ротквици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 May 2023 12:21:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ротквици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пролетна диета – ротквиците ги топат мастите https://arhiva.vistina.com.mk/proletna-dieta-rotkvitsite-gi-topat-mastite/ Thu, 04 May 2023 12:21:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300683

Доколку сакате до лето да изгледате фит и да го доведете телото во ред, не гладувајте Нутриционистите велат дека ова е вистинско време кога на располагање имате голем избор на намирници, па затоа треба паметно да ги користите. Пробајте ротквици. Лесни се за варење, нискокалорични, богати со влакна и идеални за луѓе кои сакаат да ослабат бидејќи го забрзуваат метаболизмот. Ротквиците содржат само 16 калории на 100 грама, па затоа се препорачуваат за оние кои сакаат да ослабат. Освен што го стимулираат варењето и согорувањето на масните наслаги, како природен диуретик, тие го отстрануваат и вишокот течности од телото, а со тоа го намалуваат отокот на лицето и телото. Имаат и антибактериски својства, помагаат при респираторни заболувања, особено кашлица и астма, додека сокот од ротквица, пред јадење, помага против запек. Диетата трае четири дена и ќе ви помогне да ги исфрлите сите штетни материи од телото, а доколку се придржувате до ова мени (кое се повторува по четири дена), брзо ќе забележите како се топи вишокот околу колковите и стомакот. Можете да изгубите дури четири килограми за десет дена. извор:курир.мк]]>

Содржат есенцијални хранливи материи, ги „јадат“ штетните бактерии во организмот и го стабилизираат шеќерот во крвта https://arhiva.vistina.com.mk/sodrzat-esencijalni-hranlivi-materii-gi-jadat-shtetnite-bakterii-vo-organizmot-i-go-stabiliziraat-shekjerot-vo-krvta/ Thu, 29 Sep 2022 11:54:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269342

Можеби некои и не ги сакаат, но факт e дека ротквиците многу придонесуваат за нашиот организам. Генерално, тие служат како додаток во јадењата и ретко кому му паѓа напамет да ги јадe посебно, но тоа не е лоша идеја. Познати се по својот пријатен вкус и крцкава текстура, преполни се со антиоксиданти, влакна и есенцијални витамини и минерали. Полни се со витамин Ц, фолна киселина, калиум, а имаат и многу малку калории. Ротквиците се одличен сојузник во детоксикацијата како и во губењето на вишокот килограми. Антиоксиданти Антиоксидантите можат да ги неутрализираат штетните молекули, односно слободните радикали. Ротквиците содржат антиоксиданти како глукозинолати или соединенија кои содржат сулфур. Ротквиците исто така содржат витамин Ц, фолати и антоцијанини, познати како растителни соединенија кои на овој зеленчук му ја даваат црвената нијанса. Го стабилизираат шеќерот во крвта Вашето тело го стабилизира шеќерот во крвта така што произведува инсулин, хормон кој ја пренесува глукозата од крвта во клетките. Како што е утврдено, антоцијанините во ротквиците можат да бидат од помош во овој процес. Ротквиците исто така содржат катехини, соединенија кои го поттикнуваат лачењето на инсулин. Покрај тоа, ротквиците му обезбедуваат влакна на организмот, кои можат да помогнат во забавување на варењето на шеќерот од другите храни. Есенцијални хранливи материи Една шолја ротквици содржи 17 милиграми витамин Ц, а тоа е околу 20 отсто од дневниот препорачан внес. Витаминот Ц ја поддржува имунолошката функција така што ја зголемува активноста на фагоцитите, односно клетки кои ги „јадат“ штетните бактерии. Влакна Ротквиците нудат комбинација од растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна кои се раствораат во вода, можат да ја ублажат дијарејата со намалување на вишокот течности. Од друга страна, нерастворливите влакна не се раствораат во вода, што е корисно за ублажување на констипацијата, пишува „Healthline“. Обезбедуваат минерали Ротквиците му обезбедуваат на телото клучни минерали како што се калциум, железо и калиум. извор:точка.ком.мк]]>