сад – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2023 13:30:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сад – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Невиден инцидент досега: На кошаркарски натпревар меѓу себе се степаа судиите!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/neviden-intsident-dosega-na-kosharkarski-natprevar-se-stepaa-megu-sebe-sudiite-video/ Wed, 13 Dec 2023 13:26:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330980

Досега на еден спортски натпревар сме виделе секакви инциденти. Да се степаат играчите од две различни екипи меѓу себе, играчи од една иста екипа, да се степаат навивачите меѓу себе или да влетаат во теренот и пресметаат со играчите, дури неодамна видовме и како од управата на еден фудбалски клуб во Турција брутално го тепаат судијата...Ама ова што се случи во САД на еден кошаркарски натпревар и тоа за деца, досега го немате видено. Имено, апсолутно незапаметен инцидент се случи на кошаркарски натпревар за деца во Колорадо, САД. Во последната четвртина од средбата тројцата судии сосема неочекувано почнаа меѓусебна брутална физичка пресметка пред очите на дечињата, нивните родители и присутните гледачи. Потежок инцидент беше спречен благодарение на интервенцијата на дел од присутните кои успеаја да ги разделат судиите… како тоа изгледаше, погледнете од видеото. ⬇️ 𝐖𝐚𝐭𝐜𝐡: Last Saturday, at a Colorado youth basketball game, three referees got into an all-out brawl in the middle of the court. The fight broke out during the fourth quarter of a fourth-grade boys’ basketball game between Cherry Creek and Legend Blue. The Gold Crown… pic.twitter.com/EshbHWj1u3 — RedWave Press (@RedWave_Press) December 12, 2023 Извор, фото и видео: RedWave Press
]]>

„Благодарам на сите кои ме поддржувате“: Андријана Јаневска доби светско признание на натпревар во САД (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/blagodaram-na-site-koi-me-poddrzhuvate-andrijana-janevska-dobi-svetsko-priznanie-na-natprevar-vo-sad-video/ Sat, 19 Aug 2023 13:35:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314376

Во изминатите неколку месеци на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс во САД се избираше најдобар пејач/пејачка, а првото место го освои македонската пејачка Адријана Јаневска. – Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате, објави Јаневска денеска.
Сега, Адријана Јаневска која е актуелна со песната „Ми заплакало селото Ваташа“ , а ја испеа заедно со Џамбазов е избрана за најдобра пејачка на светот. Македонската песна е  напишана во 60-те години од страна на  текстописецот Лазар Манчевски – Пинџур, кој инспирацијата ја добил од масакрот во Ваташа што се случил за време на Втората светска војна, кога на 16 јуни 1943 година биле застрелани 12 младинци од фаштистичката војска. Оригиналот на песната е изведен од Никола Бадев во 1975 година. Песната сега повторно стана актуелна по изведбата на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на последната Златна Бубамара на популарноста, а во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја снимија. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Адријана Јаневска/Јутјуб]]>

Четкар најави нов албум и нова концертна тура во САД https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-najavi-nov-album-i-nova-kontsertna-tura-vo-sad/ Tue, 16 May 2023 12:00:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302284

Владимир Василевски Четкар периодов интензивно работи на продукцијата на неговиот нов студиски албум и набрзо заминува за САД каде што ќе започне со снимањата на материјалите во неколку студија во Чикаго и Њујорк. На овој Албум како и на предходните Четкар ќе се потпише како комплетен автор, композитор, аранжер, продуцент, диригент, гитарист вокалист и текстописец а ќе биде сниман во целост со живи инструменти односно со ритам, дувачки и гудачки секции.
Паралелно со снимањата и продукцијата на албумот, Четкар ќе одржи неколку концерти во Америка и тоа во Њујорк на 3 Јуни, Кливленд на 10 Јуни и Детроит на 16 Јуни а ова ќе бидат воедно и неговите први настапи во САД оваа година кои доаѓаат после неговата распродадена есенска турнеја минатата година.

