роналдо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 May 2023 23:40:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png роналдо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Растел со насилник и молел за храна: Роналдо како дете чистел по улици, а снимката го обиколи светот (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/rastel-so-nasilnik-i-molel-za-hrana-ronaldo-kako-dete-chistel-po-ulici-a-snimkata-go-obikoli-svetot-video/ Sat, 27 May 2023 08:06:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279834

Кристијано Роналдо е еден од најуспешните и најплатените фудбалери на денешницата, но неговото детство не било воопшто лесно. Потекнувајќи од сиромашно семејство, славниот Португалец отсекогаш бил особено приврзан за својата мајка Марија Долорес, додека никогаш не бил близок со својот татко, кој починал на 53-годишна возраст од алкохолизам. Во него го виде главниот виновник за неговото несреќно воспитување. ‒ Беше пијаница. Никогаш не сум имал нормален разговор со него – призна во една прилика. Роналдо еднаш зборуваше за најтешките моменти во својот живот во интервју за познатиот британски новинар Пирсон Морган. https://youtube.com/shorts/WivNF0Y7-lc?feature=share ‒ Кога имав 11, 12 години, немавме пари. Живеев со други деца во клубот, не го видов семејството со месеци и беше тешко време. Околу полноќ бевме гладни. До стадионот имаше Мекдоналдс. Ќе тропневме на задната врата и ќе прашавме дали останале хамбургери. Беше една и две други девојки кои никогаш повеќе не ги најдов. Се надевам дека ова интервју ќе помогне во потрагата по нив - изјави Роналдо. ‒ Би сакал да ги поканам во Торино или Лисабон, да дојдат кај мене дома на вечера. Сакам да им се оддолжам бидејќи никогаш нема да заборавам што направија за мене. За периодот кога беше сиромашно, но насмеано момче сведочи и видео на кое го гледаме познатиот фудбалер како чисти по улиците. фото:Принтскрин Јутјуб/Инстаграм]]>

Очајниот Роналдо одби да гласа, а ФИФА му приреди невидено понижување! https://arhiva.vistina.com.mk/ochajniot-ronaldo-odbi-da-glasa-a-fifa-mu-priredi-nevideno-ponizhuvane/ Wed, 01 Mar 2023 09:37:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291100

Вистински шок приреди Кристијано Роналдо кој одби да учествува, односно да гласа за најдобрите во 2022 во изборот на ФИФА. Капитенот на Португалија таа улога му ја препушти на својот заменик – капитен Пепе. Веројатно очајниот Роналдо со овој потег не сакаше да гласа за својот исконски ривал Лео Меси. Можеби затоа ФИФА синоќа на самата церемонија му приреди вистинско понижување. Имено во најавата за самата свеченост, Роналдо беше прикажан како седи на клупата на репрезентацијата Португалија на една од средбите на СП во Катар. Ова не им се допадна на неговите фанови кои беа жестоки во своите реакции истакнувајќи дека Роналдо тоа не го заслужил. Оние пак другите, тврдеа дека  Португалецот е „испушена муштикла“ и на очајниот Роналдо  „така и му треба“, зашто она што си го барал и си го добил.]]>

Беше продавачка во бутик, а сега глуми богаташка: Џорџина на Роналдо му купи подарок од над 300 илјади евра (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-prodavachka-vo-butik-a-sega-glumi-bogatashka-dzordzina-na-ronaldo-mu-kupi-podarok-od-nad-300-iljadi-evra-foto/ Thu, 29 Dec 2022 10:15:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282135

Џеорџина Родригез добива околу 100.000 евра месечно од Роналдо за воспитување и грижа за децата и домот, напиша своевремено „The Sun“, што всушност е мала работа за Кристијано. Кристијано Роналдо (37) зад себе имаше неколку тешки недели и месеци. Португалецот остана без работа откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а неговата Португалија испадна во четвртфиналето на Светското првенство од Мароко. Се почесто се шпекулира дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, а моментално за време на празниците одмара со семејството. Неговата партнерка Џеорџина Родригез (28) одлучила да го почести за Божиќ со луксузен автомобил Ролс Ројс.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Роналдо има огромна колекција на скапи автомобили. Има неколку Ферари од кои секое чини најмалку 280.000 евра, тука се и Lamborghini Aventador, Bentley Continental GT, Porsche 911, Audi R8 и многу други. Сепак, Ролс Ројс автомобилот кој му го подари неговата сакана можеби е новиот омилен автомобил на Кристијано. Да потсетиме, Марка минатата недела објави дека Роналдо ќе потпише договор со саудискиот клуб Ал-Насри. За нив би играл до 2025 година, а годишно би заработувал 200 милиони евра. извор:Инстаграм]]>

