саем на книгата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 May 2023 08:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png саем на книгата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џаро ќе ја потпишува биографијата „Живот на коцка“ на Саемот на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/dharo-ke-ja-potpishuva-biografijata-zhivot-na-kotska-na-saemot-na-knigata/ Mon, 08 May 2023 08:27:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300948

За возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски- Џаро се раскажува во книгата „Џаро-живот на коцка“ чиј автор е новинарката Милица Џаровска, а е во издание на издавачкиот центар „Три“. Овој вторник, 09 мај 2023 година на Саемот на книгата на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија. Од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија е раскажано во книгата за Џаро.
„Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаровски. Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.
]]>

„На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова ќе биде промовиранана Саемот на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/na-kriljata-na-samovilskoto-konche-od-aleksandra-velinova-ke-bide-promoviranana-saemot-na-knigata/ Tue, 02 May 2023 08:56:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300136

„На крилјата на самовилското коњче“ од авторката Александра Велинова е нова петта илустрирана книга за деца која ќе биде промовирана во петок во 18 часот во Промотивниот Центар на Саемот на книга. Промотор ќе биде проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци ќе драматизираат ученици од основното училиште „Блаже Конески“ од Аеродром во костими од рециклирана хартија. На 25 страници со соодветни колор илустрации, љубопитниот Алексеј и самовилското коњче преку својата авантура ја запознаваат читателската публика со убавините на Малешевските планини и ретките ендемски видови кои се наоѓаат таму. Книгата има цел да ја поттикне и развие еколошката свест од најрана возраст и праќа силна еколошка порака: да внимаваме како се однесуваме во природата со животинскиот и растителниот свет, бидејќи сме дел од неа. Прекрасните колоритни илустрации привлечни за детското око се на илустраторката Славица Купенкова, уредник на книгата е Михајло Маказлиев кој е и компјутерски и графички дизајнер, лектурата е на проф. д-р Елизбета Бандиловска, а рецензент е Љубинка Донева. Александра Велинова е новинарка, презентерка и член на ДПМ. Има напишано неколку книги за деца меѓу кои: „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со Ками во Египет“. и „Стефан во Дино парк“ . ]]>

„Саем на книгата 2022“ од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски” – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/saem-na-knigata-2022-od-3-do-9-maj-vo-arena-boris-trajkovski-skopje/ Thu, 28 Apr 2022 12:46:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248071

34. издание на Саемот на книга се враќа во редовниот, пролетен термин на одржување, од 3 до 9 мај, во Арена Борис Трајковски, под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија. За време на саемските денови, сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, ќе се реализираат средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти. Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците од средните и основните училишта на државата. Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите. За време на Саемот ќе бидат организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца. По повод 5ти Мај, Ден на македонскиот јазик на Саемот на книга 2022 ќе се одржи промотивен настан насловен како “Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” со почеток во 19.00 часот во Промотивниот центар во Арена Борис Трајковски. Настанот е во организација на „Арс Ламина“ – Скопје. На промотивниот настан ќе се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност: Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев итн. Во седумте саемски денови ќе се одржат повеќе од 30 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, а ќе има гостувања и на странски автори. Ќе бидат доделени и наградите на МАИ (Македонска Асоцијација на издавачи). На 34. издание на Саем на книгата 2022 ќе се претстават повеќе од 60 издавачки куќи од Македонија, како и од Турција, Србија, Косово, Албанија. Значајно претставување оваа година ќе има Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар “Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со уметници и автори од оваа земја. Електронските билети за Саемот можат да се купат преку веб страницата www.karti.com.mk кои се достапни веќе од (вторник) 26. април, а за време на Саемот билети ќе можат да се купат и на билетарата на Арена Борис Трајковски. Најголемиот настан за читателите во земјава  – Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена “Борис Трајковски” со работно време секој ден од 10 часот до 20 часот. Цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети на ученици изнесува 40 денари.]]>

Игор Џамбазов објасни зошто е подобро да си писател отколку политичар, па не потсети и на „златните времиња“… негови и на државата Македонија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-objasni-zoshto-e-podobro-da-si-pisatel-otkolku-politichar-pa-ne-potseti-i-na-zlatnite-vreminja-negovi-i-na-drzavata-makedonija-foto/ Tue, 14 Sep 2021 09:30:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218992

