рсбсп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 10:32:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рсбсп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 РСБСП на годишен брифинг со медиумите: „Сообраќајната култура и етиката во сообраќајот за жал сѐ уште не се на задоволително ниво“ https://arhiva.vistina.com.mk/rsbsp-na-godishen-brifing-so-mediumite-za-zhal-s-ushte-soobrakajnata-kultura-i-etikata-vo-soobrakajot-ne-se-na-zadovolitelno-nivo/ Wed, 27 Dec 2023 10:31:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332630

Во текот на годинава заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица, информираше претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на брифинг со медиумите.     Посочи дека се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица во однос на претходната 2022 година во која се случиле вкупно 109 сообраќајни незгоди со 116 загинати лица. -Безбедноста во сообраќајот е императив на сите субјекти од областа на сообраќајот, но е значајна и за секој човек бидејќи секој на свој начин е учесник во сообраќајот. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача Кожуваровска. Во делот на превенција, Кожуваровска вели клучно е да се работи на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и на изградување на систем на општествени вредности во кој безбедноста и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно место. -Во 2023 година РСБСП реализираше голем број на превентивни и едукативни кампањи од кои како позначајни се издвојуваат „Зимска и новогодишна кампања“, кампањата „Возете внимателно за празникот на љубовта и виното“, кампањата за 8 март „Биди горда што возиш безбедно“, потоа кампањите „Стави појас“, „И јас и ти сите сме пешаци“, „Јас внимавам и безбедно возам“, кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, кампања за матуранти „На матурска вечер без автомобил“, како и кампања „Да ја победиме сообраќајната некултура, изјави Кожуваровска. Кампањите биле поддржани и реализирани во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност Скопје, како и со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата.  ]]>

Дејан Андоновиќ – портпарол на РСБСП: Сообраќајот се шири многу побрзо отколку свеста за безбедноста (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dejan-andonovik-portparol-na-rsbsp-soobrakajot-se-shiri-mnogu-pobrzo-otkolku-svesta-za-bezbednosta-video/ Fri, 12 May 2023 10:53:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301752

