росана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Dec 2023 09:14:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png росана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Животот така сакаше: Најпознатите македонски естрадни близначки, сепак слават роденден во различен ден!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhivotot-taka-sakashe-najpoznatite-makedonski-estradni-bliznachki-sepak-slavat-rodenden-vo-razlichen-den-foto/ Thu, 14 Dec 2023 08:15:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331008

Маријана и Росана, легендарните македонски пејачки секако се најпознатите естрадни сестри близначки. Денешниот ден  14 декември е впишан како денот кога тие се родени и дојдени на овој свет. Сто пати сме рекле и пак велиме дека на дамите не им се бројат годините, ама секако им се бројат ако не подароците, тогаш барем честитките за „денот што го чекаме цела година“! Кај двете сестри - близначки ситуацијата е малку поспецифична. Иако роденденските честитки пристихгаат од сите страни, секогаш прва и најдрага е онаа од сестрата - близначка со која во ист ден си се родила. И навидум ништо чудно, ниту невообичаено, напротив... Освен еден мал парадокс за кој судбината се погрижи или поточно животот така сакаше: Маријана и Росана иако се близначки родени во ист ден, роденден да им биде во различен ден!? И сега ако некој се чуди како е тоа можно, мора или да не е информиран која на која половина од земјина кугла живее или во основно да избегал од часови по географија! Речиси сите знаат, а за оноие што не знаат, Маријана со години живее и работи на најјужниот континент, во далечната Австралија. И по силата на природните закони и временските зони, најјужниот континент е „десет часа пред“, односно времето во Австралија е за десет часа понапред од она кај нас, во Македонија. Така, по логика на нештата, иако се сестри близначки родени во ист ден и час,  кога роденденот на Маријана таму веќе ќе и дојде и може да почне да го слави, за истото Росана овде ќе мора да почека уште најмалку десет часа! Затоа Росана како и секогаш и годинава прва се сети на својата сестра - близначка да и го честита денот што обете го чекаат цела година, но за жал физички разделени, го слават во различен ден, па и порача во Фејсбук порака: „Душо моја најмила, сестричке најпозитивна, лепото моја си поминала многу нешта во животот кој знае да биде непредвидлив, си била храбра и пожртвуваназа се' и за сите секогаш со она твое, нема проблем и со твојата насмевка... Си останала крајно позитивна, вицкаста, скромна и вредна... Мила моја среќен роденден и секогаш биди со таа насмевка, жива и здрава... Само убавини да имаш во животот... Те сака твоја Лола повеќе од себе си... како и со години наназад тебе веќе ти е е роденден, а мене утре... Близначки, а различен ден роденден“ - споделила во честитката Росана, зачинувајќи ја со голем број од емотикони во вид на срца покрај нејзината фотографија. „Натурализираната австралијанка“  Маријана не остана покуса да не возврати на честитките на нејзината сестра- близначка, па веднаш и возврати на родендендките честитки со честитка: „Мојата сестра, моето се', мојата Росанче, мојата душа, моето сонце, мое небо, мојата ѕвезда... да можев да бирам пак тебе бите избрала за сестра. Среќен ти роденден, здрава, жива и секогаш насмеана да си ми“ -  и порача од далечина преку својот Фејсбук Маријана на сестра и Росана, покажувајќи  дека двете кумановки, двете естрадни сестри-близначки иако разделени сепак се неразделни! А, има ли подобра честитка од онаа, кога сестра на на сестра си - близначка, роденденот ќе и го честита со нејзина песна... Затоа Марјана засвире и запеа, за нејзината Росана, за себе и за сите нас. Еве како звучи нејзиниот глас... Фото и видео: Facebook/Marijana Novacevska/Rosana Saric Todorovska]]>

Маријана Новачевска за момент носталгијата ја совлада, ја преплавија емоциите, па тагата и спомените пејачката ги „залеа“ со песна: „За сите мои галеби тажни што одлетаа…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marijana-novachevska-za-moment-nostalgijata-ja-sovlada-ja-preplavija-emociite-pa-tagata-i-spomenite-pejachkata-gi-zalea-so-pesna-za-site-moi-galebi-tazni-shto-odletaa-video/ Wed, 21 Sep 2022 08:49:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267918