Мислел дека ќе се венчаат и ќе градат иднина заедно, но таа го оставила за Роналдо: Ова е поранешното момче на Џорџина Родригез (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mislel-deka-kje-se-venchaat-i-kje-gradat-idnina-zaedno-no-taa-go-ostavila-za-ronaldo-ova-e-poraneshnoto-momche-na-dzordzina-rodrigez-foto/ Fri, 16 Dec 2022 12:20:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280466

Георгина Родригез неколкупати беше во центарот на вниманието за време на Мундијалот во Катар, како поради атрактивните изданија, така и поради изјавите против селекторот на Португалија, Фернандо Сантош. Георгина е жена која прилично внимава на својата приватност, па затоа малку се знае за девојката на Кристијано Роналдо. Таа стана светски позната кога беше откриено дека е во врска со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тие се запознале кога Кристијано беше играч на Реал Мадрид, а живеат заедно веќе неколку години. Георгина пред да го запознае Роналдо, живеела во Мадрид, каде дошла од Буенос Аирес кога имала само 15 години. Од аргентинската престолнина се преселила во Европа во потрага по подобар живот, а очигледно и го нашла.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Георгина не живеела на висока на нога пред да го запознае Роналдо, но Португалецот ѝ го променил животот од корен. Познато е дека Георгина и Роналдо се запознале во еден бутик во центарот на Мадрид, каде што таа работела неколку години. Тогаш Роналдо го посетил бутикот со пријателите, а Георгина очигледно му оставила многу добар впечаток, што резултирало со покана за вечера, за подоцна да се случи тоа што се случило. Сепак, малку се знае за животот на Георгина пред Кристијано Роналдо. Неодамна нејзината сестра Патриша ги шокираше сите со изјавата дека е многу лоша личност и дека воопшто не сака да му помага на семејството и покрај тоа што веќе стана милионерка и е во брак со еден од најбогатите спортисти на светот.
 
Меѓутоа, во една емисија на шпанска телевизија се појавила информација за поранешното момче на Георгина и дури е откриено и неговото име. Имено, Амор Ромеира во „Telecino show“ зборувал за накитот вреден 1,8 милиони евра кој Георгина го носеше на Светското првенство во Катар, а потоа случајно го споменал и нејзиното поранешно момче.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Alberto Santana (@alberto_ss)

Станува збор за Алберто Сантана, со кого Георгина наводно била пред да го запознае Роналдо и долго време биле заедно. Но, таа наводно му го скршила срцето оставајќи го, а набргу потоа било потврдено дека е во врска со Роналдо. Сантана многу тешко го поднел раскинувањето, бидејќи очекувал дека ќе се венчаат еден ден. Кога се запознале, Георгина и Алберто биле во тешка ситуација и барале подобар живот, па се поддржувале еден со друг во врската. На крајот, сепак, секој тргнал по својот пат. Алберто сè уште живее и работи во Мадрид. Тој е бизнисмен и креатор на дигитална содржина, а на Инстаграм го следат речиси 500.000 корисници. Тој бил водител на неколку ТВ емисии во Шпанија, од кои повеќето биле од ријалити карактер. На крајот и тој успеал да оствари завидна кариера, но криел дека некогаш бил со Џорџина, бидејќи не сакал да го поврзуваат со неа и такво внимание не му било потребно, но тајната му била откриена на многу бизарен начин. фото: Инстаграм]]>

Сатја Грабулоски – дизајнер: „Требаше да му направам патики на Коби Брајант, но дента кога стигнав во Лос Анџелес тој загина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/satja-grabuloski-dizajner-trebashe-da-mu-napravam-patiki-na-kobi-brajant-no-denta-koga-stignav-vo-los-andzeles-toj-zagina-video/ Fri, 15 Jul 2022 06:14:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258770