Јавната свест за безбедноста во сообраќајот е на повисоко ниво, но сепак потребно е многу повеќе, порача портпаролот на Републички совет за безбедност во сообраќајот во сообраќајот на патиштата РСБСП, Дејан Андоновиќ, појаснувајќи дека сообраќајот се шири многу побрзо, отколку културата и свеста за последиците од невнимателноста. – Јавната свест за безбедноста во сообраќајот е на повисоко ниво, но сепак потребно е многу повеќе, порача портпаролот на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата РСБСП, Дејан Андоновиќ, појаснувајќи дека сообраќајот се шири многу побрзо, отколку културата и свеста за последиците од невнимателноста. Во пресрет на дефилето насловено „Јас внимавам и безбедно возам“ кое ќе се одржува утре со почеток од 11 часот, Андоновиќ во изјава за МИА посочува дека намалениот број на жртви во сообраќајот алудира на тоа дека свеста е се поголема, но оценува дека тоа не е доволно. -Свеста се подига, имаме намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи, но тоа не е доволно се разбира секој загубен живот е голема загуба за семејството и неговите најблиски така да, на вашето прашање колкава е сообраќајната култура, таа се подига, јавната свест е поголема, но тоа не е доволно, појаснува портпаролот на РСБСП. Додава дека интересот за учество се зголемува, што според него е добар показател, бидејќи ваквите настани ја нагласуваат потребата од почитување на сообраќајните знаци и правила. -Се зголемува интересот, годинава најмалку 100 велосипеди и најмалку 30 мотори ќе учествуваат тоа е најмалку, тоа е појдовна точка, се разбира ќе ни се приклучат и останатите граѓани, бидејќи нема некакви закажувања, туку кој сака ете да искористам да испратам еден апел до граѓаните да дојдат, тие што се со велоиспеди кои сакаат да возат некоја од рутите, вели Андоновиќ. Информира дека РСБСП организира повеќе кампањи во текот на годината, а партнери на утрешната иницијатива се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“. -Правиме кампањи низ целата година во зависност од календарот на активностите значи имаме летна кампања, зимска кампања доаѓаат сега матурантите ќе имаме кампања за нив и нивните родители да не им ги даваат возилата, истакна тој. Дефилето ќе започне 11 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотел Холидеј Ин и на мотоциклистите во 11:30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе се сретнат на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“. - Во 12 часот ќе биде централната своевидна прослава на дефилето таму ќе се обрати министерот за внатрешни работи и претседателот на Републичкиот совет  за безбедност во сообраќајот на патиштата. Крајната цел е заеднички да упатиме порака граѓаните да ги потсетиме да возат безбедно, да ги почитуваат правилата и прописите пропишаната сообраќајна сигнализација, но и да имаат сообраќајна култура, бидејќи кога сето ова ќе го имаме ќе имаме и нула жртви во сообраќајот, порачува Андоновиќ. На глобално ниво, сообраќајните несреќи се водечка причина за смрт кај младите луѓе и главна причина за смрт кај оние на возраст од 15 до 29 години. Како што е наведено на официјалниот сајт на Светската здравствена организација, приближно 1,3 милиони луѓе годишно умираат на патиштата во светот, а меѓу 20 и 50 милиони се здобиваат со нефатални повреди.  Извештајот за глобалниот статус за безбедноста на патиштата е широка проценка на состојбата со безбедноста на патиштата во 178 земји, а резултатите покажуваат дека повредите во сообраќајот на патиштата остануваат важен јавно здравствен проблем, особено за земјите со низок и среден приход. - Пешаците, велосипедистите и мотоциклистите сочинуваат речиси половина од загинатите на патиштата, што ја нагласува потребата на овие учесници во сообраќајот да им се посвети поголемо внимание во програмите за безбедност на патиштата. Резултатите сугерираат дека во многу земји законите за безбедност на патиштата треба да се направат посеопфатни додека спроведувањето треба да се зајакне, се наведува во препораката од СЗО - изјави Андоновиќ. Симона Србиноска Фото: МИА Видео: Аслан Вишко]]>

РСБСП со апел: Возачите да не возат кога се уморни и под дејство на алкохол https://arhiva.vistina.com.mk/rsbsp-so-apel-vozachite-da-ne-vozat-koga-se-umorni-i-pod-dejstvo-na-alkohol/ Tue, 26 Jul 2022 10:14:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260256

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) преку соопштение апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да не возат кога се уморни, да не возат кога се под дејство на алкохол и да не ја пречекоруваат препорачаната брзина. Возачите кога се упатуваат на подолги патувања, како што се посочува, треба да ја проверат техничката исправност на возилото, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило и да консумираат повеќе безалкохолни пијалоци. Во рамки на кампањата „Безбедно лето 2022“ се реализираат летна кампања под мотото „Вози одморен“ и кампања „Носи кацига“ наменета за возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети, со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, и кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот, преку едукација и подигање на свеста кај возачите за почитување на сообраќајните правила и прописи, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на високите летни температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз способноста за управување со моторно возило. Возете одморени, возете безбедно, додаваат од РСБСП.]]>

Жените возат одговорно: Биди горда што си жена и што си безбеден возач! https://arhiva.vistina.com.mk/zenite-vozat-odgovorno-bidi-gorda-shto-si-zena-i-shto-si-bezbeden-vozach/ Tue, 08 Mar 2022 09:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242124