Маријана и Росана... некогаш Сариќ, подоцна едната Тодоровска другата Новачевска. Двете сестри близначки, две бисерни грла кои оставија траен белег на македонската музичка сцена. Испејаа дузина забавни и фолк песни кои тогаш станаа хитови, денес останаа евергрини кои вечно ќе се пејат. Судбината сакаше животните патишта на близначките да им се разделат, но не и душите... Две тела споени во една душа, едно срце кое чука за едната и другата подеднакво во ист такт... Како и за сите нивни, сите блиски кои ги сакаат, љубат, за нив живеат... Росана остана во Македонија, а Маријана веќе со години живее во далечната Австралија. Иако активно и двете веќе не се на естрадата, песната никогаш не ја оставиле, не ја заборавиле. Знаат и тоа како да запеат... Та било тоа повторно некаде јавно, за мал круг на блиски луѓе, одбрано друштво или едноставно само онака... За своја душа. Особено кога душата ќе се нажали, а има и тоа како зошто и по кого да тагува. Токму акво нешто деновиве и се случи во далечната Австралија на Маријана Новачевска. Македонската пејачка  за момент носталгијата ја совлада, ја преплавија емоциите, па тагата и спомените Маријана ги „залеа“ со песна... И тоа преубава, еден од оние вечните забавни евергрини од златното време на македонската забавна музика, време на незаборавните македонски шлагери од седумдесеттите години на минатиот век... „Има еден галеб тажен“... Или „Летај галебе“ како што гласи оригиналниот наслов на вечната песна испеана од  некогашна македонска пејачка ѕвезда Верица Ристевска. Дали заради далечината таму некаде со илјадници километри од родното огниште или сеќавањата на годините и споменот на нејзиниот некогашен сопруг (со кого иако беа разведени, до последно останаа најдобри пријатели), композиторот Тоде Новачевски, кој не така оддамна замина од од овој свет, а и тој живееше со години на најдалечниот континент. Едноставно онака, без објаснение и без некоја посебна причина, на Маријана и дојде да запее... Како замена за солзите!? „Не знам што ми текна. За сите мои галеби тажни што одлетаа таму некаде далеку… Нема фризури, нема шминка, нема сјајна гардероба... Ете така“ - кусо напишала во појаснувањето пејачката која седната зад сајзерот во еден здив маестрално ја отпеала познатата песна. Онака за себе, за своја душа, но и за душите на сите други, кои изгубиле некого близок, драг, единствен... Како и за душите токму на оние кои повеќе ги нема меѓу нас. За и ним и нам оној „галеб тажен“ ако може барем малку... да ни стопли душа! ]]>

Маријана и Росана открија како ги поминуваат деновите во самоизолација за време на коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/marijana-i-rosana-otkrija-kako-gi-pominuvaat-denovite-vo-samoizolacija-za-vreme-na-koronavirusot/ Mon, 06 Apr 2020 07:54:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143278

Короната вирусот не само  што ни стави коцница да не излегуваме од дома, туку ни стави и граница да не може да се видиме со најблсиките, со оние со кои не живееме. Сестрите Росана и Маријана физички не се заедно, но заедно се виртуелно и покрај дистанцата често се слушаат. Имено, Росана живее во Македонија, а Маријана во Австралија, тие се соочуват со ист предизвик односно коронавирусот. Во интервју за www.svet-australia.com тие открија како го поминуваат времето во карантин. „Овој период е еден од потешките за сите нас, па  и за мене. Веќе шести ден сум во принудена изолација по наредба од мојот докторски тим поради мојата здравствена состојба. Можеби ќе звучи чудно, но јас не се плашам за мене туку за моите најблиски, за веќе болните, за дечињата. Ние самите луѓе некако сме навиканти на ментално расположение на постојан страв од нешто и заради нешто. Корона вирусот и сите теории околку него тешко не погодуваат сите нас, вас, кај и да сме, кои и да сме, во што веруваме, богати ли сме“ вели Маријана и откри кој најмногу и недостига. „Инаку најмногу ми недостастува гушкањето и моите, бакнежи во чело на мојата снаа Анастасија која е бремена, ќерката Меги, синот Филип. А ми фалат и прегратките кои поодамна ги немам од мојата мајка, татко, Росана, срцето Ноа, зетот Ѓорѓи, внуците. Ми фалат гушките на моите колешки и пријателки...Ми фалат насмевките на луѓето кои се претопени во страв...“ завршува Маријана. Росана која е во Македонија и недостастуваат пријателите, посетата на родителите во Куманово, сестрата... „Во деновите кога сме дома, секој си наоѓа по некоја занимација. Јас многу читам, па можам да препорачам и некоја книга. На пример. „Неопходни лаги“, „Украдениот брак“, „Ќерката од соништата“, „Ватиканската принцеза“, се тоа се прекрасни приказни со историски вистини. А во ова време – невреме добро е што читателите имаат можност преку интернет да набават книги“ вели Росана. Маријана и Росана апелираа до сите да седат дома и да ги почитуваат мерките за заштита бидејќи на тој начин ќе спречиме да се шири вирусот и оваа пандемија ќе заврши побрзо.]]>

