сага – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 06 Oct 2023 12:50:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сага – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/so-premiera-na-sovremeniot-balet-saga-identiteti-na-risima-risimkin-vecherva-se-otvora-novata-sezona-na-mob/ Fri, 06 Oct 2023 12:50:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321517

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на кореографката Рисима Рисимкин вечерва и утревечер во 20 часот се отвора новата сезона на Македонската опера и балет (МОБ). Насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (к.г. Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот. Настапуваат и: Наташа Трендафилова Гицев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Веланоски, Ендру Кук (к.г.Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (к.г. Англија), Франциско Хименез Руиз (к.г Шпанија) и Мирослав Митрашиновиќ. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.
Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.
]]>

Иако разделени, Роберт никако не ја испушта од око, па будно го следи секој чекор на Агнеса: „Абе женче, тебе само мажи ти се вртат во главата, мисли малку на ќерките за промена“ https://arhiva.vistina.com.mk/iako-razdeleni-robert-nikako-ne-ispushta-od-oko-pa-budno-go-sledi-sekoj-chekor-na-agnesa-abe-zenche-tebe-samo-mazi-ti-se-vrtat-vo-glavata-misli-malku-na-kjerkite-za-promena/ Thu, 11 Mar 2021 08:51:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193594

Сагата за екс дитекторот на АЕК  и неговата „захтевна“ ( се' уште на хартија) сопруга таман мислевме дека заврши, кога протагонистите не потсетија дека „бурата“ се' уште не минала. На тоа одвреме-навреме не потсетува и понекоја нова (вон)брачна турболенција. И додека траеше привременото затишје во „разводот“ на годината помеѓу Роберт Орданоски  и Агнеса (сега одново Органџиева), понежната половина откако се спакува и се исели од заедничкиот дом, покрај работните обврски во „АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за РМ“, му се врати на моминскиот живот. И тоа интензивно... Кафулиња, кафеани, кафиња, ручеци, дружба... како утеха за болната ситуација или надополнување на „изгубеното“ сите претходно изминати години во бракот, сеедно... Мотивот само Агнеса си го знае. Во меѓувреме „оставениот“ сопруг тврди дека многу повеќе им се посветил на децата. Така барем покажуваат бројните заеднички фотографии на неговиот Фејсбук профил со двете ќерки од прошетките и посетите на различни локации, места, културни збиднувања...Онолку, колку што дозволуваат условите во рамки на протоколите од коронапандемијата. Агнеса не само што стана популарна по „брачниот бродолом“ па стана интересна за медиумите, туку најде  време дополнително да си ја зголеми популарноста со своите изјави и интервјуа, но не само на тема „брак“!  Нејзината појава влета во модниот фокус на рубриките за убавина, па од пред огледало, Агнеса се пресели пред фотообјективот и за читателите на „Женски магазин“ ги откри и своите тајни ритуали за убавина. Но, она што е за едната страна инспирација, за другата очигледно е провокација... Па, неможејќи да додржи, „повредениот“ ( се' уште на хартија) сопруг, чепнат кај што најмногу боли, возврати со свој коментар на социјалните мрежи. Роберт Орданоски објави статус во кој ја обвини својата поранешна сопруга Агнеса дека „само мажи ѝ се вртат во главата“, алудирајќи на нејзините одговори во интервјуто за „Женски магазин“. Тој подоцна се испишмани и го избриша статусот, арно ама... Интернетот има „долго“ паметење, па некои работи тешко се бришат. „Абе женче, се' уште формално не си се развела, тебе само мажите ти се во глава. Многу е важно дали ќе се сетат на парфемот кој си го користела во дружбата со нив. Мисли малку на ќерките , за промена“ - и порача Роберт на својата „одметната сопруга“ во својот коментар. Набргу потоа сфатил дека „избрзал или претерал“ или... што и да е, па се премислил и ја избришал напишаната порака. Брачната двојка која барем според кажаното е во фаза на развод, и стана позната на пошироката јавност по скандалозните препукувања на социјалните мрежи поради нивните брачни несогласувања, а сагата на „Ор(даноски) - Ор(ганџиева)“ очигледно не е завршена. А, таман мислевме толку е...!? Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/Robert Bobi Ordanoski/agnesaorgandzieva  ]]>