Игор Џамбазов го нема, го нема, а сепак, насекаде го има... И кога го нема, најприсутен е тогаш, зашто одненадеж однекаде ќе „изникне“, за нешто да каже, да направи, обзнани,... и пак ќе исчезне некаде во длабочината, во внатрешноста на оваа наша држава, милата ни Македонија. Така, Џамбаз деновиве дотрча од југот во македонската престолнина за да присуствува на Саемот на книгата кој се одржува од 08 до 14-ти септември. Таму Игорче понеделнички, на претпоследниот саемски ден  ги потпишуваше своите книги, издадени последниве години. „Саем на книгата, 13ти септември, 18 часот, на штандот на @knizarnica_tri, ќе ги потпишувам моите книги. Повелете да се дружиме... на дистанца. Подобро да издадеш книга, отколку државата. Подобро да потпишуваш книги, отколку лоши договори...“ - напиша Игор на Инстаграм канејќи ги читателите да дојда на заедничко дружење, како вовед во запознавањето со четивото на авторот. Тие го послуша, па му возвратија со доволно масовно присуство и веројатно уште подобар „пазар“. И за авторот и за издавачот.  Впрочем, не попусто Џамбазов тврди дека е подобро да си писател отколку политичар. Можеби е заработката многу помала, ама затоа задоволството далеку поголемо. А и Шутка и Идризово... никогаш не ти висат над глава! Затоа е подобро да издадеш сопствена книга, отколку сопствената држава, ама за жал кај нас далеку е помал бројот на талентирани за пишување, отколку за пикње раце до лакти во државна каса! А кога сме веќе кај државатаи договорите, уште следниот ден Џамбаз посети на „златните времиња“... Негови и  на државата Македонија. Почетокот и средината на 90-ите или првите десеттина години од независноста, кога на народот и државата „се' уште и цветаа рози“.  До душа, малку подоцна  се покажа дека биле пред свенување, ама сеедно... Тогаш се живееше подобро, послободно, подостоинствено и побогато... Со еден збор многу понормално, а „секирата во медот“ им беше падната на многумина, па и нему... на Џамбазов. Златната ера на „Супер бинго“, со продажба од над 300-350.000 ливчиња седмично, а добро упатените велат Игор имаше од секое ливче по еден денар. Наводно таков му бил договорот со тогашните газди од „Тутун промет“ кои го „стопанисуваа“ бингото. Вистина или не - никогаш не беше потврдено... Ниту пак демантирано, од никого! Останаа само спомените на „златните времиња“... Негови, на телевизијата, на државата... Македонија! Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Промовиран романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска на Саем на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-romanot-ravenka-na-stravot-od-verica-mukoska-na-saem-na-knigata/ Mon, 13 Sep 2021 11:53:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218904

Гледајќи низ призмата на авторската еволуција во овој роман и досегашното творештво на авторката, полека и прогресивно се кристализираат двете приказни чие дејство е стационирано во Сиена и Љубаништа, надоврзани како голема и мала премиса како што пишува за романот писателот Стефан Марковски. Во првиот план на палимпсестната структура која одовде произлегува, огледана и во бројните арспоетички нишки, е онаа на една младата творечка енергија полна надеж, внатрешни болки и колизии, но и волја за нивно и надминување на стравовите од нив. Сето тоа неминовно води низ откривањето на првата менлива во исконското од равенката на сите стравови: на познатото, како дел од патешествието наречено преобразба на главниот лик Калина. „Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе; талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа, како што пишува за романот Трајче Стамески. Авторката Мукоска истакнува дека фокусот е на главниот лик – сликарката Калина чија внатрешна окупираност од сликата што ја осмислува цели три години влијае врз нејзината сегашност низ која се провира гласот на гавранот на Едгар Алан По. Појавувањето на гавранот на По е еден вид патоказ за нејзиниот пат низ равенката на пат да стане равенство. Така, романескната структура води низ разрешување на внатрешниот заплет во кој преовладуваат психолошките рефлексии наспроти надворешните дејства што се случуваат во ликовната колонија на сликарот Емилијан Де Ремарос. Она што го доближува овој роман до самата реалност, до животните премиси и до самото човечко себеспознание се прашањата што се разјаснуваат преку исчитувањето на овој роман: Како да се стигне до целта, која таа и да е, преку философијата или уметноста? Колку љубовта влијае врз нашиот живот? Колку животот нè учи на надеж? Дали има нешто што вечно сјае? И можно ли е тоа? Верица Мукоска (1999, Вевчани) дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Го објавила романот „Дневникот на длабоките тајни“ (2017) и стихозбирката „Стихови од срцето на природата“ (2009). Присутна е со есеи и прилози во книжевната периодика. Промоцијата на романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска се одржа на 12.09 (недела) во 13 часот на Саемот на книга во Скопје. Промотор на романот беше Стефан Марковски.  ]]>