Александар Јосифовски откри непознати детали од турнејата по САД со Лепа Брена: „Таа полна енергија, а мене ми беше срам да и кажам дека сум уморен“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-otkri-nepoznati-detali-od-turnejata-po-sad-so-lepa-brena-taa-polna-energija-a-mene-mi-beshe-sram-da-i-kazham-deka-sum-umoren-foto/ Sat, 06 May 2023 07:37:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287677

Во денешно време е многу тешко да се одржи автентичноста и доследноста особено во поп музиката, бидејќи има се повеќе нови музички жанрови на кои ретко кој може да им одолее. И покрај тоа, македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Александар Јосифовски успеа да си остане верен на себе, не само во музичка смисла, туку и кога станува збор за визуелниот идентитет. „Генерално рокот е она што го чувствувам, овој стил и се што носи овој вид музика со себе е она што го обожавам уште од дете. Сакам да носам многу прстени и ланци на себе, да ѕвонам додека одам (се смее). Уживам во рок верзијата од себе“ - признава талентираниот Македонец. Круна на неговата досегашна кариера, освен успехот во најпопуларното регионално музичко талент шоу, дефинитивно е и американската турнеја која неодамна ја одработе со веројатно најголемата балканска музичка ѕвезда, Лепа Брена. „Еден месец пред турнејата ми се јавија да ме прашаат дали сум слободен и ми рекоа дали сакам појдам со Лепа Брена на турнеја низ САД. Реков  само: „Лелееее!“  „Морам да кажам дека додека ги правевме тие први концерти и патувавме од град во град ми беше многу заморно, навистина се срамев да кажам дека сум уморен, за разлика од таа жена која има таква енергија!“ – откри  Јосифовски, кој и покрај успесите што ги постигнува,  постојано крои и нови планови и си поставува нови цели во кариерата. „Имам нешто ново во фиоката, ама засега ќе ја промовирам песната и дуетот со Белма, но сигурно ќе има изненадувања, сто проценти!“ - остана мистериозен Александар. Фото: Инстаграм принтскрин/alexandarjosifovski

Весна-Бејби горда на двајца мажи кои најмногу и недостасуваат: Кај едниот… „ми фалат оние образи што кога ќе ги штипнев ми остануваа во раце, а другиов… само се лигавам кога ќе го видам“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-gorda-na-dvajtsa-mazhi-koi-najmnogu-i-nedostasuvaat-kaj-edniot-mi-falat-onie-obrazi-shto-koga-ke-gi-shtipnev-mi-ostanuvaa-vo-ratse-a-drugiov-samo-se-ligavam-koga-ke-go-vidam-foto/ Wed, 25 Jan 2023 10:22:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285616

Македонската актерка и ТВ водителка, Весна „Бејби“ Петрушевска, со две одвоени објави на својот Инстаграм профил сподели дека е особено горда на двајца мажи во нејзинио живот. Едниот, кој за жал не е повеќе меѓу нас,  денес ќе полнеше 42 години, а другиот иако далеку од нејзините очи,  толку многу е вгнезден во нејзиното срце што љубовта е неизмерна, како  и носталгијата што не тука до неа. Имено, денес, 25-ти  јануари  на нашиот ангел, на македонската музичка икона Тоше Проески му е роденден... Иако го нема повеќе меѓу нас, Тоше е човекот кој има само датум на раѓање... Затоа неговите верни фаови, кои растеа со неговите песни, денес веќе возрасни и зрели луѓе, никогаш не го заборавија. Но, не го заборави ниту јавноста, медиумите, а не го заборави ниту таа, една од неговите најголеми и верни пријателки - Весна - „Бејби“ која му го направи последното интервју во нејзината тогаш многу популарна и гледана ТВ емисија „Вртелешка“, само неколку часа пред ангелот да замине во вечноста. Токму затоа таа е онаа која на важните датуми прва се сеќава на нејзиниот и наш Тоше. Затоа Бејби сподели објава на своот Инстаграм во која го одбелжи неговиот датум на раѓање со прошетка по опствените спомени  она што кога е Тоше во прашање, најмногу и фали: „Денес ќе имаше 42, сигурна сум дека ќе имаше уште 10 албуми,немаше да престанеш да пееш....Секогаш првата мисла ми е твојата насмевка,таа беше љубовна, животна приказна...Таа насмевка гласна која го исполнуваше просторот во кој си шушкавме за работи кои само ние си ги знаевме... И ми фалат оние образи што кога ќе ги штипнев ми остануваа во раце... Таа топлина која ја имаше во себе... Тоа ми фали“ - со длабока тага Весна Бејби се потсети на Тоше на неговиот роденден. Но претходно, Бејби сподели фотографија од вториот маж кој и енајголемата слабост во животот. Зимска, урбана, снежна  идила и момчето кое пораснал во вистински маж - нејзиниот син Кирил Тренкоски кој во 2020 година се пресели да се школува во САД, каде живее неговиот татко Јанко. Нако не му се биолошки родители, тие двајцата за него се повеќе од тоа, а тој за нив повеќе од нино дете. Затоа и Бејби тешко ја поднесува далечината, одвоеноста од својот Кирил, па последната фотографија која ја сподели на социјалните мрежи, таа емотивно ја искоментира: „Само се лигавам кога ќе го видам... Колку е разубавен син на мајка“ - напишала Бејби покрај фотографијата на нејзиниот убавец, кој во 2021 година стана полнолетен, лани матурираше, а сега е на студии во Хјустон. Инаку тој како што рековме во САД замина во 2020 година за таму да  заврши IV  година гимназија и да продолжи на студии, па тогаш пред да замине Бејби со емотивна објава објасни како се чувствува додека се ближи денот на нивната разделба: „Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, напиша тогаш Петрушевска на „Фејсбук“. Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska/Јутјуб - Ал Џезеира/]]>