По бурата од разводот Коки Јанков ужива со најдрагата личност: „На топло место без сеќавања“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-burata-od-razvodot-koki-jankov-uziva-so-najdragata-lichnost-na-toplo-mesto-bez-sekjavanja-foto/ Fri, 09 Aug 2019 07:25:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101182

Пред неколку месеци во медиумите како бомба се појави веста  дека се разведува  македонскиот музичар Коки Јанков и сега веќе поранешната сопруга Росана. Потоа, по веста за разводот се појавија вести дека Коки се вратил на својота поранешна љубов со која била четири години во врска пред бракот со Росана.
Ова информација тогаш ја потврди и Коки кој истакна дека е точно дека се разведува. „Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки. Тој не ги откри деталите за разводот ниту пак не сакаше многу да зборува за тоа. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека наводно Коки повторно е во брачна заедница со својата стара љубов, но тој овие написи не ги коментираше. https://www.youtube.com/watch?v=O12r5G8Cc6Y&t=50s Како и да е, по овој турбулентен период од приватниот живот, Коки одлучи да се опушти и да ги наполни батериите. Тој го искористи слободно време и летниот период за да замине на одмор со својата ќерка Лара. Коки на својот „Фејсбук“ објави фотографија со ќеркичката.
Во описот на фотографијата каде што е сам на плажа напиша: „На топло место без сеќавања....почни да живееш или почни да умираш“ напиша Коки.
За потсетување, Коки и Росана беа 10 години во брак, а заедно ја имаат ќерката Лара.]]>

Росана и Маријана, одново заедно: Признавам, не можам без тебе… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rosana-i-marijana-odnovo-zaedno-priznavam-ne-mozam-bez-tebe-foto/ Mon, 22 Jul 2019 08:59:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98621

Сестрите - близначки Маријана и Росана во 80-тите години беа едни од најпопуларните македонски пејачки. По заминувањето на Маријана во Австралија каде и денес живее, Росана продолжи соло, но овој пат во фолк водите каде исто толку беше успешна во 90-ите, за потоа преку ноќ да ја снема и буквално „да исчезне“ од естрадата.
Неодамна се слушнаа гласини за нејзино враќање, кои ги потврди и самата Росана, дека снима нова песна во студиото кај Александар Митевски, која е одново забавна, како што самата ќе каже, шлагер од кој „боли глава“!
Се крчка нешто нешто ново, боли глава од убавина. Прекрасен шлагер и врвен професионалец, Александра Митевски. Со песната ќе одиме на…Малку нека ве копка“-  вели Росана, која не сака да отрива каде ќе насатпат со новата песна и кога конечно ќе се појави во етерот.
И додека нам ни останува да „не копка“ додека не слушнеме за што се работи, Росана деновиве доживеа радост голема, иста онаква каква што секогаш доживува кога ќе се спои со своето второ јас! Нејзината сестра - близначка Марјана е на гости во Македонија.
Средбата на двете близначки емотивна, исполнета со среќа и љубов, каква што не може да се опише. Туѓината пуста да остане, ама затоа пак радоста е голема како Австралија кога одново ќе се сретнеме. Вака отприлика би можело да се опише новото видување, новата средба на двете сестри, кои животната судбина ги раздели да живеат илјадници километри далеку една од друга, во две разделени тела споени во една душа.
Летните горештини во Скопје се неподносливи, па затоа сестрите решија викендот да го минат во природа, во околината на главниот град, разгледувајќи ги и уживајќи во убавините на Матка.
Прошетка со кајче по езерото, одмор покрај Треска, разгледување на пештерата „Врело“, и размена на мноштво муабети, евоцирање спомени и дузина заеднички фотографии!
Од сето тоа можеби ќе се изроди и нова, овојпат заедничка песна, како оној, легендарниот макфестовски евергрин!
Зашто каде и да е едната, една без друга се како половина душа...
А, цело е само кога двете близначки се заедно. Впрочем оддамна самите испејаа: „Признавам, не можам без тебе...!“  ]]>

По разводот од Росана, Коки Јанков се врати на својата поранешна девојка (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/po-razvodot-od-rosana-koki-jankov-se-vrati-na-svojata-poraneshna-devojka-video/ Wed, 13 Mar 2019 08:08:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77259

