русија фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2018 08:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png русија фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каква мајка – таква ќерка: Малата Драгана, ќерката на фолкерката Татјана Јовановска на фестивал во Русија освои 1-во место! https://arhiva.vistina.com.mk/kakva-majka-takva-kjerka-malata-dragana-kjerkata-na-folkerkata-tatjana-jovanovska-na-festival-vo-rusija-osvoi-1-vo-mesto/ Mon, 12 Feb 2018 08:56:17 +0000 http://vistina.mk/?p=12346

Старата изрека дека: „Крушата под круша паѓа“, уште еднаш се потврди кога се познатите родители и нивните деца во прашање. Ќерката на македонската фолкерка Татјана  Јовановска, уште минатата година  со учеството во регионалното талент музичко шоу за деца и младинци „Пинковите ѕвездички“ покажа дека е на добар пат да ја наследи семејната лоза кога е пеењето во прашање.
Имено, 10 годишната Драгана Јовановска уште тогаш ги воодушевуваше и членовите на жирито (Гоца Тржан, Јелена Томашевиќ, Милан Станковиќ) и публиката и ТВ гледачите со своите интерпретации и настапи.
Но деновививе младата кумановка она што го носи како музички и вокален потенцијал во себе, го круниса со награда донесена од големата Русија. Драгана или како што од милост ја викаат малата Гага, учествуваше на еден од најпрестижните фестивали во источна Европа, интернационалниот музички фестивал „Golden stars rain“, од каде се врати како победник... Шампион со освоено 1-во место!
Најрадосна и највозбудена беше која друга ако не мама Татјана, па фолк пејачката објави фотографии и статус на својот Фејсбук профил гордо покажувајќи ја дипломата и наградата за освоеното прво место на својата ќеркичка, со која се вратија од фестивалот во Русија.
„Драги мои се враќаме во Македонија со освоено 1-во место. Не можам да ви кажам како се чувствуваме,  затоа што неможам да го најдам вистинскиот збор.ГОРДИ,СРЕЌНИ,ВОЗБУДЕНИ... се’ во исто време. Ви благодариме на поддршката“ - напиша меѓудругото пејачката, чија ќеркичка е само една од оние ѕвездички со кои Македонија навистина има зошто да се гордее!
Талентот и убавината очеигледно наследени од мама, поддршката од дома од обата родители и резултатите се тука. Сега прашање е што е следно? Некој фестивалски натпревар со „возрасните“ или можеби дует со мама?
     ]]>