Улогата и значењето на жената за безбедноста во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач и едукатор е неприкосновена. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи, Скопје Сити Мол и Здружението Љубители на класик мини и Пежо 404, по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, организираат заеднички настан пред платото на Скопје Сити Мол. Во склоп на настанот ќе биде организиран почесен круг низ центарот на градот, под мотото „НАМАЛИ ЈА БРЗИНАТА, ЗГОЛЕМИ ЈА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА“ на кое активно учество ќе земат успешни жени од различни професии (возачи на автобус, пилот, полицаец, пожарникар и др). Да се биде жена возач во 21 век, не е ниту привилегија, ниту демонстрирање на општествен статус, ниту културен манир или моден детал, туку едноставно тоа е потреба и сериозна обврска. Динамиката на живеење и секојдневните и многубројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден, како на работното место така и во рамките на семејството, ја прават жената сигурна, цврста, истрајна, решителна, упорна и успешна во сите сфери на општественото живеење, па и во возењето. Сите возачи секогаш треба да ги имаат предвид можните опасности и несакани ситуации во сообраќајот, како и начините за нивно избегнување. Статистиката потврдува дека жените се безбедни возачи, дека поретко се вклучени во сообраќајни незгоди со фатални последици, дека брзото и агресивно однесување во сообраќајот, слушањето гласна музика и пушењето за време на возење не е својствено за жените, како и дека ретко може да се види жена да ги потценува последиците од управувањето со моторно возило под дејство на алкохол и сл., но и дека жените возачи знаат почесто да зборуваат на мобилен телефон додека возат. И покрај сето ова и сите општествени напори, за жал, сè уште постојат одредени суптилни форми на стереотипи за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи. Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска, Скопје Сити Мол и партнерите подржувачи на кампањата со апел: Почитувани жени-возачи – вашиот личен пример и личниот придонес нека биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво. Возете одговорно и безбедно, за вас и за вашите најблиски! Честит 8 Март!]]>

Родители внимавајте, во сообраќајот вие сте примерот кој го следат вашите деца! https://arhiva.vistina.com.mk/roditeli-vnimavajte-vo-soobrajkjajot-vie-ste-primerot-koj-go-sledat-vashite-deca/ Fri, 24 Sep 2021 11:21:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220524

Ги учиме децата да бидат воспитани и културни, да ги почитуваат и поздравуваат повозрасните, да бидат добри ученици и да ја чуваат животната средина. Ги учиме децата странски јазици, компјутери, математика, итн. Знаењето е богатство и секое знаење е добредојдено. Но , се поставува прашањето, дали доволно ги учиме децата за тоа како да се однесуваат во сообраќајот, како безбедно да ја поминат улицата, како да ги препознаат ризикот и опасностите во сообраќајот? Секое незнаење има своја цена, незнаењето во сообраќајот чини загубени човечки животи. Почитувани родители! Да ги научиме децата како безбедно да поминат улица, да ги научиме безбедно да користат јавен превоз. Да не ги оставаме малите деца од предучилишна возраст сами на улица, а исто така да се погрижиме и за нивнта безбедност додека се вклучени во сообрајќајот! Децата треба да користат детски седишта, појаси и заштитни шлемови, а децата до десетгодишна возраст да не возат велосипед на јавен пат или улица! Исто така , не дозволувајте деца да седат на предното совозачко седиште! Родителите пак, на повозрасните деца кои се подготвуваат да станат возачи би требало одговорно да го запознаат своето дете со сериозноста од вклучувањето во сообрајќајот како возач. Би можеле , заради поголема безбедност на младите возачи, почетници, да се погрижиме да им обезбедиме дополнителни часови за обука, со возач инструктор или со друг искусен возач кој ќе им даде насоки за тоа каков треба да биде односот на младиот возач кон децата во сообрајќајот, кон пешаците и велосипедистите. Обуката би можела да опфати обука за вешто возење во услови на дожд, магла, замрзнати коловози и во услови на ноќно возење. Родители! Грижете се за безбедноста на вашите деца во сообрајќајот! Секое ваше однесување, децата го прифаќаат како свое. Затоа да се погрижиме да имаме безбедни деца кои ќе бидат безбедни учесници во сообрајќајот.]]>

