„Сада знам“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Feb 2022 13:23:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „Сада знам“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Никола Трпковски од „Жешко столче“ на музичката сцена како Ninne со – „Сада знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-trpkovski-od-zeshko-stolche-na-muzichkata-scena-kako-ninne-so-sada-znam-video/ Wed, 09 Feb 2022 13:18:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238358

По три успешни сезони на забавната емисија „Жешко столче“ снимени во Скопје и во Белград, водителот на емисијата Никола Трпковски отвора ново поглавје, зачекорувајќи и на музичката сцена, овој пат како Ninne. Неговото прво музичко остварување со наслов „Сада знам“, имаше своја промоција и премиера во Intermezzo Music Bar на 08 февруари, вторник,  како и на каналот на „Жешко столче“ на You Tube. Интересна нумера испена истовремено и на српски и на македонски јазик, лесно прифатлив звук, модерен бит и ултрамодерен видео запис. Музиката е на фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов  и Деки, исто така член на групата, додека ‭стиховите ги напишала младата раперка, ‬Дијана‭ ‬ОГ. Иван Јованов и неговата девојка, Антонија Гиговска дадоа свој придонес и во целиот процес на пеење и се јавуваат како придружни вокали чии гласови ги слушате во позадина на снимката. Видеозаписот е потпишан од режисерот Владимир Митревски – Ѓуле и од матичната продукција МАГ која стои и зад проектот „Жешко столче“, а во спотот се појавува и моделот Сара. Како изгледа и звучи сето ова спакувано, проследете во видеото подолу: ]]>