Пред неколку месеци во медиумите како бомба се појави веста  дека се разведува  еден од најскладните бракови на естрадата, македонскиот музичар Коки Јанков се разведува од неговата сопруга Росана. По разводот Коки се иселил од станот каде што живеел со неговата поранешна сопруга и  се пресели на друга локација. Меѓутоа, како што пренесува естрадниот магазин Ексклузив, Коки се вратил на својата стара љубов односно девојката со која била во врска пред Росана.
Имено, тој веќе неколку месеци е во врска со неговата поранешна девојка, адвокатка  Маја Парговска од Скопје.
Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а како што пренесува и магазинот тие веќе месец дена живеат заедно. Оваа информација во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и самиот Коки. „Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки.
На прашањето зошто се разведе од Росана, Јанков одговори: „Ќе треба да направиме едно 5,6 емисии за да се објасниме. Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој  живот е за храбрите, не е за плачковци“ вели Коки.
За потсетување, Росана и Коки беа во брак 10 години, а од бракот ја имаат ќерката Лара. Во продолжение погледнете ја емисијата каде Коки потврдува дека повторно е во љубовна романса. https://www.youtube.com/watch?v=3npXijV6lMc]]>

Росана го покажа своето внуче- преслаткиот Ноа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/rosana-go-pokaza-svoeto-vnuche-preslatkiot-noa-foto/ Mon, 17 Dec 2018 13:40:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62979

Фолк-пејачката Росана Сариќ-Тодоровска на својот Фејсбук објави слика од внукот Ноа облечен како Дедо Мраз. Ноа има пет месеци и е син на ќерката на Росана, Ивана и на нејзиниот сопруг, Англичанецот Џејмс. Фолк-пејачката често објавува слики од внукот, но сега првпат сподели слика на која се гледа неговиот лик. ]]>

Вака денес изгледа Маријана, сестрата близначка на Росана, која со Божиќен твист им испрати честитки на најблиските! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-denes-izgleda-marijana-sestrata-bliznachka-na-rosana-koja-so-bozikjen-tvist-im-isprati-chestitki-na-najbliskite-foto-video/ Mon, 25 Dec 2017 08:32:10 +0000 http://vistina.mk/?p=7558

Пред речиси 30 години близначките Маријана и Росана Сариќ беа едни од главните ѕвезди кои  ја тресеа македонската естрада со хитовите, кои и до денес се вртат на нашите радио станици. најпрвин во забавните води и фестивали, а нивните хитови како „Признавам“ останаа и станаа евергрини. Подоцна забавната ја заменија со народната музика во која не беа ништо помалку популарни. „Едно срце имам душо“ или „свири ми брате Цигане“ се само дел од песните од нивниот опиус кои останаа во македонската новосоздадена фолк антологија. Росана веќе со години не е дел од музичката сцена. Таа е во брак со познатиот актер Горан Тодоровски-Трупче и ја имаат ќерката Ивана која годинава се мажеше.
Во меѓувреме  Маријана се омажи за композиторот Тоде Новачевски и пресели во Австралија, а по неколку години се разведе и денес има две деца. Музиката ја замени со стоматологијата  и веќе долги години работи како забен техничар.
Иако немаат можност често да се гледаат, близначките од Куманово, и тоа како се поврзани меѓу себе дури и на огромна далечина. Секоја можност ја користат да бидат во контакт особено, кога се во прашање одредени празници како што се Божиќ и Нова Година.
Маријана, која можеби со некое бело влакно повеќе во косата и брчка-две повеќе на лицето и денес изгледа како вистинска госпоѓа.
Таа по повод Божиќ и новогодишните празници на својата сакана сестра - близначка, но и на сите останати нејзини блиски роднини и пријатели, преку својот Фејсбук профил од далечната Австралија им испрати интересна музичка честитка со... Божиќен твист! ]]>

(ФОТО) Сопругата на Коки има многу причини за да биде поразлична од сите кога оди на работа! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-dama-za-primer-soprugata-na-koki-ima-mnogu-prichini-za-da-bide-porazlichna-od-site-koga-odi-na-rabota/ Wed, 18 Oct 2017 12:19:22 +0000 http://vistina.mk//?p=326

Жителите на град Скопје секојдневно се соочуваат со големата сообраќајна гужва која се случува , особено наутро кога сите одат на работа, но и попладне кога се враќаат.
Сопругата на музичарот Коки Јанков, Росана, која инаку работи како лице за односи со јавност во АМСМ, реши да направи нешто добро за себе, но и за околината, постапка за која вели дека има многу причини за кои таа е свесна. Имено, убавата Росана дотерана во елегантна комбинација, па дури и со високи потпетици, се качи на својот велосипед и се упати кон своето работно место.
За чист воздух, за здраво тело, за здрав дух, за побрзо да си завршиш работа, за ….. има многу за ……“Со велосипед на пат низ целиот град”
Имено, Росана не заборави и еден многу важен детаљ кој многу малку совесни велосипедисти го употребуваат, иако е задолжителен. Росана не помисли на тоа дали ќе си ја распие фризурата, бидејќи и беше важно да биде заштитена со кацига. Секоја чест, Росана е дама за пример!
]]>