руска пејачка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 May 2019 11:07:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png руска пејачка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се посрамотија како никогаш до сега: Руска телевизија објави интервју со ѕвезда која одамна е почината https://arhiva.vistina.com.mk/se-posramotija-kako-nikogash-do-sega-ruska-televizija-objavi-intervju-so-dzvezda-koja-odamna-e-pochinata/ Tue, 14 May 2019 11:20:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87731

Телевизискиот канал на руското Министерство за одбрана – „Ѕвезда“, стана предмет на исмејување откако објави интервју со оперска пејачка која е почината веќе неколку години. На веб-страницата на телевизијата се тврди дека разговарале со Елена Образцова на денот на погребот на контроверзниот новинар Сергеј Доренко, за време на викендот, објавија независни руски медиуми. Доренко, кој некогаш беше поддржувач, а потоа и критичар на претседателот Путин, загина минатата недела кога паднал од мотоцикл во Москва. „Ѕвезда“ во тој текст ја цитира пејачката Образцова, која наводно вели дека тој бил бескомпромисен новинар, кој или ја зборувал вистината или воопшто не зборувал.
Но, како што многу корисници на „Твитер“ брзо сфатија и реагираа, оперската дива е почината уште во 2015 година. Поради ова, „Ѕвезда“ најпрво ја смени приказната така што цитатите ги претвори во изјава на нејзината ќерка, но потоа статијата беше целосно отстранета од интернет, пренесуваат руските медиуми. Статијата исто така исчезнала и од кеш меморијата на „Гугл“, но многу луѓе претходно ја зачувале. Во текстот се тврди дека интервјуто било направено на гробишта во Москва, каде што Доренко бил погребан на 12 мај. Подоцна, медиумите објавија дека погребот бил одложен, бидејќи ќерката на починатиот новинар побарала дополнителни информации за телото на нејзиниот татко. „Ѕвезда“ и претходно имаше репутација на продуцент на лажни вести, а скандалот со погребот само даде нова можност за критичарите да ги исмеваат на „Твитер“. извор: Курир.мк  ]]>