садови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Mar 2023 13:46:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png садови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мало невнимание може да ви направи огромен проблем во кујната: Работи кои никогаш не треба да ги фрлате во мијалникот https://arhiva.vistina.com.mk/malo-nevnimanie-mozhe-da-vi-napravi-ogromen-problem-vo-kujnata-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-frlate-vo-mijalnikot/ Thu, 23 Mar 2023 13:46:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294806

Покрај тоа што не е добро да ставате чинии полни со храна во него, не е добро да пуштате некои видови храна и хемикалии во одводот бидејќи може да ја оштетат цевката. Првото нешто што никогаш не треба да го фрлате во одводот се маснотиите – тоа е многу штетно за цевката, но и за околината. Може да се стврдне и да формира блокада што е многу тешко да се отстрани. Почекајте да се згусне и стврдне на собна температура, па фрлете ја во ѓубре. Едно нешто што повеќето луѓе го фрлаат во одводот е талогот од кафе, но тој се однесува како маснотија – делува како тиња и го затнува вашиот одвод. Фрлете го во ѓубре или искористете го за нешто друго. Никогаш не ги фрлајте остатоците од храната, особено коските, во одводот. Коската може да ја пробие цевката, а тоа ќе го предизвикаат насобраните остатоци од храна. За крај, ако имате стари лекови, подобро е да ги носите на специјализирани депонии отколку да ги испуштите во одводот. Извор: Курир.мк]]>

Садовите не треба да се мијат со сунѓер, научник открива и зошто е тоа опасно https://arhiva.vistina.com.mk/sadovite-ne-treba-da-se-mijat-so-sungjer-nauchnik-otkriva-i-zoshto-e-toa-opasno/ Mon, 13 Jun 2022 13:00:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254061

Ако садовите ги миете рачно, сигурно користите сунѓер за таа намена. Но, дали знаевте дека на него се собираат многу повеќе бактерии отколку што мислите? Норвешкиот научник Тронд Морерто од Институтот за истражување храна, на оние кои користат сунѓер за садови им препорачува веднаш да го фрлат. Овој популарен предмет, како што вели научникот, е опасен бидејќи на него се развива салмонела и некои други бактерии, особено ако сунѓерот го користите секој ден па тој речиси никогаш не е сув. Влажните услови во внатрешноста на сунѓерот се совршено место за развој на бактерии,иако најголем дел не се опасни за луѓето, сепак од салмонела може да се разболите. -Еден сунѓеро може да содржи повеќе бактерии отколку што има луѓе на Земјата. Влажен е и ги собира остатоците од храна кои исто така се и храна за бактериите, што доведува до нивно брзо размножување, објаснува норвешкиот научник. Вели дека чистењето на сунѓерот не прави голема разлика, а единствен начин за да обезбедите целосна хигиена е секој ден да имате нов сунѓер за садови што е скапо и лошо за околината. Најдобро решение, доколку немате машина за садови или не можете секој ден да ја вклучувате, е да користите четка за садови која брзо се суши и на неа бактериите не можат долго да живеат.
]]>

Храна која е одлична за црвените крвни садови https://arhiva.vistina.com.mk/hrana-koja-e-odlichna-za-crvenite-krvni-sadovi/ Fri, 17 Aug 2018 12:13:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43407

Крвните садови се тубуларни структури преку кои се транспортира крвта до ткивата и органите. Во зависност од тоа каква крв пренесуваат, разликуваме артерии и вени. Артериите се крвни садови кои ја пренесуваат крвта богата со кислород, за разлика од вените кои ја пренесуваат крвта со јаглероден диоксид. Градбата на ѕидот на артериите се состои од 3 слоеви: внатрешен, среден и надворешен слој. Кога во внатрешниот слој започне акумулирање на атероматозни плаки (депозит од калциум, масти, холестерол, фибрин), луменот на артеријата се стеснува и се отежнува протокот на крвта. Губењето на еластичноста и задебелување на ѕидот на крвните садови како разултат на создавање на атероматозни плаки е познато како атеросклероза. Високото ниво на ЛДЛ (лош холестерол), ниското ниво на ХДЛ (добар холестерол) и покачениот крвен притисок се најчестите причини за создавањето на овие плаки. Храната може да ги заштити ѕидовите на крвните садови и да го намали создавањето на атероматозните плаки. Еве кои намирници ќе ви помогнат да го зачувате здравјето на вашите крвни садови:

ЛУК

Лук Најпознатиот чувар на здравјето на крвните садови е лукот. Лукот го намалува нивото на ЛДЛ (лошиот холестерол) во крвта и спречува создавање на масни наслаги во крвните садови. Најновите истражувања покажуваат дека благодарение на супстанции кои се ослободуваат при дигестија на лукот, како што е водород сулфидот, крвните садови се релаксираат и со тоа се зголемува крвниот проток. Вклучете најмалку 1 до 4 чешниња лук во секојдневното мени. Најдобро е да го консумирате сиров, но може да го додадете во супи и приготвени јадења во комбинација со разни зеленчуци и месо.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Маслиново масло Поради есенцијалните масни киселини, маслиновото масло успешно го намалува нивото на лош холестерол и го покачува нивото на добар холестерол. Дополнително, малиновото масло е богато со антиоксиданси и полифеноли, супстанции кои спречуваат создавање на масни наслаги во крвните садови.

ЛУБЕНИЦА

Лубеница Освен што е вкусна, лубеницата е и чувар на здравјето на крвните садови. Ова овошје е природен извор на аминокиселнината Л-цитрулин, која помага во намалување на инфламацијата на крвните садови и намалувањето на крвниот притисок. Затоа, секогаш кога сте во можност, послужете ја лубеницата на вашата трпеза и направете овошната салата или свежо исцеден сок од лубеница.

БАДЕМИ

Бадеми Овие јаткасти плодови кои изобилуваат со незаситени масни киселини, помагаат во регулирање на холестеролот. Освен тоа, бадемите се богати со магнезиум, кој спречува создавање на масни наслаги на крвните садови. Консумирајте 3 до 5 пати неделно по една рака сирови бадеми.

БРОКУЛИ

Брокули Брокулите се богати со витаминот К, со чија помош се спречува калциумот да го оштети ѕидот на крвните садови. Покрај тоа, овој зеленчук изобилува со сулфорафан, супстанција којашто му помага на организмот да користи протеини со цел спречување на формирањето на масни наслаги во крвните садови. Докажано е дека вклучувањето на брокула најмалку 2 до 3 пати во неделното мени, ќе помогне во прочистување на крвните садови. Најдобро е овој извонреден зеленчук да го консумирате сиров, приготвен на пареа или на скара.

ЛОСОС

Лосос Лососот изобилува со омега-3 масни киселини кои го покачуваат нивото на добриот холестерол и се борат против создавањето на масни наслаги во крвните садови. Дополнително, лососот го регулира нивото на триглицеридите и ја намалува инфламацијата на крвните садови. Се советува консумирање на 2 порции лосос неделно. Најдобро е да се приготви на пареа или на скара.

АВОКАДО

Авокадо Високото ниво на лош холестерол го стимулира создавањето на масни наслаги во крвните садови. На сметка на тоа, крвните садови ја намалуваат својата еластичност и се стеснува луменот, со што се оневозможува непречен проток на крвта. Авокадото помага во намалување на нивото на лошиот холестерол со што индиректно се спречува развојот на овие процеси. Дополнително, авокадото изобилува со витамин Е, кој помага во намалување на крвниот притисок. Доколку сте во можност, консумирајте по едно авокадо на ден. Може да го вклучите во вашето секојдневно мени како намаз на леб или во салата.

ПОРТОКАЛ

Портокал Научниците веруваат дека благодарение на високата концентрација на витамин Ц и полифеноли коишто во изобилство ги содржи портокалот, се прочистуваат крвните садови и се обезбедува непречен проток на крвта.

ЛЕНЕНО СЕМЕ

Ленено семе Лененото семе е еден од најдобрите извори на алфа-линолеинска киселина (омега-3 масна киселина). Со помош на омега-3 масните киселини се намалува крвниот притисок и се прочистуваат крвните садови од масните наслаги, па затоа не заборавајте во следниот оброк да го вклучите лененото семе.

АСПАРАГУС

Аспарагус Благодарение на богатата комбинација на минерали и витамини, вклучувајќи ги К, Б1, Б2, Ци Е, аспарагусот е една од најдобрите намирници за прочистување на крвните садови. Овој зеленчук го намалува крвниот притисок и помага во борба против разни кардиоваскуларни болести. За максимално да ја извлечете хранливата вредност на аспарагусот, јадете го сиров или пригответе го на пареа.]]>