Агнеса си го врати моминското презиме и замина од домот, а Роберт побара брачен совет, а свадбената фотографија ја стави за главна на својот Фејсбук! https://arhiva.vistina.com.mk/agnesa-si-go-vrati-mominskoto-prezime-i-zamina-od-domot-a-robert-pobara-brachen-sovet-a-svadbenata-fotografija-ja-stavi-za-glavna-na-svojot-fejsbuk/ Mon, 18 Jan 2021 08:33:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185536

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Роберт Орданоски повторно е во центарот на вниманието по скандалот кој ја разбранува македонската јавност. Очигледно сагата за „разводот на годината“ допрва почнува да се развива, така што епилогот е сосема неизвесен... како во латиноамериканска сапуница или турска серија во поново време сеедно, но сепак едно е сигурно: Никому не му е лесно од двајцата,  формално-правно се' уште брачните другари. Сепак, се чини дека повеќе пати Роберт, кој последно нешто што направил по најдолгата ноќ во животот за него, како што самиот вели, посегнал по приватната фото-архива, па ја сподели свадбената фотографија со Агнеса, ставајќи ја за главна на својот Фејсбук профил. Очајнички или покајнички потег на извинување според едни, обид да се прати порака дека се' не е готово и брачниот бродолом може да се спаси, а на заедничката љубов треба да и се даде уште една шанса според други, влегување од една во друга глупост, според трети... Што и да е, барем е искрено и отворено од негова страна, иако можеби е задоцнето покажување на емоциите кое нема многу да му помогне, зашто според онаа народната: После „онадуење“ - нема каење“! Но, екс-директорот на пат да стане бивш сопруг, сепак решил да проба тоа да не му се случи! Додека Роберт со децата беше на Пелистер од каде и тргна во јавноста целата брачана циркузијада на социјалните мрежи, Агнеса најпрвин се огласи во медиумите со својата страна на приказната, која можеби и не беше баш најубедлива, иако за едно беше сто насто во право: Брачните проблеми не се решшаваат преку социјалните мрежи, а „валканиот брачен веш“ не се вади на виделина, на увид на јавноста! Во меѓувреме русокосата „барбика“ го смени презимето, поточно од Орданоска, си го врати своето, моминското, Органџиева... Барем за во јавноста, на социјалните мрежи, покажувајќи пркос и решителност дека „капката ја прелила чашата“?! Враќајќи се кон дома од Пелистер, Роберт се огласи со нов статус на својот Фејсбук... Некаде од некој паркинг покрај Велес... Барајќи јавно брачен совет што понатаму?  „Што од правен аспект значи оваа циркузијада?“ - како што самиот напишал: Во меѓувреме додека тој и децата неколку дена зимуваа на Пелистер, неговата се' уште законска сопруга Агнеса го напуштила заедничкиот дом, собирајќи ги сите свои работи и работите на децата и заминала кај своите родители. Засекогаш или привремено, ќе покаже времето. Орданоски и покрај дилемата, решил да ги однесе децата кај нивната мајка која не ги видела цела седммица, а во ваква ситуација нивната блискост многу ќе им значи. Потврда за тоа  е нејзината заедничка фотографија на социјалните мрежи, која веднаш ја споделила пишувајќи: „Моите се... Моите ангели“! Дали токму заради „тие ангели“ брачната сага ќе заврши така што сопружниците сепак ќе најдат заеднички компромис, давајќи им на љубовта и заедничкиот живот уште една шанса или ќе преовладува првичната одлука на сопругата, сега дополнително зачинета со револт, суета, лутина... заради тоа што нивната приватност, очајниот сопруг направи да стане јавна? Разводот на годината ќе добие пресврт со „хепи енд“ или правна завршница, набргу времето ќе покаже?!]]>