сабајле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Jul 2023 09:43:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сабајле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Петрушевска замина на одмор со Хана, Ума и Аце, а кога ќе видите што направиле, слатко ќе се изнасмеете (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-petrushevska-zamina-na-odmor-so-hana-uma-i-atse-a-koga-ke-vidite-shto-napravile-slatko-ke-se-iznasmeete-foto/ Fri, 14 Jul 2023 09:00:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310257

Месец јули е периодот на летниот пик, односно кон средината на јули веќе сите датуми се резервирани за плажа, езеро или море. Токму тоа го направи и македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска  која ги спакува куферите и замина да ги наполни батериите во друштво на нејзините три кучиња Хана, Ума и Аце. Но, бидејќи сакаше да го искористи целиот ден одлучи рано изутрина да ги прошета миленичињата низ ресортот каде што е сместена на Егејскиот брег кај  јужниот сосед. „Сабалјечки да им помочаат се“ - со емотикони кои плачат од смеење таа ги тагна и апартманите каде што престојува, а дека  сите слатко се изнасмејаа доказ беше и објавата која и тие ја  споделија на нивниот Инстаграм профил. Уште во утринските часови мама Весна веќе е на плажа, подготвена со сите летни реквизити без кои е невозможно да се седи, бидејќи веќе е вистинско „изгор“ лето. На плажа  уживаше во лежарен стил, со летна шарена кошула и големи темни сончеви очила, додека за дополнителна заштита од сонцето носеше и шапка на главата во светла боја. На објавата таа ги сподели стиховите од поетот Ланг Лив  и на тој начин  искажа како се чувствува во моментот. - Во мојата душа има мешаница. Немирно диво исчекување. Зјапам во хоризонтот. Далеку колку што можам. Не можам да видам што таму се крие. Но, можам да почувствувам - стоеше во објавата на  Инстаграм во нејзините кратки приказни. Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska]]>