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски веќе седум години црта патики за големите светски ѕвезди.  Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Мајли Сајрус, Дуа Липа и Тиесто... или нашите Горан Пандев, Елиф Елмас,  се само дел од околу тристате ѕвезди кои имаат патики со негов потпис.
Тој и неговиот тим рачно ги изработуваат уникатните дизајни, а некогаш им требаат и преку 200 часа за еден чифт патики. Сепак, Сатја никогаш не си ја исполни желбата да дизајнира за Коби Брајант, иако било договорено и тој да добие пар патики. „Бев во САД и требаше да имам состанок со Л.А Лејкерс околу деталите на нашата соработка. Но, дента кога стигнав во Лос Анџелес се случи хеликоптерската несреќа во која загина Коби. Кога слетав, уште на аеродромот гледав фанови во негови дресови и на почетокот не знаев што се случува. Дури потоа ми кажаа дека Брајант загинал, а патиките за коишто имавме и готова скица, никогаш не ги направив“- раскажа Грабулоски за „Репортер“. Денеска соработува со најголемите ѕвезди и лесно стига до нив преку контактите и пријателствата што ги создал низ годините. Уште во средно школо почнал со маркер за платно да чкрта по своите патики. И денес првиот пар го чува во неговото студио. Така и почнал со оваа работа за ден денес да стане светска приказна. „Изгледа неверојатно дете од Скопје да стигне до некои имиња. Но, уште на почетокот си реков дека нема да се оптоварувам со имиња и сите ќе ги третирам исто. Ама, не е секогаш сеедно и раката знае да ми се затресе од возбуда. Тоа ми се случи кога ги цртав патиките на Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на светот“- рече Сатја и ни ги покажа патиките кои се веќе готови и кои наскоро треба да ги испрати кај славниот кошаркар. Јавноста го познава како дизајнер, но малкумина знаат дека дедо му Јордан Грабул го дизајнираше Македониумот во Крушево, а баба му го изработи ентериерот. И мајка му Лира е наградуван уметник, познат костимограф и уметнички педагог,  па искрен е кога вели дека семејното име понекогаш му создава притисок. Но горд е на фамилијата и се надева дека еден ден и тој ќе стигне до нивното ниво. „Не се сеќавам кога последен пат сум бил во Македониумот, најверојатно затоа што последниот пат кога бев таму, внатре имаше некоја училишна клупа на која се продаваа сувенири, што според мене е навреда за авторството. Пред неколку години во Њујорк се организираше изложба на југословенската архитектура, а меѓу дизајните што беа изложени, беше и Македониумот. Беше убаво да го видам вниманието што го добива работата на дедо ми и ми беше чест да бидам таму, ама и поттик да продолжам и јас напред“, вели Сатја.  
Низ разговорот ни откри и дека само 10% од она што го работат се објавува во јавноста, па еден ден сака да направи изложба што ќе ја прошета Европа. Тука се и муабетите за семејното наследство , но и колку често се расправа со мајка му за работата, оти од неодамна и таа е дел од неговото студио SWithaDot. Како се прават патиките, како ракометарката Андреа Лекиќ му дала ветер во грб во кариерата и со кои светски ѕвезди од соработник станал пријател...   Гледајте го интервјуто.
]]>

Сестрата на Роналдо полна со тага по загубата на починатото бебе – „Бог нека го зајакне вашиот пат!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sestrata-na-ronaldo-polna-so-taga-po-zagubata-na-pochinatoto-bebe-bog-neka-go-zajakne-vashiot-pat-foto/ Tue, 19 Apr 2022 10:59:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246936

Откако Кристијано Роналдо објави дека починал еден од неговите близнаци кои ги очекуваше со девојката Џорџина Родригез, на оваа тажна вест реагираше и неговата сестра Катја Авеиро. Катја објави колаж од фотографии на кои Роналдо и Џорџина позираат со нејзините деца. „Ве сакам и моето срце е со вас. Бог нека се погрижи за сè и нека го зајакне вашиот пат. Нашиот ангел веќе е во крилото на таткото, а нашето девојче, силно, црвсто и полно со здравје ќе нè научи дека само љубовта е важна“, порача емотивната Катја. Многу други познати личности како и колеги на Роналдо упатиле пораки со поддршка до него и Џорџина.
„Твојата болка е и наша болка. Испраќаме љубов и сила до тебе и твоето семејство во овој момент, Кристијано“, порачале од Манчестер Јунајтед. За потсетување, Роналдо и Џорџина во заедничка порака објавија дека момчето починало, а дека девојчето е живо и здраво. „Со најголема тага известуваме дека нашиот син почина. Ова е најголемата болка која родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче нè исполнува со надеж и радост. Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна стручна помош и грижа. Сите сме скршени од тага и замолуваме за приватност во овој тежок момент“, напишаа на Инстаграм. Инаку, Роналдо (36) веќе е татко на четири деца, од кои три му ги родиле две сурогат мајки.]]>

Болка која не се опишува со зборови: Едно од близначињата кои ги чекаше Роналдо се роди мртво! https://arhiva.vistina.com.mk/bolka-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-edno-od-bliznachinjata-koi-gi-chekashe-ronaldo-se-rodi-mrtvo/ Tue, 19 Apr 2022 10:44:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246928

Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил објави дека едното дете од близначињата кои ги очекуваа со бремената Џорџина Родригез починало! Според зборовите на португалскиот фудбалер, момчето кое го носела неговата сопруга е родено мртво, додека во овие моменти тоа што раѓањето на девојчето поминало добро им дава сила да издржат. – Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето момче. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на девојчето ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка, бараме приватност во моментов, напиша Кристијано на Инстаграм. Легендарниот фудбалер додаде уште две многу болни реченици. „Наше момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, стои на крајот од пораката.]]>