Ристо Манчев – кандидат за градоначалник на општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: „Ќе бидам градоначалник кој обединува и применува политика и пракса на еднакви можности“ https://arhiva.vistina.com.mk/risto-manchev-kandidat-za-gradonachalnik-na-opshtina-bosilovo-od-redovite-na-vmro-dpmne-kje-bidam-gradonachalnik-koj-obedinuva-i-primenuva-politika-i-praksa-na-ednakvi-moznosti/ Wed, 08 Sep 2021 08:06:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218343

Ристо Манчев по професија е дипломиран економист  на Економскиот факултет во Прилеп.  Во 2010 година е добитник  на стипендија на Министерството за надворешни работи на Италија, по што во 2011 година стекнува Мастер  Диплома за Високи Европски Студии на престижниот колеџ Fondazione Collegio Europeo di Parma, а во 2013 година стекнува титула - Магистер по Високи Европски Студии на Facolta di Giurisprodenza di Parma- Italia. Манчев во изминатите години се афирмира како Секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а  покрај тоа работи и  како Овластен консултант на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија за изработка на бизнис планови и обезбедување на консултантски услуги за бизнис планирање,  маркетинг, истражување на пазарот, финансиско планирање, итн. - Во време кога голем дел од граѓаните заминуваат од Македонија Вие се решивте да се вратите назад. Живеевте во Италија, во Скопје и сега повторно се враќате во родното Босилово, што е денес  е своевиден феномен.  На што се должи тоа? Во мојата професионална кариера имав можност да живеам и да работам на повеќе места, вклучително и во Италија. Во Италија бев стипендист на Европскиот  колеџ во Парма каде добив соодветна диплома, знаење и пракса, а со тоа и можност да работам во повеќе европски земји. Најпрвин сакам да кажам дека завршив постдипломски студии  на престижен колеџ каде професори и предавачи беа голем број на меѓународно афирмирани личности, еврокомесари, европратеници, а меѓу нив посебно го издвојувам г.дин Марио Монти поранешен еврокомесар и премиер на Италија. Европската култура, европските вредности и европскиот начин на живот ми се добро познати, но и покрај тоа, сепак решив да се вратам назад во Македонија. Каде и да одам секогаш има нешто што ме влече да се вратам назад. Во душата сум родољуб, овде се чувствувам свој на своето, едноставно овде најслободно го дишам воздухот.  Поддржувач сум на демохристијанската идеологијa и моите највисоки животни вредности се семејството, татковината, традицијата и верата. Го сакам родниот крај и сакам да живеам и да творам овде. Тоа е она што ме врати назад во Македонија. - Верувате ли дека можете да ја направите Босилово европска општина, како да се дојде до тоа и што тоа би значело за луѓето и оваа средина вооопшто? Моето животно мото е: „Секој поединец, има обврска да даде личен  придонес за развој на општеството и средината во која што живее!“. Тоа е она  што ме мотивира да се кандитирам за градоначалник на општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека општина Босилово и тоа како може да биде европска општина. За тоа е потребно многу работа, труд и посветеност, но јас сум подготвен максимално да се вложам и да успеам во оваа намера. За да биде Босилово европска општина, покрај големиот број на инфраструктурни проекти кои треба да бидат реализирани, потребно е постепено да се менува и свеста и навиките кај граѓаните, а би рекол пред се’, кај политичарите.  Време е да престанат политичките поделби помеѓу граѓаните. Ќе бидам градоначалник кој обединува и ќе применувам политика и пракса на еднакви можности. Едноставно секој граѓанин треба да добие еднакви можности  за општествено делување, за  вработување, за професионален напредок, за претприемништво и развој на сопствен бизнис, за социјална заштита,  итн. Поделбата на граѓаните на привилигирани и потценети, недостатокот на социјален живот и општествената безидејност и апатија е тоа што ги тера младите да ја напуштат државата. Граѓаните се свесни дека ни недостасуваат многу инфраструктурни проекти и дека е потребно време и средства  да се реализираат сите инфраструктурни проекти, но во исто време граѓаните сакаат да видат поинаков начин на политичко дејствување, граѓаните сакаат да видат локална самоуправа која е мотивирана, чесна и посветена на работа, сакаат градоначалник кој ќе ги обединува сите и ќе работи за сите, сакаат општествен, културен и социјален живот. Затоа, покрај реализација на инфраструктурни проекти ќе промовираме општествен активизам, организација на културни