маска за мобилен телефон е идеално решение за партнер опседнат со необични гаџети. Доколку вашиот партнер е вистински обожавател на стрипови, време е да му подарите мини-колекција од омилените.

Гурман

Ако неговиот интерес е насочен кон експериментирање во кујната и вкусување на гурмански специјалитети, воопшто нема да погрешите доколку му подарите готвач со рецепти, хумористична престилка за готвење или сет кујнски ножеви. Специјални кригли за пиво, сортно вино, специјален отворач, колекција од специјално одбрани зачиниинтересни чашки за текила или пак шејкер за коктелисе уште неколку идеални опции за гурманскиот тип. Ако вистински сакате да го воодушевите, изненадете го со домашно приготвени колачиња или торта.

Идеи плус со кои нема да погрешите

Друштвените типови ќе ви бидат благодарни за подарена игра како шах, табла, ризик или сет чипови за покер, со која ќе ги забавуваат пријателите. Ниту еден маж не би одбил рачен часовник (спортски или елегантен во зависност од стилот), очила за сонце, парфем или паричник. Шише квалитетно виски со соодветни чаши е подарок кој мажите го прифаќаат со задоволство. Не заборавајте, секогаш подарувајте од срце и со насмевка.]]>