ртс1 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Jun 2021 06:57:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ртс1 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога Калиопи пее, небото сјае за цела Македонија, а македонското сонце блеска за сите… еве и зошто?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kaliopi-pee-neboto-sjae-za-cela-makedonija-a-makedonskoto-sonce-bleska-za-site-eve-i-zoshto-video/ Fri, 11 Jun 2021 06:56:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206579

Македонската поп дива, единствената во вистинска смисла на зборот Калиопи Букле иако нсосема не мируваше за време на коронапандемијата, сега полека како да влегува во нормален колосек со своите редовни естрадно-музички активности. Снимања, подготовки за настапи, радио и ТВ гостувања, подготвување нови песни за албум... Деновиве Калиопи е во Белград, каде ќе биде главната гостинка во едно познато телевизиско шоу кое оди на првиот канал на националната телевизија на Србија, РТС 1. При изборот на песните за изведба во емисијата „Студио“ во нов аранжман, Калиопи се определи за една многу силна песна: „Небото ми сјае“ од нејзиниот прв албумот „Роѓени“ издаден уште во далечната 1988 година, во која беа вклучени и познатите хитови „Куфер на љубовта“ и  „Бато (Роѓени)“, авторско дело на Ромео Грил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

„Небото ми сјае, за мене ја има таа ширина, ја има таа моќ што мислам дека ако допре до што повеќе срца, навистина ќе го осветли ова небо со поголема сила. И, првата идеја што ми падна на ум беше да слушнам детски хор“ - рече Калиопи додека работеше на новиот аранжман што публиката ќе има можност да го слушне во емисијата Студио на РТС1 во сабота во 22.55 часот. Продукцијата Скајмузик и ја исполни желбата на нашата пејачка и беше направен нов аранжман во соработка со  хорот „Чаролија“ кој го раководи пејачката, композитор и музички педагог Леонтина. „Навистина ми беше драго што песната сега одново оживеа. Не знам кој беше повозбуден - родителите или децата? - изјави Леонтина по повод соработката на нејзиниот хор со регионалната поп дива  од Македонија. Калиопи во „Студио“ ќе настапи и со своја верзија на познатата песна „Македонија“, која своевремено ја пееше Дадо Топиќ со групата „Тајм“, а во почетокот на 90-тите ја преработи и една од најголемите македонски поп-рок групи „Меморија“. „Тоа беше време на Југославија, кога многу не се пееше посебно за секоја република, тогаш пеевме за една, заедничка земја...“ - вели Калиопи и додава: „Некако со самото тоа имам чувство дека луѓето сфаќаат дека македонското сонце е љубов и желбата на тој народ себе си да се даде на другите е блиска“.
 
Водителите Бојан Ивковиќ и Славко Белеслин во сабата покрај Калиопи, ќе ги угостат и ќе бидат домаќини и на Марко Луис, Ивана Петерс, Лена Ковачевиќ, Yanx и Игор Симиќ. Петмината премиерно ќе ја изведат својата нова песна од проектот „О2“ насловена „Удахни“ (Вдиши), во која учествува и пее нашата Тамара Тодевска., а песнат е создадена за време на корона пандемијата, со цел да им дадат поддршка и охрабрување на луѓето, но песната во себе исто така носи и силна еколошка порака. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/tamara-todevska-e-del-od-regionalniot-proekt-o2-koj-a-snimi-pesnata-udahni-video/ Погледенте дел од подготовките и снимањето на емисијата во која ќе учествува и македонската поп-дива. https://www.youtube.com/watch?v=n7vI1fTp3tg Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official/Skymusic Видео: Јутјуб]]>