манифестации, спортски настани, едукативни настани, ќе промовираме еколошки активизам, ќе ја негуваме традицијата. Едноставно мораме да го вратиме духот, вербата и надежта кај младите и тоа е единствен начин да ги задржиме младите во земјата. - За политика е се' уште рано, политичката кампања уште не е започната, може ли да ни кажете нешто повеќе за себе. Кој е всушност Ристо Манчев? Оженет, семеен човек, татко на две деца. Горд сопруг на Љубинка, специјалист  доктор - хирург по абдоминална хирургија. Поддржувач сум на демохристијанската идеологијa и семејните вредности. По професија сум дипломиран економист. По завршувањето на високото образование континуирано вложувам и се ангажирам во понатамошен професионален развој и имам завршено постдипломски студии во Италија. Учесник сум на голем број научни и стручни собири, обуки, семинари... во земјата и странство за што поседувам голем број на сертификати  и дипломи. Љубител и поддржувач сум на спортот, посебно на фудбалот  и ракометот. Исто така поддржувач сум на родовата еднаквост и се залагам за еднакви права и можности помеѓу мажите и жените. Всушност и неможе да биде поинаку кога сопругата е една од малкуте жени хирурзи во државата. Исто така се залагам за социјална еднаквост и онаа што најмногу ми смета е дискриминација и ароганција. - Имате ли претастава како ве доживуваат пријателите, другарите, колегите...? Пријателите и познавачите ме опишуваат како човек  кој сака да разговара, да се дружи и да се шегува. И има многу вистина во тоа. Верувам дека со позитивен пристап, со разговор и разбирање може да се решат многу проблеми и да се надминат многу предизвици. -  Во изминатите години се афирмиравте и како Секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Македонија.Зошто и покрај бројните залагања, едукативни кампањи, заострената казнена политика... бројот на сообраќајни несреќи со тешки и фатални последици, е се’ уште голем на патиштата во Македонија? За жал во право сте. И покрај бројните активности, кампањи, едукативни видеа и текстови во медиумите на РСБСП и МВР,  сепак процентот на сообраќајни несреќи, тешки повреди и изгубени животи е се’ уште висок, иако мораме да признаеме дека сепак активностите имаа влијание и бројките се намалени, но се уште не се доволни. Кампањите се спорадични, не можат да траат 365 дена во годината, а не можете ни да ги казните сите што не ги почитуваат сообраќајните прописи и закони. Затоа треба систематски да се работи на свеста на луѓето уште од најрана возраст. Уште во основно училиште, каде на децата треба да им се всади свест за однесување во сообраќајот и како пешаци или велосипедисти, а кога ќе потопраснат и како мотоциклисти или сега најновото со електричните тротинети... Однос и почитување на сообраќајните знаци, кон прописите и правилата, кон сопствениот и туѓите животи кога утре ќе созреат и ќе седнат зад управувачот на возилото. Уште од малечки да сфатат дека алкохолот или опијатите, никако не одат заедно со возењето, дека не се зборува или сурфа на мобилен телефон додека се вози, дека вниманието и концентрацијата на возачот треба од првиот до последниот километар да бидат на 100%...и уште многу други нешта. Секако, тука се и родителите кои треба да сфатат дека не треба премногу да ги разгалуваат децата дозволувајќи им  „како сакаат“ да се однесуваат со бесни и моќни автомобили или мотори, зашто со тоа не им прават никаква услуга ниту ним, ниту на другите со нив или околу нив, напротив... само ги загрозуваат своите и животите на сите споменати. Од друга страна, треба постојано да се работи и на инфраструктурата за нови или обновени, но и безбедни улици и патшта со уреди ознаки и сигнализација кои се постојано максимално видливи и функционални. Се на се’, безбедноста во сообраќајот е комплексна и на неа треба постојано да се работи.  - Верувате ли во Вашата изборна победа и победа на ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори? Да не верував немаше да се кандидирам. Но она во што најмногу верувам и сум убеден дека граѓаните на Босилово ќе знаат да ја препознаат и изборната програма на партајита и моите заложби и предвидените проекти кои ги имам во план да ги реализирам како иден градоначалник на општината. Но, како што реков, заедно со сите граѓани, зеднички да ги решаваме сите нивни проблеми како локална самоуправа која е мотивирана, чесна и посветена на работата, заедно со мене како градоначалник кој сите ќе ги обединува и ќе работи за сите, за  подобар и попросперитетен, општествен, културен и социјален живот на општина Босилово.]]>