За некогашната македонска ТВ водителка и оваа Нова година е повеќе од среќна: Марија Главчева по втор пат стана мајка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-nekogashnata-makedonska-tv-voditelka-i-ovaa-nova-godina-e-povekje-od-srekjna-marija-glavcheva-po-vtor-pat-stana-majka-foto/ Thu, 05 Jan 2023 09:58:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282874

Поранешната македонска ТВ водителка која последниве години живее надвор од Македонија, поточно во САД и годинава како и пред две години имаша повеќе од добра причина со огромна радост да влезе во Новата Година. Имено и во 2022-та новогодишните празници беа посебни за неа како и пред две години, кога Марија Главчева и нејзиниот избраник Ивица Попоски беа за прв пат во исчекување на нивната најголема животна радост. Тогаш, само неколку дена по највеселата и најлуда ноќ, атрактивната гевгеличанка на свет го донесе своето прво чедо, првата рожба и тоа прво – па машко, синчето Мартин. Две години подоцна, историјата или поточно животниот циклус како пресликан се повторува... Речиси во ист ден Марија се породи по втор пат и на свет донесе уште едно здраво машко чедо, кое овој пат го доби името Адриан. „Адриан сине, добре ни дојде во нашите животи. Мама, тато и братчето Мартин се најсреќни и благословени“ - кусо сподели некогашната водителка на својота Фејсбук страница, по што следуваше ерупција од воодушевувањам честитки, благослови... од нејзините роднини, пријатели, познаници..., на што Марија и нејзиниот сопруг Ивица на сите што им ја честитаа приновата во семејството, најискрено им се заблагодарија. Како и не би, кога можеше ли поубаво, порадосно и посреќно, Новата 2023-та за нив да започне? Нека е среќна и годината и приновата! Фото: Фејсбук принтскрин/Marija Glavcheva  ]]>

Владимир Четкар со концерт во „Станца 26“ во Скопје, па на есенска турнеја низ САД https://arhiva.vistina.com.mk/vladimir-chetkar-so-koncert-vo-stanca-26-vo-skopje-i-na-esenska-turneja-niz-sad/ Wed, 12 Oct 2022 09:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270951

На 28 Октомври, петок, Владимир Четкар после подолго време ќе се претстави пред скопската публика со свој концерт во Станица 26. Концертот ќе започне во 21:00 часот и ќе трае до 23:00 часот. Билетите  можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се. После овој концерт Четкар заминува за Америка каде ќе ја одржи својата есенска турнеја низ некој од најпрестижните амерички џез клубови и културни институции како Нортон Музејот За Уметност во Вест Палм Бич, BOP STOP во Кливленд, Black Cat Jazz Club во Сан Франциско и така натаму. Турнеата на Четкар во Америка ќе започне со концерт во Чикаго на 6. ноември во Skadarliya, потоа продолжува во Детроит во џез клубот Aretha’s Jazz Café at the Music Hall, на 12 Ноември ќе настапи во BOP STOP at The Music Settlement во Кливленд, на 19 Ноември ќе одржи концерт во Њујоршкиот музички клуб Chelsea Table + Stage, на 30 Ноември ќе дебитира во Сан Франциско во Black Cat Jazz Club а на 9 Декември по втор пат оваа година Четкар ќе оддржи концерт во Нортон Музејот на Уметност во Вест Палм Бич во Флорида. На сите настапи во Америка Четкар ќе се претстави со своја авторска музика и свои аранжмани за септет во придружба на американски музичари.]]>

Влатко Лозаноски замина од Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-lozanoski-zamina-od-makedonija-video/ Fri, 02 Sep 2022 06:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265200