Роналдо се врати во Јунајтед, но неговата бивша сосетка од Торино раскажа како е да се живее во негова близина https://arhiva.vistina.com.mk/ronaldo-se-vrati-vo-junajted-no-negovata-bivsha-sosetka-od-torino-raskaza-kako-e-da-se-zivee-vo-negova-bliznina/ Wed, 01 Sep 2021 11:03:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217535

Кристијано Роналдо ја започна оваа фудбалска сезона како член на Јувентус, но набргу се врати во Англија, во „својот“ Манчестер Јунајтед. Навивачите на „црвените ѓаволи“ едвај дочекаа да ги видат првите фотографии на Роналдо во дресот на нивниот омилен клуб. Но додека го носеше црно -белиот дрес, Кристијано со семејството живееше во елитниот дел на Торино. А таму,  нивна прва сосетка беше Елизабет Бети Борел, ќерка на Фелисе Борел, легендарниот италијански фудбалер од периодот помеѓу двете светски војни.
Во разговор за италијанските медиуми, таа откри како живеело семејството на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Роналдо (36) живееше во вила со сопругата Георгина Родригез (27) и четирите деца, а Бети вели дека тие биле идеални соседи.
„Се плашев од гласни забави и врева, но Кристијано и неговото семејство беа најдобрите соседи што некогаш би можела да ги посакам. Целосна тишина, без забави и врева. Татко ми исто така беше познат фудбалер, но во други времиња. Возеше Фиат, а јас го гледав Кристијао во Ролс Ројс секој ден. Едвај го препознавав бидејќи има затемнети стакла. Гаражата беше полна со спортски автомобили, вклучително и еден Лотус. Имаа прекрасен затворен базен и мала, прекрасно уредена и одржувана градина“ - изјави Бети Борел за „Кориере дела Сера“.
Бети тогаш зборуваше за децата на Роналдо: „Имав детство како и сите мои врсници, а децата на Роналдо живеат поинаку. Често го гледав Кристијано Јуниор (11) како вози скејтборд на заштитен дел од улицата, но не можете само да влезете во тој дел од улицата бидејќи има рампа и секогаш имаше телохранители. Истото важеше и за Георгина кога, како и сите млади мајки, сакаше да прошета со своите деца кога беше добро времето. И ако улицата беше празна, кај нив секогаш имаше телохранители. Златен кафез? Па да ... Нешто слично. Мислам, Кристијано Јуниор најчесто одеше на училиште или тренираше во Јувентус како татко му. Имам четири внуци на негова возраст, а други негови врсници се во соседството. Можеше да си игра со нив, но јас го гледав тоа дете постојано само“ - рекла соседката на Роналдо, Елизабет Бети Борел.

Пандев тргна да му го „украде“ европскиот трофеј на Роналдо https://arhiva.vistina.com.mk/pandev-trgna-da-mu-go-ukrade-evropskiot-trofej-na-ronaldo/ Sat, 12 Jun 2021 09:26:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206756

Кристијано Роналдо се наоѓа во центарот на вниманието на анимираниот цртан филм на „Гол“, поточно на познатиот уметник Омар Момани кој се обиде на свој препзнатлив начин да покаже како ќе изгледа патот на Кристијано и колегите до обрана на титулата. Роналдо цврсто го држи трофејот, но другите фудбалери се обидуваат да го украдат. Меѓу оние кои тргнаа по трофејот е и македонскиот капитен Горан Пандев. Во еден момент во приказната се појавува Пандев заедно со играч на Финска и тоа по повик на Хрватите. ]]>

Убавата руска инфлуенсерка која на Кристијано Роналдо му подели „корпа“, со пиштол гола слика и провокативна порака: „Не спиев цела ноќ, ама затоа сум подготвена за убав ден“ https://arhiva.vistina.com.mk/ubavata-ruska-influenserka-koja-na-kristijano-ronaldo-mu-podeli-korpa-so-pishtol-gola-slika-i-provokativna-poraka-ne-spiev-cela-nokj-ama-zatoa-sum-podgotvena-da-ima-ubav-den/ Mon, 12 Apr 2021 11:15:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198602

Сексапилната руска инфлуенсерка Лилија Лили Ермак отсекогаш го привлекувала вниманието на нејзините следбеници на социјалните мрежи, особено откако откри дека еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо  и се додворува на Инстаграм. Јавноста гледаше  без здив во нејзините секси фотки особено откако Лили го одби Роналдо, а потоа бројот на следбеници растеше и само растеше... До душа најмногу поради голите фотографии и ултраминијатурните бикини или секси долна облека што редовно ги носи! Сега таа и нив ги соблече! Руската убавица објави фотографија каде е „пиштол гола“ во постела, покрај која им порача на своите следбеници дека претходната вечер „воопшто не спиела“, но дека сега е подготвена за убав почеток на денот со појадок во кревет. Па кој е подготвен да плати... нека повели! За вака скап појадок, секако! Фото: Инстаграм принтскрин/lilyermak]]>