Потпишан меморандум за соработка помеѓу РСБСП и српската Агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата https://arhiva.vistina.com.mk/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-rsbsp-i-srpskata-agencija-za-bezbednost-na-soobrakjajot-na-patishtata/ Tue, 27 Oct 2020 09:58:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173308

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија потпишаа Меморандум за соработка, кој како што информираат, претставува правна основа за понатамошно заедничко дејствување во повеќе сегменти од областа на безбедноста на патниот сообраќај. Меморандумот е потпишан на работен состанок во Белград на 23 октомври годинава, од претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска и директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија, Јасмина Милошевиќ. Од РСБСП информираат дека согласно потпишаниот Меморандум за соработка, двете институции во наредниот период ќе пристапат кон поголема заедничка соработка со цел унапредување на стручните знаења, размена на стручна и едукативна литература, размена на видео и едукативни материјали, размена на искуства,знаења и добри практики. Покрај тоа, двете страни ќе работат на поттикнување и унапредување на регионалната соработка во областа на патниот сообраќај и на заедничка поддршка во дејствувањето на двете институции во рамките на меѓународните организации од областа на безбедноста на патниот сообраќај. Посебен акцент, се вели во соопштението од РСБСП, во соработката помеѓу двете институции во наредниот период ќе биде ставен на заедничка реализација на превентивно едукативни активности во двете држави со цел едукација и заштита на сите групи учесници во сообраќајот. Статистичките податоци, стои во соопштението, покажуваат дека во земјите од регионот на Југоисточна Европа бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на 100 000 жители е поголем во однос на земјите членки на ЕУ и согласно тоа, неопходно е безбедноста во сообраќајот и регионалната соработка во областа на безбедноста на патниот сообраќај, да се издигнат на едно значително повисоко ниво. – Затоа, потенцирам дека повисоко ниво на соработка и координиран заеднички пристап помеѓу сите надлежни институции во земјите во регионот е неопходен со цел унапредување на безбедноста на патниот сообраќај во земјите во регионот и со тоа намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, потенцира претседателот на РСБСП Кожуваровска, по повод потпишаниот Меморандум за соработка.]]>

„Летна кампања 2020 на РСБСП“: Мотодефиле и симулациона вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/letna-kampanja-2020-na-rsbsp-motodefile-i-simulaciona-vezba-na-soobrakjajna-nezgoda-so-povreden-motociklist-foto/ Tue, 11 Aug 2020 10:13:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162730