По се изгледа, Влатко Лозаноски не знае за доста. После успешните настапи кои ги имаше низ цела Македонија ова лето, тој реши да ги спакува куферите и да замине од татковината. Причината и е веќе добро позната на јавноста, а тоа е неговата најавена турнеја по Америка  која долго време беше откажувана, уште од 2020-тата година заради корона пандемијата. Сега кога конечно се создадоа услови и да се патува и да се настапува, Лозано тргна да ги израдува нашинците во дијаспората, преку океанот во Америка. Екипата на ТВ магазинот од зад сцената - „Бекстејџ“ беше да го испрати нашиот Влатче на скопскиот аеродром, а што кажа Лозано пред да полета преку големата бара, погледнете во видеото продолжение: ]]>

Лозано со голема турнеја по Америка: Македонците со нетрпение го очекуваат најдобриот машки вокал од нивната татковина! https://arhiva.vistina.com.mk/lozano-so-golema-turneja-po-amerika-makedoncite-so-netrpenie-go-ochekuvaat-najdobriot-mashki-vokal-od-nivnata-tatkovina/ Fri, 26 Aug 2022 08:37:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264189

Една од нашите најголеми музички ѕвезди, Влатко Лозаноски - Лозано за неколку дена започнува со големата турнеја во Америка. Оваа турнеја требаше да се реализира во 2020 година, но поради светската пандемија со коронавирусот, мораше да биде одложена. Сега кога се создадени услови за настапување, Лозано конечно ќе отпатува во Соединетите Американски Држави и ќе пее пред нашинците кои ги има во доста голем број. Првиот негов настап е на големата македонска конвенција која ќе се одржи на 3-ти септември во Чикаго, на која ќе присуствуваат Македонци од цела Америка и Канада. Лозано пред гостите ќе настапи со бенд, а покрај неговите песни, тој ќе ги испее и најпопуларните македонски народни песни. „Конечно се отстранети сите пречки за турнејата во Америка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

„Како што знаете, требаше да одам во 2020 година, но се случи пандемијата. Искрено се радувам на турнејата и едвај чекам да настапам пред нашинците. Досега низ годините постојано добивав пораки зошто не одам на турнеја во Америка и еве, конечно ќе се случи тоа. Ги поканувам сите Македонци, односно сите кои ги сакаат моите песни да присуствуваат на моите концерти. Би ја искористил оваа прилика да се заблагодарам на одборот на македонската православна црква Св. Кирил и Методиј од Илиноис за поканата да пеам на овој конгрес и за желбата да направат нешто поразлично од другите години“ – вели популарниот Лозано. Исто така Лозано ќе настапи и во неколку други градови и држави во Америка каде има Македонци, но за повеќе детали најдобро е да се следат социјалните мрежи на Влатко на Инстаграм и на Фејсбук.]]>

Македонци во Америка создаваат рап-музика: Никола и Вукац на патот до светската сцена! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonci-vo-amerika-sozdavaat-rap-muzika-nikola-i-vukac-na-patot-do-svetskata-scena-video/ Tue, 19 Apr 2022 06:53:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246862

Младиот продуцент Никола Тефов како многу други во нашата земја, така и тој пред неколку години среќата си ја побарал преку океанот, односно Америка од каде успеава да го работи она што за целиот свој живот сонувал. Никола е млад, но успешен продуцент кој во Америка работи на големи музички проекти… Во Америка тој се сретнува и со македонскиот рапер Александар Петров – Вукац „Ем-си“, со кого ја продолжуваат нивната соработка. Тефов е продуцентот na песната и видеото за “I Step On The Gas” изведена од македонскиот рапер Александар Петров АКА Vukac MC и поранешен член на латино бендот „Фуланито“ кој што имаат две Греми номинации, Сем Серати ака SamGotDI. Александар Петров е познат и како Vukac MC. Како и многу млади во оваа земја во 2011 година тој престанува со музиката поради финансииски причини, но 10 години подоцна тој повторно соработува со Никола Тефов за неговиот “Come Back”. „I Step On The Gas“ беше објавена на сите платформи преку издавачката куќа NT Music на Божиќ, 27 декември. Аудио и видео продуцент е Никола Тефов, познат како NT Beats. SamGotDI и Vukac MC исто така придонесоа во процесот на пишувањето на песната. Песната беше инспирирана од хип-хоп иконите како Eminem, 50cent, T.I. и Royce Da’ 59. Повеќе песни и проекти од двајцата артисти се на хоризонтот, како и позначајни соработки со индустриски гиганти. Но покрај тоа што песната е на Англиски јазик, Македонија им е сеуште во срцава, и за тоа при крај на песната ќе можете да го видете Македонското знаме so шеснаесет-зраци. Дополнително, ако сакате да го поддржите Vukac MC, дефинитивно треба да отидете и да се подновете со новата облека од неговата продавница www.VukacMcStore.com. ]]>