Објавен и промовиран романот „Анатомија на бумбарот“ од Стефан Марковски https://arhiva.vistina.com.mk/objaven-i-promoviran-romanot-anatomija-na-bumbarot-od-stefan-markovski/ Mon, 13 Sep 2021 11:48:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218896

Романот „Анатомија на бумбарот“, веќе објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон“ каде годинава беше и прворангиран во категоријата Источноевропска литература за Киндл, е мешавина од гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување зачинета со возбудливи трилер елементи. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар Прокопиев, прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови кои во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна, и сериозност од една, и игра од друга страна, и индивидуалност и загриженост за општочовечкото а во спрега со судбината на својата земја, и пред сѐ, разочарување кое и во најбуквална смисла експлодира во револт кој со себе ги носи политичарите и општествените моќници како „потрошен материјал“ со секогаш предвреме истечен рок на употреба. Третиот роман на Стефан Марковски покренува внатрешна револуција во секој кој ќе го чита, наметнувајќи повеќе егзистенцијалистички прашања и преиспитување на животот во потрагата по сопственото место во него. Раскажана од две перспективи – машка и женска, оваа приказна е како сложувалка во која на крајот ќе се состават сите делчиња. Ќе ви стане јасна поврзаноста на историчарот и уметник Илија и неговата жена Инес. Извонредни книжевни постапки, неверојатно добри приказни и ехо на егзистенцијалната мака во заднина. Раскршеноста на нашето доба рефлектирана во неправедните животни борби е сеприсутна во психологијата на протагонистот, која во себе носи преобразби, премавнувања, разочарувања, но во ниеден случај не и пасивен однос кон светот, туку го тера идеалистот храбро, но и низ една гротеска што ја рефлектира неговата омаловажувана стварност да ги отскокне скалилата на својата ограниченост, придонесувајќи да се внесе во друг облик на борба, правејќи од него – атентатор. Борбата е клучот, а како што е раскажано и овде, потажна од смртта е само изгубената борба. Ова е роман за разочарувањето и силите потребни за непомирливиот уметник да го совлада. „Не се распрашував околу деталите за истрагата на убиството. Од малку поинакво гледиште од она што го имав пред да посегнам по животот на рекетарот-лихвар, би додал дека го извршив на некое не превисоко ниво на извршување над она на кое убиството би се нарекло аматерско и клучните две околности за моето неоткривање веројатно беа фактот што во тој дел од денот немаше буквално никого ниту на споредната уличка ниту на соседните два паралелни сокаци кои ја омеѓуваа (и ако некој воопшто би можел да се појави како сведок, би го сторил тоа во полуразбудена состојба) и непостоењето сосема дефинирано видно поле, со оглед на далечината на куќите и потенцијалните сведоци. Надежта, во случајов дека ќе научам нешто суштинско за оваа работа со првото убиство, уште еднаш е престигната од самите ограничености кои ги носи реалното искуство“, пишува Марковски во книгата во издание на Паблишер. Промоцијата се одржи во саботата (11.09) во 17 часот на Саемот на книга.]]>

Започнува годинашниот Саем на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-godinashniot-saem-na-knigata/ Thu, 03 May 2018 10:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24807

Промоции, дружења со автори, семинари и други настани ќе бидат дел од годинашното јубилејно 30-то издание на Саемот на книгата што почнува денес и ќе трае до 9 мај.
Саемот ќе се одржува во ВИП арена Борис Трајковски, го организира Скопски саем, а е под покровителство на Министерството за култура. Најавено е учество на околу 70 издавачки куќи од Македонија и од регионот: Србија, Црна Гора, Косово, Албанија. Покрај изложбено-продажниот дел, предвиден е посебен простор за т.н. Промотивен центар каде ќе се одвиваат настаните. Дел од програмата на Промотивниот центар е и доделувањето на наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) што е закажано за сабота, 5 мај во 18.00 часот, како и доделувањето на награди организирано од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ) што ќе биде во вторник, на 8 мај во 19.00 часот. Сите што ќе го посетат Саемот на книгата ќе можат да ги проследат промоциите кои ги организираат издавачките куќи на своите штандови, да ги видат сите нови наслови, но и да набават книги со големи саемски попусти до 70 отсто. За подобар пристап до Саемот, на барање на Скопски саем, ЈСП  воведе две нови автобуски линии од различни краеви на Скопје со број 100/1 и 200/1 кои ќе водат до ВИП Арена „Борис Трајковски”, а влезот за сите групни, организирани посети на ученици ќе биде бесплатен. Работното време на Саемот е од 10:00 до 20:00. Цената на редовната влезница изнесува 30 денари.