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), МВР, Мотоциклистичката федерација и Црвен крст – Скопје, организираа јавен настан – мотодефиле и симулациона вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист. Настанот се одржа денес, 11.08.2020 година (вторник), со почеток во 11.00 часот, пред порта „Македонија“  во центарот на Скопје. Мото дефилето започна 40-ина минути порано, околу 10.20 часот, а стартуваше од пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ и заврши кај порта „Македонија“ во 11.00 часот,  по што следуваше најавениот настан и изјавите за медиумите. Тие како и секогаш во голем број ја проследија оваа иницијатива како и сите досегашни активности и кампањи на РСБСП. Инаку, овој настан се реализираше како дел од „Летна кампања 2020“  која има за цел подигање на свеста за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот, особено во летниот период, кога фреквенцијата на сообраќајот на патиштата е зголемена, а секако и активноста и движењето на мотоциклистите.  ]]>

Летна кампања на МВР и РСБСП да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот https://arhiva.vistina.com.mk/letna-kampanja-na-mvr-i-rsbsp-da-ja-zgolemime-bezbednosta-vo-soobrakjajot/ Thu, 23 Jul 2020 12:13:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160260

Секторот за внатрешни работи Скопје при Бирото за јавна безбедност во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот организира сообраќајно превентивна кампања за безбедност во сообраќајот „Летна кампања“.  Целта на кампањата е едукација и подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот во летниот период. Изработени се едукативни материјали за потребите на кампањата и по успешно организираниот вчерашен настан на наплатна станица Петровец, денеска (23.07, четврток) на просторот помеѓу трговските центри „Бисер“ и „Капитол мол“ во општина Аеродром – Скопје, беше реализирана уште една  акција за дистрибуција на едукативните материјали. ]]>

РСБСП со осмомартовска порака до жените: Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно! https://arhiva.vistina.com.mk/rsbsp-do-zenite-misli-na-sebe-misli-i-na-drugite-vozi-odgovorno/ Sat, 07 Mar 2020 12:07:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138095

По повод денот на жената, 8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со партнерите организира женско возачко дефиле со цел подигање на свеста против стереотипите за жените како лоши возачи.

Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно! – е пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) го честита денот на жената 8-ми Март.
– Жените денес се активни учесници во патниот сообраќај. Освен како пешаци и велосипедисти, денес, сѐ поголем број жени, активно учествуваат во сообраќајот и како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50%.Да се биде жена возач, денес во 21 век, не е ниту привилегија, ниту демонстрирање на општествен статус, ниту културен манир или моден детал, туку едноставно, тое е потреба и сериозна обврска. Динамиката на живеење и секојдневните и бројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден и во рамките на семејството ја прават жената сигурна, цврста, решена, упорна и успешна во сите сфери на општествено живеење, па и во возењето, велат од РСБСП.
И покрај тоа што статистиката потврдува дека жените се безбедни возачи, дека брзото и агресивно однесување во сообраќајот не е својствено за жените, дека ретко може да се види жена да ги потценува последиците од управување на моторно возило под дејство на алкохол, сепак и покрај сите општествени напори, за жал, укажуваат, се уште постојат одредени суптилни форми на стереотипи за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи. – Улогата и значењето на жената за безбедноста во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач и едукатор отсекогаш била и ќе остане неприкосновена, истакнува РСБСП. Честитајќи го меѓународниот ден на жената, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот порачува да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. – Мислете на себе, мислете и на другите во сообраќајот! Нека вашиот личен пример и личен придонес биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво. Вашата улога во семејството и општеството е незаменлива! Ништо и никој не може да ве замени како мајка, сопруга, другарка, партнерка, пријателка……….Чувајте се, за вас и вашите најблиски!, се пораките на РСБСП. По повод денот на жената, 8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со партнерите организира женско возачко дефиле со цел подигање на свеста против стереотипите за жените како лоши возачи. Исто така, по повод 8-ми март, РСБСП во соработка со МВР организира едукативно превентивни настани и манифестации во повеќе градови истовремено. Централниот настан ќе се организира во „Скопје Сити мол” во Недела на 8 март, и опфаќа дистрибуција на цвеќе и едукативни материјали за жените учесници во сообраќајот.]]>